1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Уапсен Велија Рамковски!?!

Дискусија во 'Политика и настани' започната од BoaVista, 24 декември 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Совршенство ме изнасмеа. :lol:

    Инаку, сметам дека беше редно. Како што слушам моментално на Канал 5, не затаил баш малку паричка...
    Бдв, покрај него, во моментов се уапсени уште 12 лица.
     
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Се прашувам ако Велија направил криминал, зошто тогаш Груевски чекаше 4 години(толку време е на власт) за да го уапси? Еве сега владини функционери кажуваат станува збор за криминал правен од 2005 - 2010 година? Затоа што до сега не и одговараше на власта да го апси, зашто до пред две години си го имаа на ти го - дај ми го со премиерот.
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.516
    Месијата си отиде! :( Патуљакот скока пред телевизор од радост.
    Ако фатил 160 милиони,нека си седи таму кај што го ставиле,да не им биде арно само на нивните деца и да не ми лупа од маса кога ги подгрева тутунарите,нека даде од тие 160,барем 10 и ќе реши многу проблеми и мене 1 за идејата! :D
    Него вака,ако бил криминалец бил,ама зошто човеку ти треба тој начин на апсење,со цивилни возила и прилично насилен пристап кога не ти пружа отпор?!Друго,ако овој правел пари,што им текна сега на црвениве дека е време да го проверуваат,па апсат?!Што си мислеле,ќе делат?!Добро да е само овој,ама има мал милион вакви кои им молчат и делат со нив крвави пари!Е тоа е тоа што не чини!Ама чичево,скока врека,им боде очи,ајт мајка!
    На некои им купуваат имоти,други со телевизии ги поддржуваат,па не ги чепкаат,затоа дебилчињата им живеат во Пржино у вили како на филм и така...се од чесен бизнис!Се поштен народ!
    Реков,ако згрешил нек го судат,нек го затвараат,ама не е тоа проблемот,проблемот е што некои такви опстојуваат и се толерирани зошто сите делат интерес,а секој кој е против власта е казнет.Не ли е тоа дискриминаторски и диктаторски?!
    Ќе се изнервирам бре кога не ми треба баш!
     
    На Phyramide, LivingGlam, julie77 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Ова е се само да ни замачкаат очи,како и да е за некој краток период пак ќе си биде на слобода,во нашава држава ниедна работа не е завршена како што треба,пред некое време ги апсеа криминалцине и после истите за краток период слободно си шетаа низ град :x :puke:
     
  5. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    :rofl: Ех шта да кажем а да заплачем?
    За оние пари што ги украде и јас во затвор ке лежам :)
    ех Велијо! Море од А до Ш, од сите партии сите нечесни да скапат во Идризово и да си го потпикнуваат еден на друг. Епа сега се има цена нели? Ние обичниве ке си ги глдаме лисјата тие нека се плескаат таму.
     
  6. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Пошто јас се' сакам да претворам во песна, откако бидна целава ситуација, мене само ова ми се врти во главава.
    http://www.youtube.com/watch?v=urf1O1fsC7Y
     
