1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Уапсен е Љубе Бошкоски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ljubovnica, 6 јуни 2011.

  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Вистината е дека порано или подоцна вистината излегува на виделина. А вистината некогаш знае да боли, епа нека боли, ама криминалците нека завршуваат кај што им е местото

    Веќе признал. Така барем прочитав на вести 24
     
  2. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    a зашто го иселија од сопствениот стан Ѓунер Исмаил после 16 години?
     
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Деца, веќе иритирате со проклетите бесплатни учебници, компјутери, спортски сали и превоз.
    Секој трет пост со овие СПЕКТАКУЛАРНИ „РЕФОРМИ„!
    За добра иднина на моите деца сакам развиена економија и извоз на македонските добра во светот и сама да им купам и да платам од свој џеб и примања она што им е потребно на моите деца, а не да чекам да им дели некој милостина!

    А околу тоа дека било трагано по Љубе за екстрадиција во Хрватска и претходно зошто не беше уапсен човекот досега дури јавно излегуваше на митинзи не се криеше и точно според распоредот на митинзите можеа да го уапсат, тајмингов ви е како на шпанска серија мајку му или требаше да речам турска или вотевр?!
     
    На enca.69, AIT, Blumarine и 4 други им се допаѓа ова.
  4. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Додека се на наша страна - сите се чесни
    Кој ќе се сврти на друга страна - преку ноќ станува криминалец (во стил на американ моуст уантед)

    btw некој спомна пониска партиципација на факултети? пред 5 години коа се запишав државна квота беше 200 евра, лани другарка се запиша, државна квота 400 евра. А да не спомнувам дека порано ич не ни плаќале во државна. Ова пример за лично што го знам, за друго не би коментирала

    И Велија и Љубе заслужуваат да се најдат таму каде што се. Ама кај нас вакви колку ги има, ќе ни треба нов Голи Оток да ги сместиме сите. Али не важи законот за сите изглеа, тоа е тоа што "боли"

    Ако си со власта и правиш криминал - тоа не е грев, оправдано е
    Ако не си и правиш криминал - тогаш си Тони Монтана
    Вака се дефинираше правда?
     
    На happynessss, Theodora, interesna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Граѓанска војна ќе избие...не бе 3 светска ќе да е! :fubar: |(

    Овој никогаш не ни требаше да го пуштат на слобода...не дека другите не крадат...ВМРО, СДСМ и т.н сите крадат ама овој е посебен и не е само крадењето да ве потсетам на Љуботен.

    Што си напнала да го браниш и да ги квалификуваш луѓето како глупи и прости...кој фактор си па ти?
    Секој има право на глас и ќе го искористи како сака па и за Хитлер ако сака нека гласа (така иде зборот)!
    А Соња треба и полошо да му направи на Љубе поради сите
    срања
    што ги направил, а потоа си нашол добар адвокат и на слобода си е братчето...а Јохан скапува таму!
     
    На doll му/ѝ се допаѓа ова.
  6. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    Ццц..арно ! Кога знае да го нарекува премиер на држава лопатар, диктаторче, и сл. други навреди...Што се замислува тој ?! Дека ако го дави оној што го научил да плива ќе помине така лесно и неказнено ?! Не бре брату! Народов те сакаше ко нешто свое, ко нешто најмило ама ти го предаде ! :x
     
  7. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски

    Треба да бидеш без памет за да веруваш дека превара како Груевски ке гледа прво за невработеноста која е на многу ВИСОКО ниво, а не за триумфални порти и не знам какви се други сра*а. Е по тој основ такви слепци кои упорно мислат дека тоа е многу добро ги класифицирам како прости и глупи. ;) Нека победеа ВМРО ама да го нема Груевски од политичката сцена. Тој е трнот кој на сите им смета, ама како што реков, македонскиот народ за еб*ни 500 денара или 50 евра сеедно, си го продава гласот!! Ај чао
     
  8. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Да бе...додуша за времето на СДСМ никој не беше невработен, не крадеше, немаше криминал во Македонија.

    Па Боже мој девојко што збориш?

