Уапсен Велија Рамковски!?!

Дискусија во 'Политика и настани' започната од BoaVista, 24 декември 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Се додека не постои единство кај македонците и не почне да реагира,да се буни итн. како пример Французите,па и Грцине (за тоа само им давам рака)...секој кој ќе седне на главната фотелја ќе прави што сака и ич нема да му е гајле за никого.
    Инаку овие крадат апла пред очи и уши на народ...тоа е јавна тајна ама кој да реагира?! :?: |( Затоа си наметнуваат сила,кај што има сила нема правдина.

    Македонче е научено на биди мирен,трај и трпи..затоа чести имиња од времето се Мирко,Трајко и Трпе...
     
    На Bokicka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Најголемиот проблем во нашата држава е тоа што народот нема основни познавања од правни поими и штом види на ТВ некој со лисици на раце одма го прогласуваат за криминалец. Уште потрагично е што и некој од новинарите од провладините медиуми, исто така немаат основни познавања од правни поими, па лупаат зелени на ТВ пред цела јавност. Изјавуваа дека Велија и компанија се СТОРИТЕЛИ на кривичните дела затајување данок, злосторничко здружение и др. Пази богати СТОРИТЕЛИ! Во момент кога истрагата уште е во тек ние имаме виновни сторители. Апсурд. Во текот на истрагата едно лице може да биде само ОСОМНИЧЕНО или ОБВИНЕТО. Во целиот натамошен тек на постапката лицето е ОБВИНЕТО се додека не се донесе предуда. Откако ќе се донесе ПРАВОСИЛНА ПРЕДУДА лицето станува или ОСУДЕНО(СТОРИТЕЛ НА КРИВИЧНОТО ДЕЛО) или ОСЛОБОДЕНО.
    Како што можете да забележите во нашата држава се е обратно, па така и ова. Кај нас очигледно прво обвинетите се прогласуваат за виновни, па после им се суди. Зошто кај нас штом се прикаже лице со лисици на рацете тоа веднаш е ОСУДЕНО И ОД НАРОДОТ И ОД КВАЗИ НОВИНАРИТЕ.
    И за крај не заборавајте дека и најголемите криминалци и сериски убијци имаат право на ПРАВИЧНО СУДЕЊЕ, кое им е загарантирано и со закон и со Устав и со меѓународни конвенции, а основен елемент на правичното судење е токму ПРЕЗУМПЦИЈАТА НА НЕВИНОСТ која во нашата држава како да не постои.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.259
    Допаѓања:
    67.816
    Пол:
    Женски
    Дај молимте која презумпција на невиност... Имал среќа до сега што бил на слобода...
    Како и да е, останува да видиме што ќе се случи понатаму. Ако успее да договори нешто сигурно ќе биде ОСЛОБОДЕН, а не СТОРИТЕЛ НА КРИВИЧНО ДЕЛО.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Таа презумпција на невиност Реинбоу која е загарантирана со Устав, закон и меѓународни конвенции! Доколку некој не е упатен во одредбите за кривична постапка, подобро да се воздржи од коментари, отколку да пишува нешто без везе.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.259
    Допаѓања:
    67.816
    Пол:
    Женски
    Знаеш колку ми е гајле мене за одредбите? Колку за ланскиот снег. Јас си кажувам, не од правна точка, туку чисто од граѓанска, значи лаичка. Темава не е само за стручни лица, колку што можам да приметам, Боа Виста. ;)
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Епа не ти е гајле, ама треба да ти биде. јас мислам дека секој треба да си ги знае барем основните права кои му се загарантирани со Уставот. А не напишав да не коментираш за темава, тоа се однесуваше да не коментираш за презумпцијата на невиност зошто очигледно е дека немаш познавања ;)
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.259
    Допаѓања:
    67.816
    Пол:
    Женски
    Па, не знам дали има човек што не го знае основното- Секој е невин, додека не се докаже спротивното. :)
    Според мене, човеков е крив, затоа и така си прокоментирав. Ама ајде, да ви ја оставам политиката, на поискусните и поупатените :hai:
     
