1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Туѓиот живот секогаш изгледа полесен

Дискусија во 'Психологија' започната од Tanjamm, 15 јануари 2014.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Не е темата за луѓе кои со доза на љубомора гледаат на туѓиот живот, туку дали сетоа тоа од страна изгледа полесно? Животот на некои луѓе мене ми изгледа многу лесен, ама можеби не е така. Не дека сум јас љубоморна, ама има луѓе кои брзо напредуваат во кариерата, секогаш имаат пари за се, го имаат вистинскиот живот покрај себе, се што треба. А други луѓе се трудат ама секогаш нешто недостига. Ќе средат еден проблем, излегуваат 2 други. Можеби се пресудни врски, роднини, пријатели, потковани се луѓето од дома материјално и сл. Не е се до личниот избор. Никој не би сакал да гледува и да оди искинат, ама има и такви луѓе. Колку што има добри, толку има и лоши примери, од крајности во крајности.
     
  2. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    А зошто ти го немаш сето тоа? Велиш дека напредуваа во кариерата, а зошто ти не напредуваш? Имаат пари за се, а дали некој тебе ти ги зема парите, или да не бидеш ти конкретен пример, дали некој некому му ги зема парите? За вистинската личност, кога- тогаш, ќе ја пронајдеш...
    Зошто мислиш на одреден живот е полесен од твојот? Зошто воопшто се споредуваш со другите? Како што велат постарите, секој со својата среќа.

    Воопшто не ме тангираат туѓите животи, секој ја носи својата тежина, па така и јас мојата. Не се споредувам со другите и одлично се чувствувам поради тоа.
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Одма се фати за мене како да сум јас исфрустрирана и злобна и завидувам на сите живи. Поентата ми е дали туѓиот живот ви изгледа полесен и дали навистина е така? Не дека се споредувам, има секаде плус и минус. Ама едноставно има луѓе кои имаат повеќе среќа во животот и без мака или пак со некои си нивни трикови стигаат до целта. Никој ен ми ги зема априте, заработувам и колку можам помагам з адома. Има луѓе ништо не работат, а имаат пари за многу нешта и нив им е животот полесен. Не сме сите исти ни емотивно ни материјално. Темната не е „љубомора“ туку дали туѓиот живот изгледас полесен. Многу пати сум заклучила дека луѓето лажат за да изгледаат посреќни во очите на другите. Кажуваат како имаат пари, имаат добри плати, дека ќе одат на одмор во странство, а на крај ни во река нема да се искапат и се познава дека се како куче и мачка. Тоа не е полесен живот, тоа е потежок од мојот на пример.
     
    На sadgirl21 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tropical

    tropical Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    61
    Не знам зошто но секогаш се чувствувам по малку тажна и депресивна. Јас знам дека постојат многу луѓе кои немаат што да јадат, а за разлика од нив, јас изобилувам со тоа, но секогаш кога ми е тешко само погледнувам во некоја колега, другарка, роднина или било кој да е..без разлика секогаш мислам дека во животот му е мед и млеко. Не знам зошто само јас така гледам очајнички на својот живот, како само мене да ми е тешко. :worried:
     
  5. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Tanjamm изгледа не ме разбра што сакам да кажам, а ниту јас тебе...
    Мене муабетот ми беше дека кога почнуваш да гледаш од страна и да споредуваш работи, сакале ние или не, кај нас се јавува тоа чувство на завист, во смисла, каква ли среќа имаат тие на кои животот им е навидум полесен од нашиот... Ти и самата велиш дека ти работиш, е некои други личности имаат многу повеќе пари, без да мрднат со малиот прст, и автоматски нивниот живот ти изгледа полесен...
     
  6. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Порано мислев дека на една моја другарка и се наредено. дека животот и е мед и млеко, бидејќи она така ни го претставуваше. Не и љубоморев, но мислев дека нејзиниот живот е полесен од мојот. Се додека еден ден девојчето не почн да ми се жали како всушност и е многу тежок животот само она не забори за тоа со никого. Тогаш сватив дека никому не му е лесно. Секоја планина со своја тежина.
     
    На eliesaab и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    За едно девојче имав погрешно мислење.Си мислев дека животот и е идеален, ама не било така.Пред некое време открив дека таа има профил на форумов и како што видов си имала и таа доста маки. :(
     
  8. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека туѓиот живот е полесен. Секој има свои проблеми. Ние често велиме:" Лесно ти е тебе, ни си го искусил истото низ кое што минувам јас". Но, не знаеме кој низ што минувал, ниту низ што минува. Така да, поарно е секогаш да си молчиме и да си гледаме за себе. :)
     
  9. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Честопати знам да си ρечам, е овие си немаат маκи, имаат паρа, стабилна ρабота, но ќе се замислам подобρо и го наоѓам недостатоκот. Немале деца или ќеρκата им е нестабилна личност. Заκлучоκ од ова е деκа ничиј живот на планетава не е совρшен, на неκој му недостасуваат финансии, на неκој љубов и поддρшκа. Сечиј живот има по неκој недостатоκ. Сега можеби неκој има помалκу маκи од мене, но тоа незначи деκа ги нема. Сеκогаш си велам: има неκои κои во моментов за сеκој поминат ден со леб и вода му се заблагодаρуваат на господ. Животот е неизвесност, не се знае што не чеκа утρе...
     
