Уапсен Велија Рамковски!?!

Дискусија во 'Политика и настани' започната од BoaVista, 24 декември 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Ни тоа не ставаат !! Ставаат лавови ги прчат Гоце и Даме !! СПОМЕНИЦИТЕ се најбитни !!
     
  2. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Според мене ваквите спектакуларни апсења воопшто не ми се допаѓаат цели вести се со тоа. Сепак Анета Кочишки е жена и не би требало да ја даваат во јавноста врзана во лисици сепак е нефкусно за сите а камоли за нејзината фамилија.
     
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Јас пре би живеела во монархија одколку во нашава "демократија" (двопартиски ситем), си се менуваат они на 4 години, а ние се повеќе и повеќе тонеме.

    Ко во Бермудски триаголник сме

    Леле немој жити се :D немој вакви испади, паметни работи прочитав од тебе, ама ова??? те молам кажи дека не си го мислела ова стварно. Гледам дека си доволно паметно девојче за да бидеш со испран мозок од Велија. Ма го боли к*р него и за земјоделците и за тутунарите и за млекарите...се е тоа маска, и се е тоа во негова корист верувај. Ако он ставрно сакал да им помогне шо не фрлил некој денар :lol:



    Овие политичариве (сите до еден, од сите партии) се толку себични шо јас мислам дека и дома на фамилијата не даваат нешто без да добијат за возврат, не пак на нас.

    И сите апсења, сите "докази", сите емисии, сите борби, сите споменици, сите операции кои ги гледаме ние на тв се само маска на се она што се случува во позадина додека они се богатат. Перење мозок. Ама што да правиме и ние кутри - велат демократија сме имале, а всушност ние немаме право на избор, имаме една единствена опција (иако се две партии, исто (не)добиваме која и да е на власт). Исто ни се фаќа
     
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Со овие спектакуларни апсења, со јавното прикажување на камери додека сеуште нема поднесена ни кривична пријава, со јавно линчување на луѓе од страна на квази новинари како Латас и нивно прогласување за виновни кога постапката уште не ни започната е повредено едно од основните начела на кривичната постапка и едно од основните човекови права - ПРЕЗУМПЦИЈАТА НА НЕВИНОСТ. Што значи ПРЕЗУМПЦИЈАТА НА НЕВИНОСТ? Значи дека НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПРОГЛАСЕН ЗА ВИНОВЕН, СЕ ДОДЕКА ТОА НЕ Е УТВРДЕНО СО ПРАВОСИЛНА СУДСКА ОДЛУКА.
    Се прашувам дали за Велија има правосилна судска одлука со која тој е прогласен виновен, за да Латас може да јавно да го етикетира пред цела јавност?
    Друго, оваа власт е махер за утнување на постапките. Луѓе постојат постапки(граѓански, кривични, управни) во кои се објаснува на кој начин може да се превземаат одредени дејствија. Јасно е напишано дека асењето и претресот на дом се вршат во ден, а само во исклучителни околности и во доцните часови. Ама тоа кога постои основано сомневање(кое мора да се докаже,) дека лицето подготвува бегство. Доколку има пропусти во постапката и најголемите криминалци можат да бидат ослободени од повисокиот суд, затоа што битните повреди на постапката(формални и материјални) се услови за поднесување на жалба.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Потполно се соглесувам со напишаново БоаВиста. Никој не смее да ја прогласи за виновна без судење и докази. Невини луѓе се апсат од причина испитување, кои не биле виновни на крај. Има луге и кои лежеле затвор па на крај испаднало дека се невини. Неможеме да судиме на никој (се додека тоа директно не не погодува нас, нели нормално)