    На sesilija и BoaVista им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.822
    Допаѓања:
    163.178
    Сeкој обичен граѓанин има право на субјективен став и може да си го изнесе,без разлика на уставно загарантираните права на обвинетиот,овај нали тука веќе е слобода на говорот,НО веќе кога излегува на медиум,на централни вести,кои цела нација ги следи,па и пошироко,изнесување на вакви работи е страшно и е крајно недозволиво!Тоа не е факт,ниту потврдено,тоа е веќе навистина кршење на уставно право,затоа што нели новинарството е седма сила...ќе си кажам отворено,Латас е ѓубре недоквакано,страшно непрофесионално,лигуш со потпис и печат,срам за новинарите.
     
    На Bokicka, sesilija, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Реинбоу, никој не вели дека не крадел, напишав јас и погоре, ама тоа мора да се докаже, па да се напише црно на бело на пресуда, па откако таа пресуда ќе стане правосилна(значи после постапката по жалба) е дури тогаш можеме да кажеме дека е крив. Вака ние можеме да го обвинуваме и дека крадел и дека затајувал данок, ама во никој случај не можеме да го прогласиме за виновен пред донесување на пресудата.
    Ова го пишувам бидејќи сум изреволтирана од непочитувањето на постапките во државата, не е ова конкретно за Велија и компанија. Ова е револт за тоа што во последните неколку години во нашата држава нема судење без утната постапка.
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.259
    Допаѓања:
    67.816
    Пол:
    Женски
    Боа, па нормално дека нема. Кој систем функционирал во нашава држава, та правниот да биде исклучок?
    Ама надежта останува на младите нели... :)
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    убаво кажа,еден аналитичар на вести прееска"во македонија,да бараш бизнисмен кој се работи легално,е исто како во јавна кука да бараш невина девојка" :D
     
    На Lilit, sesilija, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    непрофесионално? срам за новинарите? god damn! голем минус му е то шо е пристрасен..ама непрофесионален? па кажи ми некој поспремен новинар? да бееееееееееее,неспремен е зш ја плескат вистината в лице..без влакна на јазик.
     
  13. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Што :o

    ДАЛИ ИМА НЕКОЈ НОВИНАР ПОСПРЕМЕН ОД ЛАТАС?

    Beached, сериозна си :^) Ве молам, воздржете се од вакви коментари изгледате како да немате здрава свест! Без навреда те молам, ама ЛАТАС ако е новинар и ако е професионален, тогаш целата новинарска фела треба да се фрли во некој бунар од срам!

    Латас е прво необразован, второ нема речник, трето не пренесува информации на новинарски начин него на панаѓурски и четврто освен што лае и што е платен да збори само најдобро за Премиерот, друго ништо не ни знае!

    Каде е професионалноста на Латас, те молам објасни ми?

    Значи не само што не е професионален, јас Латас не можам ни новинар да го наречам!
     
    На julie77 и BoaVista им се допаѓа ова.
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Непрофесионално е да работиш во национална телевизија и отворено да повикуваш на истребување на сите неистомисленици. Непрофесионално е да клеветиш и повредуваш човекови права, само за да му се упикаш во газот на некого.Непрофесионално е пола од македонскиот народ да го нарекуваш предавник, само зошто не се согласува со ставовите на владата.
    Ако толку Латас ја плеска вистината в лице, баш сакам да видам дали некогаш ќе собере храброст да му ја плесне целата вистина в лице на премиерот и актуелните министри.
    А Латас, Миленко и компанија ги заслужуваат сите ,,епитети,, кои Лилит погоре ги наведе.
     
