1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Уапсен е Љубе Бошкоски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ljubovnica, 6 јуни 2011.

  1. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Епа ако гледаш Шкорпионке така дали знаеле дали во него му било оружјето или не,ондак од кај знаеле дека воопшто имал оружје???Чим не го извадил и не се спротиставил!Тоа ми беше зборот.
    Ваквото филмско апсење и претресување за мене не е воопшто мирно.А ако не си запознаена како тоа треба да изгледа,тоа е више друг проблем |(

    И не збориме за парите,него проблемот е начинот на апсење ако не ми ја разбра поентата
     
    На cherry.blossom, Cia-ra, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Мисче залудно се трудиш да им објасниш, верувај. Имавме искуство и во темата за Велија да објаснуваме за непотребните филмски апсења кои ги спроведува власта, и во документите на Викиликс е обелоденета причината за таквите спектакуларни апсења кои имаат за цел да влеат страв кај луѓето, ама очигледно некои луѓе поради својата партиска обоеност не гледаат и не сакаат да видат ништо. Ма што е битно што им се случува на другите нели, битно тие си ги задржале работните места.
    Ноу комент. Туку во врска со Викиликс и објавените документи, зошто молчите? Не ви одговараат или?
    И да, прочитав дека нашата Влада заедно со Саудиска Арабија била единствената која демантирала вест од Викиликс :lol: . Сите други влади кои биле засегнати, индиректно ги потврдиле објавите.
     
    На Miss-Independent, Cia-ra и machorka им се допаѓа ова.
  3. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    А дали вие заборавивте дека сестра Љубе е предавник и дека го предаде Јохан само за да се спаси себеси.Ако направил криминал(А верувам дека направил оти изгледа сам си признал) заслужува да оди в затвор како и Велија и сите други криминалци.Ја обвинувате власта затоа што го казнува криминалот? Туку изгледа дека а1 ви ги испрала на сите мозоците и не можете да ги согледате работите.Па што направи Бранко кога беше на власт-ништо.Не направи ни пола од тоа што Груевски го направи и изгради.Оваа власт е најдобрата која Македонија ја имала и се трудат да направат нешто додека на Бранко му е важна само премиерската позиција и фотелја.
     
    На AhThatFemaleProblems му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Нема потреба од понатамошни препукувања (барем од моја страна не го чувстувам тоа), потполно се согласувам со blackswan. Зборувате за „заслепен народ“, а да не случајно тоа е народот кој што СЕУШТЕ (иако ете, тоа не можам да го сфатам) го поддржува Бранко и СДС? Едноставно не е сфатливо како може сеуште некој да поддржува некој кој ја запусти Македонија, буквално да не беше таа влада на почетокот/ците на Македонија, досега ќе бевме на ниво на Словенија и Хрватска (минимум). Исто така, заебанцијата со името ја створија (и договорија) од тогашната влада на СДС, на чело со Кирчо, кој ни ја скрој судбината во тој поглед, и сега, кога стана актуелно тоа прашање, сега е владата на ВМРО, па тие се криви. Многу прост е македонскиот народ, кога не му даваш - кука, кога му даваш - зема, но сепак плука. Лично не сум видела ниедна корист од претходно, а сега имам (не многу, но) неколку придобивки. Не сум ни партиски вработена, ниту ништо во контекс, но мило ми е што не плаќам 1000 евра на медицина како моите претходни колеги, туку 400, а исто така дека имам повисока стипендија и ПРЕКРАСЕН град (јас сум од Прилеп и градот никогаш не бил поубав).
    Малку забегав од темава. Во врска со Љубе - го делам (како што кажав мислењето со BlackSwan) - на предавниците и криминалците да им се знае местото.
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    За Љубе се знаеле и што доручкувал, што ручал и што вечерал, претпоставувам, освен Љубе уапсен е и човекот кој му ги дал парите инаку и двајцата признале. Љубе е следен подолго време.
    Тоа што и јас не се согласувам е начинот на кој што се апсат луѓето, ме потсеќа на Италија, таму акциите се такви инаку, за да бидат транспарентни да бидат снимени до секоја најмал детаљ, мада мене ми изгледа некако нехумано сето тоа.
    Ама погледнете акции во други држави, ене ви ја и Америка како типичен пример за демократија, пак да зборуваме. Можете слободно да пуштите и кабловска, доволно емисии даваат за бруталноста на полицијата.
    За мене е нехумано и не го поддржувам тој начин на апсење, немало потреба така да се изведе, пошто нити бегал, нити пружал отпор. Ама да ми го правдате, како што сакате да го оправдате и Велија драги мои СДСМ-овки еј полека. Ако сте толку хумани помислете на сите новинари, за чие вработување не одделил ни денар данок, не ги пријавил, а работат таму со години, земаат пола плата на рака, пола на сметка, немаат здравствено осигурување, немаат ништо буквално и работат за минимална плата, како да се вработени во фабрика за шиење. Ако сте веќе толку хумани и сакате да ја средите државата почнете од тоа, борете се за правата на вработените, а не за правата на газдите да угнетуваат.
     