    Е сега love23, заклучивме дека правно не можеме да ја сметаме за виновна, Анета е жена коа треба да ја сожалат и да не ја даваат на тв со лисици дека таа имала семејство. А таа истата Анета зарем не е директорката на А1? А зарем А1 не е истата телевизија што пред некоја година во ударен термин даваше ШОКАНТНИ СНИМКИ НА МРТВИ ТЕЛА ОД ОХРИДСКО ЕЗЕРО? се сеќаваш? зарем тие немаа фамилија ко што има споменатата Кочишки, зарем тоа беше вкусно? Затоа морално оваа Анета не заслужува ни грам почит, ни сожалување. Јас и после толку време неможам уште да се помирам со фактот како А1 постојано труби за морал, а снимките уште ми се во глава. Тоа ти се све безморални луѓе кои немаат почит кон ништо, епа знаеш "what goes around, comes around"
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  6. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    И пред некое време одеше исто една многу морбидна реклама, беше нарачана од СДСМ, ама ја забранија .......и подобро! Значи не можев да ја гледам рекламата, маката на другите луѓе да се искористи за остварување профитабилни цели ........страшно е се ова што ни се случува во нашава мала државичка.
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.821
    Допаѓања:
    163.173
    Aлиса,многу...немам избор на зборови,глуп став е да размислуваш по принцип мило за драго,а особено да судиш за тоа кој е морален или не,плус како пример да кажуваш работа која нема врска со моменталната ситуација и капак,барем делумно,вториот твој параграф со постот е контрадикторен на првиот,кој пак и да се докаже дека е виновна,твојот факт не би бил тој што ја држи водата,туку тоа ќе биде така затоа што де факто била виновна.
    Мешате баби и жаби,се фативте за језивите реклами кои ама апсолутно не се поврзани со темата,ама македонска работа,пре ќе се фати за језивите реклами затоа што не сака да ја гледа реалноста,језива му е овај нали и така мижеечки ќе си го натрти гзенцето и ќе биде онаден уште сто пати!Профитабилноста на Велија од таа реклама (како профитабилна не ми е јасно?!) не ја предизвикала тажната судбина на тие луѓе,туку таа постоела,а сега била и видена.Не сакате да живеете во реалноста или како?!
    Чекај сега,што е страшно?!Тоа што реалноста си ја видела на реклама и таа е страшна или страшно е тоа што некој како-така те принудил да ја видиш,а ти не си сакала под изговор тажната судбина на народот наш кроз профитабилната реклама на Рамковски?!
    Ако утре некој рече,лелеее мразам некој кога ме лаже,ценам искреност,да си штракне сам на себе една воспитна.
     
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Алиса јас не мислев конкретно за Анета. Ова се однесуваше на сите досегашни спектакулатни апсење. Како прво нема потреба да се апсат во сред ноќ. Како второ, нема потреба од толку специјалци, па не го апсат Бин Ладен. И како трето не смеат никого јавно да го клеветат дека е виновен, кога тоа не е докажано.
    Ова се однесува и за акциите Метастаза(кога ги апсеа докторите), Змиско Око(патарини) и оние акции со цариниците.
     
    На Offspring и irenna им се допаѓа ова.
  9. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Да, во право си, сосема небитно тоа што го пишав, и точно дека е глупав став на размислување. И пак во право си дека воопшто нема веза со темата. Само што како се спомнуваат имињата во темата за секој по нешто лошо ми се врти во глава. Револтирана сум за ова пошо сум лично поврзана со фамилија која тие снимки ги сонува до ден денес, а од друга страна отвори ја страната на а1 и прочитај само што пишуваат, да си помислиш дека се ангели на земјата. Е поради тоа се истурив така.
    Мада, на крај тоа нема веза ниту со Велија, ниту со темава. Само сакав да кажам дека се што прават, буквално се прават за профит и ич не им е гајле за други. Ниту на едните, ниту на другите

    Се извинувам за предходниот пост. Мислењето мое си останува исто, само што сметам дека премногу брутално се изразив, и на погрешна тема. Шо би рекол Велија - афект :lol:
     
