За тестови поефтини види пред некоја страна пишувавме. Има понуда од Жан Митрев, pooling, 1500ден. по човек ама 3-5 лица да одат заедно на тестирање.
Каква сака нека е ситуацијата. Ни бројки гледам, ни бројки ме интересираат веќе. После се' ова PTSD на најјако кај мене. А верувам нема да сум единствена.
Во Албанија сум била неколку пати, но во Тирана, никогаш на море. Не ми е нај по ќеиф, ама мора да се бара решение некакво
Не знам дали знаеш ама пола од нив најверојатно ќе затворат есенва оти немаат од каде да ги покријат своите трошоци.
Дали македонец со бугарски пасош може да влезе во Бугарија без тест? И зошто може само на приватно да се направи тест за патување, зошто државно не даваат?
@Kitten и @Nane2356 знам, се напнав. Се јавив и јас. Па нормално дека не не пуштаат на толкаво фортање за заразени. А и како би праеле промет приватњациве, затоа што државен тест не добиваш за излез од држава. Држава на воени профитери и преваранти.
Знам, затоа ние решивме не одиме, а имаме имот таму. Стариве запнаа ќе одат. Нека си плаќаат тест, мене ми се многу пари да ги залепам.
Ма денар не им давам. Утре кога ќе излезе вакцина, ќе бидат во состојба да лажат дека на македонци не делува, до толку се влезени во филм за дрпање пари од народот. Боље во Папуа да се родевме!
Инаку ако си имаате имот и сакате подолго да седите може и со карантин. Или тест или карантин 14 дена (дома)ако можаете да издржите. Така е за жал
Лани бевме во Саранда. Скоро сите беа католици. Прв пат одевме и тоа со резерва. Се изненадив колку се гостопримливи. Цените како за на море беа многу нормални. Доручек земавме пецива од пекара, ручек во ресторан на плажата имаше супа, свинско, пица, апсолутно се. За вечера или гиро или од маркет ќе земевме нешто и ќе направевме. Водата беше топла и многу чиста. Јонско море беше. Имаше некои работи кои не ми се допаднаа на пример како кај нас по улиците преполни контејнети, ѓубре. Но имаше и убаво средено пристаниште со луна парк, продавнички и слично.Би отишла пак пред се заради тоа што можеш даси дозволиш јадење во ресторан, за мене е прав одмор да не готвам. Ама патот преку Албанија е лош,Грциве еве не не примаат.Здравје, во подобри времиња. Крф го гледавме од другата страна на морето имаше тури за крстарење, ама годинава кој знае како е.
Ја 14 саати кога седам дома проблем ми е, па денови. Ќе чекам да пуштат без тест, ваљда ќе им текне дека секаде е исто и дека меѓународен бизнис со тест сто евра не иде
Не ни оди ништо во прилог. Многу касно бугарите ги пуштија границите без карантин. А карантин со деца во никој случај не прифаќам! Дури и да можев два месеци да седам.
замисли нечистено ами за корона да не правиме муабет. да не беше тоа да мора сопственикпт лично да оди верувај дека Радо ќе ти го дадев. Многу се потепуваат за одмори и шетање а ретко кој внимава. Затоа па и бројките на заразени се вакви (не зборам лично за тебе)
Мислам дека може да се иде со туѓ ваучер само треба твоја копија од лична карта. Има многу што ги продадоа