1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Уапсен е Љубе Бошкоски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ljubovnica, 6 јуни 2011.

  1. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Сигурно цената на избирачите била мала, во споредба со онаа која ќе се земе во наредните 4 години ;) ;)
     
    На Blumarine му/ѝ се допаѓа ова.
  2. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Финансирањето на политичките партии е законски регулирано е сега Љубе за разлика од Груевски или некој друг не успеал паметно да скрие од каде му доаѓаат парите за предизборна кампања.
    Како и да е, ако тој тоа го признал значи е виновен и дека сепак сторил нешто противзаконито или кармата му е цел живот по затвори да се бафта :)

    Како што слушнав по вести за ова се знаело и пред избори, но поради изборите се чекало да завршат па потоа да биде уапсен. Ако го уапсеа претходно сите ќе викавме Груевски се плаши од Бошковски па ете го стрпа во затвор зошто неговите доушници му кажале дека Љубе ќе освои мнозинство гласови и сл. Завршија изборите го уапсија и сега одеднаш државата ја квалификуваме како диктатура, малце е невкусно но дали помисливте доколку победеше Сдсм на изборите и го уапсеа што ќе зборевте тогаш, дека дојдоа овие од левицата и одма почнаа криминалците во затвор да ги ставаат. Значи без разлика кој и да победеше Бошковски секако ќе беше уапсен, затоа малце е бесмислено да ја бараме вината кај Вмро и да го окривуваме Груевски туку малце подлабоко треба да се размисли.
    Без навреда но на некои работи неможе толку огрничено да гледаме значи во јавноста е пласирана причина за неговото кривично гонење, не е уапсен поради навреда на овој или оној туку дека сторил нешто противзаконито и нормално дека ќе биде уапсен за да се санкционира.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Слушам Jerry Bruckheimer ќе снимал CSI: Macedonia. Од последните случувања во земјата има материјал за да сними барем 10 сезони :D

    Се осмелив да пишувам за војната од 2001 и за Хаг, затоа што бев испровоцирана од некои членки кои освен манифестот и отчетот не прочитале друга литература, а http://wikileaks.org/ за нив е шпанско село.
    Ни Љубе, ни Јохан не требаше да лежат во затвор во Хаг.

    Што се однесува до финансирањето на кампањата, не можам да шпекулирам, не знам кој од каде изваде пари. Ако Љубе рекетирал, во ред, треба да биде уапсен. Ако Велија не плаќал данок, исто така.

    Ама Велија не стана бизнисмен преку ноќ, А1 постои околу 20 години (не сум сигурна, не ме фаќајте за збор). Тие милионски суми (кои патем никој не знае колкав е точниот износ) не се од една година, тоа е богатство трупано со години. Но :!: дури беше со власта, се' беше во ред, откако се сврти против власта и проба да ги организира тутунарите, тогаш излегоа „доверливи документи“ на виделина, па затоа лежи 5 месеци во притвор. Ако целата процедура беше регуларна, досега ќе беше завршена. ;)

    Истото важи и за Љубе - не ја основа партијата од вчера. Ако го следеле долго време, досега процесот ќе беше завршен.

    Но во нашава земја мистериозно „никнуваат“ секакви компромитирачки докази:
    - На Душко млекарот му никна марихуана на нива (токсични компири садел де);
    - На Коле(?) тутунарот му никна пријава од МВР стара неколку години;
    - На Љубе му никнаа 100.000 евра во ќеса од ZARA ( :^) ). Љубе отиде, го изрекетира истиот човек по 5ти пат, му ги зеде парите во кеш, електричен пендрак и пиштол и седна на ручек со синот. :^)
    - На Ѓунер, кој 16 години редовно си плаќал кирија, му никнаа неплатени сметки и извршители (маскирани во полицајци) му ја обија вратата и дословно го исфрлија надвор.

    Внимавајте што зборувате и пред кого зборувате, и вас да не ви никне нешто на тераса. :lol:
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    :) Знаеш што е работата, што досие постои за секој, и ко што велиш од поодамна, пред оваа влада и тие се предаваат од рака на рака и си се користат за конкретни цели, како што оваа влада го искористи, бидејќи Велија требаше да намали со критики, но не намали... туку засили, а владата нејќеше да му го оствари барањето, да тој си даде свој министер за земјоделие, а не Спасеновски. Во тоа време, поради истово, сите новинари на А1 водеа битка против Спасеновски (што да бидам искрена не дека немаше ништо врска со реалноста.. пак и прекрасниот министер како награда доби патување со мандат за во амбасада).
    Така да да, тоа е проблемот, не што се апсат, него СПЕКТАКУЛАРНИ АПСЕЊА, со кои рушиш права на луѓето, И КОРИСТЕЊЕ НА ВАКВИТЕ луѓе за свои цели. Тоа е тоа што е крива владата и во врска со Љубе и во врска со Велија. А, Љубе и Велија си се криви за она што си направиле... ама како во америчкине филмови, ако приведувањето на некој е против законот, тогаш случајот целосно паѓа на суд... би требало така и тука. тогаш можеби нема да има вакви ствари што знам.
     
