Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Убаво ми е што сум дебела...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 16 октомври 2010.

  1. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Фала му на Бога што не сум дебела.... Но ќе го кажам овде моето мислење дека нема човек кој е среќен и дебел истовремено.... Јас 3 кила да качам и се срамам да излезам од дома не друго... дебелината е болест !
     
  2. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    тешко тебе ај не зборувај глупости,зависи до колку кила е и ако страмиш тогаш ти си имаш проблем со самата себеси,човек не се проценва по тежината барема паметнити го знаат тоа
     
    На SanjaBucka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Не претерувај! Не можеш да даваш судови во име на некого, па уште и неповикана, каква ти е таа равенка дека дебелина=несреќа јас сум била отсекогаш талентирана за математика па вакво равенство не сум пронашла, нема ни да го најдам! Голем дел атрактивни и со нормална конституција луѓе се жртви на своите ега, суети и нарцисоидност на тони што побргу ги носи на полето на несреќата отколку некој со некој кг вишок.
    Јас му благодарам на Бога што дал здравје и памет пред се‘ и 3 кг вишок не се крај на светот ајде те молам ова зрното грашок да не ти направи ремет, па уште карантини препишуваш! Да не е бедно, ќе е срамно. Прост народ гине од предрасуди побргу отколку од сите епидемии на купче, |( !
     
    На Victorian, innablood, marama и 7 други им се допаѓа ова.
  4. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    се согласувам со тебе целосно теодора какви глупости зборате значи не можам да повервам ако ти си ископлексирана личност не мора да значи и дека се другите
     
    На SanjaBucka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Теодора мене не ме интересира твојата интелегенција во математиката, нити па те прашав, а равенството (како што велиш ти)го напишав по цена на мое лично искуство...аа Мона, јас сум последна искомплескирана личност што постои ;)....Луѓето на мене пробуваат да лечат комплекси...и кога не прашувам за мислење ни најмалку не ме интересираат туѓите ;)
     
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Оффф....
    Какви се тие глупости дека постои правопропорционалност на среќа = дебелина.
    Имав 100 кг., имав и 53...сега 63...
    И?
    Нешто ова равенкава кај мене нефункционира.
    Еб*ате среќата, барем и нејзе да можев да ја контролирам како килажата. :|
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    386
    Не, не ми е ич срамно да излезам од дома со +3 кг на мене.... Ако беше до тоа сега мене не требше никој да ме познава...
    Имам вишок на кг, излегувам, се дружам... среќна сум :)
    И среќа нема луѓе во мојот живот што им сметаат моите 3 кг вишок..
     
    На female07, SanjaBucka и mona.s им се допаѓа ова.
  8. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.227
    ме испровоцира равенството
    ако гледам наназад низ животот ке видам дека секогаш кога сум била со плус килограми сум била најсреќна во животот ....кога се ти е средено...- , имаш тип што те сака, имаш работа која ја сакаш, или кога на школо оценките ми оделе како подмачкани,кога фамилијата е зад секој твој чекор, другарки со кои времето ти поминува толку брзо што сакаш а го закочиш ..... килограмите ти се на последното место -не сум ни приметувала дали се покачувале или симнувале, ми било сеедно за нив
    но кога некоја од овие работи не оди како што треба тогаш секогаш проблемот го бараме во нас самите

    Па за девојчето што пиша дека кога е само слаба е среќна ке ти речам дека ти сеуште не си ја пронашла вистинската среќа ...потрудисе да ја најдеш, - види што е она што навистина ти фали во животот и ке видиш дека тоа нема врска со килограмите
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Инаку искуствава ги црпиш кога си во кревет со имагинативен лик актер во некоја шпанска сапуница, :wasntme: ?
    Каква среќа за тебе, сите сега ти завидуваат, а-хам.
     
  10. mona.s

    mona.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    153
    женски ке ви кажам неколку работи,не се занесувајте со килограмите ако ги имате помалку тоа не значи дека сте подобри поубави и нешто слично.
    никој не ве сака за вашите килограми и тоа дали имате 50 или 60 не ве променува како личност,и кога ке прочитам дека не излегувала од дома оти се имала здебелено 3 килограми,ми иди да заплачам од глупоста шо ја прочитав оти тоа е многу ниско малоумно и просто,точно е дека повекето сакат да ослабат ама за себеси,и сепак излегуваат од дома
    Епа вака никое машко не ве сака оти имате 3 килограми повеке или помалку,освен ако не му е само да ве легне и после да не ве види никогаш.
    ако секоја девојка си постави стандарди дека вреди по то шо е а не по колку тежи лугето ке ја поштоваат по тоа а тие што не сакаат нивни проблем.
     
