1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Уапсен е Љубе Бошкоски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ljubovnica, 6 јуни 2011.

  1. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218

    Да ти се разјасниме.................

    http://sky.mk/makedonija/8282-%D0%9A%D0 ... BE%29.html

    И уште нешто: Кога цела Влада на чело со оној од сенка името да не му го споменувам знаеме кој е, кога Ѕинго и ЛАтас, Амди Бајрам и фамилија, кога Јанко и Миленко заштитениот сведок и битангите околу него и сите тие КРИМИНАЛЦИ и не луѓе...и оние партиските удбаши за кои што закон не важи кои што палат и гасат и тепаат и убиваат и мува не ги лази и за чудо дури и убиениот испаѓа дека е крив не жртва па може и на суд да оди мртов човек..уште тоа ни фали значи а ќе не најде......кога сите тие ќе одат зад решетки тогаш ЌЕ ВИ БИДЕМЕ ЈАСНИ а и ТИ и Манја и сите слични на вас ќе ни бидете и нас јасни оти сега ...ВИЕ СТЕ НЕ ЈАСНИ не НИЕ!
    И ве молам извадете ги очилата...аман или ќутете, се прајте резил со коментариве. Никој не вика дека Љубе е цвеке за мирисање него луѓево се само згрозени како ако сакаат овие вашиве фашисти за еден ден можат секој од нас да го уништат дури да кажаш...ВМРОООООО. Ова и за вас важи!

    Уште сме нејасни?


    П.С. - За Манја666

    Убо ти беше кога Велија ги донесе овие твоите на власт? Тогаш не беше криминалец? Кога со Груевски си одеа и си идеа на мекици ова она? Кога ВМРО беше нај нај и кога ја бранеше политиката на Грујче? Тогаш не беше Велија криминалец? Како стана наеднаш од кога му сврти грб на ДПМНЕ!? Ах Маја Маја....некои работи едноставно се преочигледни а ти упорно слепа се праиш. Кај беше Грујо и компанија ак осе толку јаки мажишта да го стаат Велија во затвор кога шуруваше со нив и кога им одеше по ќефот!? За Вас А1 беше тогаш ЗАКОН! Сега ми ги праиш мажишта тие....ама ајде! Ако се мажишта зашто не ја затворат сега СИТЕЛ? Па нели сите знаеме дека има криминал таму така?? Тоа е факт и повеќе од факт!? Зашто бре Маја не ја затворат СИТЕЛ???? Нека ја затворат сега СИТЕЛ па тогаш да кажиш колкави мажишта се ок!? Ама сега дури се пенееат за нив...не кога ќе почнат да ги пердашат и да ја зборат вистината!??
     
    На MacenceEna и enca.69 им се допаѓа ова.
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Љубе си заслужи казна затвор, можеби бројот на досудените години е преголем но ќе видиме по жалбените постапки. Никој не треба да ја избегне казната која му следи, да не мешаме сега други кривични постапки, темава е конкретно за Љубе. Јас сум против тоа некој криминалец да избегне казна. Можеби има криминалци кои не ја добиле заслужената казна, не велам не, но во случајов правдата е задоволена. За другите случаи ниту ќе дознаам доверливи информации ниту пак ќе можам да променам нешто, како што не можам ни кај Љубе, па макар и го сакала тоа, што не е случај.
     
  3. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    7 години се многу, мислам и убијците не лежат толку. Ок е нека го уапсат и нека одговара, ама кај избега овој Мијалков, што демек ВМРО нема црни пари во кампања? Или СДСМ нама некои сплетки во предизборна кампања? Јас викам некој да ги следи сите пред избори, ке треба нов затвор да се гради. Абе ајде претаа стварно се проѕирни. Ама САД гледа, ке ни наплати за оваа ''недемократија''
     