  10. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.998
    Допаѓања:
    8.762
    Пол:
    Женски
    Не.Зашто никогаш не знаете низ што се‘ може да поминуваат другите :!:
     
  11. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.815
    Зошто би се замарала да мислам каков им е животот на другите, да ги толкувам нивните деjствиjа за да откријам дека не им е лесно? :^)
    Не ме интересира, си имам jас своj живот, се трудам за себе, да бидам ведра и позитивна личност пред сѐ, размислувам и ги анализирам своите постапки, како да се подобрам. Туѓиот живот е туѓа работа, секој си е приказна за себе.
     
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Гледајки од страна сечиј живот изгледа полесен од вашиот.
    Ах кога би упеале да ѕирнете низ ролетната која што секој ја спуштил, ќе сватите дека не е се така розево како што изгледа.
    Секоја планина своја тежина.
     
    На LittlePinky, elisabeta, Skyfall и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Никој не е во моја кожа,ниту јас не сум во ничија да знам на кој како му е.Но сепак секогаш (скоро) сите мислиме дека туѓиот живот е полесен.
     
  14. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    Туѓиот живот изгледа полесен затоа што ние не знаеме каков е навистина. Тоа се само наши претпоставки. :!:
     
    На chicaboom3 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nezen27

    nezen27 Нов член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Се чини дека мојот живот е лесен кога е гледан од страна. Сепак, не верувам дека повеќето од луѓето би биле спремни да поминат низ тоа што јас го поминав за да дојдат до ваква поволна положба. Јас лично верувам дека секој труд е награден и затоа не им завидувам на другите зошто знам колку се мачеле да дојдат до тоа. Јас искрено би сакал животот на сите во Македонија да биде убав.
     
  16. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    Сите отсекогаш мислеле така и ќе мислат! Но, за жал на никого не му е се сјасно ниту пак лесно, никој незнае како му е стварно на некој друг! Можеме само да си претпоставуваме како му е на тој другиот, тоа само он си знае! Никогаш неможеме да дознаеме што се се крие зад туѓата врата! ;)
     
  17. Alyson

    Alyson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    170
    Знаејќи дека човекот може сè да го снајде во животот, мислам дека мојот живот е лесен. Имам некои помали проблеми, нормално е тоа, но и јас и моите сакани сме живи и здрави. Ги имам родителите како најголема поддршка и давам сè од себе за да ги остварам целите што ги имам. Покрај сето ова нема што друго да побарам и да речам животот ми е тежок.
    Од друга страна многу луѓе сметаат дека имам полесен живот од нивниот, се жалат на сè окулу нив. А реалноста е, ни тие не виделе тешко, туку само се премногу мрзливи да се потрудат да го средат животот.
    Не зборувам за оние тешкотии кои не зависат од нас, оние за кои сите викаме не дај боже да се случи, туку за неверојатната пасивност и безделничење преку цел ден, а потоа жалење како во ништо не успеале, како ништо не чини, како им е тешко. Епа ништо не е туку така дадено.
    Сума сумарум, секој за својот живот.
    Има луѓе што имаат повеќе во животот, не викам не, но не им завидувам. Секој си знае како му е.
     
  18. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Најискрено не ме интересира за другите. Ама знам дека секој си има свои маки и проблеми, само затоа што не ги споделил баш со мене немора да значи дека се му е супер во животот и му оди како подмачкано.
     
  19. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Мене на пример многу пати туѓите животи ми изгледале полесни, од моја гледна точка, нормално. Меѓутоа знам дека не секогаш е така, бидејќи секој си има свои проблеми и различно му тежат.

    На секого, се додека не најде решение, неговиот проблем му изгледа најголем и нерешлив. Зборувам за поголеми и посложени проблеми, не за банални работи.
    Некои луѓе имаат многу тешки и мачни животи, големи проблеми и што уште не... За нив ова моево е боза.

    Ама сепак некогаш и јас се чувствувам како мене да ми е најлошо, иако не е така.
     
  20. Tamara856321

    Tamara856321 Нов член

    Се зачлени на:
    10 август 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Како што кажаа скоро сите дека кој како го гледа тоа. Но јас мислам дека на никому не му е лесно. Ние неможеме да збориме за некого што не живее со нас. Ако некому му е тешко да заработи пари некој па можеби има проблеми во фамилијата. Сакам да кажам дека во сите животи има некои потешкотии само кој како го гледа тоа.. :)