Само строго здрава исхрана и трчање ... Од друго нема помош... И да не е трчање нека е некоја физичка активност како фитнес , аеробик и сл.
Убаво ми е што сум дебела...Не не ми е убаво! Ич не ми е убаво, имам 20 килограми вишок кои се обидувам да ги тргнам, и ќе успеам, тешко ми оди не морам да им ги затнам муцките на љубоморните и покварените кои само зборуваат. И на никој не му е убаво што е дебел, можат да им кажат на другите да им кажат дека им е убаво и се но самите пред огледало не можат да се излажат!
Едне комичар имаше речено: Дебелината не е болест, тоа е дебелина. Ти не си болен, ти си ДЕБЕЛ! (ова се однесува секако на оние дебели со по 200 кг..)
koga pokraj debela devojka ke pomine slaba i zgodna odma se pojavuvaat kompleksi no ima i nekoi sto nemaat gajle i ubavo im e golema samodoverba i toa e toa [mod-kirilica:3063p2k8][/mod-kirilica:3063p2k8]
Охохо, полека Верице. Се појавуваат комплекси ?? Да бе, жива искомплексирана сум. Значи пак се враќаме на истово од пред неколку страни, се делиме на слаби вс дебели. Па немам гајле да ти кажам, немам мака затоа што не сум искомплексирана. Убава на мајка, паметна, малку вишок од страните, добро де. Некаде Господ давал, некаде зимал, мене еве, ми дал малку повеќе памет а ми одзел на згодноќа, очигледно. Не ми смета да ти кажам, им се восхитувам на слабите и одржувани девојки, доброто тело не е резултат на добар метаболизам, туку на добра работа. Браво за таквите, но моите вишок килограми не ме прават помалку вредна од нив. Самодовербата е нешто на кое што можеш да работиш, јас познавам еден куп девојки со нормална тежина кои немаат ни С од самодоверба. Абе, не знам што докажувам и на кого, само од памет ме вадат коментарите кои ме карактеризираат како искомплексирана.
Да си дебел да е убаво нема шанси според мене!!!! Јас сум полничка и не ми е многу убаво, а не дебела да сум. Арно скинав некое килце летово, инаку дома ги збудалив со тоа. А и скрос слаба да е не личи. Ај пониските девојчиња ок е и да е слаба, ама високите само коските да им се бројат не, треба малку мевце Мислам дека ако си послаб и како повисок искажуваш, можеби е илузија ама така ми изгледа .
Токму така Дузи..таа слаба и згодна девојка може да е бетер искомплексирана ...самодовербата и дебелината не се поврзани. Некои мислења едноставно не се вредни за анализирање и докажување, но сепак ова е форум и секој има право да си каже што си сака, што мисли или не мисли. Битно е човек да се чувствува убаво во својата кожа. Една моја блиска личност постојано има проблеми со тежината и редовно е на диета или подобро да кажам на режим на исхрана, меѓутоа самодовербата и` е на завидно ниво, просто зрачи од самодоверба, покрај тоа има и преубави парчиња гардероба, би рекла дека знае како да се носи со својата тежина и пак преубаво да изгледа.
Дузи, Дузи, Дузииииииииииии за претседател на АЗД - Асоцијација на заобленки девојчици !!! Еве Дузи нит ја знам, нит ја познавам, ама и преку монитор ми зрачи со самодоверба, шарм, интелигенција и сексапил! Оууу јеааа. А во модни критики ѕиркам некои девојчици супер згодни што би рекла баба ми - рипчести рака на срце, ама по мислењата низ другите теми - шупливи ко балка (ако знаете што е тоа). Без навреда молам, само споредувам како килограмите и надворешниот изглед немаат врска со самодоверба, позитивна енергија и памет во главата.
Вие над мене ништо не разбирате. Многу сте ај да не кажам ... Барем признајте... еве вака како мене ... Признавааааам, штом видам послаба девојка од мене, ме маваат комлексите, и одам во некој ќош, плачам точно 23 минути па продолжувам понатака, додека не видам некоја друга и се така. Затоа еве сега седам затворена во 4 ѕида и излегувам строго од 4 навечер до 7 сабајле за да не гледам многу многу... И се размислувам и психијатар да побарам, некако како многу малку да плачам бе, се си мислам повеќе дека треба да поплачам ... Свашта. И искрено, секогаш ќе бидам поубава од некој што е преслаб, и некој што е таман, а само сере леле колкава суммм, леле колкав газ имам ... а таа во минус со килограми. јас се гледам во огледало и се сакам, знам што гледам, каква личност гледам ... а ќе се сакам и слаба. Но тоа не значи дека би ги убила другарките зашто се послаби од мене... И не треба вака да размислувате... не дај Боже од една или друга причина да се здебелите, би побудалеле ...
