Туторијали за фризури! Eпа вака. Јас ги правев со тоалетна хартија. Кинеш едно ливче тоалетна и на ептен мало праменче го моткаш. Кога ја правев имав многу, значи треба малку да се намачиш. Пожелно е пред да почнеш да ги виткаш, косата да ти биде полу мокра, влажна и стави малку гел. Одкако ќе ги извадиш ќе бидеш смешна и чудна и косата ќе ти биде многу кратка. Јас си се изнасмеав. Ама ќе ги растегнеш малку надолу, можеш да ги разделиш, да ги натапираш.. Сепак тоа е до вкус Се надевам дека помогнав.
Ќе носам утре на свадба долг фустан со гол грб, се двоумам околу фризурата. Планирам вака нешто, имам закажано на фризер а појма немам што ќе правам со косата. Размислував да ја соберам , фустанот е доста елегантен Ви се допаѓа фризурата? некој друг предлог плус Спојлер
Карина мене ми беше таква косата (како на Алба) за матура лани. Значи од мене имаш големо ДА! Кога ќе одиш на фризер ќе побараш внатрешна странична плетенка, ама поопуштена, да завршува во бушава пунџа на страна. Нема утка!
Еве еден интересен начин без оштетување на косата ...мислам дека на подолга коса поубаво би изгледало на девојчево од видеово ептен некако кратка и доага чудна ми е Но добрар е начинот на кој се добива виткана коса...и лесно е http://www.youtube.com/watch?v=aYxS1ohz4Ao Едит: Јас најчесто вака ја правам и баш слатко излегува а и + не ја горам косата со пегла,фигаро или било што ...само малку е глупо кога при спиење се разлета насекаде косата и сабајле сум како со афро фризура http://www.youtube.com/watch?v=iP3k1t0L ... re=related
Еве неколку и од мене интересни фризурчиња со плетенки http://www.youtube.com/watch?v=HG_wdu80 ... r_embedded http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... faHzPdDbPc http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 3ln1dyitFA
Уф.. колку добро изгледа, ама некако ко комплициранко да ми е сама да си го направам ама вреди да се проба, баш убави летни лесни фризурчиња се Ме бендисаа
Уф се нервирам вака во туторијаливе ко ќе прават нешто набрзина еве сега и се пробувам на оваа плетенка, ама ништо не можам конкретно да видам, само слушам "section, section" бреееј Море сега некоја моја можда ќе измислам, ама има да ја свртам околу глава ))
јас ја носам косата вака ама ја факам со шноличката само од едната страна другата половина од кај шишката ја оставам пуштена