На ова мислиш? Спојлер: Протокол за влез во Македонија од 01.07 Државјаните на Република Северна Македонија и странските државјани при влез на територија на Репуб- лика Северна Македонија се должни да спроведат од- редени превентивни мерки, препораки и упатства за спречување и ширење на COVID-19, во период од 14 дена од денот на влегување во државата, со задолжи- телно почитување на Протоколот за спречување и ши- рење на COVID-19 при влез на државјани на Република Северна Македонија и странски државјани на терито- рија на Република Северна Македонија од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, кој е даден во Прилог број 35 и е составен дел на оваа одлука. Искрено, сега малку се збунив оти познавам многу кои беа во Албанија и Србија и по враќањето функционираат најнормално.
Точка 2, да се избегнува професионален контакт, што значи работа со странки не, у дуќан продавачка, не, состаноци, не... затоа работодавците викаат дома седи си и 2 недели плус одмор.
Да се ограничат контактите на минимум е препорака исто ко точката 5 миење раце,нели? Превентивни мерки. Во превод штом нема самоизолација,и карантини,не значи ништо.Работодавацеот може и да не знае каде воопшто летуваш ниту пак да дава плус 14 дена одмор. Маса на луѓе се вратени од Албанија,Турција,Хрватска. Препоракава повеке би треабло да важи за луѓе вратени од Охрид и Дојран.
mislev deka moze ,edni komsii bea maz zena i dete so vaucer na sestra mu ,ama neznam moze deka se rodnini neznam stvarno onaka pisav stvarno mi se ide na odmor bar samo za 2-3 dena, ama nemam pari , da me sleduvase bar vaucer bi otisla , ako se vnimava i pocituvaat merki nema sto da plasime a i ke se pomogne na nekoj sto zivee od turizam
Тоа може да е интерна политика на фирмата. Ние ја имаме уште откако букна вирусов во Италија. Ако имаш одмор, одмор, ако не, неплатено дома.
Луѓе и на ваква гужва пак се осудувате да идете во Охрид? Дали сте реални? И да нема вирус никад не би, а не во ваква ситуација
Кој ме читал во една друга тема, знае дека ми се оди на одмор, ама попрво би избрала да го прескокнам оваа година, додека трае пандемијава. Се надевам дека наредно лето нема да имаме вакви проблеми. Одговорност си е одговорност, бројките сепак се големи. Ако закачам јас вирус, ќе закачат и најблиските. Нечие терање ќефови може некого живот да го чини. Не се игра со тоа.
Денес дознавме можело преку Бугарија транзит за Турција. Уште од сега го напињам маж ми да ме носи за Истанбул овој месец Знам ќе ми ја исполни желбата
Алал да ти е трудна како ти се шета надвор од МК ја од Скопје мрдам од страв ...и поготово па на жештиниве
Па ако не фатиме тука по сите овие журки таму па ич Да искористам да си ја спремам беба со ствари од таму