@Iva Mitrevski можеш во сите денови освен во овошен.Но пржено треба да се избегнува. Во протеински ти е добра комбинација пржени пиперки со фета сирење или моцарела и домати.Мене ми е превкусно. @warrior Често ни се појавува некој во оваа група да ни каже како треба да се храниме,дека ова не е добар избор итн.Најчесто се тоа некои аматерски фитнес тренери.Ако си љубопитен ќе ти одговорам.За доручек не држи затоа што не е малку.Мене една банана ми е сосема доволна.Немам интензивни тренинзи не трошам многу калории и не внесувам многу калории за доручек..Јас сакам да си каснам благо затоа секој 4 ден јадам благо и другите денови немам потреба од тоа.Оваа диета ми помага да си ја контролирам желбата за благо и е единствена диета во која е дозволено благо.Сите сме свесни дека ова не е начин на исхрана за цел живот но за 3 месеци е сосема ок.Многу жени кои не успеале со години да ослабнат со оваа диета се имаат преполовено. Сосема е ок тебе да не ти одговара, во морална подршка има полно жени кои тераат како тебе. @Katty52 Ако успееш 2 недели да издржиш се намалува апетитот и е полесно.Сите имаме некоја цел и тоа е нашата мотивација. инаку денес овошен ден 3 банани помали беа малку суво грозје , непечени бадеми ореви лешници 100 гр вкупно, 2 Јаболки.Ако имам криза ќе има и една зеленчукова салата.
5/90 протеински Д: лубеница Р: 2 прижани јајца, салата краставица, кришка ржан леб В: 1 пржено јајце, салата краставица Дали денес да јадам супа со ручекот ?
Одбегнувајте банани..... Во овошниот се јаде на секои 2ч ако имаш потреба ти препорачувам јаболко јаболкото топи јас само него го јадев во ретки случаеви друго враќај наназад ќе видиш затоа ја држам диетава зимно време и таман ми е за напролет сум шланг....е ако продолжам вака со исхраната ќе немам потреба од повторна диета....за еден месец како не сум на ун само 1кг имам ставено ама гледам да се хранам поздраво...на раб најлесно ми е овесни и кисело млеко да јадам.... https://forum.femina.mk/threads/Што-после-ун-диета.32704/ Тука имам предлози што јадев по ун
5/90 протеински д банана р ќофтиња со печурки и сос со сенф плус парче црн леб плус домати салата в ќофтиња плус домати( плус 3 крекери грешка) 6/90 скроб д банана р грав плус парче црн леб в грав @ТедИ11 ти благодарам за рецептите.Бананата не е забранета и спротивно на мислењата не дебелее.На мене ме држи доста време затоа ми е многу добра за доручек,а пак овошен ден без банани не можам да замислам.Мене јаболката само погладна ме прават.Секој различно.
Го делам твоето мислење во поголем дел, иако мислам дека диетава не е толку лоша и нездрава. Скробниот ден, кој навистина е всушност јаглехидрати сепак се сведува на ориз, компир, манџички како леќа, грав, грашок итн. Во последниве мислам дека има и малку протеини, а салата е секогаш дозволена. Има и неутрални намирници како на пример печурки кои може да се додадат во скробниот ден. Добро е што има и јаглехидратен ден, кој во случајов се сведува на прости јаглехидрати, зошто на тој начин се постигнува ефектот на reverse dieting, што помага за разбудување на метаболизмот од намалениот внес на калории. Веројатно си запознаена и со ова. Од друга страна, сепак и според мене има и мн недостатоци. Дневниот внес на калории грубо го пресметував и е околу 1000, што е премалку и не е здраво. Човечкото тело зависно од висина, мускулна маса итн троши барем 1500 калории ( кај повеќето и мн повеќе) и внес од 1000 калории е мн малку. Не дај боже може и циклус сериозно да се поремети од таков дефицит. Клучот на се е колку имаме мускулна маса. Што повеќе имаме, тоа повеќе троши и телото калории во мирување. Не ми се допаѓа што за доручек има само овошје. Нема шанси да те држи до ручек, а не е ни здраво наутро само овошје да се јади. Имам забележано дека повеќето тука ја држат мн строго. Јас правев мн отстапки кога ја држев и пак имав солидни резултати. Килограмите не ги вратив нешто мн брзо, не побрзо од другпат кога сум ослабнала случајно, без диета, само со повеќе активност и помалку јадење. Ама не внимавав воопшто (после диетата, кога се здебелив). Инаку за време на диетата јадев секој ден околу 30, па и повеќе грама бадеми или лешници, за вечера не го јадев истото од ручек, туку нешто што одговара на тој ден и помалку количински, ама не истото. Лош, да го наречам сајд ефект од диетава ми беше што ми се навикна телото од сабајле само овошје да јадам, а тоа не ме заситуваше до ручек и помини замини само си грицкав по нешто и накрај мн повеќе и калории внесував, а и џанк фуд. Се здебелив прилично и од ноември навака почнав да припазувам. Минус 12 кг сум. Посериозно пазам од март и оттогаш досега сум минус 8-9 кг. Во просек слабеам 2 кг месечно. Јадам буквално се, ама мн помалку благо. Вежбам многу, ама само со сопствена тежина, пешачам и возам велосипед. На вагата имам опција да мерам процент на масти во телото, се мерам и во обем. Сега имам кило до две помалку отколку што успеав да симнам со УН, ама изгледам поубаво. Губам масти, а не вода. Не викам дека со УН се губи само вода, ама сепак. Како и да е, сметам дека за губење тежина најдобро е да се работи со добар нутриционист. Храната е сепак мн поважна од вежбањето, но секако двете имаат удел. @hello-kitty.90 она што јас забележав дека кај мене дава најмногу ефект е intermittent fasting, поточно отприлика јадењето ми е во период од 8 часа. Некогаш и 10, но поентата е навечер, после 7, 8 баш ништо да не се внесува од храна. И спиењето е екстремно важно. Јас имам мака со него многу и затоа побавно ми оди и често правам прекршоци. Но ако некој може да си заспие во 10, 11 па и 12, мислам дека мн полесно се постигнува успех.
