1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Туѓиот живот секогаш изгледа полесен

Дискусија во 'Психологија' започната од Tanjamm, 15 јануари 2014.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.785
    Допаѓања:
    12.308
    Дали и на вас секогаш така ви изгледа дека другите полесно си го средуваат животот, без многу труд, без мака? Зошто е тоа така? Зошто секогаш размислуваме на тој начин?
     
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.575
    Допаѓања:
    40.003
    Пол:
    Женски
    туѓиот живот секогаш изгледа полесен

    Јас лично не размислувам така.
    Што се однесува до животот, никого не го мази.
    На секого му е тешко, па и на мене.
    Од мојата ситуација има 300 подобри и 300 полоши.
    Ниту се тешам, ниту се растажувам од тоа.
    Така е како е, ми било пишано така, така ќе биде.
     
    На tessie и Skyfall им се допаѓа ова.
  3. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    туѓиот живот секогаш изгледа полесен

    Зависи кој како го гледа тоа. Сум слушала како луѓето се фалат дека се им оди како што сакат, па некои се жалат дека ништо не им оди, па некои се среќни други разочарани. Од една страна никогаш не сум се интересирала за туѓите животи и за тоа дали им е тешко или лесно, но од друга страна и приказните што секојдневно ги слушаме ке не натерат да размислиме за тоа кој каква судбина има. Јас мислам дека до некаде и сами си правиме да ни биде тешко, а донекаде и други ни подпомагаат во тоа. Во сечиј живот има нешто што не би сакале и ние да го имаме и да сме на негово место. Јас секогаш велам дека моите проблеми и маки не би сакала да ги заменам со ничии, зошто може од страна изгледа лесно но како викат, да не си му во кожа.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.887
    Допаѓања:
    11.280
    Пол:
    Женски
    туѓиот живот секогаш изгледа полесен

    Секоја планина со своја тежина :)

    Да навистина некогаш може изгледа така од страна , ама само тој си знае како е ..
    Сум приметила дека и јас некогаш сум констатирала дека некои без мака и труд се снашле ..Ама можеби само така јас си мислам бидејки не сум поминала низ истото .А од страна лесно се носат судови и споредби .
    Најубаво е човек кога си гледа само за себе без да се замара што и како и е на комшиката , другарката , колешката |-)
     
    На daylight, eliesaab, Anabelle.Amorette и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.785
    Допаѓања:
    12.308
    Немојте да мислите дека јас толку се замарам со туѓи животи. Ама општо онака сите си мислиме дека на другите им е полесно од нас, дека полесно се снашле, дека во лоши ситуации добро поминале. Секој си знае за себе. Се во животот си бара некоја жртва и не можеме сите да имаме се.
     
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Зашто би мислел дека на другиот му е полесно од мене а?Затоа што тој некој си има повеке пари од мене? Или има поубаво работно место,ако почнам така да ги гледам работите мене бардовци не ми бега,ниту гледам,ниту ме интересира,секој со свој памет,ниту јас сакам некој мене да ми завидува за моите успеси,ниту јас завидувам на туѓите успеси,баш напротив ме радува тоа,и дај боже сите да имаме све што ни е потребно во животот,на сите им посакувам убав живот.
     
    На elisabeta, Ani.taa, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Ничиј живот не е полесен од животот на некој друг.
    Тешко се постигнува хармонија и спокој и во приватниот и во професионалниот дел.Јас сум личност која воопшто не е љубопитна како се одвива животот на другите и од тој аспект не се оптоварувам со прашањата кој,како,каде,колку...
    Некои го добиваат тоа што го посакуваат со брзина на светлината гледано низ перспектива на другите.Но,тие знаат како го постигнале тоа.На нечие лице има среќа,а некои се разочарани.До извесен степен и сами сме виновни за ситуацијата во која сме се нашле,а понекогаш и другите ни помогнаат.Не завидувам на ничиј успех,ниту душевно се хранам со неуспехот на другите.Сето ова ја отсликува нашата животна судбина.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Мене ми е сеедно. Важно да искусам и да прескокнувам пречки. И како беше тоа... „Она што не те убива, те прави посилна“. Тоа ми е реченицата со која ја берам надежта дека овој живот МОРА да продолжи!
     
  9. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Изгледа ама не е,на никој да не му си в кожа.
     
  10. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    да секогаш е полесен и секогаш комшиите повеќе од вас знаат колку пари вие месечно заработувате, па уште сте се жалеле дека немате пари :devil:
     
  11. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    120
    Во никој случај!!!!!!!!!!!!!!!! За туѓиот живот воопшто не ни размислувам секој со свој труд и залагање постигнал да биде нешто во животот. Е сега некои луѓе имаат можеби малку повеќе среќа т.с СРЕЌНА МИЛА ЅВЕЗДИЧКА :) Инаку се е судбина, тркало на судбината, има замешано прсти и те како.
    Не за џабе се рекло ОД СУДБИНАТА НЕ СЕ БЕГА!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! :)
     
  12. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Секако дека е...познавам многу луѓе кои животот им е стани,јади,учи ,легни си и се така на repeat
     
