10 ден - скробен ден доручек: 1 јаболка ручек: пченица со ореви и мед ручек: малку ориз и салата цвекло и пченица со ореви и мед *(обожавам пченица) СЕА КЕ ОДАМ НА ВЕЖБАЊЕ.
30/90 д.2 јаболки р.пиперки со јајца,сирење,јогурт,салата и 1 лебче в.пола од ручекот не се придржувам строго на правилата за 1 месец сум -5.3. ПРЕЗАДОВОЛНА.
1/90 протеински пор. 2 јаболка руч. 2 јајца пржени мн малку зејтин 2 кисели краставички парче леб 200 дл. супа без резанци веч. 1 јајце варено карфиол и морковче зимница
Драги мои, мене денес ми е последен ден овде, последниот (овошен) ден од сите 91 . Од утре "се селам" во темата УН одржување. Одлично се чувствувам, сите околу мене ми коментираат колку многу сум ослабела, навистина многу. Утре сабајле ќе се мерам и ќе Ве известам колку точно сум симнала за овој 91 ден и веднаш од утре стартувам со УН одлржувањето. Инаку, пред неполн месец бев да си ја испитам крвта, поради други причини, но ме интересираше и ефектот од диетата и искрено да Ви кажам, никогаш не сум имала подобри резултати, се ми беше одлично. И што ми беше најчудно, прв пат ми се случи да немам покачен холестерол, неможев да се изначудам. Презадоволна сум, пресреќна сум и одлично се чувствувам. Ќе Ве известам утре за конечниот резултат (иако се мерев на секои 15 дена). Освен што ќе се пофалам со тоа се надевам ќе Ви дадам дополнителен мотив да продолжите и издржите затоа што навистина вреди. Ве поддржувам сите и ви праќам сила и волја да издржите. И се разбира: на сите до една Ви посакувам резултат поголем и од очекуваниот.
34/90 д.4 мандарини р.компир манџа со зелка салата и 1 лебче в.компир манџа пола од ручекот и цвекло салата
Реков дека ќе Ве известам и еве си го оддржувам зборот Од почетокот до крајот на УН диетата, намалив 17,5кг. Пресреќна сум од резултатот. Сега сум на УН оддржување, еве денес ми е веќе трет ден. Девојки, никако не се откажувајте и успехот е неизбежен.
Бравооо ти се восхитувам,секоја чест.Ми даде и подршка само ке ми објаснеш ли како ти е УН оддржувањето?? Јас сум 34 ден на вага не сум мерена ама тек сега можам да кажам дека се чуствувам олеснато...
супер, баш ми е мило, - 17 кила, па тоа е стварно многу... а има тема за УН одржување? Не сум ја нашла. а инаку јас ја држам околу 1 месец, и сум ослабната, ама не многу, околу 2 - 3 кила, ама немам многу за симнување, така да ако намалам уште 3 ќе бидам пресреќна, плус што не ја држам ептен строго... е сега проблемот е како да не се покачат после тоа килограмите? Бидејќи јас ослабнав 7 кг пред 2 години, и не ги вратив веднаш килата, ама за рок од 2 години вратив 5, што не е одма, ама сепак ги вратив...
2/90 Скробен 3/90 Јагленохидратен 4/90 Овошен пор. пор. 3 јаболка, 1 банана, 7 костени 2 јаболка 2 јаболка туршија руч. руч. грав потпечен и еден лиснат ѓеврек туршија веч. веч. ориз две калапчиња питулици парче леб и 1 коцка торта со јаболка 2 кисели краставички две коцки црна чоколада
2/90 Скробен пор. 2 јаболка руч. грав потпечен и туршија веч. ориз парче леб и 2 кисели краставички 3/90 Јагленохидратен пор. 2 јаболка руч. 1 лиснат ѓеврек веч. две калапчиња питулици 1 коцка торта со јаболка две коцки црна чоколада 4/90 Овошен 3 јаболка 1 банана 5, 6 печени костени морковче и карфиол од туршија
Ти благодарам многу! Инаку има тема за УН оддржувањето, може да ја најдете тука: dieti/un-dieta-odrzuvanje-t14816/ Јас се мерев по поминати 15 дена и секогаш имав по некое килце помалку со што радоста беше неизбежна. Не се откажувајте и резултатот ќе си дојде.
Еве го линкот од УН оддржувањето: dieti/un-dieta-odrzuvanje-t14816/ Инаку да, се враќаат килограмите, но не толку брзо и тоа само ако воопшто на ништо не внимавате што ставате во уста. Јас лани летото ја држев диетата и исто имав огромен резултат. Но ми дојде некако преку глава и не бев психички спремна за уште нови 3 месеци оддржување и престанав. Лично познавам жена која ги држела и диетата и оддржувањето и веќе 8 години неможе ни килце да качи никако, без внимавање на храна. Браво за неа, посакувам сите ние да го достигнеме тоа. Ве поздравувам сите
5/90 Протеински п. пола цеден лимун и 1 јаболко р. 100 гр свинско месо варено, малку лепче, зелка расол , 100 дл. супа без резанци в. планирам млекце да се напијам
Здраво девојки.. Ве следам и гледам супер резултати Диетава ми е омилена! Неколку пати ја имам држено и секогаш со супер резултати. Прв пат пред 3 години и успеав за два месеци да симнам 11 кг. Втор пат ја држев оваа година само 28 дена и симнав пак 11 кг за дупло помалку време ама затоа си вратив 3 кг бидејќи незнаев колку ми е доста јадење после тоа. Ама еве сега се решив пак!! Денес ми е 8 ден овошен. Сабајле на работа си мцнав две жолти јаболчиња, за ручек си изедов една банана и четири мандарини и за вечера пред малце една рака оревчиња и пет шест корнишони кисели (омилени ми се). Инаку воопшто не ми е тешка за држење, никогаш не сум гладна и знам кога ќе претерам да си се казнам со нејадење благо во јх денот Исто си знам за викенд да си се напијам две три до кај четири чаши црвено винце па уште и ако ми се погоди протеински ден цел ден не јадам за да мцкам вечерта прсти Треба само да си цврсто решен и поретко кај бабите на гости