Нешто што најмногу ме нервира е кога ќе видам совршено слаба девојка или пак еве со 2-3кг вишок,ќе почне да кука како е дебела.Не ми е јасно,илјада пати ми се има десено или пак неам видено некоја од оддамна и вториот муабет и е тоа,како се здебелила,дали ја мислам дека се здебелила и така во бесконечност. Фала богу,им текна да ги вратат девојките со облини во мода,па сега ајде ок е да се има некои кг вишок Најсмешниот дел од тоа е што девојката што ми збори како треба да ослабне е доста послаба од мене,па добро каде со тој муабет?! Мислам ајде муабетов:нема да ги јадам смокине,здебелена сум! и јас нели треба да одоворам:какво дебела,јади си мајкина Да не испадне дека јас мислам дека се дебели,не напротив,туку мислам дека работите ги тераат од крајност во крајност.Така да се е до тоа како размислуваш.Секој треба да превземе одговорност за своето тело и ЗДРАВЈЕ.
Јас пак ќе кажам во скратена форма - Слабите луѓе кои ги исмеваат дебелите имаат проблем со некој свој комплкс (независно од тоа за каков станува збор), дали нос, очи, уши...И ова им доаѓа како утеха всушност: ,,Јас не сум убава, но таа е дебелаТА'' Кажувам од свое лично искуство. Да не испадне дека сум лоша па сите ги ставам под ист кош, еве ќе кажам дека барем половината од нив бар еднаш размислувале на сличен начин или некој друг. Горенаведенава реченица којзнае колку пати бар потсвесно не им се мотала во глава. Како и тоа дека ако излезат тие и уште некоја дебела девојка со нив, колку таа (слабава) позгодно и пошармантно ќе изгледа од претходнава. И сигурно голем дел од нив си прават долгометражно филмче што би рекла јас, како сите машки погледи ќе бидат токму кон нив упатени Не, далеку од тоа дека ве навредувам или омаловажувам, прекрасни сте меѓутоа многу погрешно размислувате. Зошто јас ќе ви кажам дека една средена и симпатична девојка може да има подеднакво дечковци како и вас. И на моменти се нервирам со мојот целулит и голем задник но тоа никогаш не претставувало кочница за да престанам да излегувам од дома или пак недај боже да плачам кога ќе видам некоја послаба девојка од мене. Јас сум доказ за двата веќе горенаведени примери. Освен тоа откако ослабев почнав да се чувствувам многу попривлечна и згодна затоа не обрнувам внимание на злонамерните коментари, и ќе дадам се од себе за да им го докажам спротивното на останатите
Се навикнав свашта да ми зборуваат. Поднамали го газот, види си ги бутините, ти се здебелил стомакот. Прашуваат: Колку килограми имаш? Одговарам: 68,5. Нивна реакција: Лелеееее колку многу, треба да ослабиш. Спојлер Е баш ме здоболе. Признавам-си ставив 5-6 килца повеќе на факултет. Брза храна, прсти да си лижеш. Си јадев и си јадев и ич глава не ме болеше, не ме ни здоболе кога стрелката на вагата си го покажа максимумот, како никогаш досега. Почна да ме боли кога почнав да сфаќам дека се чувствувам балонесто и подуено. И кога морав да не ги облекувам омилените фармерки. Најважното си го постигнав-си ја исчиствив навреме прва година. Е да, природно си имам облини, широки колкови и многу си ги сакам искрено, прекрасно си се чувствувам во нив. Што је лепо нек се види! Преслаба никогаш во животот не сум била. Не ни посакувам. Ги жалам манекенките и сите оние кои се ставаат на строги режими на исхрана со нејадење, па повраќаат се што ќе стават в уста со цел да скинат некое килце. Не, фала, мене здравје ми треба! Ама морам да бидам искрена-им завидувам на девојките авиони, кои си се стегнати, а не исушени, прекрасно излгледаат, секоја чест. И за крај, вежбам, јадам здраво, пијам вода, а кога ми се јаде во пекара навечер, или па благо,си јадам без грижа на совест. И пак си сум округличка. Што е најважно, се чувствувам поубаво од никогаш. И да, барем си имам салце да ме топли во студените зимски денови.
Eeee, оно Кристина Агилера се здебели, та за нас... Спојлер p.s. јас се' уште си ја сакам. И Адел ја сакам.
^Искрено некои ѕвезди посимпатично ми изгледаат округли. Што и фали на Мајара Кери, Бијонсе, Џеј Ло? Убави, одржани и природно заоблени жени. А Анџелина Џоли, на пример и Гвинет Палтроу можат да си фрлат некое килце, ребрата им се бројат и вените на рацете им се излезени од што се премногу слаби. Тоа на ништо не ми личи. И Рене Зелвегер во филмот Дневниците на Бриџит Џонс, кога морала да се здебели заради улогата, посимпатична ми е.
