1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Уапсен е Љубе Бошкоски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ljubovnica, 6 јуни 2011.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.713
    Допаѓања:
    150.524
    И Ѕинго душата што им ја изеде на кратовчани...ееее тогаш,сите ќе бидеме задоволни и среќни.
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Удира гром во коприва? :^) Не. :wasntme:
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Знаев дека ова ќе го снајде Љубе доколку Груевски остане на власт...Но мислев ќе почека барем да се формира новата влада а не следниот ден по изборите.Еве ви го вашиот Грујо жеден за диктатура..Само не гледам каде ни е крајот, си го заслужуваме ова и повеќе од ова :@
     
  4. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Ако е! За вакви глави- букови (како што гледам мнозинство биле букови глави, така да морам да генерализирам) и малку дури е.
    Шта сте тражили- добили сте....Сега патете. Него криво ми е што покрај вас подебелиот крај ќе го извлечат оние кои не се дел од стадото на ВмрОВЦИТЕ :x
     
    На esperanca, BoaVista и julie77 им се допаѓа ова.
  5. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Замислете испаѓа тема:
    "УАПСЕН НИКОЛА ГРУЕВСКИ" :rofl: :lol:
    Тоа ќе биде за коментирање, ај овие веќе досадни станаа, веќе може да си нагаѓаме и кој ќе е следен...
    Дајте нешто неочекувано :lol:
    Каков бум ќе е тоа :rofl:
     
  6. carina

    carina Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    6
    срамота за новата влада на груевски,нека се апсат вистинските криминалци а не вистинските патриоти,за власт значи се ке се направи,дури и ако треба ке се убие,вистинските Македонци го осудуваат овој чин.Уште еднаш СРАМОТА ЗА ГРУЈО кого го сметав за Македонец.Уште нешто-емисијата БУМБАР или како беше,црн,бел треба да се забрани бидејки е за ретардирани
     
  7. vikica.s

    vikica.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    59
    кога го уапсија во 2004та океј беше,а сега е диктатура??? хммм не баш...убаво му направија,нека скапи таму како што скапува јохан наместо него...па не е никола крив што овој дотичниов е криминалец....
     
    На ciribiribela му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Процури муабет дека Љубе има докази за изборен фалсификат, кои ги припремал за пресконференција...
     
  9. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    ете ја презумпцијата на невиност кај нас во македонија :D штом си притворен,криминалец си со тапија готово..нема потреба ни да има судење да се прави истрага и чека одлука..директно да ги затвораме сите што ке бидат притворени,сигурно се криминалци..да ги распуштиме судовите тогаш што ке ни се..нека си апси полицијата кој и одговара и директно у затвор...
    или имам идеја - оние што гласаат за вмро нека си живеат убав живот,а сите останати нека ги стрпаат у затвор и така правдата ке биде задоволена мислам. :) и македонија срекно ке си живее :D
     
    На esperanca и BoaVista им се допаѓа ова.
  10. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    не беше ок кога го уапсија во 2004 година. затоа и го пуштија затоа што не беше у ред, се водела постапка се докажало дека не е крив. А инаку како можеш да кажеш да скапи таму? зошто си толку злобна? па нели гледаш дека јасно е како ден дека го наместија човекот. Утрото одма после избори го тресе полиција? а ако помине ставревски ќе му речат добар ден господине како сте? а љубе ќе го тресат затоа што зборуваше лошо за груевски. Тоа е диктатурата која продолжува во македонија. Дојде време кој не мисли како груевски да оди во затвор. Истото го правеа и со а1 ги тресеа затоа што ја критикуваа власта а како сител да е чист? ама нормално таму не одат да тресат тие мислат како груевски. Кога ќе се освести народот кога? извинете за офф топик
     
  11. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Ајде да видиме што ќе излезе од овие муабети. Баш би ме радувало да се вистинити, само јунак треба да ги соопшти- кога веќе Љубе е во апсаана........ :?:
     
  12. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Па имаше најава за објава на докази за изборен фалсификат од партијата на Љубе. Не знам како се вика жената, кандидат за пратеник беше од негова партија се појави и кажуваше како во избирачкото место каде што гласале и нејзините родители немало ни еден глас, па таа објави дека наскоро ќе прикажа документи за фалсификат. За жал братот го уапсија пред нешто да се објави, ако воопшто постоело.
     
  13. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Ако мислиме на истата жена, вечерта по изборите кога даваше интервју таа во раце држеше три изборни листа исти онакви на какви што гласавме ние .Мене тоа стварно ме збуни и налути затоа што мојава проста логика ми вели дека сите изборни ливчиња треба да бидат на избирачките места ,а одкако ќе се пребројат да бидат во ДИК. Дали и ова е дел од изборен фалсификат и од каде им беа тие три листа не знам ,но како граѓанин на оваа држава мене навистина ме интересира ,ако ништо друго за да ме убеди во тоа дека навистина имавме фер и демократски избори .
     
  14. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    ^Па тоа и збореше жената ,дека лисотвите воопшто не биле во кутија,туку биле извадени и оставени така не пребројани.
    Е сеа ни на нив не им верувам,нормално дека секогаш на некој нешто ќе му фали,ама па ако не е точно од кај и се ливчињата тогаш..
     
