1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Уапсен е Љубе Бошкоски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ljubovnica, 6 јуни 2011.

  1. Luss

    Luss Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Така му треба на предавниците! уште една одлична идеја од срана на МВР....нека се научат на ред и нека ги почитуваат законите во оваа земја!
     
  2. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Мислам дека ставија обичен примерок, а ти во иднина внимавај на однесувањето ;)
    Поздрав :hai:
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.679
    Опомената е групна, а не индивидуална, и важи за сите, без исклучок. Едноставно го цитирав конкретното мислење како најсвеж пример.

    И уште нешто. Ве молам да пишувате конструктивни мислења поткрепени со аргументи, а не мислења од типот на „ХАХАХА, така ви треба...“, кои единствено ја подгреваат атмосферата и со ништо не придонесуваат во дискусијата. Таквите мислења ќе ги сметаме за спам/оф-топици и ќе ги бришеме.
     
  4. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Koга ќе дојдат СДСМ на власт под кое камче ќе се кријат Ѕинго и Латас замисли :D
    Ама на нивна сметка Велија-ќелија ќе е на слобода.
    Криминалот не се искоренува.
    Постои во секоја држава и е тесно поврзан со медиумите и политиката.

    Инаку јас немам некое одредено мислење.
    Од една страна среќна сум што е УХАПСАН(Velija's dictionary) бидејќи се усвои на седница на собранието, адвокатите, храната и сите останати услови додека се Љубе и Јохан во Хаг да ги плаќа државата.
    Е,сега Љубе на сметка на Јохан излезе од таму, благодарение на владата.. истата таа по која почна да плука.
    Но од друга страна, очигледно е дека е наместен. Добри сценаристи се македонциве.
    Уште се чудам зошто немаме развиена филмска индустрија.
     
    На faye, macence85, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Ти си слушнала дека во судот во Хаг или меѓународниот затвор Шевенинген во кој се наоѓаат притворените или веќе осудени затвореници за тешки злосторства врз човештво не функционира како во Македонија?
    За да излезе некој им требаат цврсти докази за невиноста па макар истрагата траела со години.
    Ако е некој пуштен е затоа што се докажало тоа, а оној кој си е таму си е со причина.

    Не е ова во одбрана на Љубе Бошкоски туку едноставно морав да реплицирам на крајно смешната изјава од твоја страна дека ВМРО го извадиле од затвор.
    Државата беше должна да си плати одбрана затоа што се сомневаа во неговата невиност што и очигледно се докажа, а башка на народот им го сервираа како НАРОДЕН ХЕРОЈ кој ќе го бранат до смрт.
     
    На interesna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Кога се врати Љубе од Хаг, требаше да си седи мирно на газот...Се вмеша повторно во политика, па се кандидираше за претседател, па после основа своја партија ОМ и започна жестока кампања против владата, а ситуацијата со него стана многу чувствителна кога излегоа шпекулации дека го предал Јохан за да излезе од Хаг...Ова со предизборната кампања му ја прели чашата, посебно кога јавно на секој митинг го споменуваше Мијалков и компанија...Ете си го доби сега убаво...Има многу имот и тука и во Пула, семеен човек...Што му требаа вакви хирови? :^) Он впрочем и не е некоја ѕверка во државава, ниту пак важен политички фактор...И друга работа :!: Воденица е познат и елитен вмровски ресторан, со астрономски цени...Што бараше Љубе ден после изборите да оди во Воденица, со торба пари, гомило телефони и оружје во колата на паркингот? Не ми воопшто јасно... :^)
     
    На ciribiribela и Dgirlll им се допаѓа ова.
  7. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    615
    Пол:
    Женски
    Воопшто не верувам во тоа, не дека сум нешто на негова страна ама тоа е всушност само сплетка на груевски, т.е ВМРО! убедена сум во тоа, ова му е како наплата за тоа што ги изнесе на виделина навредите и прљавите работи на вмро за време на предизборната кампања... :geek:
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    За провокатор, провокатор е за тоа мислам треба сите да се согласиме.
     
  9. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Се согласуваме ние сите, туку дали заради тоа и го уапсија ќе си дебатираме до бескрај...
    Изгледа најголемите криминалци кај нас биле политичарите ама сите оние од немоќните политички парии, па и оние кои беа сериозна закана за избориве :lol:
    Кој ли ќе е следен :^)
     
  10. eemmiilliijjaa

    eemmiilliijjaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    213
    јас не разбирам на кој памет се тие луѓе (возрасни) трчат по комбето како што трчевме по идолите хаха
     
  11. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390

    ДА ДЕ ДА ОВА Е МАКЕДОНИЈА .. ПА КОЈ НЕМА ВРСКИ КЕ СКАПУВА ВО ЗАТВОР КОЈ ИМА КЕ СИ СЕДИ КЕ СИ УЖИВА ЦЦЦЦ.... НЕ ЗНАМ НАВИСТИНА ШТООО ЕЕ СООО ЛУГГЕВООО ?????[/quote]
     
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Јас искрено ќе си кажам, од Љубе ми се гади! :puke: Работава.. Рани куче да те лае.. Еве баш даваат сега на а1..
     
    На UbavkaBube му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Значи, ве читам и се тркалам од смеа.

    Владата го ослободила Љубе од Хаг? :D :D :D :D :D
    Посмешен виц не сум прочитала досега.

    Вие изгледа уште не сфаќате кој е тој што диктира кој ќе лежи во Хаг, а кој ќе излезе?
    Ви препорачувам да ги прочитате мемоарите на Карла Дел Понте, поранешна обвинителка во Хаг, која патем, додека беше актуелна „колеше и бесеше“, а откако ја шутнаа оттаму, почна да ја „гризе совеста“ па напиша книга во која признава дека судот во Хаг и затворот Шевенинген се формирани исклучиво да ги апсат Србите, Хрватите и Македонците кои вршеле „геноцид“ врз муслиманското население.

