1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Уапсен е Љубе Бошкоски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ljubovnica, 6 јуни 2011.

  1. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Сестра Љубинка ја снајде тоа што требаше. Требаше да си седи мадро да не носи модро. Во 2004 година сите знаеме што се случи со нашиот мил претседател, сите знаеме како баш тогаш сестра Љубинка екпресно заврши во Хаг и конечно сите знаеме кој дојде на местото претседател на републиката во конкуренција на сосема непознат контракандидат. Да не зборувам кој беше на власт тогаш.Е затоа мила сестро , не ти требаше ваква кампања и слепа верба во Бране, еднаш предваник секогаш предавник.
     
    На slobodka и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  2. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    90% од тие што напишаа мислење не го бранат Љубе, туку го осудуваат начинот на кој се спорведува “правдата“ во оваа наша држава.
    Ги осудуваат сценаријата и спектакуларните апсења, понижувањата на тв и сличните работи.

    Јас, лично не го сакам Љубе и не ни мислам дека е некој кој заслужува да биде политичар. Но, ми пречи секојдневно да гледам демонстрирање на сила.
     
    На zhap4e, BoaVista, macence85 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    Кој знае што е вистина имам слушнато дека му било наместено...Но ми е жал за женаму сиротката колку беше трогната...А и каква песна напишала :(
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам, делиме исто мислење. Ако е крив нека си сноси последици.
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  5. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    100 % сум сигурна дека е наместено ;) ццццццццццц
     
  6. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107
    " Сестра " Љубе сам си го бареше и тоа што си го посеа, тоа ќе си жнее сега :)
     
  7. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Прво да разграничиме една работа
    Јас разбирам дека си партиски определена и дека сакаш да пишуваш се во корист на партијата, ама кога мозокот веќе ти е на центрифуга ставен, потпиши се тука со име и презиме да те знаат која си и полесно да добијаш некое високо државно работно место.
    Токму така.
    Многу лесно. Не е нешто голема филозофија тоа.
    Не.
    Не ми глуми иронија, пошо не те бива.
    Јас не реков дека Љубе е поштен, уште помалку работник.
    За мене е гомно.
    Буквално гомно најголемо.
    Велија исто така.
    Она што почна да ми гази на нервот од ВМРО е тоа што непосредно после изборите, значи ДЕН ПОТОА, се случија куп инциденти.
    Но, немам големо право во моментов да зборувам,бидејќи ќе сум контрадикторна сама на себе, ќе кажам само еден збор "мафија"

    Разбери :
    Твојата причина што секоја вечер мастурбираш не дели правдина и не се бори против криминалот, бидејќи и тој го создава.
     
    На zhap4e, Tommy, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Добро бре нели сфаќате сите вие што пишувате дека Љубе си го добил тоа што си го браал, дека индиректно кажувате дека процесот против него е политички мотивиран?!? Со што си го барал Љубе а? Со тоа што цела кампања фрлаше дрва и камења по власта? Тоа ли е основот за апсењето?
    По ваша логика Љубе е кучето кое Груевски го ранеше, но тој почна да го лае, така? И со тоа си бараше да биде затворен? Море тешко на овој народ ако е така!
     
    На Masnoli01 и enca.69 им се допаѓа ова.
  9. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Тука јас згрешив затоа што не дообјаснив за кои „деца“ зборувам. Мислев на децата чии родители беа високи офицери во ЈНА, што значи тие „деца“ беа 30-40-50 годишни мажи, со жени и деца, работно место, иднина пред нив.
    Да, во резервистите и во специјалните единици имаше луѓе симпатизери на најразлични партии, но во резервистите (кои патем беа собрани од дома по пижами и пратени директно во оган) беа исклучиво оние мажи чии татковци беа офицери во ЈНА. Не зборувам напразно, имам информации од прва рака за ова ;)
    Америка и Европа се замешаа затоа што имаа корист од тоа, албанската дијаспора е јака, плаќа многу пари ;)
    Ги извадоа терористите со се оружје и ги преместија во друго село, додека зад пети им трчаше македонската војска, полиција, специјалните единици и резервистите. Зарем ги заборави протестите пред Собранието, кога (не отварај - parental advisory)
    пичкарската
    вмровска влада бегаше низ прозорци од страв? ;) А да не го спомнувам екс-претседателчето Борис Трајковски, кој беше само марионетка и немаше три чисти од ништо. Од чукање по гради, само модриците им се направија, ништо друго.
    По само неколку часа откако хеликоптерите од КФОР се спуштија на Шара и ги истоварија контејнерите со оружје, муниција, и што ли уште не, тетовската касарна беше жестоко гранатирана, а резервистите заглавени таму немаа дозвола да се бранат! Како ќе го наречеш тоа, м? Предавство можеби?
    Благодарение на еден генерал (фамилијарен пријател, кој почина неколку години по војната), кој имаше
    муда
    и му ја тресна слушалката на претседателот и нареди оган, 40 наши храбри воини за неполн час се ослободија од опсадата.

    Во иднина, не ми реплицирај, со неупатени не сакам да бистрам политика. Ова се тешки теми за луѓе кои директно и индиректно беа засегнати од војната, потребен е трезвен и разумен пристап.
     
    На LilMissBossy и FBI им се допаѓа ова.
  10. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Со вршење криминал. А ко што разбрав (од форумов мислам) дека и сам го признал делото, така што излишно е да с екоментира повеќе на темава. Не ми е јасно како можете да сте на страната на криминалците. Ете тоа не ми јасно.
     
