Можеби е најдобро ако толку многу сакаш паштета и лепче да го јадеш или во првиот ден, кога има месо или во денот со тестенини, третиот. Ама две лепчиња макс интегрални и земи мноооогу салата. Мислам дека многу е поважно да бидеш среќна и задоволна, отколку да чекаш да дојде 90тиот ден за да си апнеш паштета. Мислам дека мотивацијата паѓа ако чекаш чекаш долго за да си апнеш нешто. Само да не премине во секојдневна навика.
епа првиот ден. протеински да. Кога можеш да јадеш јајца и месо. Така ми се запишени на потсетникот Млечен, варен зеленчук, тестенини и овошје. Епа да, протеинскиот ден. Првиот ден. Можеш да јадеш и сирење, јогурт, и кашкавал... само да се ниско маслени. Па дури и да не се, не е некаков проблем, само да не се во големи количини. Денес имав шопска за вечера. Најголем кејф
да прашам дали некој има искуство со диетата 20 дена 1 макарони со сирење 2 ориз со сирење 3,4,5 пилешко со салата 6,7,8 телешко со салата 9,10,11 риба со салата . . .20 ден благо мислам оној кој ја држел ќе ја препознае ,ај ве молам мислења ,да не за џабе се трудам
Си имаш посебна тема за диетава, ќе си најдеш внатре и искуства и се Еве ја dieti/dieta-20-dena-8-kg-t1132/
протеински ден на менито варено пилешко како манџа....мислам дека може тоа да се јаде? што мислите вие?
Mожеш риба полнета со магдонос, морковче и лукче со малку зејтин и сол смоткана во фолија и да ја испечеш и обавезно направи си зелена салата. ако не сакаш супа, исцеди си лимон и испиј неколку лимонади. можеш и едно парче лебче ако си многу гладна, ама мислам дека убаво ќе се најадеш и без тоа се надевам дека ти се допаѓа предлогов, мене барем ми е омилено јадење риба кога сум на диета поздрав
фала милаааааа...............џер ....и мене не мие јасно што е тоа.......ако и е гресно напишано да не мислела на џигер........????
можеш слободно тоа да го јадеш, со салата, и шопска... за вечера можеш и јогурт... протеинскиот ден може да се јаде се и сешто
како само 2 се придржуваше на диетава или.... инаку за ун диетава јас лично ја држев минатата година и за 3 месеци ослабев цели 12 килограми ,затоа сега не ми се држи пак таа диета ми се смачи од тие 4 дена хахах
правам рестрикции. морам да скокам денови за водниот ден да не ми се погоди во недела. И сакам барем една недела да јадам ориз со моите ох.... само заради оризот
49 ден! Денес протеински (за ручек: печено копанче, едно парче сирење, мноогу салата,едно парче леб и една чаша супа без фиде..за вечера исто само без супа). Многу сум среќна затоа што веќе немам апетит, не ми се јаде ич, а тоа е добро за да ја завршам диетата до крај. Го чекам денот кога конечно ќе бидам задоволна од мојата тежина!