  4. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Masnoli01 - Јас во ниеден момент не кажав дека оваа влада е совршена , не прави криминал и не направила грешки . Тоа го има секаде па и во најмоќните држави..тие што се на власт крадат , земаат мито , и имаат моќ па можат да им наштетат на тие кои се против нивните идеологии . Но , факт е дека на овој или на оној начин Велија е во затвор- заслужено , мене не ме интересира дали тој порано бил за ВМРО , СДСМ , ДУИ или некоја друга политичка партија зашто очигледно е продадена душа па е со оние кои најмногу му одговараат во тој момент . Мене ми е битно тоа што ниедна друга влада до сега немаше храброст да го стрпа во затвор затоа што неговиот криминал беше многу очигледен . Секогаш ми бил антипатичен без разика која партија го заштитува , мене само не ми е јасно како пред да биде уапсен Велија за сите беше криминалец , па сите се чудеа кога веќе еднаш ќе заврши во затвор .. а откако тоа го направи владата на Груевски тој стана жртвено јагне и сите треба да го сожалуваме ? Не е битно кој го штител , кој го штити или кој ќе го штити во иднина , мене ми е битно која власт конечно го смести кај што заслужува. За Љубе исто така , всушност ако добро слушнав тој и си го признал делото и сега треба да го бранам ? Треба владата да е крива затоа што тој нелегално си ја финансирал својата кампања ? И не е само овој случај кој што владата на Груевски го разреши само има уште многу за кои би зборела само темата е друга па да не се одалечуваме .
     
  5. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218
    Значи ....мене ама ич не ме интересира за кја партија бил и како се вртел и што е во затвор сега...реално таму му е и местото.
    Збориме за начинот за постапките и за двојните аршини Манја...тоа е цел проблем и не ја величи владата за тоа што му се спротиставила и го стрпала во затвор..жалосно е што тоа упалило кај тебе во твоето како што гледам рационално расудување. Не спорно што е тој во затвор ама ич.
    Спорно е тоа што е во затвор откако почна прљавиот веш на владата да го вади надвор што доколку и останеше верен на политиката на ВМРО верувај немаше да биде во затвор. Спорен е односот на владата и НЕ ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО: АКО СИ СО НАС ЗАКОН НЕ ТЕ ФАЌА АКО НЕ СИ ЗАКОН ЕПТЕН ЌЕ ТЕ ФАЌА!
    Дали ме разбираш!? Се согласувам со тебе во потполност но проблемот се двојните аршини и фактот што доколку си со власта и на најголемиот криминал со докази си невин ( 750 000 евра во шише на пример) а ако не се согласуваш со политиката на власта ондак и од невин си виновен а и за тоа што си правел ќе одговараш. Тоа важи и за Велија и за Љубе и за сите оние кои не се со власта и начинот на функционирање на власта: АКО НЕ СИ СО НАС СИ ПРОТИВ НАС!!! Нон сенс.
    И ако оваа влада била толку како што кажуваш ти...зашто не влезе кај Велија во 2006, 2007,2008,2009....и тогаш имаше криминал не го напраи Велија криминалот во еден месец или година!? Тоа е спорниот момент...не криминалот или тоа што се гонат криминалци!? Нека се гонат, и сите во затвор.... ама СИТЕ! Не да затвораш едни за да им овозможуваш на други да прават криминал. Тоа го прави владава. Тоа е се!
     
  6. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    А каде прочита ти јас да реков дека меѓу ВМРО нема криминалци?
    Криминалци има секаде,во секоја политичка партија.Порано или подоцна и тие ќе се најдат зад решетки.

    Јас само реков дека Љубе си заслужи да лежи во затвор и нема зошто да сожалувам човек кој врши криминал..Ако вие го сожалувате тоа си е ваше.Некои луѓе нема што да јадат а Љубе,Велија и сличните ќе шетаат наоколу со украдени пари во џебот тоа ли е праведно според вас?

    И Масноли да те посоветувам нешто.Нe си ја тупи толку главата со политика затоа што горе-доле сите се исти.Може да ги делиме само на подобри и полоши.Полоши мислам дека е јасно кои се,сакале вие тоа да си признаете или не.
     