    Поранешниот висок функционер од СДСМ се најде под жесток притисок од јавноста поради фамозната изјава за загинатите од Вејце: „Тие се херои на измислена војна“. За жал, ниту еден од власта не беше повеќе во право, освен, можеби тогашниот премиер Љубчо Георгиевски кој јавно и без страв призна дека ОБСЕ и КФОР ги потпомагаат „ветераните на ОНА“
    читај: терористите на ОНА, како огранок на косовската ОВК.
    со цел Македонија да ја претворат во протекторат на НАТО.

    Лонг стори - шорт. Ниту Љубе, ниту Јохан не требаше да лежат во затвор ни еден ден. За жал, нашата земја е „толку моќна“ и работите се такви какви што се.

    И престанете да го користите изразот „комуњари“ - ужасно ме нервира кога некој упорно дрдори, а не разбира ништо. Тие таканаречени „комуњари“ два пати досега ви дале држава, за да можете да типкате со маникираните рачиња и да млатите празна слама - еднаш во 1945 на заседанието на АСНОМ, кога македонската држава, народ и јазик беа признати и еднаш во 2001, кога децата на офицерите од ЈНА беа мобилизирани и пратени по касарните во Тетово, Гостивар, Дебар и шарските села, а „патриотчињата“ бегаа преку ограда кога сфатија дека не се работи за еднонеделна вежба на Криволак, па ја „бранеа“ татковината берејќи портокали во Грција или криејќи се по тавани или визби.
     
    На LilMissBossy, HeidiDiWalt, Theodora и 8 други им се допаѓа ова.
  14. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Нема да навлегувам во тоа зошто го уапсиле Љубе ,но морам да искоментирам за начинот на кој е тоа направено. Значи во време на апсењето тука имало телевизиски екипи (случајно????),го апселе пред неговиот син кој на снимката на телевизија може да се примети како избезумено скока (каков таков него му е татко ,тој е неговиот херој),за апсење на еден човек и тоа во кафана се ангажира цела полиција (зарем толку е опасен човеков?,па како го оставиле да шета слободно до сега),зошто целава оваа работа мора веднаш да се пласира во јавност (ги апсат за слава или затоа што се грешни пред законот). Бидејќи живеам во близина на Воденица морам да ви кажам дека до 19 и 30 часот околината на кафанава во радиус од 1километар изгледаше страшно и морничаво ,на секој чекор имаше полицаец со панцир и пушка во рака што мене како возрасна ме плашеше ,а замислете само каков стрес доживеа мојот син кој за да си дојде дома од училиште мораше да го види сето ова!!!!
     
    На enca.69, HeidiDiWalt и Shana им се допаѓа ова.
  15. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Па добро сега да не требало да го уапсат со бонбонче или локумче? Пример да е дома како би го уапсиле? Му знонат дома, излегува син му, му велат извини дома е татко ти? Ај ти оди во другата соба да не гледаш, ние имаме една работа со него не баш пријатна за твои очи... :^) Па не го приведуваат за погрешно паркирање... Ако некој требало да мисли на детето тоа е неговиот татко, никој друг...Велиш зар е толку опасен? Носел пиштол со него, да не треба да ги прашаат комшиите каков тип на човек е, дали би пукал или не?
     
    На Stam му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Не бе Шкорпионка вака треба да се апси.Или па ко дечконо што го уапсиле алфите-претепување до смрт.
    Ете тоа се реформите на Груевски.Од сега апсењата во една демократска земја треба да се одвивват на тој начин.

    И како второ,оружје со него воопшто не носел,не зборете на памет само,оружјето е најдено во кола,а и да било во него,тој не ја напднал полицијата.Воопшто не се ни противел на апсењето,а они се понашаат ко АлКапоне со митролез во раце да апсат |(
     
    На Cia-ra и Blumarine им се допаѓа ова.
  17. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Не ми се допаѓаат филмскиве апсења, но веројатно мора да бидат такви , транспарентни и пред сведоци. Долоклу нема филм за време на апсењето, ќе има покасно ... но тогаш режисер ќе биде обвинетиот.
    Којзнае каква ли е целава приказна :?:
    100.000 еур :x
     
  18. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Никој не рече дека се противел на апсењето,и што е битно дали оружјето е со него или во кола? Требаше ли да го прашаат-дали носиш со тебе оружје или во кола ти е, па да знаеме на кој начин да те приведеме??? И ако имаш гледано снимки од приведувањето ќе видиш дека е изведено на еден мирен начин, а тоа што биле повеќемина со панцири и оружје ти е стандард процедура...Каде видовте вие хорор приведување не ми е јасно???
     
  19. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    И да го носел имал право на тоа. Ако не е така нека му ги одземат ингеренциите на тој што му ја издал дозволата за поседување на оружје. Проблемот е во парите.
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.713
    Допаѓања:
    150.525
    Требало во шише да ги пикне парите,многу непрофесионално,многу!

    Нејќум да коментирам за Љубета,туку ќе речам,само кај нас има вакви спектакуларни апсења,со митралези,со покриени фаци,со панцири...чиниш Ал Капоне лично го апсат. Зошто?! За народ да гледа и да се плаши...
    Стравот е најлесен начин за манипулирање со луѓето,а се промакнува низ многу форми,нашата е ... преку полицијата.
     
    На Mygirl, Dreamer, Sweety-Tweety и 10 други им се допаѓа ова.