  5. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    како прво бошковски не е уапсен за правење рекет,туку за нелегално финансирање на кампања..да изнудуваш рекет е едно значи да изнудуваш пари со притисоци,уцени заплашувања....нелегално финансирање на кампања за што е приведен бошковски е сосема друго,значи дека не се знае точно потеклото на парите користени во кампањата..така да не мешајте баби и жаби само за да го направите криминалец човекот..ако не верувате,на првата страна на темава имате линк да видите официјална изјава на портпаролот на мвр каде кажуба дека бошковски е приведен поради сомневање за нелегално финасирана кампања..кажете ми дали за кампањата на владејачкава партија се знае точно за секој денар од каде потекнува и дали е пријавена секоја трансакција?кој од нив да бара сметка дали е се легално во финасирањето на нивната кампања?кој нив да ги провери?во кампањите се вртат милионски суми..зашто не се прочешла кампањата за вмро,или они се чисти ко солза??треба да им веруваме на збор..нека се прочешла и финансирањето на сдсм,да не ме обвини некој дека го напагам вмро а бранам сдсм како што одма знае да се каже,кога некој ја критикува владата на форумов.сите нека се проверат..зашто само бошковски?зашто е човекот пратен и прислушкуван со месеци? за да се најде нешто за кое ке може да биде уапсен после изборите..се чекало момент кога ке се дознае дека во него ке има поголема сума на пари за да биде уапсен под ова сомнение,да се има оправдување за апсењето....кампањите се финансираат со илјадници евра нормално е дека мора да се имаат спонзори на тие кампањи..некој праша од каде му пари на љубе за кампања..а на другите од каде им пари за кампањи?сте се запрашале тоа? .јасно е како бел ден зошто е уапсен бошковски,затоа што во кампањата беше премногу остар и провоцираше и им брцна во око на челниците во државава.. кај ке стасаме само ако се продолжи вака да се апсат сите што зборуваат против владата?можеби и на форум не треба да пишуваме може не пратат..може ке почнат под прозор да не прислушкуваат дали збориме добро или лошо за владата по дома..ептем демократија сме нема што...
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Еве ги одговорите на целата оваа ситуција кратко и јасно.
    Дел од мислење на Кукличка во една друга тема
    :bow:
     
    На Masnoli01 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Значи ако овие од Вмро му ја посадиле марихуаната на тој Душко таа неможе туку така преку ноќ да порасне метро и пол, или сеа Вмровциве ја чуваат под фолија и ја пресадиле на неговата нива. Малце бесмислено е да обвинуваме за се и сешто без да разгледаме факти и околности.
    За Љубе кажав дека не бил спретен како Вмро или било кој друг да ги скрие трагите од каде доаѓаат неговите пари.
    Погоре прочитав дека Вмро земала пари од државен буџет за камапања, не ги бранам ниту некого напаѓам но дали доколку Сдсм беше на власт ќе го ставеше објектот на Бихачка под хипотека и немаше ниту денарче да земе од државниот буџет?
    Само ги обвинувате Вмро како да овие од Сдсм не напривиле ништо противзаконско и како они се што прават е достојно за почит. Мислам дека неможе така да гледаме на работите не се некоја нова формирана партија без црни дамки зад себе и Вмро и Сдсм си имаат крими-минато.
    Конкретно Љубе бил следен последниве месец дена, и како да го уапсат ако немаат доволно докази, додека се соберат доказите и сл. треба време и оставиле да поминат избрите, зошто како што претходно кажав и тогаш да го уапселе повторно ќе беше дека Груевски е крив.
    Повторно ќе кажам кои ќе беа вашите аргументи доколку Сдсм победеше на изборите и тие „го уапсеа“ Бошковски?
    Значи пријавата била спремна и се чекало да завршат изборите без разлика кој ќе победи, па баш ме интересира дали тогаш ќе ја напаѓавте Шеќеринска или ќе ја величавте како почна да го чисти олошот од државава?
     
    На bitter-girl и zhap4e им се допаѓа ова.
  8. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    зашо бе одма бранителите на вмро одма го мешаат сдсм?нели може да помине некој пост од подржувачите на вмро без да се пише и сдсм направиле така,и они грешеле краделе,ако сдсм направеа како ке реагиравте и тн..зошто ви се одма сдсм оправдување и објаснување..значи мене не ме интересира шо правеле сдсм,пошто они не се на власт,биле пред 5 години и којзнае кога ке дојдат пак на власт..мене ме интересира шо прави вмро они се на власт и они ги влечат конците во државата..они го упасија бошковски..и сдсм да победеа и да го уапсеа ке реагирав на ист начин..зошто е очигледно дека е целта да се уапси бошковски само..сите други кампањи на сите партии се чисти и легални нели?немој да не. :D .очигледна е селективноста,и одмаздата во овој случај..
     