  10. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Лилит, јас во овој случај не одбранив никој. Мислењето за рекламата е изнесено поради надоврзување на мислењето изнесено од страна на Алиса. Искрено рекламата беше језива (премногу), а и тие исти луѓе со тажни животни судбини немаа дадено никаква согласност за да се изработи реклама за партиски цели. Сигурно на А1 и било платено (мислам дека тоа е профитабилност) што ја составила таа реклама, за лепе очи сигурно не е емитувана. Не знам дали си прочитала и друго мое мислење на темава, но јас не сум за ВМРО (ни за СДСМ, не сум партиски определена) јас едноставно искоментирав на темата, бидејќи ситуацијата со Велија не е од вчера, а власта се прави дека е....
    Мислам дека грешката во претходното мое мислење е во офф топикот
    Девојки извинете доколку ви пречеше што моето мислење маааалку избега од темата :)
     
  11. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    И јас го велам тоа.Не дека ќе дојде некој подобар,ама овие претераа,одвратни и препотентни створења :puke:
     
  12. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.480
    Не ми е криво што го уапсиле, не знам ни вие што толку се секирате за него :^)

    Рамковски и да остане некое извесно време во затвор, ништо не е тоа за него, затоа што до сега има направено толкав капитал што и неговите внуци да не работат ништо пак ќе имаат пари за живот. Обезбедени се за цел живот. Он на време си ја подредил работата, а вие тука се препукувате дали бил крив или невин.

    Се знае дека е крив штом го уапсиле, не може да го затворат ако е чист.
    Штом правел криминал, заслужено е во затвор.

    Само јас не верувам дека ќе остане повеќе од неколку дена, он е моќен човек така да сигурно ќе најде начин како да се извлече од оваа каша.

    Слободно нека ги уапсат сите што направиле тешки проневери, за ниеден нема да ми биде гајле.
     
    На viki44e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lacrymosa

    Lacrymosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    90
    Анита Кочишки и сожалување??? ГреФ, Велија Рамковски си го доби заслуженото, кога го гледав пред некој ден на телевизија со Селмани како ги бцка оние во Липково коса ми се крена. сме се плашеле од попис во јули затоа што процентот ќе излезел многу поголем од 20. сФаша. Буквално нас МАКЕДОНЦИТЕ не направи подоле од го*на затоа што ние бевме тие што пукавме од по планини, ние убивавме цајкани, ние сакатевме работници и ние од заседа убивавме војници...
    Јас мислам дека многу благо постапили се газда велија. Јас би го зела прво една недела да го мачам и тепам и жив да го дерам па после би го пуштила да праи што сака...

    тој скокаше кога не му беше чист газот и ги бцкаше и тутунарите и млекарите и сите кај што најде зошто на млекарите им беше слатко кога земаа големи пари од Сведмилк кога сите други го носеа млекото во битолска па сега не им чини. Ниту една влада во светот не е толку силна за јас пример ако одгледувам смрдоглавци да ми најде пласман. Кој ѓавол ме терал да садам смрдоглавци? Премиерот? не бе бате сама сум садела и сама ќе морам да ги продавам

    се изнервирав вчера коа таа од земјоделската редакција ги подбуцнување тутунарите, па после една старка се силеше дека ќе го запалела тутунот. Па нека го запали! Ќе направи нешто поарно? или лани кога го фрлаа кромидот. што направија? само што останаа без кромид кој можеа да го продадат.
    А Велија пош е толку совесен, чесен и загрижен граѓанин за благосостојбата на нашава земја што не зеде да им откупува? Велија не е луд па да не знае дека секогаш ќе бараат повеќе. ако годинава им го откупил тутунот по 50 денари (пример) утре ќе бараат 100 ( пош сите живеат од субвенциите и немаат ќар да произведуваат без нив)

    си барал си нашол
     
  14. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Господ да те чува од Македонска беља!

    Толку од мене.
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.011
    Жити се, кој не прави се за профит? Ти да имаш телевизија, да имаш фирми нема да правиш се за профит? А за тоа што напишав дека им помага на народот намерно го ставив смајлито - :?: на крај, затоа што така имам чуено.
     
