Anabela Браво за тебе, ова е огромен успех за тебе и самата на себе си докажа дека имаш цврст каратер Со постов што го имаш напишано на сите ни дадее мотивација за да не се откажуваме! Денес ми беше протеински јадев еден портокал, салата со риба и тоа е тоаа....А, она што сакам да го кажам за 1месец -4кг и баш сум задоволна камоли и наредниве месеци да ослабам по толку и таман ќе ми е
Анабела, честитки ти се восхитувам, и да знаеш ме мотивира да ја почнам диетава!!! Од утре и јас ќе ве дружам, исто така јас вежбам по најтешките видеа на Инсенити фитнес програм па, нека ми е со среќа!!!
Браво anabel-a! Секоја чест! Ти се восхитувам! Прекрасно изгледаш! Ти посакувам никогаш повеќе да немаш проблеми со вишок на килограми и топло ти препорачувам да продолжиш да вежбаш. Веќе немаш потреба од диети. Јас дефинитивно нема да ја прекинам диетава, иако имам проблеми со стомакот. Благодарам за советите кои ми ги дадовте. Мене стомакот не ме боли од диетава, туку затоа што сум настинала. Е сега, тоа што сум на диета (овошје секое утро, овошни денови, салати со патлиџан) не помага на новонастанатава ситуација, но бидејќи во моето окружување јас важам за најотпорна на стомачни вируси, цврсто сум убедена дека ова ќе го пребродам и покрај тоа што сум на диета. Еве денес веќе ми е малку подобро, ама бев малку пооблечена за летниве температури : со долна маица , со широк каиш (кој вообичаено не го носам летно време поради тоа што држи топло), и џемпер (за во канц.) . По дома вчера ставав топли облоги на стомак и денес се чувствувам далеку подобро од вчера. Плус ми се погоди скробен ден и јадев ориз со салата и за ручек и за вечера (оризот се препорачува да се јаде кога се има вознемирени црева). А сега и еден чај од нане ќе се напијам. Инаку имав порано -4 кг, па едното се беше вратило и станаа -3, а денес се мерев пак сум -4 YEY!
Anabel-a, секоја чест!!! алал да ти е, секоја што го има вишокот килограми нека го следи твојот пример! и јас сум ослабната, ама ти си бомба! Сега наутро пиј вода со лимон, зелен чај во текот на денот и некое овошје, а за ручек што сакаш, без леб! вечерата послаба, и нема да вретиш ни грам! и како што имаш физичка активност... да те види некој што не те водел од нова година нема да те препознае, дефинитивно !!! уште еднаш секоја чест, алал да ти е на упорноста
Здраво сакам да слезам усте 5-6 килограми сега сум 60 до кај 55 сакам за колку време би ослабела со оваја диета и со физичка активност фала ви
Не ми дава срце да пишам пост, а да не ја споменам Анабела, девојко браво! Ти си херој, те прогласувам за најголем мотиватор во темава! Треба да бидеш горда на себе, знам какво е чувството кога ќе ослабиш 20 кг и знам дека сега се чувствуваш прекрасно, зошто таква си и треба да се чувствуваш така. Изгледаш фантастично, секоја пофалба за твојот сегашен изглед и продолжи да се бориш и никогаш да не ги вратиш килцата назад. Секоја чест. Мене ме немаше 2 дена и еве сум назад. Завчера јадев за појадок 2 зелени јаболка, за ручек 2 варени јајца со зачин за јајца имам слика ама не ја ставам зошто денот помина, и после тоа претерав пак со овошје и го сметам тоа за прекршок. Вчера цел ден бев на овошје фактички зошто немав ручек, а вечерав пак овошје иако не требаше да вечерам требаше да бидам на медобил. И така со утки продолжувам понатаму. Денес во поручекот ги споив и него и ручекот зошто за ручек немав ништо, а вечерам моментално сладолед од страчатела, погодувате јагленохидратен ден. За поручек јадев едно јаболко и една кајсија(знам дека треба пар ама не ми се јадеше уште едно јаболко) и 3 мекици изедов сеа знам дека има јајца и млеко во нив, ама тесто се сепак, во секое тесто ги има и така. Да немаше мајка ми направено ќе бев само на овошје, ама ете бидна. И од утре ептен строго ќе се придржувам ако сакам да видам побрзи резултати. Завчера испешачив 4 и пок км, а вчера дури 6км. И тоа би било тоа, од утре пак по старо и со слики во мој стил. Бидете поздравени
АНАБЕЛА БРАВО навистина сум среќна за тебе Малку ви се мешам сега тука (извинете ) - не ја држам диетава не сум ни во план но морав да постирам и да кажам колку само мотивирачки изгледа постот од анабела и целата таа работа што таа ја направила. Си зацртала цел и успеала и едит - До сите тие што сте започнале не се откажувајте. Ајде и вие да не израдувата вака
Анабела бравооооооооооооооооооооооо искрено солзи од радост ми дојдоа на очи кога ги видов сликите многу ми е мило за тебе , ти посакувам никогаш да не ги вратиш кг те ти си ми навистина мотиватор , и те молам те молам продолжи да не следиш на темава и да ни помагаш со совети . Браво секој чест !!!!
