Цка, брз антигенски тест се прави во лаб, разликата е цената и рез имаш за 1 час. Ние плативме 850ден во Биотек. Тоа е разликата и од 21ви ќе може да се минува со вакви тестови.
Да, прво само јави се и закажи си. Или директно овде https://booking.biotek.lis.mk/login Па после они ќе те контактираат за потврда на терминот секако.
Пројдовме денес, преведен позитивен ПЦР од јануари на англиски и решение за изолација исто преведено, дали ни се посреќи не знам.
Дали матичен лекар може да издаде упат за брз тест да се направи? Се мислам дали мора да закажувам во приватна лабораторија или може и преку матичен да ме пратат? (Ми нема логика фондот да го плаќа тоа искрено, ама што знам как нас се е можно)
Здраво Феминки, ве молам дали имате било какво инфо за патување во Франција? На ТВ беше кажано дека се отвара Европа за МК, но на официјалните страни сеуште нема ништо напишано по тој основ дали некој знае нешто? или дали има патувано па да сподели инфо ви благодарам
Пиши на англиски на гугл ваљда ќе ти излезат рестрикции како фунционира Франција, официјални од влада. Знам дека кај нас официјалните корона рестрикции ги даваат и во англиска верзија.
Отворање на граничните премини Ники (Меџитлија) кон Македонија и Кристалопиги кон Албанија, на 1 јули, најави, преку Фејсбук, градоначалникот на општина Преспа Панајотис Пасхалидис, јави дописничката на МИА од Атина. - Важна вест: Веродостојни информации дека од 1 јули одново и регуларно ќе почнат да работат граничните премини Кристалопиги и Ники, напиша Пасхалидис. И од двете страни на границата, и од Македонија и од Грција, локалното население, но и бизнисмените во изминатиот период бараа да се отвори граничниот премин Ники (Меџитлија). Од граничните премини меѓу Македонија и Грција, од грчка страна, отворен е само преминот Евзони (Богородица). Последната министерска одлука за граничните премини и предусловите за влез во Грција, објавена во петокот е во сила до 26 јуни 2021 година.
As of May 14th, travelers arriving in Greece are required to have either a negative PCR certificate from a testing laboratory, for a Covid-19 test taken no later than 72 hours before arrival or a negative antigen (rapid) certificate taken no longer than 48 hours before arrival. А во пријавата само првото го има и тоа штиклирав...
Каснат сигурно, не верувам дека би правеле проблем. Секако можеш да се јавиш на граница и да си прашаш, обично знаат и нашите што е- како е
Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници со максимален капацитет од 100% на сите превозни средства со максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19, со обврска превозниците одговорно да ги спроведуваат и контролираат мерките за лична заштита заради превенција предвидени со протоколот за организирање превоз на патници. На денешната седница Владата донесе одлука да се дозволи влез на придружниците на патниците на меѓународните летови во двете аеродромски згради на ТАВ согласно одредбите за лична заштита опфатени со протоколите за управување со меѓународните аеродроми во нашата земја.