  16. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.030
    зошто едноставно се замарате со нивните глупости? :lol:
     
  17. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    И јас истото би ги кажала како во постот над мене. Аманте луѓе они ќе се опраат, ним милионите им работат, сега се дават, се апсат и што ли уште не, утре може да бидат во најсреќна коалиција. Тука,во Македонијава ништо веќе не е чудно..ама народецот наш напатен, безработен само чека мамка и одма се фаќа и оп рипаат вмро-вчињата од една страна, сдмс-овчињата од друга страна па така било во нивно време, па овака било во ова време, а уствари во нашава државичка никогаш никако не било.
    Секој кога е на власт вработува по список партиски (и тоа нели цела фамилија да е зачленета во партијата), се менува власта ајде јово на ново овие другите вработуваат нивни полтрончиња и тие се главни и палат и гасат. И тоа е така,факт е!
    Остајте го Велија и Грујо и сите по список. Ехеее, ќе излезе тој, ќе му помине како мачкина кашлица и пак ќе има и пак ќе биде некој. Обичниот смртник е оној што ќе нема и ќе се мисли и ќе се чуди како крај со крај да сврзи.
    Еве го Бошковски...Што му фали? Дури беше во Хаг, трубеше таму дека само да го ослободат, он ќе престане да се бави со политика.. Ама како, пуста фотеља удобна е, кој ја нејќе нека пукне. Па ете го сега како петел на буниште пак се прчи насекаде, како никогаш ништо и да не било. Така да, јас Велијава ич не го мислам, ќе смисли он нешто пак, ако не смислувале они, милиони не им фучат на сите страни.
     
    На anastasija85 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Редно беше ова и се надевам ќе скапат в затвор.
    Жално шо Бранко,се спушти на то ниво и е во коалција со дотичниов.
    Велија ширит пропаганда против Македонија па така да безразлика дали Бранко или Грујо ќе е на власт,Велија ќе е против него..дур не го ставиме него премиер.
    И кој уште вервит во изрежираните сцени на А1? Жално,жално.
    Не дека владава е совршена или кузнајт колку ажурна,ама рејтингот на СДСМ е испод ниво.
    А од војната меѓу ВМРО и СДСМ - страдаме ние,народов.Очигледна е борбата за пари и ништо друго.
    А богами и другиве "политичари" се покажаја..срамота.
     