Анабела неможам да ти се донагледам ..значи не сум некоја која ја држи диетата(иако треба) но редовно ја читам темата во последно време интересно ми беше и со сликите од lux па така секојдневно читав што си јадела како си пресрекна... алал да ти е само пофални зборови имам ...на сите им даваш прееголема мотивација но.. јас неможам никако само на јадење умо ги имам килата тро поке од нормалното и треба да ја почнам диетата и ми требаат само 7 кила да дојдам до една нормална тежина па тоа да ме мотивира уштее покеќе за да одам понатааму со уште повеќе симнати кила Уште еднаш ти честитам ..многу ми е мило за тебе иако не те познавам доволнно , а претпоставувам кога ти се гледаш самата си се восхитуваш и си велиш алав да ми е
браво Aнабела.секоја чест супер изгледаш...и јас ја држев пред 2 години и ослабнав 25 килограми.само што јас не вежбав искрено не сум по тоа ги издржав сите три водни денови во количина на порција може некогаш јадев повеќе и во овошниот ден обавезно јадев јаткасто овошје покрај свежото.оваа диета дава резултати само треба добра волја
Вчера успешно завршен овошен ден. Праски, кајсии, сливи, љубеница, диња и 2 банани. Сабајлево се мерам и вагата покажа -400г. за изминатиот циклус од 4 дена. Денес 21 ден - протеински. Рано станав и каснав една кајсија за појадок. И не знам што ми стана сега, осетив многу глад и каснав 3 кифлички со сирење и павлака. Е сега, дајте ми совет како да го продолжам денов. Ова да го сметам како ручек и до вечер да имам уште еден оброк или...? Се нервирааам
^ За да не чувствуваш глад се` до ручекот, насабајле јади повеќе овошје. Пример 4,5 кајсии(кајсиите па и не се големи) или неколку праски. Главно во пар да бидат. Кифличките не ти требале воопшто(затоа што се јагленохидрати), при што со сирењето и павлаката не си ја прекршила диетата. Е сега, ти продолжи си со диетава како што е денот. За ручек скрати нешто од оброкот дека сепак имаш внесено претходно нешто. Јас денеска протеински ден (90). За доручек 4 мали праски, а за понатака имам печен пилешки стек и многу салата. Вагата ми покажа повторно кило минус, моментално имам 72 кила. Денеска ја прекинувам диетава, од утре започнувам со некој си мој режим на здраво хранење. И ќе продолжам да ве читам во темава
Леле Анабела WOOOOW!!!па ја џабе барам мотивациони постери на нет,од твоите слики помотивационо нема,алал да ти е и супер изгледаш,според мене супер си вака.и плавата кошулка ти е многу убава Ја две кила за 8 дена вчера овошен за ручек го прекршив само,ручекот ми беше протеински со јајце,после тоа бев на фитнес па шопска јадев,и тоа,сабајле кога се измерив..одамна ја немам видено таа цифра 66,8 инаку јас сум 170 цм пред недела дена бев 69 кг,до 64-65 сакам да стигнам,знам дека за мојата висина е препорачливо 60 кг ама не ми стои убаво,во фаца слабеам и на ништо не личам.Вчера сите пари си ги потрошив на зеленчук и овошје,денес протеински тиквички со јајце ,сирење,домат и црн леб. И убаво се осеќам за сега,ми беше малце страв да не ми паѓа притисокот дека навикната на сваштарии,чоколади и слично, ама добро е, и убаво спијам,сабајле кога ќе станам не ми се јаде,пијам само големо кафе со соја млеко ,ептен мерачки го пијам многу ми е вкусно.и после саат два некое овошје,денес беа праски. Само за вежбање не можам да се натерам,еднаш неделно одам на фитнес курс,супер е таму,немам време за друг курс,немам ни бебиситер така да ми останува дома да правам вежби,ама ај почни..
Anabel-a Ме остави без зборови! ОДЛИЧНО изгледаш, која трансформација девојко. Тебе треба да те ставиме како пример во темата (Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат и уште во куп други дека се е возможно доколку вистински се сака. Браво!
И мене ми се насолзија очите Спојлер Само ако лажеш со сликиве, ќе те најдам и ќе те скршам Браво девојко, секоја чест
Никогаш немам држено диета и немам потреба или намера во блиска иднина за тоа, но неодамна започнав да зиркам низ катчево и да ги следам коментарите на девојките Сите девојки кои се активни тука ми се и мене мотивација за општо зацрвстување на сопствениот карактер преку многубројните примери за нивната упорност, решителност и истрајност. Можам само да претпоставам низ што се минат оние кои држат диета и виртуелно да ја дадам својата подршка на секоја девојка тука. И се воодушевувам на секоја од вас. Анабел-а
ФАЛА, ФАЛА И УШТЕ ЕДНАШ ФАЛА за сите добиени и пофалби и комплименти од ваша страна! Ова ми значи премногу! Стварно премногу! You just made my day! ^Шкорпионка, таман работа уште тоа да го направам . Имам јас докази дека јас сум таа . Модни критики, ово-оно :geek:. Се зезам срцка, фала ти и на тебе за пофалбите . YES!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! I DID ITTTTTTTTTTTTTTTTTTTTT