Убави и лоши моменти од животот

Дискусија во 'Психологија' започната од Snow-Queen, 20 јануари 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.956
    Пол:
    Женски
    Секој од нас во животот се соочува со убави и лоши моменти од животот.За среќа или пак несреќа уживањето мислиме дека секогаш кратко трае но лошото долго и никако да го избркаме од нас!
    Кои биле вашите лоши и убави моменти кои ви се случиле?
    Дали после дождот изгрева сонцето?
    Дали постојано сте во мрак заради лошите моменти?
    Дали постои некоја ствар на која постојано мислите и неможете мислите да ви се одтргнат?
    Дали добрите нешта често ви се случуваат?
    Ако ги немаше лошите моменти - ако се во животот беше розовко, тогаш животот немаше да биде интересен.Но сепак, секој од нас посакува што помалку такви лоши моменти да има во својот живот.
    Највеќе уживам кога животот ми е мирна вода.Под мирна вода подразбирам: да немам некакви трагедии и депресии, но пак и не барам којзнае што од животот, сакам да е мирен, постепено да се градат успесите, во животот ме исполнуваат семејството,дечкото,пријателките и спортот.До пред извесно време многу размислував и за минато и за сегашност и за иднина, .... но сватив дека мислите се штетни-и дека го тераат човекот да се загуби во сопственото ЈАС.
    Така да единственото нешто што сакам е да ми се живи,здрави и весели пријателките,дечкото и семејството, да имам постепен успех во спортот,кариерата-бидејќи тоа е оноа што ме исполнува оноа што ме прави среќна......А тоа што е мое ќе си дојде,без разлика дали е лошо или добро.
    Инаку верувам дека после дождот сонце изгрева, и дека се нешто во животот си е со причина.
     
  2. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.706
    И добрите и лошите моменти се неизбежен дел од животот. Всушност животот го прават толку тие моменти, какви и да се. Заради едните се радуваме, заради другите тагуваме, но од се извлекуваме некакво искуство за понатаму. :)

    Убави моменти-секако дека сум имала. На сите нив се сеќавам со насмевка, но и со носталгија, сакајќи да се врати барем некој од нив. Тоа се моментите кои ги поминувам со моите најблиски, најсакани. Тоа е тоа што ме прави вистински среќна и задоволна. Се поминува, но само спомените остануваат.

    А колку и да сакам да не се сеќавам на лошите моменти, неизбежно е. И тие се дел од мене, од мојот живот, и оставиле белег. Точно, животот не е мед и млеко, но ако не искусиме нешто лошо, како ќе знаеме да им се радуваме на добрите работи? Најважно од се е да не се разочаруваме. Колку и да звучи излитено, животот продолжува и не чекаат убави нешта. Денес плачеме-утре ќе се смееме.
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.344
    Допаѓања:
    18.353
    Пол:
    Женски
    Насловот на темава ме потсети на еден разговор шо го праев кога бев мала и бев у фазата „А зошто ова е вака а тоа е така?“ Не знам што точно се случи, но знам прашав некого од повозрасниве „А зошто постои лошото, ај на лошиве ако им е, ама зошто и на добрите луѓе им се случуваат лоши работи?“ Одговорот беше во форма на прашање и се' уште го паметам: „Да не постои лошото, како ќе препознаеме што е добро?“

    И така е. Како човек кому му се имаат случено многу лоши работи од една страна и прекрасни работи од друга, можам да кажам дека да не ми беше патот толку трнлив, никогаш немаше да знам вистински да се радувам на животот и да скокам од среќа на секое мало задоволство и среќа што ми ги пружа.

    Како го постигнав тоа? Откако научив што вистински сакам во животот, се борев за тоа, затоа што ми беше јасно дека во спротивно ќе мора да се задоволам и да се преправам дека го сакам она што ќе го добијам, а тоа секогаш води кон незадоволство од животот и ни' става превез пред очите за да сме слепи пред сите убави работи кои ни' се случуваат.
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.956
    Пол:
    Женски
    Покрај семејните и моментите поминати со дечко ми...
    Ова е еден од најубавите моменти во мојот живот, кога гордо го носиш дресот на Македонија.
    Солзи ми одат и сега кога го гледам видеово,ми се враќаат спомените.
    http://www.youtube.com/watch?v=hHrnaGJ8ckg
    http://www.youtube.com/watch?v=ul95HIiC ... re=related
     
  5. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    142
    како што кажав и претходно во една друга тема не треба да се живее во минатото треба да се продолжи во ред е да се сеќаваш на тие моменти но не и да бидат диктатори на твојата секашност и иднина
     
    На katerin му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.684
    Допаѓања:
    49.968
    Пол:
    Женски
    Животот најдобро го отсликува пулсот на срцето, отчукувањето, онаа линија што се движи горе - долу. Тоа е животот, подеми и падови. Тоа значи дека живееш, ако ти се движи рамно таа линија тогаш си мртов. Лошите моменти се добри учители. Всушност, повеќе учиме од нив отколку од срќата. Среќата е повеќе за уживање отколку за учење.
    Јас и кога ќе се соочам со нешто лошо ја барам позитивната страна, ништо не е толку лошо колку што ние го гледаме дека е. Кога ќе ми се случи нешто убаво тоа го сметам како заслуга за моето поведение, мојата трпеливост и верба. За жал често се случува среќата да не ми трае долго, да се случи нешто лошо што ќе ме спушти на земја ако многу се вивнам од радост. Или пак после една несреќа да настапи друга. Како и да е, од се досега што ми се случило јас сум задоволна. Се земено ме направи ова што сум денес а денес јас си се сакам себе.
     
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.755
    Допаѓања:
    138.565
    Кога ќе се навратам вака низ годините, имав преубави моменти што вреди да се паметат цел живот...
    Последнава година мислам дека ги доживеав најсреќните моменти во животов..
    И најтажните..
    Моментот пред еден месец, кога после сите забрани од докторите станав од кревет ... и не ја чувствував ногава..
    Ме сруши на чисто..
    Не можев да ја помрднам .. ја чувствував како да не е моја.. со страшни болки ја влечев по себе додека тој ме држеше .. додека тој се обидуваше да биде мојата нога..
    Цел месец се будам и заспивам со таа слика.. Колку и да сакам, не може да ми излезе од глава.. Ниедно апче за смирување не успева да ме смири, се тресам при самата помисла ... Цел месец ме убива помислата - дали некогаш ќе можам да одам како што одев порано :(
    Може ќе ме огрее сонце после дождов...а можеби и не ...
    Викаат се се случувало со причина..сакам да верувам дека е така
     
  8. Nalutena1

    Nalutena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    1.758
    Пол:
    Женски
    Mene zivotot mi e poln so so losi momenti, dobrite se retka pojava kaj mene.
     
  9. katerin

    katerin Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    jas ostavif rabota poradi moeto minato. so edna bifsa koleska trgnav po eden Gresen pat. i sega koga vidov deka se pustil oglas za kaj mene na rabota, od strav deka taa ke bide povtorno vraten na rabotno mesto... si dadov odkaz... ne mi se rizikuvase vo nieden moment bidejki ako taa se vrati vo mojot zivot, ke mi se srushi se sto gradev izminative godini vo zivotot poradi eden grev...