    На milky-candy и Bokicka им се допаѓа ова.
  15. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Како шо реков,Латас е пристрасен..очигледна е неговата политичка определба,шо не би требало еден новинар да ја поседуват. Се сложвам дека е гзолижач на владава и на ВМРО.
    Ама ко веќе сме до непрофесионалност...кој си ја вршит работата професионално од новинариве? Исти се сите,од некоја паритја се потплатени да го кажвет то шо му одговарат на Бранко или на Грујо.
    Ама никој немојт да ја оспорит спремноста на Латас.Никој не е рамнодушен..единствен новинар,спрема кој никој не е рамнодушен..зато шо сепак ја плескат вистината в лице..во случајов со Велија беше крајно професионален..или не можда а1 беа професионални Иво можда? или Чомовски? (ме разочара Чомовски)
    Ајде кој е поспремен новинар од Латас,со речник,со знаење? КОј го имат зафркнато и побиено?
     
  16. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Beached, само една работа ми е криво... Што денеска вие младите имате погрешни идоли...

    Ако според тебе на твои 17 години (барем така ти пишува), Латас е твојот херој на кој му се воодушевуваш гледајќи го - односно му се воодушевуваш на крајно безобразно и невоспитано суштество кое претставува се само не и титулата која на жалост ја носи, тогаш навистина иднината ни е во лоши раце.

    За Латас не можеш да кажеш дека има речник и знаење тоа е надвор од границите на разумното... Латас не само што нема речник, Латас е неписмен! И дете од 5 години да го викнеш да каже овој е ѓубре треба да се затвори, ќе го каже, но тоа не значи дека има речник и знаење! Тоа значи дека само повторува како папагал тоа што му е речено да го каже и за тоа драга моја Beached, зема не знаеш колкава сума на пари!

    Па, ти продолжи да му се дивиш, додека тој си ги полни џебовите со валкани игри!
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  17. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    ^^ Она што е Латас никогаш не би го нарекла НОВИНАР!
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.822
    Допаѓања:
    163.178
    За мене тој шо го брани Латас е еднакво некултурен и без било какви скруполи.Точка.
    Кој е професионален?!Па не знам,процени самата,не повикавме никој друг тука како непрофесионален.
    Латас е пред се безобразен,гледам како води вести и како ги уредува воопшто,ми кажува некои работи кои не се информација,туку шиканозна постапка кон опозицијата,ко пред некое време на кого имитирале СДСМ со жолтите маички.Што мене ме занима тоа?!
    А професионално е да биде пристрасен,а е во улога НОВИНАР?!Пристрасна може да биде тетката на шалтер,па кога ќе си ја види комшиката на крајот од опашката,да ја викне од зад шалтер да и заврши работа.За новинар непрофесионално е да биде пристрасен!
    Да има три чисти ќе каже кој му е газда!
    Не можеш ти на мене да ми кажуваш дека е професионален пошо имал речник или спремен.Дефинирај спремен?!
    Јас од Латас не сум видела ништо објективно,ниту асално сработено.Секој знае да биде јак кога нема некој друг од другата страна да му реплицира и отворено да го побива,тогаш да го видам како тоа тој ќе биде спремен.Бил кај Миленко у емисија,кај ашлак кој има ист интерес ко него,навистина,покажа спремност невидена,се гледаше дека тренирал...гзолижење.
     
    На mims-89, julie77, Offspring и 3 други им се допаѓа ова.
  19. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Драго девојче,

    На Латас му го чуваат газот од владава ;) Нека проба во некоја друга држава да прави вакви работи - да навредува јавно и тоа со вулгарни зборови, да повикува на омраза, да пцуе, да се заканува и што ли уште не... Ќе го ликвидираат одма како оној новинарон од Хрватска што го дигнаа во воздух со експлозивна направа...Само кај нас уште не се нашол некој таков будала, па Латас и Миленко да го кркаат стапот по глава...Каков професионализам виде на Латас жити здравје? :tmi:
    Можда книгата што ја пишува за Кос и Удба или дневникот што го води го прават да биде професионален :D Морав да редактирам
     
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Сега уште фали да слушнам од некого дека онаа Тања Бумбарката е професионална и начитана :o
    Богами во оваа држава и со ваков народ и малку ни е ова што ни се случува.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.