Јас бев на викенд пред 2-3 недели во Охрид и се убив од кивање и кашлање во собата колку прашина имаше на пешкири мои од дома дури спиев колку сум гадлива. Дека не чистат не чистат и не се замараат,слушав и други луѓе што биле во Охрид ретко негде убаво чисто да е.
И јас бев во Охрид, бевме сместени надвор од градот и одевме претежно на диви плажи. Гужва не фати само еден ден, тоа беше во недела ама успеавме да најдеме место во Љубаништа на повеќе од 2м дистанца. Во Охрид градот не ни бевме. Во ресторани не одевме. Апартманот чист ни беше. Ќе одев и во Албанија да сакаше и дечко ми, ама не му се ризикуваше и останавме, иначе сум за бидејќи било во кој град да си, опколен си со луѓе. (Освен ако не си веќе пола година затворен во четири ѕида и не си мрднал). Плус, многу е добро за нашето ментално здравје. Треба одмор, воздишка... Еве сега некаде на планина ќе одиме, и тоа е одмор
Најдобро. Ако некој има ваучер а не сака да оди нека и го подари на Магнолија, ја читав сака да иде но неможе финансиски. Ниту јас ниту некој од моите не доби ваучери, да имав од се срце би ги го подарила
Ми се оди на море и ми се плаче. Не сум фан на сончање и излежавање на плажа (се претварам во јастог), ама затоа во вода можам цел ден да седам. Сепак, мислам дека ќе ја скокнам оваа сезона. Џабе одмор, ако се чувствувам како на игли да седам. Затоа ќе се присобере буџет за следната, на некое поегзотично патување. Бар така си се тешам.
@Dream-Girl ќе ми откриеш ли кое е местенцево? А зошто се плашиш од хотелите? Гледај на нив како на станбена зграда, искачаш, заклучуваш врата, поминуваш со маска до излезот и веќе надвор си! Ние за Охрид, селце надвор од градот но ќе мора до плажа со кола. Бугарите не' зезнаа, остана куќата оваа година да зјае
Не знам каде да прашам па ајде тука. Дека нели сега може да се оди во Бугарија за наши државјани со пцр тест. Што е со оние кои имаат пасош од еу? Дали тие ќе можат да си влезат и без тест? @Ahoy ти видов дека пишуваше или некој друг ако има поупатен.
Не треба ни ПЦР тест за одредени држави. Спојлер: На Бугарски "PCR тест не се изисква за лица, пристигащи у нас от държави-членки на ЕС, Обединено кралство Великобритания и Северна Ирландия, страни по Шенгенското споразумение, както и от Алжир, Австралия, Канада, Грузия, Япония, Мароко, Нова Зеландия, Руанда, Република Корея, Тайланд, Тунис, Източна република Уругвай. Те не подлежат и на 14-дневна карантина." "PCR test is not required for people arriving in our country from EU Member States, the United Kingdom of Great Britain and Northern Ireland, Schengen countries, as well as from Algeria, Australia, Canada, Georgia, Japan, Morocco, New Zealand, Rwanda, Republic of Korea, Thailand, Tunisia, Eastern Republic of Uruguay. They are not subject to 14-day quarantine." http://www.mh.government.bg/bg/novini/aktualno/grazhdanite-na-severna-makedoniya-srbiya-albaniya-/
Всушност и не е лошо одење со ПЦР тест во Грција ако пушти Грција на тој начин. Со фамилијарниот пакет за тестирање кој чини околу 4000 вкупно. Во Србија не прават таков пакет,и Србите не би оделе со ПЦР тест,па нашите би биле сами на грчките плажи. За разлика од гужвите во Охрид.
Србија засега никакви тестови не прават на приватно. Исто и за Бугарија и Романија за влез во Грција мораат со негативен ПЦР. Исто и неколку сопственици на апартмани во Грција нудат да покријат 50% од трошоците за тестирање, до макс. 30€.
Ништо не ми е јасно Како тоа ако еден е негативен сите се негативни? Сигурна ли си дека со ваков тест ќе пуштаат преку граница?
Се добива резултат од ПЦр тест на мејл. Идентичен со единечните пцр тестови. Ама 1500ден.било од човек. Еве и тука има ,како и на нивната фејс страна. Од Армијата се тестираа на овој начин. https://emagazin.mk/foto-shto-se-po...a-otkriva-e-na-korona-virusot-vo-zhan-mitrev/
Како мислиш вистинскиот примерок? Одат тројца на сите тројца им земаат брисеви,добиваат резултати ,ако се негативни ке ги приложат на граница и толку.
Колку што разбрав јас, прво тестираат само 1 од тие три, ако е тој позитивен после ги тестираат сите, а ако е негативен значи сите биле негативни.
Не. Сите одат на тестирање заедно во исто време.(Затоа велат е погоден за тие што работат заедно или се фамилија) 3-5 бриса во еден тест прават,заеднички. Им земаат брисеви и чекаат. Ако се негативни сите 3 во тестот,добиваат веднаш сите негативен резултат. Ако искочи еден од тројцата позитивен, повторно ги работат брисевите посебно,да се види точно чиј брис е позитивен. И ги добиваат резултатите малку подоцна.