6/90 скробен Д: лубеница Р: варен ориз со пиперка и кари зачин, пиперки во оцет В: исто само помала количина +1 турско кафе едвај чекам утре
7/90 јаглехидрати Д: лубеница Р: варени макарони во доматен сос со маслинки и оригано В: помала порција макарони, ред црно чоколадо
9/90: Д: кајсии + турско Р: шопска, 1 парче леб + јогурт В: само шопска овие денови малку грешев , ама ми се насобраа родендени и имендени... Денес пак си се враќам во нормала
8/90 овошен денес на мени лубеница, рибизли, кајсија, приквечер може една краставица да се изеде… инаку сега за сега не осеќам дека имам некој резултат, не сум се мерела и не се мерам у брзо време пошто мислам дека е рано, здравје после водниот ден
Не ги заборавајте јатките.... 100гр непечени бадеми,лешници... Каснувај си на 2-3ч по нешто во овошниот немаш појадок,ручек,вечера.... Оти ако ти се пријаде ќе неможеш да се стабилизираш..... Јас наутро јадев овошје до кај 18ч последно кога ручаше мм јас правев голема салата и ако осетив до вечерта глад пак салата јадев... Ако каснеш зеленчук последно не се јаде овошје продолжуваш со зеленчук..... Можеш да направиш смуди чиа пудинг сомели праски 2(пример) и стави наместо со банана стави си чиа семе тоа е неутрално а држи ситост и секако здраво е.... Инаку ако се мериш,мери се наутро (прво до вц одиш секако) тоа е правилната килажа и мери си обем јас ако си гледала наназад по првиот воден 8,5кг имав намалено по 2от воден мн малку ама имав во обем намалено а по 3от воден само кило ама пак обемот го намалував се на се 13кг симнав ама симнав 27цм обем се стопив буквално затоа не очајувај од старт биди упорна и ако си со поголема килажа побрзо се симнува а ако ти требат 4-5кг само да знаеш потешко одат тие....јас со 93кг почнав и затоа првиот месец имав такви резултати.... Секое добро.... Пиј вода редовно стисни лимон внатре стави чиа семе и пиј редовно.... Свари чај од нане ментол излади убаво стави лимон и уживај на горештините.... Направи си саси вода освежува и таа....
Daa te citav od start, koga stigna do pola pa prekina pa pak pocna, ti si mi motivacija …. Kakva e taa sasi voda, dali smeam vakva voda i onaa jana so limon i limeta
Прекинав пред 2от воден со малава во болница лежев и немав услови да ја држам таму....затоа одново почнав... Мило ми е што си се мотивирала затоа уште ја прегледувам темава и направив друга за после ун... Рецепти снимав имам канал на you tube Е снимам кога имам луфта https://youtube.com/channel/UCjmzCVaDZoikx9zXvgnOkFg https://www.crnobelo.com/zivot/zdravje/17534-sasi-voda-za-ramen-stomak еве ја водава
8/90 протеински.д немав р лосос риба со тиквички и салата в. планирам истото од ручекот Вагата покажа -2кг. Задоволна сум иако знам дека се вишокот на течности се двете кила минус, но сепак мотивира разликата.За јули целта ми е -4кг вкупно.
9/90 протеини Д: лубеница Р: печен стек со малку вегета, зеленчукова супа бујон, салата В: помало парче стек и многу салата
11/90 јаглехидрати Д: модри сливи Р: домашна пита со блитва В: сладолед корнет, парче торта и ред црно чоколадо