Леле уште какви приказни нема да измислете а ти претпоставам дека ти од сигурни извори си дознала нели препоставувам.Абре луѓе разбирам дека сте разочарани до загубата на изборите и апсењето на Бошковски ама
Еве една КОНСТАТАЦИЈА од ПОЛИТИЧКИ НЕОПРЕДЕЛЕНО ЛИЦЕ Каква ефикасност за 100.000 евра наводно најдени кај Љубе, а каква неефикасност за оние 750.000 евра фатени од унгарската царина во автомобилот на Керим. Нели???
Девојки јас искрено не верувам дека некој би чувал 100 000 евра во БАГАЖНИКОТ, овде нешто ми смрди мене..а башка тоа апсењето како терористички напад да извршил Незнам, можеби сум грешка ама ова е мое мислење
Очекував ваков коментар. Не сум разочарана од изборни резултати ниту пак од апсењето. Читај го целиот мој пост: ''Како и да е, сите кои извршиле криминал треба да одговараат за стореното, сите, без исклучок, а не едни да скапуваат во затвор, а други кои сториле и поголеми злодела слободно да се шетаат.'' Aма очигледно коментираш само она што не ти одговара тебе. И немам потреба да измислувам приказни. Впрочем твое право е да веруваш или не. Јас со сила не те терам, башка ова е место кај што секој има право да си го каже мислењето и да напише што му одговара (нормално без лични навреди)
Јас колку што разбрав проблемот е што нејзините родители гласале на тоа место, а за неа демек немало ниту еден глас. Инаку, нормално дека не може според бројот на членови да се приговара. Е сега, малку ми е веројатно дека родителите ја лажеле дека гласале за неа...
Не дека го бранам Љубе, едноставно смешен ми е човекот искрено АМА, да не одговараше Керим за 750 000 евра и што друго останува кога Бајруш - сите знаеме добро кој е и каков е си купи домашен притвор за 1 500 000 евра. И ова не се пари, а за потеклото несмееме ни да прашаме. Неее судството не е корумпирано и не цвета мафијата во државата. Ама тоа е поголемите риби ги јадат помалите
Го прочитав целиот твој пост но мојот коментар беше за приказната што ја кажа а иначе и си го искажувам моето мислење.
Ама и да ги соопштат ќе им ги прогласат за неважечки, политички измонтирани и алиби за поразот кој го претрпеа, СИГУРНО Кога можеа Викиликс да го демантираат што останало за овој кутриов
Еве јас од сигурни извори ќе ви кажам дека е ова еден вид на местенка. Не дека Љубе е цвеќе за мирисање, ама колку што јас знам парите му се подметнати и тоа од многу близок негов соработник, кој е поткупен. Затоа мистериозниот човек го нема никаде Сигурно нема да го носи син му онаму каде што има ризик
Еве јас од сигурни извори ќе ви кажам дека е ова еден вид на местенка. Не дека Љубе е цвеќе за мирисање, ама колку што јас знам парите му се подметнати и тоа од многу близок негов соработник, кој е поткупен. Затоа мистериозниот човек го нема никаде Сигурно нема да го носи син му онаму каде што има ризик
Тој мистериозниот или е Бетмен или има супер моќи да стане невидлив. Испадна ептен било лесно да им избегаш на специјални сили Не бе, ништо не е матно, бистра ко солза ситуацијава.
Да се прашуваме ли дали е искористен како мамка во акцијата кој ќе има загарантирано заштитен идентитет или не е потребно
Мислам дека на Љубе не му требаше да си зема толку голема слобода и јавно да го навредува Премиерот, како што го нарекуваше “диктатор“ требаше да знае дека нема да го поштеди ниту него... Жал ми е за него бидејќи помина 4 години во затвор заради конфликтот во 2001та. Сега пак го затворија...
СРАМОТА е ова што ни се случува во државава,спектакуларни апсења,и тепање од страна на алфи ЛЕЛЕ КАДЕ ЖИВЕАМ ГОСПОДЕ??????? Ништо нема да прокоментирам освен:ГЛУП НАРОД,СИЛНА ДРЖАВА!
Па и Бране го вреѓаше глујоо и тоа на најсаркастичен и циничен начин, го направи од г..мно подоле...Па ајде ако има гз нека оди нека го апси...Од сенката му се плаши...
Мила, Бранко никој не го апси! Него никој ништо не му може! Ама да бидам искрена, Бранко толку не го изнавреди колку што тоа го направи Љубе... Имаше сепак некој ред, а кај Љубе не! И немој вака те молам да го нарекуваш, тоа е вродена маана, можеби и на форумот тука некој ја има и воопшто не е вкусно да се потсмевате за тоа...
Во однос на апсењево на Љубе - неколку работи ми се страшно сумљиви..Како прво, Љубе не е вчерашен и глуп за да на сред бел ден, носи ќеса со 100,000 евра(хартиена ќеса и на неа пишува Зара )...Друга работа - зар Љубе би носел таква ќеса во ресторан Воденица, кој е елитен вмровски ресторан и господана од вмро таму седат секој читав ден... И уште нешто - каде е тој мистериозен човек, што бил таму со Љубе??? Ова ми мириса на јако добро измонтирана сцена од челниците на ДБК...
Дали мене ми се причини или е така , ама јас приметив на снимката како еврата да беа само обична хартија со одпечатени бројки и слики?? А за тоа колку се бламираат и колку не прават будали при здрав памет не знам веќе што да се каже?! Цајканот фраер со гола рака без нараквица слободно си ги прочепка и пиштолот и евриќите ... Мислам што да се каже кога е очигледно местење заради лечење некои нивни потиснати стравови и фрустарции при бидејќи Љубе отворено кажа доста информации за Мијалков и Гвујо! Ама проста маса лапна лесно, трул залак леб