Кај нас машките е многу поедноставно со тежината затоа што каноните за идеално машко тело не се променети од антика до денес и точно се знае каков треба да е односот на раменици со струк и колку мускули или масно ткиво треба да има едно идеално развиено машко тело. Кај вас е пак се пореметено час се полнички во мода час слаби па да не речам и анорексични девојки и затоа и сте често збунети што е идеално женско тело. Последниве години посебно преку женските списанија се популаризираат женски тела кои се анорексични односно слаби до коски па повеќето девојки ги земаат нив за репер на здраво и убаво женско тело што е многу погрешно(и трагично затоа што создава вештачки комплекси) . Тоа што ни е на нас машките нормално женско тело за вас е најчесто веќе дебела (а нема врска) и многу е смешно кога девојка ти се туфка за некое килце вишок а ти гледаш дека има совршено тело и не ти текнува дека се споредува со некоја анорексична манекенка која ти не би ја ни погледнал од што е слаба . Сите погоре што ги спомна не само што не се дебели туку се 100 пати поубави со новата килажа затоа што им е многу поблиску (или погодено) со нивната идеална тежина. Така да кога дечкото ќе ви каже не си дебела мене си ми супер најчесто тоа и навистина го мисли. Убаво и складно обликувано женско тело со умерено салце знае да биде многу секси . Не знам колку помогнав но сакав да ви ги прикажам работите и од машки агол .
Не сакам да цитирам се,но знај дека ова ме потресе целосно. :'( Имам 14 и од неодамна почнав да држам диета. Сигурно имав над 40 кг вишок (да,да сериозен сум). 3 години,злобните коментари,секако ме стрелаа од позади грб од скоро сите "пријатели" а јас само се тешев и се преправав дека не ги слушам. Продочжив да се уништувам уште 3 години се додека не сватив дека јас сум единствениот од моето друштво кој никогаш немал девојка.Добив шамари од сите. Секоја вечер плачев,чуствителен сум,но сите тие коментари силно маваа на психата! Пинекогаш размислував и за самоубиство (знам што ќе помислите за ова,дека има и полоши работи но НЕ СФАЌАТЕ КОЛКУ Е ТЕШКО ДА ЈА ДРЖИШ ГЛАВАТА ГОРЕ ДОДЕКА НЕКОЈ ТИ ДОВИКУВА "СВИЊО" ПОЗАДИ ГРБ) Досега изгубив 15 килограми,и не застанувам овде. Со секој изгубен килограм му се одмаздувам нив,и му ги затварам устите. И можеби треба да ги мразам,но не,патетични ми се. Ми се гади од нив и нивното лицемерие и тоа како своите фрустрации ги лечат на други. Но,и јас ги имам тие кои ме подржуваат во секој чекор од животот. Имам вистински пријатели,семејство и роднини кои направија се во нивна моќ да бидам тоа што сум денес. Здраво се хранам,спортувам се движам,и што е најважно,научив да му враќам сурово и подло. Исто како што правеа и тие.
Дебелината не го прави човек помалку важен во опшеството,ама сепак треба да напомениме дека живееме во многу суров свет,посебно децата кога имаат 13 14 години и некако другите деца му се подсмеваат го врегаат и слични работи,немојте да си го дозволите тоа без разлика на вашата тежина.Понижете ги на поинаков начин затоа што детството е олицетворение на вел живот,затоа треба да се биде јак тогаш да ги надминеш сите пречки во светот на тинејџерите И ако некогаш сакате да ослабите направето го за вас за вашето здравје,и секогаш вракајте му на тој што ви се потсмева или пробал да го направи тоа,оти е лесно да си слабич(карактерно) ама тешко е да си цврста лишност ама сепак мора да се постигне тоа.поззз
И претераната дебелина и анорексијата од друга страна го нарушуваат здравјето, можат да имаат и фатален исход. Секој човек треба да се прифати себеси каков што е, ако може да го поправи својот изглед секоја чест, ако не - нејсе. Само тврдењето како некоја е со вишок кг поради тоа што во минатото и‘ се восхитувале на Гола Маја и сличните дела и ТОГАШ тоа било репер за убавина, ми е „кисело е грозјето„ синдром. Друго, низ темава ми падна в очи еден став кој преовладува, во смисол јас сум добра, дебела и сакам сите да ме сакаат бидејќи сум убава, ама јас ќе ги мразам анорексичните бидејќи се грди . Повеќе самокритичност за ставовиве, а помалку за изгледот мислам дека е неопходна, бидејќи не се прави она што не сакаш да ти го прават, а потсмевот кон болни (анорексијата е болест) не е ок и не го правда тоа што ви се потсмевале нарекувајќи ве со погрдни имиња некои лоши дечишта во забавиште, . Во однос на злобата мислам дека е сеприсутна кај луѓето само процентот на застапеност варира, само тоа е веќе друга тема на дискусија, а околу тепањето тука е главна техниката, не масата . Не има секакви и во тоа е убавината, само треба да се прифатиме најпрво себеси какви што сме, потоа другите без безпричински реални и виртуелни војни дебели версус слаби, бидејќи дебелината варира, но варира и степенот на предрасуди кај луѓето и во нас е силата да ги елиминираме и едното и уште поважно ова второво.
