PLF форма за сите штп влегуваат треба? Сега пополнив и само за мене и маж ми дадр опција, за трето лице, син ми, не.
За Грција? Само едно треба, еден PLF по едно возило Ако одите со автобуски превоз мислам дека исто е, едно за цела фамилија.
Па да, така е. Дури и на пример да патувате со пријатели, ако сте во едно исто возило, треба само еден PLF како што знам.
Се најавуваш на страната и пополнуваш формулар. Мислам дека е дозволено 1 недела пред тргнување да извадиш за датумот кога ќе одиш. Не чекаш ништо,со скриншот од баркодот поминуваш граница. @Ahoy ти се инстересираш за влез во гр, татко ми помина со позитивен тест од пред 4м преведен кај судски преведувач. Утре ќе одам мојот да си го побарам
Најкасно 1 ден пред тргнување, потврда се добива после полноќ на денот на тргнување. Засега е вака. Тука се пополнува: https://travel.gov.gr/#/user/login. Инаку не, тоа е само за да знаат каде се наоѓате доколку нешто се случи, до сега никој не бил одбиен. Само се надевам дека ќе ги отворат Дојран и Меџитлија, затоа што во Јули и Август ќе се чека по 10+ часа на Богородица, посебно па ако не работат 24ч., како сега
Јас досега не сум правела никаков тест фала богу, па ни некој од блиските и немам поим каде треба и што треба. Дали тие брзи тестови што се спомнуваат како валидни за патување или ПЦР тест може да се направат со упат од матичен (ако некој има симптоми да речеме)? Прашањево може ми е глупаво, ама стварно досега не ми притребало вако инфо и не знам. И уште едно прашање, каде да најдам под кои шифри се признаени тестовите? Да не се пријавам за некој брз тест што не е признаен за патување (конкретно за Грција ме интересира). Во Скопје читам има повеќе опции и цени, за Битола има некој инфо каде е најевтино?
За патување, конкретно за Грција засега се можни три опции Негативен пцр (брис од нос и грло) Сертификат за вакцина Позитивен пцр ( не понов од 2м и не постар од 9м) Види ја листата на сертифицирани лаборатории што ја ставив од кои признаваат Грците пцр тест.
Sakam da prasam nesto..planiram da odam vo Makedonija od Italia nese imam vakcinirano..so kola planiram da trgnuvam kemi pravat li problemi po granici ke baraat li testovi?kevi bidam mng blagodarna ako mi odgovorite dokolku znae nekoj..fala..
За ова @vitamina најдобро ќе може да ти одговори. Колку што знам од Италија е, па можеби има информации.
Кај нас е 3000 ден пцр тест. Можеш да едитираш и да додаваш, има опција. Треба да е преведен на англиски, грчки, германски или сл.
Каде? Инаку, ако одите преку агенција, многу од агенцииве имаат и организирано тестирање кое е далеку поефтино или целосно бесплатно за нивни аранжмани. Пример, доколку патувате со ЈК Травел, ПЦР тестот ќе ве чини 900 ден., наместо 2500+ ден.
@koritsaki , дали на 34:30 Хари најавува дека ќе се признава и рапид тест за влез во Грција? https://www.ertflix.gr/ert3/11ioyn2021-14-00-deltio-eidiseon/ Прочитав низ српски групи, ама нив нешто не им верувам, вака за сигурно
Законот е на враќање да имаш тест плус 10 дена карантин плус накрај пак тест. Значи кога се враќаш да се пријавиш е сега кај матичен ли каде не знам. Не сум била ниту јас. Вака е у теорија у пракса си одат на ризик без ништо.