    На SanjaBucka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    дефинитивно никој не ме разбра со тоа 3 +/- ... ама не е битно :) Не постои никој што ќе ме промени, таква сум каква сум, ако ти чини добро ако не пак добро....
     
  12. SanjaBucka

    SanjaBucka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    460
    Ти благодарам на поддршката, Мона, добро е што се' уште има луѓе на овој свет што знаат да ги вреднуваат луѓето по карактерот, а не по изгледот. Сочувствувам со лицата кои имаат проблем со тежината, кои се срамат да излезат од дома ради тоа и набиваат комплекси од исфрустрирани лица. За моја среќа, јас имам самодоверба на плафон, така што ќе ми биде мило ако можам некому да му помогнам да го реши проблемот со излегувањето од срамот. Не треба да се срамиме од тоа што сме, треба да се срамиме од тоа што не сме, а мислиме дека сме, порано или подоцна вистинските лица излегуваат на виделина, а лошото лице и кучето го лае! ;)
     
    На Teich и mona.s им се допаѓа ова.
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Иииии, ајде пак одново. Прво, да, револтирана сум од вакви постови. Сега да ти објаснам и зошто.

    Животот не е шпанска серија, драга Кралице, па не сме сите со исфенирани нанадвор фризури и со три килограми шминка. Во животот, никогаш не треба човек да има тврдокорни ставови какви што ти ни презентираш - резултат на гореспоменатите серии. Кога ќе поминеш низ сето тоа, низ здебелување, слабеење, па повторно здебелување и повторно слабеење, здравствени проблеми... е кога ќе поминеш низ сето тоа, тогаш дојди и кажи ми дека е срамота да се излезе од дома.

    За среќа и дебелина, те молам да не ми споредуваш. Сум рекла некаде, ќе речам и сега - сум имала многу посреќни периоди со 25кг плус на мене, отколку што сум среќна моментално со некои си 5-6кг вишок. Јас па, фала Богу, ми дал дедо Боже нешто да тропка и да чука во главата и сум многу среќна заради тоа. Е, ај сега де ?! 8) Кој од нас е посреќен ? :D

    А ,,посрамота,, од тоа да се имаат вишок килограми е да се има вишок (малограѓански) мисли во главата. Нека ти служи на чест, одиме напред со тие ставови и тие размислувања. Или, ај пресметај ја оваа равенка, дали резултатот ќе испадне = напредок ?!
     
    На Victorian, Аматиел14, Smilly и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Еве стручен доказ дека грешиш


    Cacko е многу дебел ама и срекен е бидејки гиба со еден куп убави девојки + жена му

    http://www.youtube.com/watch?v=XQY8mn9PGJo







    :call:
     
    На Whatsername, zhap4e, mona.s и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Треба да се разграничат две работи - човек кој е дебел/има голем вишок на килограми (девојчиња со 3 - 5 кила плус не зборам за вас, вие само изводите :) ) и е среќен затоа што по дифолт е среќен човек, без разлика дали има 60 или 160, или дали е човек среќен ЗАТОА што е дебел - значи си го гледа вишокот на 20 - 30 килограми и повеќе и си вели - уууу ама сум среќен што сум огромен, па холестеролче, па едвај дишам, едвај трчам, едвај одам, едвај е*ам, ама среќен сум.
    Хм, за овие вториве тешка работа. Скептична сум. Би тврдела дека не постои човек кој е среќен што има вишок. Или ќе се научи да си живее со тоа или цел живот се обидува да ослабне.

    Но никој не тврди дека оние кои се дебели не можат да се среќни. Таман работа, познавам два прекрасни примероци на човечкиот род и да ви кажам повесели и поведри луѓе не познавам. Ги обожавам едноставно и кога сум во нивно друштво паѓа неверојатно смеење до гушење, ама буквално се засркнувам од смеење со нив.
    А дали се среќни и задоволни со тоа што се дебели? Не! Самите ми имаат кажано. Дека им пречи. Им пречи што едвај се движат. Им пречи што не можат ниту да трчаат. По скали кога одат веднаш се задишуваат, имаат потешкотии со пронаоѓање на облека. Едноставно тие кила плус ги ограничуваат во едно нормално, секојдневно фунцкионирање и заради тоа единствено не се среќни. И признаваат дека не прават апсолутно ништо за тоа да ослабнат. Си се навикнале, си јадат, и не мрдаат од тоа.