    На julie77 и Fearless им се допаѓа ова.
  7. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    се знае зошто е ова апсенје.демонстрирање на сила од страна на груевски,заплашување на сите што не го подржуваат.немам против да се апсат криминалци,ако имало криминал во тие фирми,некој мора да плати за тоа,но зошто баш сега?зошто не го апсеја велија пред неколку години,кога вмро се рекламираше на а1,туку сега кога а1 остро ја критикува политиката на груевски?сигурно груевски си ја пее една yu песничка "Mилиција тренира строгочу,да буде све како ја хочу" :D зарем само велија прави затајување на данок?како што ни се огромни давачките а тешка заработувачката,можам да се кладам дека секоја трета фирма у македонија прави на некој начин затајување на данок.зошто го подбраа само велија,само тој е бизнисмен во македонија?или само тој прави криминал?сите големи газди се криминалци.или ај да не претеруваме,не се сите,ама повекето се.нека фатат нека ги апсат сите тогаш.или ке апсиме само кого ни одговара у моментот.е така не се прави правна и јака држава.така се прави држава-смешка,банана-држава,или подобро кажано патлиџан држава,дека кај нас патлиџаните виреат :D оти стварно е за смеа ова шо го гледаме шо се дешава.или можеби за плачка повеке.а ако некој сака да ми каже дека е оправдано апсењево и дека нашава полиција и нашава влада знае шо прави и кого апси,тогаш имам само да му одговорам-душко илиевски-млекарот..кога можеја него да го уапсат под сомнение дека произведува дрога зашо му нашле некоја дива трева во нивата,а го знаеме човекот кој е,го даваа по вести и емисии,и уше ко му ја дадоа фамилијата,напатени измачени луге од тешка работа,зарем така изгледаат лицата на некои кои уживаат во пари стекнати од дрога? :x
    не,нашава полиција,апси по наредба,штом некој ке и засмета многу на владата,ке и стане трн у око еве ти ги полицајците ке му затропаат на врата.како шо тргнало ова ке стане као у комунизмот изгледа,да не смееш да кажеш лош збор одма у голи оток,добро барем нашиве сегашниве властодршци,се подобри,по сочуствителни,не те пракаат у логор,туку у затвор само,а таму не е толку лошо нели,имаш кревет и редовно јадење. :D тики да не збориме многу ај...као да ми тропна нешто ;)
     
    На elygj, BoaVista и julie77 им се допаѓа ова.
  8. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Каква е оваа сутуација, каква е оваа ситуација -таква е оваа ситуација!!!
    Аман више со овие спектакли. Човек на раат турски хит серии не може да гледа. :D
    Прости им Боже не знаат што прават!
    Сите што извршиле криминал, затаиле данок, се стекнале со огрооооомно богатство, шверцале, дилале дрога... МОРА да бидат уапсени, ама третманот нека биде ист за сите. Не за едни мајка за други маќеа. Па само Велија ли е грешен? И зошто баш сега го апсат? Или сега немаат ќар од него па удри брате!
    Колку други ги има, посебно во нивните редови, ама кога сакаш да заташкаш нешто или да одвлечеш внимание од другите проблеми тогаш направи си добро сценарио и само тоа вртете го по цел ден. Еве баш се сетив дека така беше и со некој заменик министер, мислам беше. Човекот си згрешил, арно ама не бил во државава и не можеа да го уапсат.Се пријави човекот, кажа кога точно ќе пристигне на аеродром, а тие со специјалци отидоа и го чепатеа на хауба. Срамота!
    До кога вака бе? До кога? Ни од претходните ни од овие аир не видовме. За овде само еден диктатор или може па тој кралот на Хунзите да си го земеме и онака вика дека е македонец, па може на арно ќе ни тргне како Кралство.
    И уште нешто. Не можам, а да не искоментирам - Латас. Е тој е посебна прича. Сношти изгледа неколку пара гаќи си сменил, па и хигиеничаркуте си имале полни раце работа чистејќи подови по него. Се подмочна којзнае колку пати од среќа, а може и сврши неколку пати :^), овој пат без Ивончето. Човекот е толку искомплексиран што ни кантар не го мери. :puke:
    Одам да видам сега што има ново да каже.
     
    На BoaVista и julie77 им се допаѓа ова.
  9. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Нешто што најмногу ме нервира е тоа што, додека краде (било кој)- краде сам.....а кога ќе отидат во затвор бараат подршка од народот :devil: Па не крадел за народот, туку од нив крадел за себе!!!
    Случајов со Велија ми е многу банален. Па на сите нас ни е јасно дека си имаше матни бизниси, а демек на МВР не им беше ха ха ха, ако се лажеме. Велија почна да им боцка во очи и да не им одговара, откако објави прилог за Мијалков, мислам дека тоа беше појдовната точка. Велија еве, ќе го казнат некако, ама кој ќе ги казни политичарите наши ??? НИКОЈЈЈ.....Ако е за крадење се краде (и тоа многу) од проектот Скопје 2014, жално е што и во овој случај тоа се пари на граѓаните на Македонија :devil: и кредити земени од ММФ, што пак на крајот сите ние ќе ги исплаќаме преку покачени даноци, покачени сметки......Имам многу коментари на темава, ама имам еден заклучок ...ситуацијава со Велија и власта е всушност “му рекол зајакот на магарето дека има големи уши“ !!!
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Алал да ти е Тање! :clap: Ама овде има ограничени луѓе и не гледаат подалеку од носот!Со вмровчиња немај работа...тоа се ем шуто ем те боде.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Па да не и засметуваа сите слободни ќе си шетаа. Вака барем колку толку ќе се подрасчисти. И каква драма Божеееее... Еве ги со лисици на рацете, ги носат во кривичен суд, вауууу.
    Е па ако им е.
     
