1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Уапсен е Љубе Бошкоски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ljubovnica, 6 јуни 2011.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Такви евра се тазе :) пари кои се чуваат во трезор. Сосема нови кои не се пуштени во оптек, а кој има пристап до такви евра е повеќе од јасно.
    Таква глупост на службено лице да чепка по докази :x :x ама баш сакам да слушнам одговор од Јанкуловска за тоа а Н.Г сигурно ќе каже дека не слушнал и не видел такво нешто зашто не бил на местото на злосторството :^)
     
  2. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Истото и јас го приметив...И нели рекоа дека имал пиштол во кола, па после демантираа...Твоево мислење би го надоврзала на моето погоре и мислам дека е очигледно дека е намештаљка и тоа класична :!: Дури и да се вистински еврата, такви потполно нови банкноти се чуваат или во сеф или во трезор...И ова со мобилните телефони - Па Љубе не е циган да му се невиди, па телефони да шверца на сред бел ден, во вмровски ресторан... |(
     
    На Kika30, SunFlower94 и julie77 им се допаѓа ова.
  3. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    немам коментар...само се прашувам кој е следен :^) :^)
     
  4. Siksi

    Siksi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    305
    хахаха ја сум следна !!
     
  5. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Па бога ми ко што цело време јадам го*на против нив,ништо чудно јас да сум следна.
    А и не се секирам ,ќе си имам елитно друштво.Се политичари,бизнисмени,судии :D
     
    На pink4ever и Zoza им се допаѓа ова.
  6. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    :D :D :D :D
    Целата елитната интелектуална структура на едно место, треба да се горееш... :rofl: :rofl:
     
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    23.643
    Додади и дека имаше камери спремни за снимање...
     
    На Kika30 и SunFlower94 им се допаѓа ова.
  8. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218


    Ај еве ќе ти помогнам сама да си одговориш: За сите имаше готови обвиненија уште не уапсени...а за Г-динот УБИЕЦ Спасов се чекаше под кое обвинение ќе биде изнесен пред суд 24 часа...оти многу беше тешко да се утврди дали е убиство или убиство од небрежност или нанесување физички повреди со смртни последици а сите овие три работи се мнооооогу различни една од друга. А убиство со голи раце како што знаете е најказниво и е од прв степен. Затоа...затоа што овој им излезе вонредно...а друго се си е спремно ...за тоа зборат останатите.
    Сега јасно е зашто некои работи бодат во очи? За тоа е револтот и затоа кривицата ја бараат кај владата и да криви се за секој тепачка знаеш зашто? Зашто го поделија народот на наши и ваши а сите сме едно....ама ај оди докажи....

    Пошто мрза ми е да пишам ќе ти кажам вака: БРАНКО НЕ ПОСЕА ОМРАЗА И НЕ ГО ПОДЕЛИ НАРОДОТ ОЧИ ДА СИ ВАДИМЕ ЕДЕН СО ДРУГ! ЈАСНО? ОВЧАРОТ ВАШ НИ Е*А МАМАТА НА СИТЕ ЌЕ ПОЧНИМЕ ЕДЕН ДЕН ДА СЕ ТЕПАМЕ ПО УЛИЦИ ЕДЕН СО ЕДЕН......ТОЛКУ.

    А БРАНКО....БРАНКО СЕ НАФАТИ ДА ПРАВИ ВЛАДА И ДРЖАВА КОГА МОЖЕБИ ТИ НЕ БЕШЕ РОДЕНА И КОГА КАКО ШТО СЕ ЦЕПЕШЕ ЈУГОСЛАВИЈА СЕГДЕ ВОЈНА ИЗБИВАШЕ...САМО МАКЕДОНИЈА СЕ ОДДЕЛИ МИРНО И ЗА ТОА КИРО ГЛИГОРОВ И БРАНКО СЕ ЗАСЛУЖНИ. ДРЖАВА ВО НАЈТЕШКИ ВРЕМИЊА ЗЕДЕ ДА ПРАИ КОГА ЦЕЛ БАЛКАН ВО КРВ СЕ КАПЕШЕ.
    Си ума грешки чоекот никој не вика не...ама барем не беше исфрустриран и искомплексиран како овој. За 1 година ке си се пцуете сами за кого сте гласале да ми веруваш.
     
    На ana992, DivineChaos, pink4ever и 3 други им се допаѓа ова.
  9. vikica.s

    vikica.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    59
    3 пати по ред губи сдсм,не знам што сакаат уште.па да беше погрешно се што прави никола (како што прочитав погоре) сега веројатно некој друг ќе беше на власт. искрено за онакво суштество како љубе треба само доживотна робија..не зборувам само за случајов со парите сега,туку за она што му го стори на јохан,кога го намести него за тој да оди на слобода..не знам како може мирно да спие знаејќи каква неправда му нанесе!
     
