Ваучерите се за ист тип на аранжман. Нас ни рекоа дека можеме да го искористиме за Лето 2021, апартмантско сместување какво што и имавме уплатено.
Будва Ко што беа затворени паднати им се цените на се сигурно, види дали Скаут евентуално имаат некоја понуда, до лани во Буљарица имаа за 100тина евра понуди сосе јадење, и на букинг да бараш ќе најдеш нешто солидно, патот е помачен
Еве од официјалното соопштение : Издадениот ваучер, патникот ќе има можност да го искористи за аражмани достапни во понудата на туристичката агенција (носител на аранжманот) и ИСТИОТ ВАЖИ ЗА ИСТ ТИП НА АРАНЖМАН ЗА КОЈ ПРЕТХОДНО ПАТНИКОТ ИМАЛ УПЛАТЕНО ВО ДОГОВОР СО АГЕНЦИЈАТА. Вредноста на ваучерот ќе биде во ист износ колку што бил и аранжманот кој е откажан поради вонредната состојба.
Скаут се број еден за Црна Гора, видов и јас имаат сега објавено, сосе превоз и тест многу ефтини понуди, да знаев дека ќе пуштат Црногорциве ич не ни идев Охрид...
Мислам дека тестот не е вклучен во таа цена, ама и пак не е којзнае колку плус со оглед на тоа што (мислам) дека Црногорциве примаат и со серолошки тест, а тој е отприлика 1500ден. Понудиве се топ, 180€ видов во Бечичи, 7 7 полупансиони и превоз вклучен. Сега за 28.08 ќе имале и за Острог
Да прашам дали може да се патува туристички без корона тест од Македонија со Бугарски пасош, или како што правно би се рекло со Бугарско ЕУ државјансвто во некоја од ЕУ државите, плус Норвешка и Швајцарија.
Конкретно за Холандија, колку што знам, не е битен пасошот туку земјата од каде што одиш во Холандија. На пример, и покрај тоа што има забрана за влез во Холандија за државјани на САД, не е проблем да влезе државјанин на САД кој подолго време престојувал во Норвешка на пример, од каде што е дозволен влез во Холандија, и покрај неговиот USA пасош.
Значи Македонец со Македонски и Бугарски пасош може да влезе од Македонија во Холандија? На пример, со лет на Визер од Скопје до Ајндховен?
Во април месец на мм другар влезе во холандија преку бугарија авионски со бугарски пасош. Во јули мислам беше се врати. Работно.
Ние бевме до Охрид ама искрено едвај чекав да си дојдам. Врие народ,маски јок, во хотелот нас чудно не гледаа со маските. Башка треси се за се, трчај по детето ако застане со др.дете, па дезинфицирај го мего, дезинфицирај све , мачно навистина. Кога се сместивме со дезинтал поминав се И да ти е шубе да нарачаш нешто за јадење,пиење, бришеш прибор,чаша, ужас Ако си опуштен тогаш супер ќе си поминеш Сакавме да одиме и на планина ама јок,пак не се м’кнам по хотели, ма да во Охрид немав замерки. Чисто,после секој маси и столови чистеа и дезинфицираа.
Јас и мојата фамилија сме моментално во Турција. Во хотелот се почитуваат сите протоколи од страна на персоналот, гостите кои се со маска, кои без. Ама ние го прележавме ковид , ако не го бевме прележале не сум сигурна дека ќе дојдевме. Инаку хотелот е полн, но сепак работи со некои ограничувања заради пандемијата.
Сакаме да одиме во природа, нешто како Маврово. Бил некој сега во коронава? Какви се условите? Има апартмани за двајца? Да ми предложите друго место како Маврово?
Некои грчки медиуми пренесувале дека наводно на нас ќе ни биде дозволен влез во Грција од 01.09... @Yowannty @koritsaki @Kallias2 знаете нешто?
И јас да не го прележав, немаше да одам и да шетам. Никој никаде не почитуваат мерки ниту се носат маски.
Јас штотуку прочитав дека продолжени се мерките за наредните 14 дена..како што си е моментално, се си останува. https://www.protothema.gr/koronoios...iakopes-kai-beite-karadina-270-nea-krousmata/ Среќа што навреме си закажав да правам PCR тест