    Така да севкупната среќа никако не зависи од килограмите, се додека човек е поистоветен со тоа како изгледа и се чуствува убаво во својата кожа. И многу ги почитувам оние кои прскаат со самодоверба и не се ни навредуваат кога некој културно ќе ги потсети дека се дебели или ако им пререче за килограмите - свесни се за тоа и со насмевка прифаќаат каков и да е коментар. Свесни се дека луѓе има едноставно секакви :)

    Сите кои ги превртуваат очите или се лутат - им пречи дебелината или вишокот на килограми, колку и да се прават дека се ок со тоа. Не се. Уште ми се посмешни кога ќе земат да ме убедуваат - еј ова само сега со тебе јадам, одамна немам јадено волку многу. Ама супер сум, гледаш? Сепак фатив дечко, ха!
    Бла бла монолог кој не ме интересира, ниту пак сум ги прашала нешто, ниту сум забележала колку јадат во моментот да не почнеа сами да се правдаат. Како беше она - кога ќе почнеме гласно да си се убедуваме во нешто што не е, можеби и ќе почнеме да веруваме во истото.

    Дебелината не е здрава ниту убава, и тука не го менувам своето мислење. Нема ништо убаво во тоа кога еден куп на основни човечки функции се попречени заради тоа што некој не може да се откаже од барем една третина од својата вообичаена дневна порција на јадење.
     
    На Victorian, Аматиел14, Smilly и 6 други им се допаѓа ова.
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Без навреда ама дебелите личности не се секогаш добро прифатени од околината. Потсвесно тие си мислат и се прават дека се среќни, но не се тие се несигурни во себе и во се што треба да направат.Често се исмејувани па затоа викат дебел сум ама среќен. Викаат дека не се замараат за нивниот изглед дека добро се чувствуваат , но не можат да ја прифатат ралноста дека се дебели и се тешат со храната .Тоа е ..... :^)
     
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    за жал на никој не му е убаво да е дебел,...барем не на 90%,вклучувајќи ме и мене. Mене не ми пречат дебелите луѓе,не ги мразам(зашто сите знаете, до некаде и јас го имам тој проблем, иако се неколку кила мене и естетски и на секој можен начин ми сметаат) ама да, ми пречи кога ќе видам некоја, навистина дебелка, а се облекла во нешто што не и стои и не и прилега!(пример кратка мини сукња или гол стомак)
    :^) Hе ја сфаќам поенатава! па јас 5 минути не можам да седам облечена во нешто што според мојата килажа не ми стои...дури не ни сакам да се видам пред огледало, а камо ли таква да излезам!и ајде кажете ми, како нема да прокоментира некој, или да не се исмејава со нејзе?Kога таа самата си го дозволува тоа.Aко веќе сакаш да се облакаш така сестро, среди се, ослаби!
    и јас не можам да си дозволам да носам пола од облеката што пред 2 години ми стоела супер, тоа си е мој -, и нема да се форсирам да се носам така, туку ќе си се прилагодам на новото ми тело :( , се додека (некогаш, ако ? ) не се вратам на таа килажа


    Cудејќи по мене, низ кои се периоди, комплекси и депресии не сум поминала баш од оваа причина, да ќе кажам тешко е, тешко е да си дебела,особено ако нагло се поправиш, па од слаба преминеш во дебела! Tешко е кога ќе излезеш со друштво. сите јадат, а тебе, пусти срам те мавнало, абе едно залче ти е срам да земеш :( (барем од свој аспект зборам)
     