  10. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Да не грешам душа, ама мислам дека Љубета многу јако го наместија. Сомнително е како беспрекорно беше организирана акцијата, па уште и ден после изборите. Сите беа спремни и костумосани да дадат изјава и да свикаат прес непосредно по апсењето. Екипите на Сител и Канал 5 биле пред Воденица што се вика уште пред да дојде Љубе. Не велам дека можда не направил криминал, можеби не било местенка, ама па ова апла се гледа дека е исти случај ко со Велија-дури му одеше по гзот на Никола, не го чепкаше. Кога се сврти против него-право во зандана го смести да свири клавир. Исто и со Љубе. Цела елита почна да се збира во Шутка :rofl:
     
  11. vikica.s

    vikica.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    59
    ахм,значи монтажа се парите и телефоните така? океј,нека ви биде
    а што правиме со веста на а1 за "матната вода" во кратово? таква смешна монтажа одамна немам видено....
    знам дека темава е за апсењето на љубе,ама ако веќе некој тврди дека станува збор за местенка,тогаш ете нека биде споредено со вестите на "објективната а1 тв"
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    А зошто ли се расправа дали е монтажа или не, има причини за тоа изгледа :?:
     
  13. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Каква врска има СДСМ сега објасни ми? И што му сторил Љубе на Јохан? Љубе ли направи Јохан да го осудат? |( Ве бранеше во војната во 2001, за вака ли да го плукате... |(
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. vikica.s

    vikica.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    59
    што му сторил?? па зарем не ја виде снимката од која и тоа како се гледа дека го намести јохан? као демек да се префрли цела кривица на јохан за љубе да си оди дома и он него ќе го ослободел.ја глеав изјавата на тв,на сите телевизии ја даваа.не ја памтам цела али гадно го зезна.ако најдам линк ќе постирам..а за сдсм шо има врска? па нешо тука се зборуваше као они требало да се на власт али ете народот 3 пати покажа кој треба да е.како и да е,не е тоа битно мене ете за љубе ми беше зборот,затоа што не не бранеше тој туку татковците наши беа таму....
     
  15. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    ^^^

    Знам за која снимка збориш и веднаш ќе ти кажам дека истата никој не ја зема сериозно во предвид и извадено е све од контекс на неа...И точно е дека обичните луѓе од АРМ беа на фронт и не бранеа во 2001, ама не можеш да негираш дека Љубе не направи ништо за Македониај..Јас лично гледав како куршуми му летаа над глава и животот му беше на конец...Од каде ти е оваа омраза према Љубе? Ти лично сметаш дека треба да го мрзиш или во штабот на вмро ти рекоа така дека треба? |(
     
    На Blumarine му/ѝ се допаѓа ова.
  16. vikica.s

    vikica.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    59
    едноставно не ги сакам предавниците..ти сакај си го,твое право,јас не го сакам. а за кој штаб збориш? ако ти немаш попаметна работа од трчање по штабови,јас имам..да сум за вмро,ама немам намера да одам по штабови,да вадам членска карта и такви ствари...како и да е,нема смисла да се препукуваме,барем не за политика :D
     
  17. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Ниту имам членска книшка, ниту одам по штабови - ништо...Мојата работа нема допирна точка со политика, а ниту пак во компанијата кај што работам некој го интересира политика...Чисто за информација ти кажувам...А јас Љубе, не го познавам лично и приватно за да го сакам...Јас единствено го почитувам поради неговата храброст и упорност во 2001...Искрено се надевам дека еден ден ќе успее да докаже дека низ цела изборна кампања беше следен и прислушкуван и само се чекаше да поминат изборите и преку политички монтиран процес да го стават зад решетки, преку подметнување на трезорски пари во хартиена ќеса и мобилни телефони пред вмровскиот ресторан Воденица, наместени новинари и фоторепорери и сл... Јас го кажувам тоа што гледам со свои очи и врз соопствени расудувања, формирам соопствено мислење...4 години скапуваше во Хаг за вака ли да му направат? Фамилијарен човек со деца... :tmi:
     
  18. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Рамковски ај ќе речиме со право го затворија не плаќал данок..во ред...но сега љубе зошто..едноставно на груевски кој му оди против го затвора..измислува секакви приказни...затоа ве молам во јавност никако против груевски...зошто сигурно ќе завршите затвор
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vikica.s

    vikica.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    59
    па не знам од каде извлече заклучок дека мене од штаб ми кажале што да мислам за љубе,затоа и јас те прашав..во секој случај во ред, ти почитувај го бидејќи за тебе е херој,јас нема да го почитувам бидејќи за мене е предавник и тоа е тоа ;) и да,со моите 21година немам никаква потреба некој друг да го креира моето мислење,сметам дека сум сама способна за тоа,а ако еден ден се осознае дека грешам тоа ќе оди на мојата совест... ;)
     
  20. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Местенката или не што му ја приредија на Љубе Бошкоски беше повеќе од сликовита илустрација за моќта на "режисерите" на елиминацијата на некогашниот брат и јунак. А времето секако ќе си покаже дали тоа повеќе беше предупредување на неистомислениците или замајување на граѓанството. Ни прво ни последно. Секогаш пред телевизиски камери за да се понижи жртвата. За да се казни и пред пресудата која е очигледна. И за да не може да ја продолжи политичката кариера и откако обвинението ќе падне на суд, овде или во Стразбур. Дел од граѓаните секогаш ќе ги паметат оние "криминалци, злосторници, предавници и грчки платеници"