Ууух, еве ме и мене, сега - засега ми оди добро, само утре место овошен ќе морам да терам протеински дека и на аеробик и на зумба сум - а само со овошје не планирам да колабирам таму. Ќе пишам повторно на темава кога ќе забележам резултати! Stay motivated!
Фактички јас цело време, грешно ја држам. А пази молим те, јас имам одговорено тука, со точен редослед. dieti/un-dieta-t518/6010.html?hilit=%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B1%D0%BE#p1298918 Толку ме држи и мене памтењето. Толку ми сече. Епа чим денес ми е 7 ден, утре ќе си се почастам со јаглерохидратен ден, затоа што до сега го немав држано. Ова јас што го држам не е Турбо Ун, туку ТурлиУнТава.
Мислам дека ,,малце'' ја укомплциравте работава со Турбо - ун и општо со диетава. Не си го комплицирајте толку животот со бројки и што ти знам јас, не играат голема улога. Се слабее и вака и така . Една убава песничка од мене, релаксирајте се малку и не се напнувајте толку со сите тие бројки, денови, мешање на протеини и ..... еднорози. http://www.youtube.com/watch?v=a7yFkCMGrLY
Плус додадете една салата од свежо цвекло измеѓу ручек и вечера. Огладнев, зошто рано ручав, а до вечерата имаше многу време. Не ми е прекршок, сепак е зеленчук, смеело, не смеело, не се стои гладен.
Епа се случува и тоа затоа и јас сакав да прашам. А дека секако се слабее и со обичната верзија ако се придржуваме до правилата, точно е, кажувам од искуство. Сега за првпат сакам да ја пробам турбо и се надевам на убави резултати, само што ми треба и мотивација плус за вежбање... Ќе ја најдам на форумов, сигурна сум.
Баш сум полна со енергија во диетава еј, за чудо, нит глад ме тангира, нит тоа дека не можам да си каснам чоколадце кога сакам. Значи јас не се препознавам самата себе, вчера ми дадоа двајца по едно бомбонче, едното од нив, пеперминт со гоколадо внатре, ко дете би убила за такв бомбонче, ама се, си го ставив во џеб, се извинив да не помислат дека сум некултурна, им кажав дека сум на диета и дека денешниот ден ми вклучува благо за вечера и дека ќе си ги изедам тогаш Ангел, Денес, 15ти ден од 91, ЈХ Појадок - две мандарини и една крушка, сите во минијатурно идание, шоља кафе со засладивач и пла литар вода. Ручек - пита со праз и може да се напијам и едно кафенце денес со колешката, капучинце, прочитав дека не е со млеко туку со павлака во прав од растително потекло, штом е така, може да пројде, ама и не мора, ќе видиме тоа. Вечера - ах таа вечера во ЈХ денот едно парче пита со крем од ванила, двете бомбончиња и гранола едно, се е купено, на место, немабегање денес Нажалост и денес нема да вежбам бидејќи имам закажано итна средба со медијаторот за нашата веридба Ама затоа утре ќе има и степер и зумба и вежбите на Вики
Ехх значии, каков антиталент сум, невозможна работа ! Денес, дека нели целата возбудена почнувам диета, си станав сабајле со се испланирано, си земав да јадам една мандарина и си ставив 2 јајца да се варат за ручек, спремни да ми бидат! И така си наместив фино лепо тајмер на шпоретот, викам топ, нема да мора ни да станам... А тоа тајмерот само да ти пимкал коа ќе помине времето, а не и да се изгаси... И си седам јас супер се расположена и одеднаш слушам ПАУ у кујна, рипам од кревет и шо да видам... Цела вода ја снемало и едното јајце ЕКСПЛОДИРАЛО и рипнало надвор од ѓезвето.. Немам коментар! Кажете што да му праам на ѓезвето, такво е како загорено, мајка ми ќе ме скрши
Леси се враќа дома. ТУРБО УН почнува денес за мене. 1/12 Појадок: 3 мандарини (2 ми беа малечки и премалку, а 4 многу, па златна средина). Ручек и вечера: пилешки стек, ене мајка ми го крчка со вода и зачини, нешто помеѓу варено и печено, намерно не го правам пржен како минатите многупати, сакам да видам ќе има ли разлика со полесно спремена храна. И салата (веројатно патлиџан и краставица или марула). За вечера - половина, и под половина мислам - навистина ПОЛОВИНА. Работното време ми е погодено за диетата, јас сум од 13-20 часот, таму си ручам накај 3-4 попладне, вечерам веднаш штом стигнам дома, накај 8.30. Па очекувам 1-3 килограми симнати, оптимално. Вежбав зумба, правев стомачни, завршив и со тегчињата за раце и сега сум мирна.
Епа и јас денес започнувам со ТУРБО УН.. 1/12 Појадок: 2 мандарини Ручек: пилешки филети x4 Вечера: на половина од ручекот Само незнам за ручекот како бидејки сум од 1 до 6ипол на школо. Па мислам да го јадам пред школо..
