1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Уапсен е Љубе Бошкоски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ljubovnica, 6 јуни 2011.

  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Да, така е а и знаеме каков е бунтовен Љубе така да не ме ни чуди, истотака не ме чуди од кај извадил и како пари за кампањата. Сфаќам пораз, сфаќам да мислите се најлошо за Владава, ама што ги апси криминалците се буните, и ги браните?! Не, не е објективно и да, ќе видиме што ќе биде ако се докаже дека е виновен нека згние како што гние Јохан во Хаг.
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Политичка заслепеност.
     
  3. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    така е целосно се согласувам, и тоа ова апсење е планирано. почна диктатурата запомнете го датумот. следен кој е? Шекеринска? Бранко? КОЈ? Манасиевски, па зато си даде оставка? ако некој треба да се затвори ради злоупотреба на позицијата е премиерот, цела кампања ја направи со државни пари, ко ке го отворам поштенското сандуче ми се плачи кога ќе видам дека ми ставиле 5 безмислени флаери како ја фрлаат шекеринска и бранко в ѓубре, кога 1000 флаери такви чинат 100 евра, колку од државната каса се земени закампањата на дотичнава власт колку? а теророт, а списоците, а заканите, а претепаното момче синоќа? колку години во затвор се тоа ? имам луѓе кои се членови кај Љубе, тој имотот го даде под хипотека, некои од постарите членови крај со крај врзуваа приватно за да се соберат пари закампањата. срам даму е на Хитлер, ме тера да се срамам што сум Македонка, да ги плукнам сите познаници што го поддржуваат, после целата негова кампања и претерано крадење и трошење државни пари и терор и уцени.
     
    На enca.69, HeidiDiWalt, happynessss и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Не станува збор за бранење криминалци далеку од тоа туку за едноставен принцип на подеднакво третирање на сите политички личности, а не примена на селективна правда ти си со мене ќе ти прогледам низ прсти, ти си против има да гниеш и страдаш и за тоа што си и за тоа што не си виновен. Да не набројувам примери сите знаеме колку од нив на овој или оној начин се извлекле и тоа е она што мене лично најмногу ми смета, значи на еден начин се недопирливи и како да имаат имунитет излегува. Барем во западниот свет политичарите навистина одговараат за своите постапки и нема изземање од ова по никаква основа и ниеден премиер или претседател нема да те помилува нити па да ти смести ваква стапица од одмаздољубиви мотиви.
     
    На tanja6, julie77 и FBI им се допаѓа ова.
  5. Halo

    Halo Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    E па сега виде Љубе кој е "лопатарот" ;) .. Кога многу му збори устата нека му е така ;)
     
    На Tashaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Епа Теодора, во оваа држава тоа е проблемот, што многу малку политичари одговарале за стореното, а се провелекуваат од првата влада на земјава до сега до последнава и си владеат спокојни, макар што за нив досиеа стојат во фиока со години и само се трупаат работи. И од една страна е тој проблем селективна правда, бидејќи едните се наши, а од друга страна се други фактори поради кои се чека.
    А и јас би сакала, како во Франција да речеме еден министер пред неколку години им беше казнет што од воз фрлил некое книвче и некој го пријавил. Си плати за тоа мало нешто казна.
    Тоа го сакам и тука, ама ради тоа што не се почнало од сите страни нема да го оправдам Љубе, кога и самиот си изцмиздрил дека знае дека е крив и дека не требало така. Да не било така, да му подметнал некој пари, друго е. Ама не е така. Се радувам за секоја акција и само се надевам ќе се очистат еден после друг сите меѓусебе, пошто редно време е бавно да се изчистиме од едни и други јавачи.
     
  7. Happygirl13

    Happygirl13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    60
    Пред полициската станица во Авоткоманда врие од новинари и од народ.Не ти даваат ни да поминеш.Може пред еден ипол саат го нападнаа Љубета :D ,толпа новинари се стрчаа абе хаос беше!Инаку не верувам дека ова е некаква одмазда од власта.Ако е невин тоа ке се докаже кога-тогаш.
     
  8. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Се согласувам Жапче нека се чистат полека сите оние кои и го црнеат и онака многу поцрнетиот образ на Македонија, последиците ги трпиме ние и само ние...
    Ама како што кажа бавно е, а посебно бавно ќе биде додека да се стигне до врвот...
    А многумина и ќе ја избегнат чистката и покрај сите обвиненија со лесно спечалените пари и моќ ќе излезат прочистени, невини а богами некои ќе ги сториме и народни херои.
    Уште долго така ќе функционираме изгледа :x
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    ајде сите по ред сите :D после него бранчи и шекерот :D и на крај тој николче и неговите ќе ги стави у затвор пред него да го стават :D и тој што е нај паметен ќе си седи мирен и коа сите ќе бидат у затвор тојј ќе се ширии ајмоооо народеее ефтинии сме ние македонците сите идете у ..... ај нема врска :D
     
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Па дај Боже да се очистат само што мене ми се чини дека не ќе остане кој да владее нити па опозиција бидејќи и кај едните и кај другите има толку валкан веш што ни Дризла ни Мауцкеров во близина ни сите депонии во земјава немаат капацитет да ги акумулираат.
    Не го правдам Љубе нека си одговара тој за своите дела туку ми смета баш тоа чувањето по фиоки на претходните случаи, наводно се убрзуваше решавањето на спорови и веднаш излегува пресуда за тоа како некој го упукал гулабот на соседот, а овие звучниве политички манипуланти уште бркаат други манипуланти, ова како со потсмевот на посраниот на помочаниот му доаѓа.
     