    На BlackSwan5 и bitter-girl им се допаѓа ова.
  11. Kav

    Kav Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Грујо си започна со својата диктатура повторно,
    сега пазете што зборувате против властта може и вас да ве уапсе :devil: :devil:
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    А ти на која страна си Маја? На страната на оние кои беа посочени во документите на Викиликс а против кои не се превзема ништо?
     
  13. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Јас сум на спротивната страна.
    Не сум на страната на криминалците.
    Документите на Викиликс, кои ги смисли А1? Не благодарам
     
    На bitter-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Кој вршел криминални дејствија треба да биде зад решетки. Ако Љубе бил еден од нив, тогаш и тој нека оди. Меѓутоа нашава земја за едните е мајка за другите маќеа. Ако инаш книшкичка со лавче случајот ќе се заташка, а ти слободно ќе си се шеташ, дури и горд на самиот себеси, а ако си против власта, е тогаш ќе бидеш дел од филмско сценарио.
    Да се вратам на темава. Ако требало да го приведат Љубе, можело да биде без помпа и претходно повикани Тв екипи, па после снимките на ТВ и народот треба да се сере у гаќи од страв??? Па уште ги расфрлале на улица парите, телефоните... ц ц ц, па да не бегал Љубе случајно со нив? Срамота!

    Маја8 - документите на Викиликс ги смисли А1??? Дефинитивно добро ви ги испрале мозочињата. Сител и Латас само вистината ја кажуваат, нели??? :x
     
    На Blumarine, BoaVista и zhap4e им се допаѓа ова.
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Во иднина и ти не ми кажувај за мојата упатеност, зборуваш во прво лице како да си била лично таму а прераскажуваш. Братучед ми не беше партиски член а беше ангажиран директно во војната.Тоа беа непроспиени ноќи кои никогаш нема да ги заборавам. За жал на крај за џабе беше се, други ја завршија предвреме таа војна но не во наша корист. Тоа за предавство јас ништо не реков не знам зошто ми се обрати со толку негативен коментар. Или и тука давате партиски етикети. Муабетот ми беше дека не беа само тие ДЕЦА на офицери кои ти ги споменуваше во таа војна туку имаше многу бранители. Тоа кој генерал што рекол како рекол кој му спуштил слушалка, за тоа ниту имам сознанија ниту докази за да зборувам, ако имаш повели презентирај. Не сакам да зборувам за мртов човек иако и јас имам слушнато многу неубави работи за него и покрај фактот што го направија светец само поради тоа што бил претставителен како претседател.
    А и за Љубе имам слушано многу, тоа дека бил близок со многу рекетари убијци и сл. кои сакал да ги пикне во мвр, ама немам докази за да го докажам тоа иако лично верувам, затоа не навлегувам во тој дел.
     
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    ОМГ реков ја, на крај ќе испадне дека и Викиликс е Бранков :lol: Ајт ве научивме, кога немате аргументи и факти заобиколувате, ја извртувате вистината, лажете и обвинувате други, тоа ви е специјалност. А сега продолжи да си уживаш, само пази немој по грешка да ги симнеш портокаловите наочари, па да се изненадиш од реалноста!
     
    На Miss-Independent, julie77 и Sweety-Tweety им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.562
    Викиликс цело време да ти биде А1?! :o Па треба да сме горди бе!
    Ајде,ајде,слатко ви е лепчето не ви замерам.

    Него...а на Грујо кампањата бе?!Од кај тие пари за билборди,флаери,плакати ко у некој маѓепсан град да бевме?! Нашите пари беа?!
    Љубе ако признал дека е крив нека си го лежи,ич не ми е гајле.Ама и оној со шишето нека лежи у затвор и на вмро изворите нека се испитаат (туку нема кој да ги испита,пипци на сите страни имаат пуштено).
     
    На Ashling, Miss-Independent, Blumarine и 2 други им се допаѓа ова.
  18. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Дали сторил нешто или не, дали сето тоа е наместено и наметнато или пак не не навлегувам во ситуацијава, ама ќе кажам само едно, после сите зборови и се што кажа Бошкоски за Груевски, му давав рок до денес дека ќе го затворат :)
    Значи знаев дека ќе се случи тоа и им викам во недела вечерта на другаркиве мои: „Ако не утре до задутре гарант Љубе ќе иде во затвор“ :lol: :lol:
    Инаку не верувам дека он е некој светец, ама исто така верувам дека може и да е наместен. Сам требаше да си мисли што прави и што зборува. А неправда има во нашава држава и тоа како ама тоа е тоа неможеме да промениме ништо.
     
  19. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Еееее Велија, Велија! Какви бизниси вртиш, дури и од ќелија хахахах
    Па да се пофалеше дека Викиликс е твое, може ќе направеше некој дил хахаха
     
    На Cia-ra, Blumarine и BoaVista им се допаѓа ова.
  20. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Сите за кампањава се снаоѓаа како знаат и умеат, кој со Гранкфуртски другарчиња, кој со кредити кои сега ќе ги враќа...
    Ама нејлесно им беше на оние кои можеа неограничено да си трошат од државен буџет без намера да враќаат без контроли колку трошат, на кој трошат, кој поткупуваат и кој уценуваат...
    Битно беше да се купат и овие избори...
    Абе колку коштавме а?
     
    На Masnoli01 и Blumarine им се допаѓа ова.