  12. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    Јас ке кажам ако му е. И за него и за Анета Кочишки и за сите оние кои сакаат да се прават паметни крадејќи од народот. Се зборува дека најмалата сума на пари што ја испрале е 20 милиони евра.
    Најмалата значи!!!
    А Велија пак има 10 фирми регистрирани на негово име и затајува данок, и се наоѓаат луѓе што го бранат???
    Па тие треба со него во Идризово да идат
    Како прво многу се избламираа со нападот на полиција во а1 поготово таа новинарката што се трескаше од земја ПУШТЕТЕ МЕ, ПУШТЕТЕ МЕ а никој ништо не и праи.
    Од такви идиоти како велија и компанија и затворот им е мала казна
     
  13. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Велија направил криминал,пак Грујо крив.. :D

    А што требаше да му направи,да го пушти да краде и да си краде..?
    Кои фарси ги прави со земјоделцине и со албанците ...хахахха не ми се ни вервува :D

    Конечно се најде некој што ќе го запре овој крминиалец ! :)

    П.С а зошто ние простите и глупите вмровчиња да не можеме да гледаме од наша страна како е ?
    не сме сите така паметни па...
     
    На plavusaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    А зошто го пуштаа да краде до сега? Па самиот директор на Управата за јавни приходи рече дека станува збор за криминал од 2005 - 2010 година?
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.013
    Допаѓања:
    198.825
    Пол:
    Женски
    Изгледа престанал да ги плаќа, па затоа. Со парите се' се купува, па и слободата.
    Инаку, да е само тој што крадел, арно ќе беше...
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Може само да се надевам дека и другите ќе се побунат против власта, па и за нив ќе следуваат вакви мерки :)
     
  17. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Ај една ретроспектива на претходните настани, па да ги поврзам со овај настан.

    1.Би започнала со отварањето на фирмата "Хедис" за која пред некоја година имаше докази дека производите не се препорачливи за употреба, бидејќи се препакувани,а потоа носени до Хедис продавниците.

    2. Хедис продавниците што потпишаа договор со Велија на одреден период, постојано им беше продолжуван договорот СО ИСТИОТ ПОТПИС од претходниот договор, без знаење на сопственикот на Хедис продавницата,а под закана дека ќе се покрене тужба против него бидејќи го раскинал предвреме договорот,а тој не бил ни продолжен.
    Кривично дело, фалсификување потпис.
    *овој настан го зборувам од искуство на семеен пријател

    3."Хедис" е една од многуте фирми регистрирани на Перо Наков бб.
    Јавна тајна е дека "Време" и "Шпиц" се на Велија, воедно и А1 и А2 телевизиите, сите регистрирани на различни фирми.
    Набавките кои ги вршеше фирмата "Хедис" беа превземани од друга фирма, исто така на Велија која под чудни околности отиде во стечај(константно една фирма под стечај, друга се отвораше) за да неможе да ја подмири даночната обврска према државата, што го прави секој приватен работник.

    4. Упадот од страна на полицијата во А1 ТВ не постоеше се додека:
    -инспекторите кои беа дојдени со полициско обезбедување не ги најдоја многуте грешки при работата на фирмите регистрирани на Перо Наков бб, набавките кои ги вршела и затаениот данок.
    -тогаш Велија направи скандал како полицијата упаднала во А1 ТВ, започнаа емитување на вондредни вести, програми
    *Велија не е известен,а и мнозинството од неговите новинари дека упад во која било телевизија од страна на државата, резултира со ЗАБРАНА за работење на телевизијата, а ние имавме програма во живо од самата телевизија
    -Борјан Јовановски при преносот на отворената програма која непречено се одвиваше според замислата на Велија, јавно ги повикуваше многуте членови на власта, а кога се јави потпаролот на МВР, Иво Котевски беше прекинат од програмата веднаш кога почна да објаснува дека полицијата е само обезбедување,а инспекторите не упаднале во телевизијата туку во фирмите регистрирани на истата адреса.
    Тоа мислам дека сите добро го видовте,ако ја следевте таа вечер програмата.
    Полицијата на служба пристапи тогаш кога се крена толкава узбуна, СДСМ организираа превоз од други градови за поддршка на нашиот мил и сакан Велија.