    На Masnoli01 и Spell им се допаѓа ова.
  7. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Јас се извинувам што ќе заминам офф топик ама овој коментар е сувишен! Целосно реметење на темата и лично вреѓање или укажување кое треба да се сфати како наредба или накана дека МИСЛЕЊЕТО НА Маја666 и БлекСвон е погрешно во целост, дека они немаат врска што се случува во земјата, а во никој случај не се зема предвид личната перцепција на нив две.. И како да е малку, сето тоа спакувано со КАПС ЛОК и болд за да можат што подобро да видат дека во никој случај не се во право, само затоа што го кажале своето лично гледиште на случајот со Бошковски..

    ова како го разбирате вие?? Што? Немаат право да зборуваат оние што се спротивставени? Дај ви се молам не зборувајте за демократија во државното уредување, кога лично вие тука на форум не дозволувате некој да има свое мислење, а камо ли да го каже!!!

    И ПС- Ако има и други што прават криминал, нека покажат докази прво! Не суди без докази, ОК??
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218
    ^^^

    Јас се извинувам за офф топиков....ама само обајснувам тоа што на некој не му е јасно.
    А ти извини ама во случајов се имаш поставено како судија и извртуваш работи.
    Тоа што е со БОЛД за МАнја е затоа што не е исцитиран и нејзиниот пост затоа што немав време затоа не ради други.
    И ако читаш читај се па ќе видиш дека со Мнја многу убаво сме се разбрале.
    И јас не наметнувам мое мислење и не бранам некој да има свое....само и објаснував на Лебедчето Црно пошто не сме и биле јасни. И мислам дека многу убаво е објаснето.
    Така да не суди, читај и можеш да се сложиш или не твое право а не да судиш. Мнја разбрала зашто е со болд па си напишала фино лепо ти тука ми фрлаш обвинение дека не знам што праам. Не ме зезај.
    Па после се чудиме кај ни забега замјава и зошто! Еве зошто! Одма на КЛАДА!

    П.С.- Кога покажаа за А1 докази и за нивниот криминал? Досега требаше бре пресуда да има на толкав голем криминал не 1 година во притвор да се луѓето..ако имаше докази нели....има криминал не викам не...ама кај се доказитеее!
    А ти чекаш гледам за другите...ќе дочекаш и ти и сите ние. Мижи Митро, тулумби паѓаат.
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Зошто бе луѓе сам си го барал? Зар во времето на Тито живееме кога се одело на Голи оток за изречени навреди кон него? Нели е демократија и секој има право да кажува што сака! Крај краева не беше ни клевета, зашто Љубе со доказ излезе во јавност во врска со становите во Прага!
    И не ми е криво тоа што е тој во затвор, ако заслужил нека биде! НО КРАЈНО МЕ ВАДИ ОД ПАТИКИ ТОА ШТО СИТЕ СЕ ВИНОВНИ ЗА СЕ, САМО ВМРО СЕ ЧИСТИ КО СОЛЗА, ЗНАЧИ СЕЛЕКТИВНА ПРАВДА ДО БОЛКА!
    Милчин - кодош! Љубе - крадец! Велија - крадец! Сите крадат бе, сите кодошат, само од вмро се чисти ко солза, само кај нив ни криминал има, ни апаш има, ни кодош има. ПА НИЕ НАФТА ЛИ ПИЕМЕ?! Ете затоа ги мразам, и никогаш, ама никогаш во мојов живот глас од мене нема да добијат!
     
    На esperanca и JuLleE им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.172
    Допаѓања:
    235.011
    Што криминал изврши Љубе? Тоа што во книжна кеса од Зара му сместија лажни пари???
    Тоа е криминал?
    Ви се молам, сите знаеме зошто го затворија Љубе, да не се правиме многу паметни овде |( .

    Си плати тој за она негово Бандо криминална.
    Еве Искендер му пресуди.
     
