1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Уапсен Велија Рамковски!?!

Дискусија во 'Политика и настани' започната од BoaVista, 24 декември 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Сега случајно слушнав на ТВ. Како и за што никој не знае, битно акцијата повторно е спроведена филмски. Апсења во касните ноќни часови, наоружани специјалци и слични ствари.
    Дали ова е продолжение на опсадата над А1 и нејзино конечно замолчување?
    Освен Велија уапсена е и Анета Кочишки и други управители на фирмите од Перо Наков.
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.051
    Јас пишав кратко и јасно во СДК зашто се изреволтирав тотално.Инаку воопшто сум револтирана од неправди,насилство и безизлез и се. :@
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Каде е Оффи да даде осврт на темава :)
    Ја имате гледано "Кутрите мали хрчки"....е па ние сме хрчките :D
     
  4. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Е аман веќе!!!!!! Што е неправда??? да кријат фирми што му носат профит на некој или да го уапсат за тоа што го прави???? Дај гледајте подалеку од тоа што ве научиле дома! Газда Велија нека се богати нечесно и ко ќе го уапсат, а ТОА НЕПРАВДААААА...
    Секако!
     
    На Marence.D, Valerin, viki44e и 5 други им се допаѓа ова.
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Убаво и текнало на Горде, прво Лисјата па апсење, не како минатиот пат, три дена немавме што да гледаме :D ;)
     
    На Marence.D, Noemi, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.051
    Ти гледај подалеку, дека ова значи и за друго до сега, ако не си со нас,пази се!Не се работи за кој е упасен туку како и што демонстрира т.н, власт(без власт)...А значи Грујо,Мијалко и останатите чесно се богатат така!?? Цццц...
     
    На noli му/ѝ се допаѓа ова.
  7. garudamon

    garudamon Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    61
    Потполно се согласувам, нека прошетаат малку на некој друг медиум што не е а1 или шпиц или време, па да им се разјаснат некои работи.
     
  8. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    ако зборуваме за тоа сите се богатат нечесно! Зошто излезе Велија да се извинува јавно за тоа што го направија а1?? Е сега нека внимава што прави, премногу валкани работи направил таму, нека ги сноси последиците, докази има против него!!! И нормално дека ако не е со нив ќе оди во затвор... тоа секаде функционира така, зошто кај нас да е исклучок. ама тоа не значи дека е неправда, затоа што еден ден и тие што сега владеат ќе бидат апсени за криминал ако им се најдат докази...
     
    На Ashling му/ѝ се допаѓа ова.
  9. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Ако се апсат криминалци, нека не се прогледува низ прсти! Па нели Рамковски немаше врска со упадот во А1 пред еден месец??? Сега на Сител го слушам Латас кој кажува дека всушност имало врска со Велија. Преку таквото ми се СИТЕ до еден! Ова влева страв кај обичниот народ. Срамота е. До кога вака?! Абре народ гласа верувајќи дека тоа е последната надеж да се исправи она што претходните го упропастиле... И што добивме??? Диктатура? Страв? Не да се пишам Бугарка... Абе Тунгузијка ќе се пишам со ваква држава ко нашава!
     
    На esperanca, love23 и BoaVista им се допаѓа ова.
  10. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    искрено го претераа. не сум подржувач на ниедна влас морам да кажам и затоа ме нема на темите политика меѓутоа баш онака педерски секогаш вршат упад. една од телевизиите што бар кога гледам тоа е а1 некако сите ми се ок. и упадот во а1 не беше во ред, а сметам дека ова уште помалку. но решиле да го снема рамковски а што ќе нареди грујо тоа ќе биде. а за крадењето сите крадат и велија и грујо и мијалков и дрн дрн сите до еден само ете грујо си седи дома на топло и си пука сеир
     

    Прикачени фајлови:

    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    204
    Oва е КАТАСТРОФА што се дешава!!! На епизоди пуштаат овие, ма не на епизоди - цели серии ќе направат, срамота навистина!!! Ми се одмили телевизија да гледам од вакви работи :fubar:
     
  12. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Никој не спори да се апсат криминалците во државата. Ако Велија направил некаков криминал слободно нека го уапсат. Друго ми беше поентата. Дали навистина Велија се апси заради криминалот или заради тоа што почна отворена војна со власта и почна да ги организира и земјоделците и тутунарите на протести. Доколку навистина се апси заради криминалот што го направил, очекувам истите контроли да му се спроведат и на газда Ѕинго. Кога тоа ќе се случи ќе бидам стварно убедена дека ова е борба против криминал. А дотогаш, кај секој ќе постои сомнеж во однос на овие спектакуларни апсења.

    И да, не заборавајте дека начинот и времето на кои се апсат е тотално неисправен.
     
    На esperanca, Phyramide, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Циркуз 2ри дел |(

    Вчера уапсија 30 наркодилери и им издвоија 5 мин во вестите. Денес посебни емисии, вонредни вести на телевизииве за еден просечен криминалец. Нека го затворат ако си заслужува, ама мака ми е да ги гледаат овие срања на телевизија, каде сите меѓу себе се препукаваат и се понижуваат!
     