  13. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Така секогаш изгледа,но никогаш не ме интересирало и не сум се мешала во туѓ живот.
    Нас ни изгледа полесно,бидејки ние ги гледаме само однадвор работите како што се,а тајните кои ги кријат другите како и ние не ни се познати затоа и скоро секогаш туѓиот живот ни изгледа полесен.
    Само така ни изгледа.А какви маки и грижи имаат другите само тие си знаат,како и ние за нас.
    Затоа размислувајте позитивно,само со позитивни мисли можеш да го оствариш она што го посакуваш.
    А што ако не веруваш дека ќе се случи или можеби само чекаш некои работи од небо да паднат,епа нема,едноставно мора да се помачиме за нешто за да го добиеме.
    И повеќето велиме дека немаме среќа,судбината ни била таква...ама не,воопшто не станува збор за тоа,ние си правиме да ни биде лошо,ние сами си ја кроиме судбината.
    Не може да очекуваме само туку-така од некаде да стекнеме богатство или пак љубовта на вашиот живот да затропа на вашата врата.
    Ништо друго,освен да си ги тргнеме тие негативни мисли од глава и да продолжиме напред. :|
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Во животот ништо не е лесно, да беше лесно, човек немаше да се мачи.Кој и како успеал да ги оствари своите цели, тоа не е нешто што би требало секој човек да го интересира за друг.Веројатно на човека туѓиот живот би изгледал лесен, затоа што смета дека својот живот му е тежок, се мачи, а не знае каков е туѓиот живот, како другите луѓе го средиле својот живот, па врз основа на „претпоставки“ го базира таквото мислење за туѓиот живот.А кога секој би го средувал својот живот без мака, труд, секој ќе си бил задоволен.
     
    На Someonespecial и LittlePinky им се допаѓа ова.
  15. Srekichka

    Srekichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    39
    Секоја индивидуа си има различни гледишта кон животот а со тоа и различно справување кон некои ситуации, како проблеми или потешкотии.Некој, да, можеби на полесен начин би решил нешто или би поминал низ нешто бидејќи си изградил цврст карактер.Но немора да значи па и дека секогаш така ќе биде. Се е променливо, и најцвртиот може да омекне. Така да сите си имаме своја тежина, и не е ништо помала или поголема од онаа на другиот.
     
  16. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Туѓата несреќа изгледа помала, а туѓата среќа поголема.
    Секогаш е така...
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.138
    Допаѓања:
    161.609
    Пол:
    Женски
    Многу нормално е така да мислиме безразлика дали така е или не е. Нормално е да мислиме дека нечиј живот е полесен и дека нашиот е срање, а можеби е така, а можеби е и по инаку, но вистината е дека секој човек плука по себе и љубомори по туѓото, по недостижното ...
     
  18. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Тоа е и проблемот на луѓето. Што секогаш се омаловажуваат.

    Секогаш некој мисли дека на другите им е полесно, подобро. Ќе видиш некој дотеран, насмеан и одма проценуваат како е среќен, се му е полно рамно. Не се замара...

    Дури и од кога се познаваат луѓето меѓусебе го мислат истото. Еве со една другарка правиме муабет за тоа како животот е тежок и некои такви слични работи. Таа одеднаш ми вели „ехх, на тебе ти е лесно“. Во себе пукам, ама на неа само и се насмевнувам и одговарам дека не ми е, на никој не му лесно.

    Секој живот си има тешкотии, падови и подеми. Ако животот е лесен, не е интересен ќе ни здосади.
    За жал така размислува народот.
     
  19. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.156
    Допаѓања:
    12.859
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам право, јас баш ќе го кажам спротивното, туѓите животи ми изгледаат потешки.
    Не зборам за проблеми кои не зависат од нив самите, како на пример ако имаат семејни проблеми, тоа се работи низ кои сите поминуваме, на еден или друг начин. И јас сум имала проблеми, но мора да се пребродат, и сигурна сум дека на никој не му било полесно или потешко тоа од мене.
    Зборам за работите кои сами си ги правиме, учењето на факултет, барањето работа, општо снаоѓање во животот. Многу луѓе ми рекле дека имам среќна ѕвезда, дека многу работи сум ги добила на тацна. И искрено за многу работи сум успеала од првпат, без многу нервози и замарања. И веќе се согласувам дека имам доста среќа во животот. Но, тоа мислам дека ми се случува зошто имам многу позитивен став, ретко се нервирам за работите кои не ми одат, па затоа кога во нешто ќе успеам изгледа како без мака да сум го добила.
    Често кажувам една зафрканција на темава, не знам дали беше од к-15 или некој виц:
    Во животот нема за што да се секираш. Или си здрав или си болен.
    Ако си здрав нема за што да се секираш. Ако си болен, или ќе оздравиш или ќе умреш.
    Ако оздравиш нема за што да се секираш. Ако умреш, или ќе одиш во рајот или во пеколот.
    Ако одиш во рајот нема за што да се секираш.
    Ако одиш во пеколот, пак нема за што да се секираш зошто цело друштво ти е таму.

    Кој ме читал знае дека не сум воопшто верник, ама добра политика на животот ми е ова. Секогаш ќе ни се случуваат и добри и лоши работи. Поентата е да се радуваш на добрите, а да не дозволиш лошите да ти ги преокупираат мислите.
     
    На LaraSolare му/ѝ се допаѓа ова.
  20. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Никогаш не се споредувам со другите. Го живеам мојот живот, моите успони и падови, моја е и среќата, и тагата. На ист начин размислувам и за другите.

    Никогаш не сум помислила дека нечиј живот е полесен од мојот, затоа што се додека ние го пикаме носот во туѓиот живот, нема да сме свесни што ни носи нашиот.

    Секој има право на избор, па и кога се во прашање парите. Затоа и не сметам дека некој на полесен начин дошол до нив. Имаме неограничен број на можности и опции да дојдеме до одредена сума на пари, па само затоа што некој има повеќе пари, а некој друг помалку не значи дека на некој од нив им е полесно. Секој може да избере начин, и тука нема простор за љубомора. Завидливоста и љубомората уништуваат, ја гризат душата полека...