  19. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Се изјаснив веќе во темата за премиерот дека јас сум симпатизер на одредени политичари од опозицијата...Одредени :!: , кои до сега се без конкуренција од политички аспект...И ќе напоменам дека која и партија да дојде на власт јас никогаш не би вадела партиски книшки и не би се мешала во политика, при тоа лижејќи им ги газовите на челници по штабовите и општинските комитети, за да ме вработат некаде...Тоа е нешто најмногу што ме нервира :envy: Е сега да се надоврзам на темава за Велија...Па луѓе мои - јасно е се како сончев ден :) Откако Велија, Љубе и компанија започнаа хајка по грујовистиве, посебно кога почнаа Мијалков да го чепкаат - овие им возвратија на ударот со јака контраофанзива. Знаеме дека Велија и Фијат Цановски се сватови(ќерката на Велија и синот на Фијат се во брак)...Љубе е приклучен во нивната коалиција, а Бранче во сенка работи - во нивни прилог секако. За криминалот што го има правено Велија не сум многу во тек, единствено знам дека имаа затаено милионски суми на данок кон државичево наше скапано! А, да го прашам грујо? Гујо, извинете :D - зашто ќутеше до сега за Велија? Зашто ќутеше за Љубе, дека има огромен имот во Пула и двојно државјанство? Па сега гукнаа кога видоа дека не се дел од нивниот вмровски циркуз..., па почнаа апсења спектакуларни и хајки... Ми мириса дека некој јако ќе го извлече подебелиот крај во ситуацијава... И колку е проѕирно тоа што сега објавија дека уапсиле членови на Франкфуртската мафија од Велес? Луѓе мои, па тие уапсени се дечишта, кои се на последната алка од синџирот на Франкфуртската мафија...Нема шанси оваа мафија да ја разбијат(Кој од форумов е од Велес, слободно нека ме корегира ако грешам..) Друга работа - еден од елитните вмровски ресторани во Скопје(нема да го именувам), каде ручаат и држат состаноци елитни ликови од владава - Е ДУВЛО НА ПРОСТИТУЦИЈА!!! Таа наводна "хостеса" што работи таму и се претставува како манекенка на скопјанки и ги лаже дека е од позната и елитна скопска фамилија - таа е тешка проститутка која газдата на ресторанот и неговите дебело нафатирани пријатели ја продаваат, но при тоа и таа се обидува да вовлече некоја наивна девојка во тој синџир(како на другарка ми на ФБ што и викала -("повели дојди на пијачка, салатка итн.. -јас ќе ти резервирам сепаре...) Страшно стварно! Во истиот тој локал, во кој ние обичните смртници не можеме една пијачка да си дозволиме, пошто е огин скапо - се дозволува да се пуши...Значи кој го е.е законот за пушење? За грујовчињата тоа не важи, секако, нели? :) Каков закон, уууу, па тие се вмровски фаци таму што јадат, локаат како свињи и е..ат млади цури, додека други луѓе трпат за леб дома :@ Велија треба да си го добие заслуженото доколку се докаже, дека обвинувањата против него се вистинити. Но кој ќе одговара за испраните апри во проектот 2014? За многуте наместени тендери? За изгубените човечки животи по болниците од лекарска небрежности и дотраени апарати? За поставување на илјадници, илјадници тапоглави вмровци во јавна администрација и за назначувањето на службеници на шпоните неписмени по рамковен? И имаат право Србите што не не сакаат многу - КАКО МОЖЕШЕ КОСОВО ДА СЕ ПРИЗНАЕ???? ТАА Т.Н КВАЗИ ШИПТАРСКА ТЕРИТОРИЈА - НИЕ ЈА ПРИЗНАВМЕ :envy: СРБИТЕ СЕ НАШИ БРАЌА, НАША КРВ...ЖАЛОСНО...Мислеше Гујо, дека европјаниве ќе го сакаат со тој гест? Ама се зезна - уште не сме примени ни во Нато ни во ЕУ и Грците не шупчат како сакаат и ќе не шупчат до крај...А, Хашим Тачи им вадел органи на Србите, на живо, по косовски куќи - наречени касапници за Срби и ги продавал :envy: Ама затоа ние го признавме косово за држава, нели? Проклето македонче, проклето... Владее диктатура кај нас..Ова со Велија го направија само да му докажат кои се и дека се посилни од него! Ама ако судот докаже е вистина треба да си ја одлежи казната затвор, заедно со постарата негова ќерка и Анета Кочишки во пакет! И уште едно прашање за крај - зашто не упаднат во домот на Сашо Мијалков во 4 саат наутро, вооружени и маскирани специјалци во црно и децата и жена му, да му ги извадат од памет...И да му ги најдат сите нелегално заработени пари и клучевите од сефовите каде чува скапоцен накит, скапоцени уметнички слики, оружје итнн........??????? Ама братучед е на Гујо, така? :tmi:
     
    На elygj му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Не сум многу по политичките настани во земјава, ама преку глава ми е од мрвка да се први слон. Не знам што е повеќе Велија од обичните граѓани кои што краделе, переле пари и слично, па не им се посветува толкава медиумска наклонетост. Немало демократија, жими мајка :devil: е баш има, за сите еднакво треба!!! Си правел незаконски работи , сега нека си одговара.Не може некои се наполнија со милиони, а татко ми ако не плати данок (порез што вика тој) одма сто тужби му стигнуваат дома.Значи за обичните граѓани има закон а за другите не??? Па сега плаќале само тие што не се на страна на власта, епа кога се другите на власт исто е и за оние што се опозиција, тркалото се врти.Како и да е ако има цврсти докази, нека си одлежи казна!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.