    На The-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SanjaBucka

    SanjaBucka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    460
    Потполно се согласувам со тебе и се прашувам дали се знаеме, затоа што доста од горенаведеното, ме опишува токму мене, или пак тоа е опис само на дебелите луѓе, кои знаат дека сето тоа што го носат на нив не чини и дека не води никаде подалеку освен во бездна, ама сепак и покрај се се среќни или пак знаат како да бидат среќни и да уживаат во она што се... Не е во ред човек да се помири со килограмите, но не е во ред и да биде исмејуван од страна на другите само затоа што има проблем со дрогата наречена храна! Храната е завист, и колку што е тешко да се откаже човек од дрога, толку е тешко и од јадењето да се откаже, но никогаш не треба да престанеш да се бориш за посакуваното. Јас сум дебела и не се гордеам со тој факт, но се гордеам со мојата личност и со тоа како се носам со дебелината. Искрено, многу луѓе познавам што имаат сличен проблем, но сепак се депресивни, усрамени и потиштени и не излегуваат од дома, јас го немам тој проблем, јас се движам како Тито, имам многу пријатели и луѓе што ме сакаат и ги сакам. И сите тие не ме поддржуваат во дебелината, напротив, постојано зборуваат, но јас не се лутам на зборувањто, туку уште толку се гордеам што некој воопшто зборува, со тоа ми докажува дека навистина ме сака и се грижи, а прашање на време е кога ке се спојат моите стрелки за превземање на вината и постигнување на зацртаната цел што секој од нас ја има! Најбитно во целата оваа моја приказна е тоа што никогаш не попуштив пред другите, секогаш сум своја и единствена во своето, секогаш насмеана и со крената глава и раменици, иста пред себе и пред другите, секогаш спремна за предизвик и вистина, цврсто газам под ова тло! (Да знае да збори ова парце земја, има мамата да ми ја расплаче :D ) Ни малку не е лесно да се носиш со товар од 80кг плус, но јас НИКОГАШ не престанав да бидам ЈАС, подготвена на секој мој пораз да му погледнам во очи! Убав ден , Phyramide :) Поздрав, Буцка! :)
    Тотално ќе го поречам твојов коментар :) .. Јас сум дебела и не сум ништо од ова што го напиша Ти, а ако си заинтересиран/а, можам и да ти кажам како успевам во тоа ;)
    Не знам зашто мислиш така и зашто би ти било срам да каснеш и залче пред другите. Не велам дека треба убаво да се чувствуваш во својата кожа (дебела), но не треба да се потценуваш. Надворешниот изглед е нешто што е релативна работа, а карактерот е оној кој привлекува. Се согласувам со тебе дека не е во ред да се носи неприкладна облека , но ете, тој некој што е дебел, можеби посакува на момент да види како му е во таа облека за тенки, и самото неразмислување во тој момент, сам се изложува на секакви коментари и исмејувања. Но еднаш ќе згреши, повторно сигурно нема, само што ќе си направи лошо за себе и ќе се затвори. А верувај дека дебелината е тешка психологија и не секој ја разбира. Дури ни самиот дебел човек не може да ја разбере, но со ваква околина и тешко дека ќе го постигне тоа ако има лабилен карактер ... Штета е да си дебел, но поголема штета се коментарите од луѓе кои мислат дека се' што лета се јаде ( не се однесува ова на тебе, општо е ). Убав ден! Поздравче! :)
     
    На Valerin, Phyramide, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
  19. WiseGuy

    WiseGuy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    99
    Најпрво да појаснам дека под дебели подразбирам луѓе кои се како такви класифицирани според BMI а не оние што имаат 2-3 кг плус па што се маваат од земја.

    За да некоја личност каже дека и е убаво што е дебела, е таа личност мора да е прилично неинформирана! Има бројни и бројни и илјадници испитувања кои укажуваат дека прекумерната тежина е причинител на голем број на заболувања. Најчесто се кардио-васкуларни заболувања и многу често се фатални. Така да, со инает да тврдиш дека ти е убаво што си дебел и да одбиваш да ослабеш, е исто како да си пресудуваш смртна казна. Исто како кога наркоман вика дека му е сосема убаво кога злоупотребува дрога.

    Тие што се свесни за ова и што ги имаат овие информации а пак се кријат позади банални изјави од типот 'ама јас и вака сум среќна, зашто да слабеам', 'ама мене ми е вака убаво' се или премногу лабилни и слаби карактери или премногу глупи! Немам друго објаснување за луѓе кои одбиваат да направат нешто добро за себе и за своето тело!! Да си ја мучнат малце главата ќе престанат да продаваат демагогии и ќе сфатат дека се работи за нивното здравје пред се!

    П.С.

    На крај, дискусијава нема победник. Исто како да убедуваш страстен пушач дека не треба да пуши или акохоличар дека не треба пие. Нема разлика.
     
    На easyyyyy, stella83, mando-diao и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. trenDafila

    trenDafila Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    11
    Мене ми е исто убаво, си имам и фалтички и стриички.