Веќе бев во Охрид минатиот месец, тогаш беше тапа и празно секаде, и по кафулиња и ресторани, и плажите, ама битно се прошетав. Башка во текот на цела оваа ситуација кога сум по слободна за викенд одам на викендица, таму нема многу народ и одам баш за да си ги пуштам "мислите на пасење". Периодов сме пак во план да отидеме до Охрид на неколку дена, чисто да осетам дека е лето, ми фали тоа летно чувство. А и онака веќе секаде одам, до душа и претходно си шетав јас, (освен за време на полициски кога беше), и не се преоптоварувам воопшто дали било пандемија или што било бидејќи веќе ми е преку глава од тоа.
Во Грција и јас веднаш би, ама не ни дозволуваат. Хрватска е исто преубава, само подалеку, и не нè примаат. Албанија никогаш не ми била опција, сем годинава, после едно лошо искуство таму пред неколку години. Ама најверојатно нема ни таму да одам, сомнителни ми се. Вчера имаа 125 нови случаи мислам, од 505 тестирања
Јас сум во план за одмор во Албанија. Не сме биле до сега а очајно ми треба одмор. Последниов месец гледам секаде да одам само да не сум дома. Живеам во Охрид (во населба) но секој ден одам на плажа и излегувам па можам да кажам дека од понеделник до петок е мирно со мали гужви по плажите. А по чаршија нема никаква дистанца по кафичите исто но нема претерана гужва. За викенди е полно и по плажите и по чаршија . Без никаков ред и без дистанца. Па затоа за викенди гледаме да не сме во Охрид . Прочитав дека во Славија немало лежалки. Па после 9 години бев пак на таа плажа која одсекогаш ми беше одбојна но водата беше доста тињеста иста како од секогаш што ја памтам. Лежалки нема ради дивоградбите што беа претпоставувам ,но доколку малку подолу се спуштите пешки во Аквалина има . Минатата недела баш бев по овие плажи од Трета горица до Аквалина и водата беше најубава во Аквалина. Еве слики од Славија од Аквалина ги имам избришано. Спојлер Ова беше предходниот викенд Јас редовно одам Метропол и Акапулко. Лежалка е 150 денари со чадор и вода . А паркинг 100 ден. А има место и за со крпи. Тука водата е многу чиста, но оваа година има и алги. Спојлер Љубаништа е посебен рај. Водата кристал. Има мал дел од кафич со лежалки ( не ја знам цената ) а се друго е со крпи. Јас бев понеделникот од другите плажи тука имаше најмногу гужва. Но го препишувам тоа на автокампот . Спојлер Овие слики се од "дивата" плажа на Љубаништа. А вакво е од страна кај автокампот Трпејца според мене е мн. мала и тесна и со помала гужва може да се наполни . Нецели 15 мин од Трпејца возење сте до Љубаништа .
Ќе видиме како ќе биде. Далеку е Хрватска,ама е автопат,10 -12часа ќе се стигне. До Албанија ке се влечкаш 8 саати по планините и лош пат. Плус цело заразено Косово ќе е таму на одмор.
Да, планираме да одиме со дм и уште еден пар, во Охрид ама средина на август. Не знам дали и тогаш ќе бидат вакви гужви, се тешам дека ќе поминат дотогаш. Секое второ стори на инста ми е од Охрид. Лани колку што се сеќавам ова време не биле сите заминати ко сега. Сепак мислам дека ни треба одмор и супер ќе ни дојди бидејќи летово работиме физичка работа. Со почитување на основните мерки секако.
До пред две недели одевме до на плажа попладне во 17 кога имаше држење дистанца, но потоа почнаа гужвите а и во овој период се очекува да има повеќе, околу Илинден е секогаш најголемата гужва. Со оглед на тоа што од март до сега сум излезена само 4 пати со кола до плажа и дома, не сум меродавна да одговорам за состојбата надвор
Касно кажаа Бугариве, иначе таму ќе тргневИ Црна Гора чекав да отворат, ама не дочекав, ова време стандарт бев таму. За страв не ми е, пошто сегде е побезбедно од Скопје така да бар вода да видам ако ништо друго
Многу ми се допаѓа што ги нема кафичите на Немо. Има простор и убави сенки од дрвјата, па убаво е да отидеш и да си ставиш сам столици, лежалки ако не сакаш да одиш подалеку. За викенди и катастрофа, тек сега и ќе биде најлошото.
Отидов на одмор ја еве у доба на Корона. Па да не биде само со муабет од другарка еве и лично да споделам импресии. Најдов и празна дива плажа @elimkd. Жив човек немаше освен ја и моиве. По препорака на другаркава отидовме тука. Тука немаше ич луѓе и супер си беше и водата чиста. Таа главна плажа што е во Пештани беше фул. Не ни седнавме таму, навистина не се држеше дистанца и беше лом и прљаво околу плажата и водата беше хаос, веројатно ради преголемата гужва. Само онака прошетав да видам што како има и натака иако не планирам таму да седам со толку луѓе, никако тоа. Ќе продолжам и наредни денови на диви плажи да идам и подалеку од сите.
Јас не планирам, затоа што веројатноста 100% да се придржувам на мерките за претпазливост на одмор, ми го уништува самиот одмор некако, па не ми ќеиф некако. Ако не можам да се опуштам и релаксирам тотално, не ми ни треба такво патување кое може и неславно да заврши. Можеби на планина, ама на море - тешко годинава.
Едно нешто не ми е јасно,за време на пандемија да се даваат ваучери за туризам? Истите пари требаше да им ги дадат на луѓето храна да купат а не да патуваат глупости
Ваучерите беа за помош на туристичките работници кои се во категорија оштетени од пандемијата, ама можеше поинаку да им се помогне, вака само се создаваат гужви, се шири вирусот...
Сите се оштетени и допрва ќе биде криза за сите,ама поголема глупост од ова не можеа да направат. Освен ширење на вирусот друго нема да добиеме.
Гужвите ќе беа незначително помали без ваучерите. Гужвите се поради тоа што не можеме во Грција или Црна Гора каде одеа најмногу македонски туристи или поради стравот од одење надвор од државава, во Албанија, Србија, Турција или наскоро и Египет.
da da imav pari ke idev nekoj den vo ohrid , vo dojran e mn toplo ne bi ama ohrid da nadvor od mk i da imav ne bi otisla sega
сосема се сложувам. Што дека ми дадоа ваучер. Од каде јас да знам дали и колку се безбедни хотелине. Да појдам на одмор од ден два и да закачам болест - цел живот ќе се каам. Зошто да ризикувам.