    5.За крај, незнам дали вчера ја следевте програмата "меѓу народот" на Велија и Имер Селмани кои прикриено работат против ДРЖАВАТА и ја прокламираат идејната политика за создавање на голема Албанија.
    Цитатот од Велија многу добро го запомнив кога им се обрати на Албанците(емисијата е целосно на албански јазик, преведена на македонски)
    цитирам:
    "Дали вие сакате Европска Македонија?
    Дали вие сакате Македонија без граници со соседните земји, Србија,Бугарија,Грција,Албанија и ТЕТОВО!?"
    На што доби громогласен аплауз од присутните сите од еден до последен Албанец.


    Мислам дека доволно е јасно, зошто јас сум против Велија.
    Тој не работи против власта, туку против државата.
    Тоа е главниот проблем, а нашите политичари мили ем драги како телиња пред колење му се покоруваат, кога СДСМ беше на власт, ВМРО си го сакаа Велија, а кога ВМРО дојде на власт, СДСМ е во блиски односи со Велија.
    А, Велија знаете што прави?
    Велија не продава и предава, а нашите актуелни политичари и партиски приврзаници го поддржуваат во неговата идеја.

    Македонија треба да влезе во ЕУ со взаемна поддршка од двете партии, како сега да влезе кога Велија ги направи главните скандали за тоа колку сме недемократска земја?
    Самиот ни го попречува патот до ЕУ,а што е најтрагично има голема поддршка од партиите кои би требало да се организираат за взаемни преговори со ЕУ.

    Интересен феномен е Македончето, са малку пари ја продава цела држава.
    А, тоа што Тодор Александров, Петар Чаулев и останатите интелектуалци правеле напори да не извадат од гомна, нашиве прават напори како да не заглават во гомна.


    *не сум политички определена од горнонаведените причини
     
    На angelce1 и FBI им се допаѓа ова.
  18. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    ^
    Боа Виста Без докази кого се апси ?!

    И кога сакаа да проверат дали има ,,господинот пребегал Турција,, новинарите изиграваа таму нешто филмчиња си правеа..Па после дотичниов ги поддржа,па после претерале,бил во афект :^) ...
    Полицајците не можеа да си ја извршат работата како што треба.

    Велија е толку итар што се криеше премногу добро,а реално,сите знаеме што прави тој..
     
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Розич, полека смири ги страстите.
    Не е проблемот што се немало докази, проблемот е што до пред некое време на власта и одговараше Рамковски, се рекламираше на неговата телевизија и како што вчера изјави и Фијат Цановски (кој уствари е пратеник и коалиционер во владата)- до пред некое време Велија и Груевски си имале некои заеднички проекти за субвенциите на земјоделците. Така да овие приказни дека немало докази не држат вода. Уште од тогаш се знаело за матните зделки на Рамковски, само што не се превземало ништо. А зошто не се превземало, знаеме сите :)
    Види Розич во ред е да се подржува определена политичка партија, но да се биде до толку заслепен е жалосно. Мене не ме интересира Рамковски, напишав и погоре, ако крадел нека го апсат слободно. Она што мене ме фрустрира како граѓанин на оваа држава е тоа што се апси селективно. Се апсат луѓе кои дирекно се против власта, а оние другите се оставаат да си крадат само затоа што се блиски до власта.

    И да, велиш немало докази. Немало зошто власта не сакала да ги најде. Нели можело оваа контрола да се спроведе пред 3 - 4 години? Можело, ама не се сакало.
     
    На Sweety-Tweety, FBI, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Доста интересен податок е тоа што Латас знаеше се` пред било кој да дознае :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.