    И секој ќе верува во тоа што тој сака....или да бе ти беше паметната одстега тебе ќе те прашуваме за кој да гласаме....не за друго да не бидеме прости! |( |( |( |( |( |(

    Поздрав :hai:
     
  9. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Anely ако побараш може и ке видиш дека веке имам кажено дека не велам дека СДСМ се китка за мирисање. Тие краеа, ама со стил. И ај ти кога си толко паметна па оди сечи со Грујо ленти за отварање на контењери ке имало сега слушам. :lol: :rofl:
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Aaaa заради навредите ли го ухапсија :lol:
    Знаеме тоа само требаше и некој да си каже :rofl:
    Кај смееш така да го вреѓаш пастирот бре еј :rofl:

    Шала на страна и јас мислам дека тука има некоја вистина и не е се одмаздничка политичка креација, но кој ли ќе ги проверува главните лидери и како ли ќе завршеше Франкфуртскиот Мафијаш/Робијаш да не му свртеше грб на братот :^)
    Најверојатно ќе беше тоа легализиран транспорт на стоки од и во Германија од кои двајцата па и потесниот круг ќе ја уживаа користа...
    Зашто како што кажа една феминка сигурно главните не се во постојан контакт со Папата ама кој остана нив да ги прочешла...

    Одмаздата започна...
    Кој е следен :?:
     
    На Blumarine и SunFlower94 им се допаѓа ова.
  11. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Ќе гние уште 8 години затвор, само заради тоа што беше против Грујо.
    Почнаа реформите на Диктаторчето :devil: :@
     
    На izaaaaa и HeidiDiWalt им се допаѓа ова.
  12. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158

    Да речеме ќе гние затоа што бил против Грујо. А ова денешново, што го признал и сам , да му го простиме ли?
     
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    А ова твоево речник на ниво кој треба да служи како пример или репер, :D ?!
     
    На Ema.Sk, creshicka и pink4ever им се допаѓа ова.
  14. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    За жива срамота еј!!!
    А1 објави за Мијалков- ќе ја затвореа
    Бошковски збореше по митинзи- го затворија. Па, луѓе бе слепи ли сте, па што пак ги изгласавте???!!! Или толку многу пар фрлија на подмитување. Абе македонче продадена душо !!!

    Еве сега гледам вести, се шпекулира дека е наместено. Ќе видиме што ќе се случува на крај.....
    Почнаа пак со апсењата за ордени......
     
    На Bunny05, AIT, Blumarine и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Добро со секое земено мито, за секој криминал што ќе се направи, за секоја тепачка што ќе избие за се е крива владата и Груевски според вас
    Коментарите од типот почна диктатурата се чисти глупости зашто лесно е да се збори од оваа страна гледиштето на работите
    Како што прочитав погоре Господинот Љубе Бошковски бил следен одреден период и ако бил уапсен пред изборите ќе било еден вид на прекршување на власта. Уапсен е денес ден по избори и одма диктатура
    Ниеден политичар не е чесен, ама ако Љубе си заслужил нека гние во затвор заедно со Велија
    Секој човек си има право на глас, а тоа што победи Вмро само покажа дека направиле нешто и заслужиле за народот да им верува и ајде више нека ја исчистат нашава држава од криминалци
     
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Три месеци е следен Љубе.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Убаво си кажа жена му. Го апсат и за една минута има организирана прес конференција (провидно е дека е планирана акција).
    Па, Ратко Младич и Бин Ладен кога ги “средија“ немаше толку добар тајминг за прес конференција ;)
     
    На Blumarine и BoaVista им се допаѓа ова.
  18. Cia-ra

    Cia-ra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    34
    Нема потреба ти да му простуваш ништо, ако правел криминал нека одговара, само не го разбра моето прашање: Зошто ако зимал рекет 5-пати не го затворија порано? Аууу да ми кажа заборавив дека било поради тоа да не изгледало како политички притисоци, а сега што изгледа како политичко одмаздување што правиме. Тоа се приказни за мали деца кои не држат вода повеќе. Ако е така многу обзирна министерка имаме му дозволува не Велија 5 години да не плаќа данок, на Бошковски му дозволува да зема рекет 5пати. Работата е многу повеќе од јасна, ЗАПОЧНАА РЕФОРМТЕ-РЕФОРМИ НА ОДМАЗДУВАЊЕ.
     
  19. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Епа организирана е прес конференција зашто подолго време го пратат што прави, ама пред избори не смеат да го уапсат. Значи тоа е организирано како иначе би имало толку полиција на местото на настанот. Мора одма да има прес конференција за да кажат зашто е уапсен
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Сосема нормално дека веднаш ќе има прес конференција, кога човекот е подолго време следен. Се знаело денеска дека ќе ги земе парите. Испланирано е. Секоја акција од сличен тип е таква. Се знае однапред затоа и се реагира тогаш.
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.