@koritsaki пошто знам сигурно дека ти го имаш тушот на Лореал, може ли да ми кажиш како си задоволна, дали трае и дали лесно се нанесува, каква му е густината? Зар го потроши цел за толку кратко време?
anuskaNESTLE , не , не го потрошив си стои така дома, некако не сум многу задоволна од овие гел тушеви што се нанесуваат со четка , дали јас незнам убаво да го нанесам многу дебела линија ми се прави а на почетокот добар ми беше но потоа кога го ставив едно летно утро ми се копираше на горниот дел од очниот капак. На пример со тушот на Гош не ми се има случено ова ни во зима ни во лето , а тука се со цените.Истово ми се случуваше и со гел тушот на Estee Lauder.Потоа не остава она црно црно туку бледа црна боја , а и плус да наведам дека имам мрсни капаци. Јас веќе не би зела гел туш , некако разочарана останав
Јас мислам дека средно кога ќе почнеш можеш да почнеш да ставаш туш , мислам онака за излегување, за посебни прилике не за секој ден.Барем јас така сум се чувствувала тогаш. Во основно според мене некоја лесна шминка , има бб креми сега, лесни пудри за тинејџери, малку сјајче , руменило и понекогаш маскара мислам дека е сосема доволно за под 15 години а ако чувствуваш дека немаш потреба од тоа , тогаш немаш ни потреба да користиш
Кој туш на Бенефит, оној што испушта гел, како пенкалце? Да не се мислиш за него, јас воопшто не жалам што не го почекав на попуст и дебело го платив. Преубав е, многу лесно ќе ја совладаш техниката и исто, многу сум задоволна од трајноста. Мислам еднаш напишав рецензија во Омилени производи, ако те интересира уште некое мислење. Патем, задоволна сум и од тушот на Катрис, ја имам водоотпорната верзија, со плаво капаче. Не се откажувам од мојот најомилен на сите времиња - Мислин, ама овој е навистина достојна замена. Убаво е пигментиран, лесно се маневрира со четката и без проблем се прави линијата од најтенка до посакуваната дебелина. Јас си купив уште еден пред можеби месец дена, кога имаа акција на асортиманот. Да ми се најде.
Да , за тој мислам епа супер тогаш баш ме интересираше некое мислење , сега баш има попусти нареднава недела ќе го земам
Анушка читни тука имам напишано рецензија за тој туш http://forum.femina.mk/threads/Омилени-продукти-на-месецот.5250/page-94#post-2247907
@mims-89 a еве гледам лајк сум ти ставила уште тогаш ама ете сум заборавила дека си пишела и ти за тушот, не може се да се памте, многу шминки дискутираме! А дали нанесуваш со таа четка или посебна имаш, пошто гледам има поделени мислења за четката, па сакам од интернет сет четки да си нарачам, пошто веќе имав нарачано од Германија да ми донесат и тоа 3 од Сигма четките, ама испаднаа компликации и не ги добив. А моменталната цена колку му е, уште да не е случајно на попуст?
Јас со таа што доаѓа во пакувањето нанесувам и совршена ми е. Може и подебела и потенка линија да се направи, посебно ми се допаѓа што врвот можеш многу прецизно и убаво да си го направиш, а мене не ме бива баш за тоа, со оваа четкичка ептен профи станав. Незнам колку е моментална цена, мислам дека на Сесилија и кажував минатиот месец беа во ДМ на попуст цела линија на Лореал и уште некои други брендови... Редовната цена е околу 700, ако не е во ДМ на попуст мора да е во Космо или Шатци, обично така прават.
Јaс пaк дa се уклучaм нa рaзгoвoрoт зa тушoт нa Лoреaл , јaс кoгa гo купив внaтре немaше четкa и пo некoлку денa свaтив декa е укрaденa. И целo време јa кoристев тaa нa Есте тaa нa Лoреaл беше супер нo ете дa знaете aкo нештo фaли вo кутивчетo. Мислaм декa oкoлу 550 ден гo имaв земенo oд дм
Женски, тушот на Лореал е 500 и некој денар по редовна цена, одамна веќе не е 700. Барем во ДМ, бев пред некој ден и цената уште е таа.
Еве и јас сакав пак тоа да го кажам. Имав напишано и претходно, редовната цена на тушот сега е приближно 530 денари. Моментално не е на попуст, беше пред Нова Година во ДМ, јас го земав стотина денари поевтино. И Коритсаки ми текна и на тебе дека немаше четче, па неколкупати проверив да не е така и кај мене. Кутивчето беше залепено, ама се гледаше внатре дека стои четкичката.. Важно ептен внимавав на тоа, поучена од твоето искуство.
Девојки, јас имам еден проблем со тушевите за очи. Проблем не во нанесувањето или слично, туку ваљда ми се премногу чувствителни очите и тоа само на туш за очи. Кога е го ставам или вадам тушот ако само малку ми влезе во окото потоа 2 деба ме пече и или ми се јавува мало гнојниче во внстрешниот агол на долниот или горниот капак кое ме боцка или на кожата на капакот ми се јавув. Раничка која подле си засушува и по извесен период кога ќе се регенерира кожата со ноктот си ја вадам и одоздола си излегува новата кожа. А ако не ставам туш, туку си користам само маскара, креон, сенки или било што друго што може да се нанесе на окото не ми се прави така. Па прашањето ми е дали некоја има слично искуство, или знае некој туш што е за чувствителни очи, или туш што е органски, без хемија (сум слушнала дека постои таква шминка) и од каде би можела да го купам затоа што стварно го сакам изгледот на очите со туш и бе можам да си ја замислам шминката без него. Порано не ми се правеше вака, последниве неколку месеци ми се случува ова. Не е до староста или до марката на тушот, сменав неколку, џабе, пак истото е.
Во ДМ ќе најдеш природна козметика на Алверде.На некои од производите пишува дека се наменети за чувствителни очи.
Имаш црн туш на органската козметика Лавера, ги има во Космо, ДМ и некои аптеки, за цена незнам... И Алверде ете ти кажаа имаш во ДМ.
Си го купив тушот и немам никакви проблеми. Супер е (да ви се исфалам), и + не е скап - 155 ден е. Барем нема хемија, се е природно во него