    На Sweety-Tweety му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Девојки ние можеме да коментираме до утре- само сакам да ви кажам дека секаде има заговори и скриени работи- сите ние ја напаѓаме Македонија, зборуваме за сплетки и такви работи но така е во цел свет само во позавиткана форма и можеби народот бидејќи има некоја сигурна егзистенција нема толку време да набљудува што прават политичарите- а ако во другите развиени земи се беше супер немаше да постојат теории на заговор и слични работи кои постојат од кога постои светот- ништо не е како што изгледа, секаде има некој кој сака да прави такви сплетки- така било од секогаш и секаде и така ќе биде за век и векови :!: од проста причина што таква е природата на човекот- никој не е потполно чист и невин освен децата- јас мислам дека секој кој се наоѓа во близина на мед ќе сака да си однесе една тегла дома, тоа е :)

    Е сега може не е таа темата за мојот коментар ама од вчера ве читам во темите и гледам дека залудно од петни жили се обидувате да се објасните едни со други додека Љубе можеби си седи во некоја убава соба и не знаеме како ќе заврши- бидејќи и тој не е цвеќе за мирисање- како може некој од Челопек со скромен имот во Хрватска пред да стане министер за внатрешни работи сега да изиграва Дон што би се рекло да направи хациенда од поранешното скромно ресторанче во Пореч и да го зголемува неговиот капитал а 4 години помина во затвор :wasntme: , кога му ги гледав скапите марами на врат си велев ах што матиш и ти човеку и еве излезе на виделина- само кај нас се знае нема правда за сите туку селективно се апси :( - но тоа не е нешто ново и од сега, бидејќи ако почнат сите да се апсат за нивните “зделки“ нема да остане слободен човек од политиката- било од која партија.

    Тоа сакам да кажам ништо не е како што излгеда и не се замарајте да си докажувате едни со други оти после бесот ќе ви биде уште поголем ако ги видите по некое време братот и лопатарот како седат на иста маса- што мене не би ме изненадило.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Врти сучи македонецот го извлече подебелиот крај.
    I mean во никаков криминал не е замешан албанец, а па да не зборуваме за воениот конфликт во 2001, само Љубе и Јохан се сликаа за на табло.
    Очекувајте за 2-3 години голема Албанија.
    И немојте да се чудите зошто е тоа така.
     
    На AlicaInWonderland и FBI им се допаѓа ова.
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Зашто е така? Па тргни од тука, очи ќе си извадат меѓу себе едни и други. Пробај да им го објасниш дека колку што лошо прави еден толку лошо прави и друг и дека нема потреба од буцкање едни со други, тебе ќе ти се с’снат. И тоа ние тука немаме ни што да делиме, ни што да добиеме, ни што да загубиме.. можда ајде двајца тројца нека да имаат по нешто. А, политичарите кога имаат што да делат и добијат.
    Па препукувања помеѓу цела предизборна кампања имаше. Слушнавме нешто што ќе се подобри во земјава? не. Слушавме вицови од едните и од другите, ко стенд ап комеди шоу на двете беше, кој повеќе ќе го оцрни другиот, па ете ти ги па на нова рунда валкање во земја.
    Со тоа сами си покажавме колку ниско сме паднати.
    Тоа е тоа и од обични луѓе што слушам на улица, од обични таксисти кои ти го велат „се изедоа“ „вулгарности и ништо повеќе“ „пиштоли да им дадеме да се испоубијат работава“.
    Е, убаво пред некое време пишуваше во некој од весниците, предвидувања на некои аналитичари за можно окрупнување на албанскиот политички блок, т.е нивно обединување за да реализираат што си наумиле и сакаат.
    Така да :) ние ќе се занимаваме со скандалите, црното под ноктите на едни и други, а се друго ќе ни отиде јабана.
    Сам на себе си го убивал бе.
     
    На Ashling му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Жената е Биљана Јовановска поранешен Директор на Завод за вработување која се зезна што отиде кај Љубе наместо да си ја задржеше фотелјата.
    Смешно беше како изјавуваше, демек ако во некоја изборна единица имале повеќе членови од гласовите одма тоа е фалсификат, па може не гласале сите нивни членови а и можеби не гласале за нив сите.
    Се ќе се докаже со тек на време. Како баш откако ги преброија гласовите им текна на фалсификат и како дојдоа до тие ливчиња, може ги скенирале, копирале.
    Биљана можеби не заслужи да заврши во оваа кампања така неславно со толку неписмен водич како Љубе.
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    За да се задржи таква фотеља - директорска треба да си партиски член.
    Ништо нема да се дознае, туку само може да се шират шпекулации. Едноставно Љубе им засмета зошто премногу лаеше по власта на митинзите, испра некое евро со местење и мамата му ја е.аа
     
  20. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Нормално дека нема да се дознае, кога им вршат притисоци и закани доколку објават. Баш денес лице ангажирано во изборна единица ми раскажуваше како ''бугарски воз'' профункционирал таму и некој зуцнал и веднаш од повисоки инстанци добивил повик, ај нема да кажам заканувачки туку предупредувачки за тоа дека треба да си молчи и да ја гледа работата своја, и при очи и уши да е слеп и глув доколку сака да си нема проблеми. И си се заќутел, за жал.
    Како и да е, сите кои извршиле криминал треба да одговараат за стореното, сите, без исклучок, а не едни да скапуваат во затвор, а други кои сториле и поголеми злодела слободно да се шетаат.
     
    На tanja6 му/ѝ се допаѓа ова.