    На Rozich и OzzyAngel им се допаѓа ова.
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Јас го оправдувам апсењето, ама да бидат непристрасни кон сите, не само кон оние кои не се во нивниот табор. :!:

    Зарем верувате дека Велија е цвеќе? :^)
    Ви се молам :fubar:
     
    На peperutkaa, Rozich и rossonerka им се допаѓа ова.
  15. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    НЕ само Велија, туку и сите да ги уапсат со дебело га*е!!! Ете така ;)
    Да ни' дојде и нас редот да си спечалиме некој денар :)
     
  16. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Ах бројче, не ни доаѓа нас редот, одма друг хоштаплер се раѓа, како епидемија се.
     
  17. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Море сите не е*ат во здрав мозок. Си прават што си сакаат, се обогатија ненормално многу, што и Леонардо Ди Каприо може да им завиди, иако зема човекот по 10 милиони од филм.

    Таква ни е ситуацијата веќе 20 години. Се краде насекаде, кој од каде закачи.
    Независност на МК, на избори доби ВМРО, си ја дадоа власта на СДСМ и Бранко. Си седнаа СДСМ-овците на фотељите, и почна да им тече бизнисот. Кради, кради, кради, крај неможеше да им се најде, неброени пари украдоа.
    Дојде 1998, на народот му скисна, настанаа промени. И какви промени беа? На тие што седеа на фотељите. Сега почнаа тие да крадат. Народот чека промени, а тие пола држава украдоа. Му скисна пак на народот... и во 2002 пак се смени власта. И кој дојде? Оние што претходно крадеа, дојдоа пак да крадат. И пак 4 години крадеа колку што можеа и неможеа.
    И за сето тоа време, сите влади што се сменија (значи сите крадеа), успеаја сите државни претпријатиа што постоеа од Југославија. И телеком, и ЕВН, се што вредеше многу пари го продадоа за многу, милионче на државата, 99 во џебот. Сите рудници ги уништија, апсолутно искористија се што можеше да се искористи.
    И во 2006 дојде на власт спасителот на Македонија, месијата што сите толку многу го чекавме. На почетокот лагите му успеваа. Може човекот си е и добар, ама времето покажа дека го прави истото што и сите пред него, сите што тој ги прозиваше на митинзите пред да победи. Стана ист лажго и крадец како нив. И тој ни заби нож во грбот. Само што неговиот нож најмногу боли. Ни продава лажен патриотизам. Се удира во гради, како бил антички македонец, потекнувал од Александар. Ама Александар беше КРАЛ, по титула, но ист како својот народ, тој прв одеше во битка. А каде се нашите власти? Народот тоне во сиромаштија, што тие и оние исти како нив ја предизвикаа, а тие уживаат во своето богатство, си земаат плата од 100 000 денари, се возат во државни коли, јадат на државна сметка, а под маса земаат мито, за да вработат нечие дете во администрацијата.
    Кога 30% (и многу повеќе е од тоа, да не се лажеме) од населението живее во апсолутна сиромаштија каде и 2 оброка на ден се луксуз, а цените на се скокаат вртоглаво, тие си измислуваат приказни што нон стоп ги вртат по телевизиите што тие ги поседуваат, за да го свртат вниманието на народот.
    А сметките растат ли растат, вода, струја, телефон, нафта... Кога барел нафта на светски пазар беше 145 долари, кај нас бензинот беше 78 денари. Сега барел е 80 долари, а ни ја кренаа цената на 73 (толку негде е)

    Тој Велија што денес го апсат, 20 години ги спонзорира и двете партии а во меѓувреме и тој самиот се богати. Има уште еден куп такви како него, што цел живот се на власт. Ѕинго ја има сител, Стоименов канал5, Велија А1, а другите ТВ којзнае на кој се. Во овие 20 години многу се збогатија, станаа газди на големи фирми, сите се подржаваат едни со други, сега се едните на власт, после другите. Истите луѓе ги имаме на сцена цело време, само секој ден со нови приказни ни ги перат мозоците.
    Спорот за името, Велија, Бајриш Сејдиу, Бранко предавник, Фуере тоа рекол, Друцас изјавил... се едни исти приказни ни вртат, а тие цела држава во џеб ја ставија.
    Затоа никој не е за жалење. Го уапсиле, ке го пуштат, после нова година нова приказна ке пуштат, народот пак ке коментира, ке се јавува на црн бел бумбар, стадион, ќе плујат по Грујо, Бранко...

    И на крајот сите среќни си живееја
     
    На AlicaInWonderland, elygj, sonce777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Се раѓааат? :^) Иренке, родени се тие одамнаа, само си чекаат на ред, полека ама сигурно.
    Еве нивните чичковци, стрини, вујковци... да ги врзат да свират и решено е се'.
    Така се развива потомството. Тоа ти е политички дефиниран живот.
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.565
    Велија во ќелија! :D

    Оф бре...
     
    На milky-candy и OzzyAngel им се допаѓа ова.
  20. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Абре ако си е заслужил нека го апсат. Туку јас ја гледам лошата страна за нас гледачите утре цел ден ќе не удавт со тоа и недај Боже лисјата не не ни ги емитуваат :worried:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.