Има неколку официјални плажи иако можеш секаде да се бањаш по тие камењата. Види Супетрус, Три моста, Bluesun ресорт плажата (тие се сите некако десно од местото ако одиш со траект).
може, немам идеја колку биле претходно. Ова е баш куќа на 2 спрата - со тераса горе и доле, градина само за нас. Затоа пишав цена, за да се има претстава.
дали можеби имате сигурни информации за Грција дали може да се помине со тест од антитела? моите сакаат да одат се вакцинираа но нема поминато 14 дена од ревакцина а имаат листи од антитела
Штом сакаш поживо место за навечер Агиос Горгиос никако. Имам идено неколку лета и ептен пензионерско местото. Е сега тоа беше пред неколку години, ако е сменето нешто, мада не верувам. Ама затоа плажата и морето се преубави. До Керкира со авто можеш комотно, само како паметам кривини имаше малку по патот. Поживи места Ипсос и Дасија, а и мислам дека беа поблиску до Керкира. Керкира е пре преубава, секоја вечер сакав да идам тогаш, ама Агиос Гиоргиос е подалеку и малтретирање беше. Има многу убави нешта да се видат на Крф, убав остров е. Би одела пак.
Ќорла, не сум ги приметила. Еве и мм вика не видел. Пишуваше на тајм мк дека почнале и со антитела да пуштаат, ама мене таа опција ми е несигурна.
Овде пишува дека може. Можеби некој поминал со антитела па да даде некоја информација. https://wiki.unece.org/display/CTRBSBC/Greece Prior to departure, all travelers must ensure that they carry an acceptable form of certification of their health condition. Acceptable documents include: - A negative PCR molecular test result from a laboratory; the test must be taken up to 72 hours before entry. - A vaccination certificate issued by a certified authority. - A certificate of recovery from the SARS-CoV-2 virus infection issued by a public authority or a certified laboratory.
Би одела само во Македонија . Не ми менува ништо дали е езеро , море или река , бидејќи и онака не пливам . Повеќе сакам планини , така да , бирам Галичник пред Охрид на пример .
Тотално несигурна е. Дури нашиве се оградуваат, не биле на чисто. Иначе најдов смештај, фала @Cosmi за страната, после ќе одам да уплатам, мора преку банка.