  11. Tashaa

    Tashaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    38
    така така нека си ги апсат криминалците !
     
  12. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.733
    Допаѓања:
    8.091
    Пол:
    Женски
    Единствена причина на која моментално можам да се сетам,да покажам емпатија кон кутриот Љубе и слични на него и да се згрозам од ваквиот грозен диктаторски чин,би била да гласав за Рада и компанија лузери. :D
    Тоа ми е пожално од трагичната судбина на Љубе,а од некоја причина ми е смешно. Стварно комплицирана работа.... :?:
    И едвај чекам А1 да сними потресен документарец за ова.... :lol:
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  13. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Секој оној кој не гледа пристрасност и селективност во овие спектакуларни апсења дефинитвно носи црвени очила..Еднаш реков и пак ќе кажам..сите криминалци нека си одат таму кај што им е местото, ама СИТЕ.. а не Мијалков и компанија слична на него да се прават локални шерифи додека власта глуми лудило со делење правда. |(
     
  14. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Искрено, би го оставила да изгние таму.

    Прво, дали знаете кој го извлече “братов„ од Хаг?
    Епа ако не знаете, да ви кажам, тоа го направи ВМРО.

    За да, дотичниов, после некое време се сврти против Владата, предизвикува општи немири и ја користи ситуацијава во земјава за свои сопствени интереси, за една бедна фотеља, што се знаеше дека нема ни да ја добие.
    Човеков ми е антипатичен до даска, буквално, прво кога го слушам како зборува на телевизија, мозокот ми се заморува, а второ, не испадна воопшто фер спрема лицата кои што му го скратија престојот во Хаг.
    Ова што го читам моментално, воопшто не ме ни зачудува, сигурна сум дека омилена поговорка му е: „Рано куче да те лае“ и си се води според неа. Му успева по се` изгледа.

    Епа, воопшто не ми ни е гајле што го затвориле сега, крај краева, го признал и самиот тоа, нема да се замарам со вадење на разни факти за да го оправдам.


    Друга работа.
    Почитав погоре некој во својот пост имаше изнакажувано милион работи за Тарчуловска. Каква и да е, вас тоа совршено не треба да ве интересира.
    Не знам како можете да бидете толку сурови и да ја осудувате, пробајте еден момент само ставете се на нејзино место и чукнете си ја главата дали е во ред тоа што го кажувате: Не поради неа, туку првенствено поради нејзините деца.
    Искрено, од се` срце посакувам побрзо ослободување на Јохан, не поради друго, туку поради тоа што сум човек.
    А, дали тоа она е прва дроља, кафанска певаљка или член на црковен хор, ни малку не ме интересира.

    И да, не сум воопшто определена за некоја партија, иако според постов морам да признаам дека оставам таков впечаток. Ме изиритираа одредени работи на темава, па си земав за право да искоментирам.

    Толку.
     
    На zhap4e, starbucks и Tashaa им се допаѓа ова.
  15. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Нека ги апсат за да не остане некој кој би имал смелост да го открие нивниот криминал :tmi:
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.679
    Е доста беше! Мене ми е јасно дека темиве се чувствителни, но навредите МОРА да престанат.

    Или ќе треба да ја заклучиме цела категорија „Политика и настани“, или ќе почнеме да банираме на еден ден за секоја изречена навреда.
     
    На DeDee, HeidiDiWalt, Miss-Independent и 3 други им се допаѓа ова.
  17. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Ова второто е одлична идеја Билка. Нека се научат на ред и почит
     
  18. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Jaс се извинувам на сите кои се осеќат навредени од моето мислење.
    Само сакам да прашам зошто само мене ме опоменавте кога има и други навредливи коментари во другите теми, а и во оваа?
     
  19. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Ти си слушнала дека во судот во Хаг или меѓународниот затвор Шевенинген во кој се наоѓаат притворените или веќе осудени затвореници за тешки злосторства врз човештво не функционира како во Македонија?
    За да излезе некој им требаат цврсти докази за невиноста па макар истрагата траела со години.
    Ако е некој пуштен е затоа што се докажало тоа, а оној кој си е таму си е со причина.

    Не е ова во одбрана на Љубе Бошкоски туку едноставно морав да реплицирам на крајно смешната изјава од твоја страна дека ВМРО го извадиле од затвор.
    Државата беше должна да си плати одбрана затоа што се сомневаа во неговата невиност што и очигледно се докажа, а башка на народот им го сервираа како НАРОДЕН ХЕРОЈ кој ќе го бранат до смрт.

    Е сеа еве како ќе завршиш ако му свртиш грб на главниот...
     
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Оваа ситуација со Љубе ќе ја искоментирам само со неколку депешеа кои американскиот амбасадор ги испраќал во Вашингтон, а кој се појавија на Викиликс. Во нив на најдобар можен начин е опишано владеењето на оваа влада.
    Треба ли нешто да се коментира? Мислам дека не, јасно ни е на сите веќе!
     
    На tanja6, enca.69 и Cia-ra им се допаѓа ова.