За Трендафилка знам дека идеше со УН диетата, а ти Лучиано имаш поминато УН? Дека не сум те сретнала низ темава затоа, а мислам дека единствената смисла на Турбо УН е да се забрза процесот на губење килограми, а не да се замени со УН. Многу читам еј, и кога читам тоа не е на добро, најчесто премногу работи сфаќам и после се напнувам се да применам, што сега засега и не е лошо Вие што се на УН во подизминатите денови, втор месец и слично, мислам дека турбото 12 дена пред водениот ви е супер идеа
Ја држев 30 дена повеќе неможев Па од денес ја почнав турбо Ун чисто да видам дали таа ќе ја издржам (не верувам дека оваа ќе ја издржам ама ајде) Инаку не пишував за тоа како поминував затоа не си ме сретнала Морам до Нова Година да симнам 8 килограми, бидејќи имам 67 И мислам дека Турбо Ун ќе ми помогне
Пробај си во тој случај, ама ако не си принципиелна и ако не се убедиш самата дека ќе ги симнеш и ќе успееш, немалогика да се мачиш. Јас откако почнав пишувам овде, и што рече ШангриЛа, и добри и лоши критики се добредојдени , вака ќе прочиташ, некој ќе мотивира, од некого ќе научиш нешто
Точно 91 ден ја држев УН, ослабев 13,5 кг. Сакав уште барем 3 и по завршувањето, наредниот ден веднаш ја почнав Турбо УН. Сега за сега -2 кг сум. Еден циклус од 12 дена истерав, уште 2 следат, 3ти ден од вториот ми е. Се надевам на уште 2 кг и доволно ми е. Дали дека претходно се навикнав на регуларната УН, сега оваа трурбово воошто не ми е тешка. Грешки не правам, ниту една, не ми се ни јаде. Ете така
1/12 турбо ун П: мандарини Р: пинџур со мн малку сирење, марула, шопска В: салата нешто, вајда шопска
Речиси половина период го истуркав, значи дене с треба да ми е 42 или 43 ден од Ун и искрено, сум задоволна од постигнатите резултати. Кај мене дефинитивно нема никогаш од ниту една диета вау ефекти, имам многу слаб метаболизам, имам широка конструкција, ама според она што првично си го замислив а тоа е здраво хранење и враќање на мојата златна средина, успева бе Имам грешки, не велам не, ама барем си ги признавам и се обидувам што помалце да ги правам Видно е на мене колку спојлерите само ги намалив, и плус еве сум сета подуена пред да ми дојди, ама сепак велгувам во тесните фармерки кои летоски не смеев ни да ги погледнам па не да ги облечам Уште сака работа, ем сака барем по дупло стомачни да правам, ама не ми успева секогаш, имам многу обврски, и навечер кога стасувам до 70-80, ретко до 100 Некни истерав совршен овошен ден-дури три маслинки и ниедно овоштие, ама бев многу истоштена и неарна па си се радував и што е така, иначе ќе ми требаа гајба мандарини Вчера јадев печено парче месо, за вечера колку 2 залаци и го истерав денот само со тоа, ни леб, ни ништо, среќа ми е ко да имам многу работа Денес се погоди скробен, ручек/вечера ќе спојам, всушност ќе ми дојде некаде после 10 вечер, ама затоа досега каснав само едно јаболко и неколку кикиритки, не осеќам глад, дур се трпи се трпи. Е утре проблем, слава ко слава, а јас баклавата(пошто жими таа спаѓа во јх) не можам да ја јадам, едно парче можда цел ден ќе го тегнам, преблага е и презашеќерена по желба на брат ми, и сега мислам штурам како ќе маткам утре Продолжуваме, супер резултати читам, немам време за да пишам секогаш, ама битно добро се држам, држте се и вие, Нова Година иде, супер ќе ни биде (повелете на гости, има за сите денови )
21 ден - протеински доручек: мандарина (не знам зошо ама никако не можам да изедам повеќе од една овошка наутро) ручек: една шоља супа без резанки, парченца динстано пилешко, свежа марула, краставица, домат и едно зелено маслинче Ух колку ги сакам зелениве маслинки, а се плашам да си дозволам повеќе. Прочитав дека се помалку калорични од црните па со тоа се тешам кога ќе си фрлам една во салатата Вечера: руска салата - туршија (доцна ми беше ручекот па одлучив вечерата да е само зеленчук, ја немам пипнато туршијава од кога бев многу мала.. а и тогаш само карфиолот го бркав низ теглата, затоа сега колку слатка ми се виде мх мх)
Решив да ја држам УН регуларна,нема да држам турбо УН. денес 1 ден; доручок: 3 мандарини ручок: 3 парчиња стек со руска салата вечера: сеа ке јадам ...само цвекло салата!