Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. nasmejse

    nasmejse Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    27
    Сега е време да научиш да готвиш ;) . Ако навистина сакаш да слабнеш, диетава е супер. Поздрав :)
     
  2. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Оваа диета се состои од четири многу различни програми кои доаѓаат во фази. Се почнува со драматично и брзо губење на тежината, по што следи структуиран, но едноставен и долготраен режим на исхрана кој осигурува дека никогаш повеќе нема да ги вратите килограмите. Важен елемент кој ги поврзува четирите стадиуми е консумацијата само на протеини.

    Протеински ден
    Ако го следите овој план, вашата нова тежина ќе стане стабилна и ќе можете нормално да живеете и јадете со еден исклучок - еден ден во неделата (најдобро четврток) мора да јадете само протеини и така до крајот на животот. Применувајќи го ова правило, може веднаш да загубите 1кг", објаснува Дукан.

    ПРВА ФАЗА - НАПАД
    Во оваа кратка фаза се консумираат само протеини - месо, риба, јајца и немасни млечни производи. Со ваквиот почеток земате замав предизвикувајќи драматичен губиток на тежината и ги поставувате основите за останатите фази. Многумина може да очекуваат губење и на 3 кг во првите пет дена.
    Дозволено:
    - немасно говедско, телешко, зајачко месо на скара без маснотии;
    - пилешко и мисиркино месо без кожата и крилцата кои содржат масти и холестерол;
    - немасна шунка од пилешко или мисиркино месо;
    - секоја риба, свежа, замрзната или конзервирана, морски плодови;
    - две јајца дневно, нека бидат варени;
    - немасни млечни производи - јогурт, сирење, млеко;
    - вештачки засладувачи, оцет, зачини, лук, кромид, гуми за џвакање без шеќер;
    - чај и кафе без засладувач.

    ВТОРА ФАЗА - ИЗМЕНА
    По максимум 10 дена протеинска фаза следи фазата во која се комбинираат деновите во кои се јадат само протеини со оние во кои може да се додаде и зеленчук во неограничени количества. Сами одредете дали повеќе ви одговара наизменично комбинирање на деновите протеини и протеини/зеленчук или, пак, ќе се одлучите за 5 дена само протеински ден, па 5 дена протеини/зеленчук.

    ТРЕТА ФАЗА - КОНСОЛИЦАДИЈА
    По достигнување на идеалната тежина следи фазата во која постепено додавате леб, овошје, сирење, тестенини. Може да имате и два слободни оброка по сопствена желба (вклучувајќи алкохол, чоколада) во текот на неделата. Во оваа фаза не се губат килограми, целта е ублажување на желбата за враќање на старо и создавање на рамнотежа.

    ЧЕТВРТА ФАЗА - СТАБИЛИЗАЦИЈА
    Оваа фаза е всушност остатокот од вашиот живот. Откако тежината ќе се стабилизира, слободни сте до крајот на животот да јадете и пиете што сакате, имајќи на ум само едно правило: протеински четврток.
    Д-р Дукан верува дека критичната точка настанува кога индексот на телесна маса ќе го надмине бројот 28, што ја отежнува контролата на тежината и слабеењето. Но оваа диета се покажала ефектна и дури и кај оние луѓе со индекс на телесна маса поголем од 28.

    Диеатата ми изгледа малце нереално! без јалгхеидрати телото неможе :/
     
  3. brownie

    brownie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    49
    Луѓе ми се ближи крајот од диетава,дај кажувајте некој здрав режим на исхрана а воедно и нискокалоричен:)
     
  4. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Па ништо, продолжи си на истиов принцип како диетава, значи многу е важно да не мешаш протеини со скроб, скроб со јаглехидрати, и јаглехидрати со протеини. Секогаш првин овошје за доручек, салата обавезно за ручек. Штом си ја држела диетава знаеш.
    Мене многу ми се свиѓа, оваа е една од ретките диети каде што не осеќам несовладлив глад, не ми паѓа притисокот и не ми се врти. Башка сите хранливи материи се застапени и имаш можност да бираш, не е еднолична. Само не планирам да го држам водениот ден. :!:
     
  5. Mashni4ka

    Mashni4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    23
    Сега за сега супер ми оди. Денес 41 ден, овошен, за доручек 2 портокали и кафе.
    И многу сум задоволна од диетава, за велигден ја прекршив и јадев малце повеќе и мешав се, ама среќна сум што не накачив некое кило, сеуште стојам на 68. Од утре ја почнувам турбо ун диетата, треба од 46 ден ама јас ке ја почнам од утре (42 ден) и ке ја држам 15 дена (вака си направив за на 1 Мај да можам да јадам месо (протеински ден)).

    Вас како ви оди задоволни сте??