  6. Cia-ra

    Cia-ra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    34
    Боа ги нема сеуште да искоментираат за објавените документи на Викиликс, не им одговараат. А можеби гледаат само Сител и Канал 5 па не се запознаени, зш таму не се објавуваат такви информации.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tommy

    Tommy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    еххе, криво ми е што Владата не смета за нискоинтелигентни суштества...

    Прво, не го уапсија Љубе пред избори затоа што ке ги чинеше некој процент у опаднат рејтинг ...

    Второ, ако рекетирал, сосема оправдано е уапсен...
    Не мора фактот дека е политички опоненет да го егземптира од криминална одговорност...
    Малце ги здоболе од ВМРО фактот дека му помогнаа финансиски да излезе од Хаг, а братов им сврте грб.
    Плус рече и во Штип некои работи кои сигурно не му се допаднаа на Мијалков...

    Трето.
    Вмро мора да почне да го имплементира законот подеднакво за сите ...
    Знаеме дека од законот се амнестирани сите со партиска книшка на Вмро.
    Кога отидов у полиција да се распрашам за казна за пребрзо возење и да си ја платам, работата се среди у екстремно брзо време откако ме виде член кој ме знае дека сум ВМРО-вец, да платам минимални трошоци ...

    Сметам дека Владата треба да си ги среди своите редови, се гледа дека имаат проблеми, изгубија около 150 000 гласови во корист на СДСМ ...

    Очекував дека ке се подобри економската ситуација ...Ме боли лактот за спомениците во Скопје(од друг град сум)... Како тие споменици ке ми помогнат да си ги платам сметките? Каде се работните места? Во тестисите на Букефал, претпоставувам...
    Така чекајки подобро економско утре, дојде време да работам привремено надвор од Македонија ....
     
    На BoaVista и FBI им се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Ај не измислувај, лично братучед ми беше собран во резервисти за време војната во 2001 (и уште многу други кои ги познавам) и многу добро знам кој колку ја бранел државата, додека децата на "офицерите" ги полнеа резервоарите да фатат џенем. Штета што америка се замеша како и секогаш инаку ќе го срамнеа Арачиново.Штета! Имаат намера да не уништат како држава, а зошто би го сакале тоа освен ако нешто кај нас им смета односно не сакаат да се открие.

    За Љубе ми е мило што го уапсија, само гревче за Биљана која толку наивно остави директорско место и влезе во неговата "партија", колку и беше криво поради резулататите па бараше без врска фалсификати, демек она знае точно дека нивните членови автоматски морало за нив да гласале. Но можеби и таа е вмешана.
     