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Критикувањето на едни, секогаш оди во полза на други. И мењање едно со друго зло ама никако и никогаш не би требало да и биде опција на државава за да излезе од пропаст. Ама напразно е.
    Љубе е следен, како што и човекот кој што бил со него дента во ресторанот. Заедно се приведени и двајцата. Како и што ќе биде ќе видиме. Тоа е различно од ова „спектакуларни апсења“, но читајќи по форумов, јас не знам како ќе беше реакцијата да Љубе или било кој беше уапсен без камери. Тогаш бунт поголем ќе имаше, афера дека го натепале може ќе излезеше.. кој да ти знае веќе во земјава што е вистина, а што лага. Едни велат црно е други бело е, па треба да ги слушнеш сите и да удриш сума сумарум свое и па ќе си збунет.

    Ама е Најубава добре дојде во мојот клуб на ВМРО ;) побрзаа веднаш
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    На bitter-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Морам Жапче ја за овие од Вмро да бидам имам едно 30 ниви од дедо ми, односно од татко ми па нејкам одеднаш марихуана да ми никне па они јадни во гроб да се превртуваат. А и во Прилеп кај другиот дедо тој тутун сади, па јас ако плукам по Вмро може ќе го уапсат дека одгледува афион, затоа вака си седам мирнаа и плукам по непријателот :rofl:
    Јас се трудев објективна да бидам и да чујам каква би била реакцијата во таква ситуација но ме обоија па затоа изгледа ќе морам да се повлечам од понатамошна дискусија :?:

    Се извинувам за офф-топик :$
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Да, познато ми е, пред малку имав критика кон некој кој сакаше да залепи етикета ФАШИЗАМ за режимот и рекоа обоена сум, бидејќи направив паралела што би било фашизам кај едните и другите.
    И јас ист проблем имам, не со нивите, ама утре во амбасада ќе почнам со работа, конечно ми ветија ќе ме пријават и тоа во влада ќе ме стават и ќе ми дадат пендрак и пиштол и јас да дивеам како вмро-овците, пошто наликувам на нив, препрочитај ги карактеристиките на истите ги има по форумот. Имам таква ајде да речам рурална фаца, ретко се бањам... топ сум. Не знам за тебе. Ама фино е кога не сум сама. Се осеќам поубаво. :$
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Лелееееееее значи и американцине кај татко ми во база во Авганистан врска немаат што е тоа Викиликс и се заслепени од А1 и СДСМ...Сигурно редовно следат и ‘Кога лисјата паѓаат‘!Можеби го знаат и крајот на серијата?! ОООООООООООООО боже помагај! :fubar: Убаво рече Стојан Андов дека ВМРО не ја разбра пораката што им ја прати народот преку овие избори...Победија,да.Колкава коалиција се ВМРО?За колку пратеника им се намали бројот?Што значи тоа?Народот покажа доверба во оваа гарнитура?!Хммм,не изгледа дека е така..СДСМ изглегоа клот,не коалицираа,да не им се удвои бројот на пратеници и зголеми бројот на гласови или сонувам? :^) Што значи тоа?
     
    На BoaVista и FBI им се допаѓа ова.
  14. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Реков дека нема повеше да коментирам на оваа тема.Моето си го кажав а дали ке бидам иронична или не тоа и е мое право.
     
  15. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Само ќе кажам баш ми е мило што го уапсија :)
     
    На bitter-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    не ми е јасно како тие пари и орузје се најдоа кај него (сигурно е местенка :!: )
    откако излезе од затвор, требаше да седи мирен, а не повторно да се плетка во политиката, беља работа
    инаку ми е роднина т.е. вујко на мајка ми братучед, ама официјано не се знаеме :sweat: т.е. не сме имале шанса да се запознаеме :sweat:
     
  17. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Бошковски нелегално финансирал кампања - уапсен (брутално иако не пружал отпор) и во притвор
    Алфа/Тигар претепал дете до смрт - ЌЕ му била поднесена кривична пријава (здравје боже, некој ден)

    WTF??? Правда?

    А "мистериозното" лице што му ги дало парите на Бошковски избегало? Абе овие шпанскиве серии се понепредвидливи, таму може ќе се поздамислам од кој е трудна Марија Хосе Исабела, тука се е јасно ко ден
     
    На pink4ever, FBI, esperanca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    И мене ми е.
    Незнам како можете да подржувате такви лица како Љубе и како Велија ? :puke:

    Сам си е крив што не плаќал данок за А1 ни па за некоја од многубројните фирми, а Љубе има повеќе пари од сите заедно во државава, он да не е Господ??? Нека си бидат колеги со Велија заедно така и им треба!!!
     
    На bitter-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    После да им се придружат и Сашо, Грујо и компанија за да биде задоволена правдата како што треба.
     
  20. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    А Бранко да не го заборави???