    И јас живеам со моите па пак ја држам, ќе се договараш со мајкати кога ке ти биде протеински да имате нешто месо или јајца за ручек или сиренце земи си, а кога ти е скробен да направи некоја манџичка (грав (кој не ти го препорачувам, потешко се вари), грашок, леќа, боранија...), а кога ти е јаглехидратен можеш макарони, шпагети, пица или да си купиш една кифла празна или слично.
    Вреди да се почне, па и некогаш да згрешиш ништо страшно (само да не стане навика) продолжи си пак со диетава, не се откажувај... поздрав
     
  6. asa

    asa Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    јеј денес ми е 5 ден и имам 1,5 - 2 кила симнато.
    ептен сум задоволна од диетава ем слабеам,а не сум гладна :)
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DEBELUSKA

    DEBELUSKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    273
    после паузата од велигден денеска 4 ден овошен...инаце 49 ден од диетава...ианче едвај го издржувам ми се јади лелел мајко како ке го издржам до утре ..досега едно јаболко и малце јаткаски плодови...ама ептен осеќам глад
     
  8. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Оф леле, ќе си умрам млада и невина.. :D
    Денеска повторно јас ,,чмаев'' додека другите јадеа сладолед во Рафаело. Ако, убаво, сама си го барав ова. 8)
    Него денеска сменив плановите и си испеков риба и јадев за ручек риба и салата и за вечера сега пред малце ја дојадов рибата и планирам да си направам патлиџан салата со краставичка ако не ме мрзи.
    Прееска испив една шумеќа со калциум нешто а-у.

    Сутра, скробен ден (21), еден варен компир за ручек со малце кечап ќе јадам и салата зелка со цвекло и морков, а за вечера пола компир и салата патлиџан.



    Едит: Ме мрзи, не си правам салата :D.
     
    На SarahTayMomsen му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Опет јас :D.

    Незнам, некако ми е полесно кога тука ќе си напишам што сум јадела/што планирам да јадам.
    Некаков мини план си имам и се навраќам да видам што сум пишала.
    Денеска скробниов ден го истерав некако. Утре јаглехидратен ден.
    Ќе си купам затворена пица во школо или ако не најдам во бифе тоа, празна кифла или кифла со крем ми се во предвид. За вечера едно чоколатце (може и две де :lol:) и еден ред чоколадо за готвење.
    Како и да е, последниов период не се мрдам од моменталната тежина. Се надевам дека слабеењево нема томку сега да ми стагнира кога ми е најпотребно..
     
  10. indian

    indian Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    5
    Uste 3 nedeli i ja zavrsuvam dietata :)
    devojki sakam da ve prasam dali se slabee ako pijam Jabolkova kiselina? Dali ima nekoj probano.. pisete pozz !!
     
  11. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498

    Колку килограми досега имаш ослабено? :)
    Инаку еве тема конкретно за јаболковата киселина, искуства итн. Можеш да си прочиташ. :)

    dieti/jabolkova-kiselina-za-slabeenje-t17/
     
  12. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.563
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    Манџата со потпршка ли ја правете? Малце е глупаво прашањето ама |( да си питам :lol:
    Сакам и јас да ја почнам имам 60кг и сакам да дојдам до 53кг а може и 55кг висока сум 1.59, и премногу ми смета стомакот и дебелите нозе па највеќе ми е за тоа. Ближе се лето да дојдам во форма. :D
     
  13. DEBELUSKA

    DEBELUSKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    273
    денеска протеински ден...сабалје едно јаболко...ручек три јајца салата напревени со кромитче и малце сирење...ама сега иц не ми се јади и затоа само со салата ке се задоволам.....од цвекло....ама ни тоа не ми оди ама нема врска малце колку да не ја прескокнувам вечерата
     
  14. DEBELUSKA

    DEBELUSKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    273
    па зависи што е ама претежно без запршка јадам
     
  15. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    denes овошен ден... до сега кафе и 2 јаболки :)
     
  16. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Денеска јаглехидратен ден (23). Сабајле јадев едно јаболко накај школо, а прееска за ручек јадев една затворена пица, конечно! За вечера си купив 2 капкејкс, тоа ќе јадам.

    Сутра, овошен ден, ќе си печам јаболки и ќе си направам сок од 2,3 портокала и еден лимун. Малце да се освежиме, не се трпи веќе :D.

    До крајот на диетава ми остануваат уште 67 дена. Бреј, ни до пола не сум. :sweat:
    Ама ако, ми одговара. Не се губам во јадење, знам каде ми е границата. Башка парите што порано ги трошев на јадење - на смоки, чоколатца и што ти знам јас, триста други работи, сега ги трошам на облека и некои покорисни работи, во секој случај. ТОа ми се допаѓа 8).
     
    На Heleny и mawena им се допаѓа ова.
  17. Mashni4ka

    Mashni4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    23
    Па да, без запршка не им е убава, ама на пример ако има боранија манџа си ставам повеќе од боранијата и онака водата, ама гледам да не го собирам тоа мрсното што се двои на врвот....

    И денес 46 ден (2 ден од турбо ун), сабајле се мерев и имам минус 10 кила :clap: :clap: Многу се радувам... :sun:
     
    На nasmejse и m2m2m2 им се допаѓа ова.
  18. Anence24

    Anence24 Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Девојки ѕдраво нова сум на форуов па би сакала да ве прашам нешто во врска со јаболковата киселина а сепак знам дека не е тоа темата но гледма има некој и за тоа пишано. Ме интересира дали има определено врем кога да се пија јаболковата киселина, мислам пред колку врме пред да јадиш? Поздрав :hai:
     
  19. brownie

    brownie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    49
    Денес 74ти ден,овој 4дневен циклус си го држев по мое,само салати и овошје јадев 4 дена и конечно стигнав до 59 килограми. Од утре почнувам нормално со ун и се надевам дека нема да ги качам килограмите пак. Инаку еве веќе цела недела како трчам секоја вечер по 15-20 мин. и се чуствувам прекрасно.Поздрав.
     
  20. brownie

    brownie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    49