  9. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Tе поддржувам за ова. Штета што американците се замешаа......требаше да се срамни со земја тоа место и онака беше обиколено и спремно за под вршник.
    А па кои беа Американците да се заканат дека ако го направиме тоа ќе не бомбардираат нас???
     
  10. Cia-ra

    Cia-ra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    34
    Скорпионка никој не рече да го апсат со бонбончиња и локум, но не и на таков начин карактеристичен за Груевски. Истото се случува веќе неколку години... Почнаа со полицајците и цариниците, кои по легањето притвор од 3-6 месеци половина и повеќе беа вратени на работа, продолжија со Метастаза, па Велија, па Љубе.....и не се знае уште колку такви ќе има. Не сум ја читала темата во врска со Велија можеби таму го пишал некој ова и ќе се повторува. Студирам на правниот факултет во Скопје, кога беше актуелно апсењето на Велија ја го слушав предметот Казнено процесно право, и на часовите професорите многу често ни зборуваа за тоа како би требало да биде, дека тоа не е законски начин на апсење. Бидејќи било кој обичен човек да го приведат на таков скандалозен начин, не само Велија или Љубе, и да го пуштат на телевизија, у стилот колку сме само ние '' јаки и принципиелни '', да го гледа цела Македонија, истата таа личност во очите на народот станува најголем криминалец, без разлика што подоцна ќе се случи дали ќе се докаже дека е виновен или не. Затоа постои презумцијата на невиност, затоа постојат уствно загарантираните права на човекот. Сакав да ви го кажам ова, на што имаат право сите граѓани на РМ, и вие и јас и Велија И Љубе.
     
    На creshicka и AIT им се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Тие се оние кои вештачки создаваат кризи и каде ги нема, кои мењаат влади во името на демократијата, кои конструираат приказни за „диктаторски режими“ и во името на правата и слободите на угнетените народи одат да ги ослободат :?: видовме веќе кај нас на просториве. Добро си ја бркаат работата. Алал нека им е.
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    А извини со што го предал Јохан??
    Со тоа што Хаг одлучи да не го осуди него,а да не го ослободи Јохан?

    Или со намонтираната снимка која што Грујо и Латас ја осмислија??И што не им успеа,поради тоа што сите релевантни служби потврдија дека е монтажа?

    До тогаш Љубе збор против Груевски немаше кажано,а овој се потруди во очите на народот да го претстави како предавник , затоа што си основал своја партија човекот и неќел дел од Вмро да биде.
    Мислам мене он ми е далеку од сериозен политичар,ама сега само затоа што се поддржувачи на Вмро,немора етикети на предавник, на криминалец или незнам уште какви да му се лепат.И уште да измислуваат дека плачел при апсењето признал незнам што...Па ете ги снимиките видете си сами.Или гледате само нешто што ви одговара.

    Во ред е и да се уапсат сите кои не го почитуваат законот,ама сите значи.А не баш само оние кои јадат гомна против Груевски.И тоа баш ден после изборите,на него му наоѓаат пари за поткуп за илегално финансирање на кампања.
    Па неморале да го следат за тоа толку време,мене требале да ме прашаат,јас ќе им кажев |(
    Исто,ама баш исто како што и другите си ја финансираат кампањата.
    Епа јадел Љубе гомна за Груевски и Мијалков, јадел...Ама ако не биле вистинити што толку па се потресоа што мораа да го уапсат? :^)
    Или страв им беше ,да не им ги разоткрие и другите јахти,станови и вили?!
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Можда им било страв ко што велиш да не го разоткријат Грујо и Мијалков.. ама тогаш треба цело СДСМ, сите новинари кои инаку се критичари на владата, т.е не работат во сателитите на ВМРО да ги уапсат. Пошто секако скандалите на Груевски и фамилијата нема да испарат и останат неоткриени ако Љубе е зад решетки.
     
  14. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Многу ме радува оваа вест. Дури и премногу.
     
