Во хотели ништо не бараат, во ресторани прифаќаат вакцинален сертификат, сертификат за прележаност, пцр тест, а може и тест за антитела, мислам вредност над 20, ама не сум сигурна. Ова важи за после 20.00 часот, пред тоа ништо не ти треба. На граница ништо не бараат Србите, нашиве бараат и за влез и за излез.
Не можам да се најавам на вакцинација мк за да симнам ЕУ сертификат, а во петок идам за Бугарија дали би ми правеле проблем со нашиот нормален сертификат, а да не е ЕУ?
На мак.државјани им треба негативен тест за да излезат? Ве молам кој знате објаснете ми, ми треба за Србија инфо, без вакцини, знам дека за Србија не мора да ди вакциниран, а за назад знам дека мора тест.[/QUOTE]
[/QUOTE] Ако немаш вакцинален или сертификат за прележаност, мораш да имаш тест, и за излез од Македонија бараат. И секако после за влез во МК.
Луѓе дали некој влегол скоро со антиген брз тест во МК. Конкретно од Англија ама мислам од секаде е исто, денес треба да патувам ама поради тоа што имав позитивен ПСР тест предходна недела апликцијата не ми дозволува да си го покажам статусот за вакцини, пишува дека е пропуст на апликацијата бидејќи официјално изолацијата ми е завршена во понеделник.На стараната на владата пишува дека може со антиген без тест не постар од 48 часа, ама тука на страната од Англија пишува дека само сертификат за прележано, вакцини и ПСР се важи. Не знам како у последен момент ми се издеси ова, требаше да летам недела, па се разболев, преместив за денес и сега ова ќе пукнам, вечер ми е летот имам сертификат од антиген од денес и се надевам нема да ми бараат изолција дома оти ќе се обесам веќе. Кој баксуз еј, два пати прележана со две вакцини да не можам да патувам, ќе пукнам.
На страната на МНР пишува пцр не постар од 72 часа или антиген не постар од 48 часа. И со сертификат за вакцинација можеш. Немаш гајле мислам, ќе поминеш.
Здравo на 02 патуваме за Бугариjа, вакцинирани сме..дали за влез е дoвoлен самo еу дигиталниoт сертификат штo се симнува oд саjтoт на вакцинациjа.мк?
Brojcre, ednas nemavte prelezano vie, vtor pat prelezuvas? da ne mu se veruva na covek lele uzas e ova
Ме интересира дали можеби некој имал ваква ситуација. Човекот е вакциниран во Холандија со една доза. Со претходно прележана Корона, овде се добива сертификат само со една доза од вакцина. Дали тој сертификат го признаваат во Мк? Поточно за лет со авион и секаде низ Мк каде што бараат сертификати? Знам дека за низ ЕУ е во ред, има патувано во Грција, но за кај нас не сум баш сигурна.
jas sum bas taka prelezana i so edna doza vakcinirana,megutoa toa e nepriznaeno od 99%od drzavite,vazis kako half vaciniran,nazalost
На граница можеби би влегол ако има грин пас, ма да јас би направил и тест во таква ситуација. А низ Мк не би му важело.
Дали некој патувал авионски во Италија.. Сакаме да одиме на крај на Јануари вакцинирани сме со две дози (синовак) и сме со мало дете година ипол било каква информација е добредојдена
Моментално Македонија е на Е- листата на Италија, со што нашите државјани не смеат да влезат во Италија за патување, односно само одредени оправдани категории. И и ако сте во некоја од тие категории, повторно ќе ви треба тест и изолација 10 дена. Ова важи до 31.01.2021.
Што е потребно за влез во Македонија? Вакцинирана сум со две дози, но не во Македонија. Ќе ми треба да извадам некој посебен сертификат, некаде да се логирам и слично? И дали ми е потребен пцр тест?
Ако е за со авион, две дози вакцина е доволно и не ти треба тест, само треба да имаш доказ од вакцинацијата (QR code или сертификат). Летав пред два дена и така беше. При влез во Мк на пасош контрола ни побараа доказ за целосна вакцинација или негативен тест.