Здраво. Го прочитав ова и не можев да останам рамнодушна и без коментар! И јас сум една дебела личност, но не од оние кои викаат дека се дебели само затоа што сакаат од другите да чујат "Не бе ти не си дебела" и да се полнат со тие прости зборови. Навистина имам проблем со дебелината, тежам 150кг, а сум 170цм висока, со овие пропорции Вие би си рекле, ова човек е или топка што се тркала?! Човек сум, и изгледам големо, но како што кажа Мона.с, дебелината не го прави човекот помалку важен во општеството. Не се гордеам со себе заради тоа што дозволив тие килограми да ги натрупам, но се гордеам со мојата личност што ја поседувам и она што го вреднувам од неа. Знам дека дебелината е болест и дека не треба да се остане рамнодушен на тие кг., но верувајте дека не е ни малку лесно да оддолееш на дрогата нречена ХРАНА! Многу пати се обидов да спуштам некој килограм, и успевав, но истрајноста не ме држеше долго, уште се борам со исхраната, но знам и дека никогаш нема да престанам додека не дојдам до посакуваното. Но ОНА ШТО МИ БЕШЕ ВАЖНО да го напоменам е тоа дека никогаш не попуштив пред другите, секогаш чекорам гордо, со крената глава и насмеано лице. Не сум го имала проблемот како момчето во текстот погоре, но знаат непознати луѓе да ми измеркаат од глава до пети, едни од нив да се изнасмеат на мојата конституција, други да прошепотат нешто и да вперат прст во мене повторно смеејќи се, трети да мислат дека не сум доволно добра за да ме погледнат, но има и такви кои со воодушевување гледаат како чекорам кон локацијата. Народот е многу искварен денес, не суди по производот во амбалажата, туку по амбалажата. Не дозволувај да те навредува она што си ти, не вреѓај, но не дозволувај некој да бие непријатна шега на твоја сметка, врати трезвено и со насмеано лице, соодветно на непријатната шега, верувај дека повеќе ќе го спуштиш на земја од она што тој се обидел врз тебе. НАЈБИТНО треба да ти биде дека те сакаат и поддржуваат оние што се околу тебе, дека не си сам, за другите мислења, не се замарај, тие луѓе немаат свој живот, па го трошат нивниот на туѓи. Сети се дека тркалото се врти, денес и вака, утре не знаеш како, да не заборавиме дека стапот има два краја, никогаш не знаеш кој крај ќе го извлечеш Ти, а тој ако не го држиш цврсто, веднаш ќе падне од нечии раце. Биди среќен дека здравјето те служи, насмевни се, крени ја главата и чекори како светот да е твој! Исполни го духот со најпозитивни чувства и покажи му на светот дека твоето место е загарантирано на ова парче земја и дека никој не може да ти го одземе. Секогаш биди свој, биди ист пред сите, имај едно лице, еден карактер, една личност, ЕДНОСТАВНО БИДИ ЧОВЕК, се' уште ВИСТИНСКИТЕ луѓе ги бараат вистинските вредности кај еден човек, само така ќе можеш од секоја ситуација да се извлечеш. Не се умилкувај за да добиеш нечие внимание, понекогаш твојот пораз е всушност твојот успех. Биди горд на себе и вложувај во себе, не жали за минатото, затоа што токму тоа е патот до твојата иднина. Ти си еден и единствен, и никој не е поважен од тебе без разлика на што! Ти посакувам успех во што и да наумиш, а знам дека килограмите ке ги симнеш само за себе, за никој друг (иако сега мислиш дека им враќаш со секој симнат килограм) , затоа што Ти ќе бидеш исполнет и среќен со својот успех, а другите ќе бидат само задоволни! Поздрав, СањаБуцка!
ваооо,морам да ти кажам дека тоа ми беше целта на коментарот шо го напишав,да му покажам на лугето да не се осекаат понижено помалку посакувани на овај свет и слично.Да ти кажам искрено многу сум срекна кога го прочитав тоа дека си толку јака и цврста и дека не дозволуваш на никој да те понижува,не смее никој да се подценува браво за тоа,се гледа дека си се трудела многу да изградиш став статус и слично.Гледам дека сега се зачлени и ми е мило зато што форумот е многу добар можиш да научиш многу работи,и да најдеш помош. остани храбра како шо си и секогаш ке успејш