  15. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Како прво сите видовме што кажа сестра Љубе на таа снимка и се виде дека не е монатажа.Дека е предавник нема сомнение во друг случај зошто него го ослободиле а Јохан е уште во затвор одговорот е едноставен затоа што го обвини Јохан а тој се испра себеси од целата ситуација.А никој тукутака не се апси без докази а сестра Љубе и сам си признал за криминалното дело.А поарен ли беше бе Бранко најголемиот ајдук и криминалец во оваа држава.Што направи бе Бранко за оваа држава набројте ми барем едно нешто? Лесно ви е да го критикувате Груевски затоа што се бори против криминалот и личности како Велија кој не плаќал данок и на неговите вработени пари в рака им давал.А јас како што знам сите кои извршиле некои криминал биле уапсени само вас ве боли тоа што најголемите криминалци се комуњарите.
     
  16. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    BlackSwan5
    Мене веќе ми наликува на Сталин во поблага верзија.
    Секој што ќе му се најде на патот,односно му противречи завршува неславно.
    Јас се надевам дека еден ден и Ѕинго сончогледот ќе овене.
     
    На Andzelika, JuLleE, hunny-bunny и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    А извини а кои скандали на Груевски си вадите некои работи од џеб.Па кој го изгради стадионот Филип Втори кој изгради некои други работи а? Што Бранко не го стори тоа ? Што направи дотичниот господин за време на владеењето на Комуњарите? Само крадеше пари и ништо друго е сега сакаше да ја бутне власта и повторно да краде.Е нема Бране Реформите победија!!!

    Можеш да зборуваш што сакаш а како можел Груевски да го намести Љубе ако тој не направил кривично дело.Да бе ајде ќе си веруваме во некоја бајка Љубе е поштен и работлив човек а Груевски се му намести срам да му е на Груевски требаше да му прогледа кроз прсти исто и на Велија тој сакаше само на мира да си краде а овој Груевски види што му направи го стави в затвор.

    Редактирано од модератор: Не пишувајте две мислења едно по друго, користете го копчето редактирај.
     
  18. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    ^Леле ај жити бога не збори на памет без врска работи..не била монтажа :D .Сега кога сите потврдија дека е монтажа па и Грујо сам призна "дека се потврдило дека е монтажа",нели демек он врска нема со снимката ама ете некој ја намонтирал.Ама битно за тебе не е.ОК ОК ти веруваме,со тебе сме ;)

    Па да Жапче ама ако од Љубе им е страв да не ги разоткрие,ондак за Бранко им е страв да го уапсат.
    Ко прво страв им е од Бранко , од самиот човек,
    а ко второ страв им е зато што народ тогаш ќе се дигне поради тоа што СДСМ има голема поддршката од нив,не е СДСМ Обеденети за Македонија или незнам некоја лева партија,него една од двете најголеми во државава.
     
    На enca.69 и FBI им се допаѓа ова.
  19. Tommy

    Tommy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    Aма убаво е што го направил стадионот ...

    Само што куќа се прави од темели, не од кров...

    За жал темелите на Македонија се слабата поткопана економија која треба да издржува онаков грандиозен буџет, кој пак се користи за градење на све, освен на објекти кои директно ке го помогнат животниот стандард на граѓанинот.
    Не знам зошто се тешите со бирање на помалото од двете зла(Вмро вс Сдсм)?
    Толку ли ниско ви се паднати очекувањата?

    Мене лично ако ме прашаш, јас би преферирал да имам плата од 500 Е, него ли украсен плоштад со фигури кои се платени од наш грб ....

    Македонија треба да го подобри здравството, животниот стандард, човековите права и слободи, а после тоа да гради стадиони, музеи и ред други каприци ....
     
    На FBI и Miss-Independent им се допаѓа ова.
  20. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Чекор по чекор а сега барем нешто се гради а за времето на СДСМ ни се градеше а невработеноста беше најзастапена.