100% се сертифицирани, барем 3-4 души знам што патуваа годинава со пцр од Биотек. Ако не ти пратиле на англиски пиши им меил или јави им се, мене без да побарам ми пратија, не само за пцр/антитела, него и други испитувања, секогаш и на анг. праќале. Може сега заборавиле. Иначе најдов едно место ама не на Брач, карши одма кај Сплит, за душа ми се залепи Мислам ќе го резервираме тоа
Сакам и јас Биотек, ама нема "Сакатени" сме ние што не сме Ск Синлаб е? Има Синлаб во Бт, тоа може Ај ќе се јавам утре да прашам
Читав за Австрија барале или негативен пцр, или антитела или вакцина.Е сега ме интересира, кога ќе се воведат официјално овие пасошиве, само со вакцина ли ќе смее да се патува, или пак ќе си останат истите услови да може и со тест?
Јас им пишав на фб ,ова ми одговорија: Почитувани, ве молам контактирајте не на 025300898 и колегите ќе ви испратат резултат со превод
@CameliaMiller најубавите плажи се надвор од населените места. Ние никогаш не одиме по плажи во населени места. На островите има градски плажи во секој град, ама ние секогаш сме оделе на страна. На брегот мене Макарска ми е многу ок - плажата е убава, гратчето не е мало, има што да се прави, не е многу далеку од тука (во споредба со Истра на пример ) и не е многу скапо во споредба со другите места. Види дали ќе ти фати око. За островите - Брач е многу ок затоа што е блиску до копно и голем е. Од таму можеш на доста места да прошеташ, ако сакаш, има линии до Хвар, Шолта, Вис, не знам за други острови, овие проверени ми се. Хвар е позелен, има повеќе журки, као за помлади е и малку поскапо е. Шолта е мала, нема баш нешто посебно, а Вис е далеку.
^ Само многу е гужва Макарска. Цела Босна се спушта тука. Истра е поблиску ако одиш од горе преку Белград /Загреб. 9 часа пат. Плус е автопат,не ја минуваш цела ЦГ,до Макарска има најмалку 11. @CameliaMiller Moscenicka draga /Опатија види ја. Ако бараш помирно Пељешац.
По кој пат одите за да ви е Макарска блиску? Или, да се преформулирам- од Задар е попаметно да се оди преку Србија, или преку Црна гора, Косово?
Ама не е Макарска, Подстрана се вика, во близина на Сплит е Ова е смештајот, чекав консензус, па некој друг си резервираше
Ова ме интересира. Преку Србија по автопат до каде, веројатно не до Загреб па назад да се враќаш? Ич не сакам низ Косово/Алб/ЦГ, ама ич.