    На esperanca и OzzyAngel им се допаѓа ова.
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    ваков таков, ама озбилно за банална работа го уапсија чоеков |( Hе дека го сакам,може да кажам и дека ми е антипатичен, можеби е и криминалец не знам, ама па и тие што го уапсија да не се цвеќе за мирисање

    Mу нашле 100.000 евра, и ајде 7 години во затвор

    па и да ја спонзорирал кампањата со тие пари

    вмро со чии пари спонзорира кампањи
    и сигурно не се 100.000 евра нивните кампањи, кој знае колку милиони се
    Mожеби заслужува да биде во затвор ако е криминалец, ама ајде брееј, поголемиот криминалец, го бутна криминалчето во затвор
    исто оди и за оној од A1
    сигуно и тој перел пари, ама... Hа овие тоа не им беше важно се дури не им застана на пат

    така да, ова не е спроведување на закон, туку леквидирање на сите оние што им застануваат на пат
    ... тоа е засрамота

    7 години?
    па убијците и силувачите толку не лежат господе боже, што држава сме
     
    На JuLleE и girl.23 им се допаѓа ова.
  12. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Иако ја поддржувам сегашнава влада , смешно е да се каже дека таа не прави криминал и дека е чиста како солза . Исто така сите сме свесни дека Велија и Љубе се во затвор, делумно затоа што ја плукаа власта . Но тие не затворија невин народ - тие се криминалци кои конечно си го добија заслуженото . Сепак мене како индивидуа не ме засегаат многу двајцата дотични , туку апсењето на Бајруш Сејдиу . Јас живеам во Куманово каде што до пред неколку години дотичниот го поседуваше целиот град . Тогаш беа СДСМ на власт а Бајруш сопственикот на фабриката во која работеше татко ми . Татко ми беше отпуштен исто како и многу други работници во Куманово . Тој не ја поседуваше само оваа фабрика туку и многу други , речиси половина од населението во градот беше отпуштено , а никој не можеше да се побуни или пак да направи нешто за да го запре Кумановскиот босс. Целта ми беше да кажам дека откако дојде оваа влада фабриката на татко ми повторно почна да работи а Бајруш денеска е зад решетки . Јас се запишав на факултет затоа што квотата ја намали оваа влада - во спротивно моите нема да имаа доволно средства за да студирам , денеска секој треба да има средно образование а владата им ги обезбеди средствата за школувањето , мојата баба - пензионерка за прв пат во нејзиниот живот оди во бања бесплатно и уште многу работи да не ги набројувам зашто веќе сум офф.

    Мое лично мислење е а кој како сака нека си го свати . Оваа влада не е совршена , има криминал и корупција , но јас лично живеам многу подобро откако тие се на власт , затоа ги поддржувам .
     
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    да, може се криминалци,не може туку сигурно, ама мене ми е иронично во целава приказна- Kриминалец да става криминалец во затвор :D
    E ова ми е виц најискрено :) :)
    и на крај краева љубе и велија не ми правеа мене дирекно криминал, не ми скратуваа од моите пари, се знае кој живее од моите пари :)
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Да, 7 години му сместија на Љубе, а за убиецот на Мартин Нешкоски сеуште се натегаат по судови! Срам да им е, уште будно го следам настанот со тоа, на секој можен ебан начин пробуваат да го заташкаат тоа убиство!
    И баш ме интересира дали воопшто ќе го осудат тигарот и на колку години! Срам да им е!
     
    На crazyinlove19, esperanca и MissSpark им се допаѓа ова.
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    убиецот на Mартин нема да оди во затвор
    исто како и оној што прегази стар дедо со мотор

    Tие не се криминалци, како тоа
    парите се побитни од човечкиот живот

    или подобро кажано столчето...
     
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.184
    Допаѓања:
    23.863
    Ај да видиме дали некој друг ќе има г* да го нарече нашиот сакан премиер лопатар во јавност после оваа пресуда :^)


    После Тито не чинел, праќал луѓе на Голи Оток.. Ех бре Македонци.
     
    На Philipa, JuLleE, esperanca и 1 друга личност им се допаѓа ова.