Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Убаво ми е што сум дебела...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 16 октомври 2010.

  1. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Taка и да продолжиш Joxy, ќе видиш и сам дека кога ќе ослабиш сите ќе ти завидуваат и ќе те мразат сега уште повеќе од претходно, токму поради фактот дека си успеал да се средиш и да изгледаш згодно. Не се откажувај, биди упорен и се ќе биде во најдобар ред ;)
     
  2. WiseGuy

    WiseGuy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    99
    Браво!! Само така и продолжи! И јас имам спуштено 15 кг како тебе последниве години! Познавам луѓе кои имаат и 40кг ослабено за нецела година! И одлично е тоа што си сватил дека само ти можеш да си помогнеш бидејќи тоа Е единствената вистина. Од другите можеш да бараш и да добиеш само подршка! Злобниците остави ги!! Нив ќе ги има без разлика на твојата килажа, нив за жал или за среќа секогаш ќе ги има :)
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Можеби некогаш имам напишано ама ќе се повторам, и после ќе гледам да ги одбегнувам ваквите теми кај што ми се крева притисокот.

    Јас сум дебела со 15+ килограми вишок. Исто така јас секогаш можам да ослабам ...

    А таквите како (нема да именувам) ... во душата секогаш ќе останат расипани и скапани ... Е тука, ни најдобриот хирург, психијатар, психолог, не може да им помогне. И да, помалку вредите од мене, па имајте и 50 килограми сосе алишта.

    Ајде со здравје.
     
    На SanjaBucka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да се навреди некој од оваа тема, факт е дека претераната дебелина е штетна како прво по здравјето, а како второ не изгледа убаво естетски. И секој може да ослабне ако навистина сака и се труди. Прекиснато ми е од некои девојчиња кои имат вишок килограми и сите кои се слаби им се криви. Кога велат дека им е убаво што се дебели, само се тешат бидејки не се доволно храбри за да почнат и завршат барем една работа успешно-диета. Зборот ми е, ако не сакате немојте да држете диета, но престанете да се сожалувате и да барате и другите да ве сожалуваат. Ова е посветено за една девојка која ми е блиска и која 290357035702504 пати кога почнува диета и никако да ја заврши. Јас сум слаба и знам дека ако решам може за една недела да качам 10 кила, но знам и колку е тоа тешко. Исто така свакам и дека е тешко да се ослабне но како што реков Тој што сака ке најде начин, тој што не сака ке најде причина!
    За коментарот над мене за ТедиБеар, неможеш, нема логика, да судиш за нечија вредност според тежината!
     
  5. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Се имам веќе еднаш изјаснето на темава. Повторно ќе кажам дека секој потајно, потсвесно или свесно посакува да биде згоден и да биде задоволен со својот изглед. Никој не може да ми го докаже спротивното. Доколку би бирале помеѓу вишок килограми и нормална килажа, секој од нас би го избрал второво.
    Ова Теди не се однесува на тебе. Не сакам да изгледа какоо ти да си конкретно посочена, ама морам да искоментирам. Ќе се согласам со коментарот на Црешичка дека тежината не е мерило за карактерот. Јас имам нормална тежина па сум добра личност. Психички сум топ оформена, не сум злобна, ниту завидлива (можеби звучи нескромно, но така ме гледаат луѓето од околината). Знам и други девојки и од форумов и надвор од него, кои се со нормална тежина и се супер личности. наспроти ова пак знам и многу луѓе кои се со вишок килограми кои имаат супер карактер.
    Така да, тежината не е мерка за ништо.
    Еве уште еден пример. Имам другар кој има 112 килограми. Сака да ослаби, ама не му оди. Од друга страна многу е себичен и е многу лошо воспитан.
    Поголема улога игра воспитувањето, отколку тежината ;)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Темава е чувствителна, фактот дека секогаш постои веројатност дека ќе влета некоја умница во наводници со испад од типот како дебелите не треба да излезат на улица од срам ќе се повторува до бесконечност и страстите ќе се брануваат одново и одново.
    Заклучок - неблагодарно е да судиме како е во туѓа кожа, кој колку вреди и сл. Темава не нуди квалитетна дискусија само отвара рани и простор за маневар да се навредува индиректно и да има доста директно погодени.
     
    На Victorian, Peppermint, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Фби, ако не се однесува за мене не морало да ме цитираш.
    Јас не посочив ни една посебно.
    Само си кажав според мене една вистина, па и нигде не пишува дека ако си слаб фактички си и добар.

    Само се прашувам до каде ќе се оди со мислењата од типот три килограми плус леле од дома мрдање никако. Ма не од дома, јас не знам зошто во подрум не се заклучат луѓето ако качат три килограми. Леле а не дај Боже 5 да качат ...

    И мојот пост е баш заради тоа, не може некој да каже теди полничка, злобна, крастава, небањата, не знам како излегува од дома. Немој не ме радуј работава.

    темата беше за оние со ептен вишок, 30 килограми, 40, едвај и што се движат. Никој на светот не вика дека тие сакаат да се такви. Можеби и јас не сум сакала да бидам таква.

    А за комлекси да не зборуваме. Фби, јас ќе те посочам како пример, без навреда ... ама ти си една од тие што кукаат како се дебели, а всушност се совршени и само сакаат некој да им го потенцира тоа.

    Јас колку и да сум слаба слика во купаќи не би ставила на форум.

    И сите што сте слаби, потсвесно, несвесно, свесно, сеедно. Кога ќе видите некој полничок во продавница, па уште не дај Боже да купува сладолед или чоколадо, што си мислите ... овој не треба ова да купува, треба краставица да си купи.

    Друго, општо земено, и во автобус и било каде ... за луѓето си важи правилото, дебели=грди=несреќни=лоши=злобни-смрдливи.

    А јас рака во оган си ставам дека водам повеќе хигиена, и дека сум посреќна и подобра од 80 проенти од слабите девојки.

    И тврдите дека имате другарки, дека ги почитувате и сакате ... кога сте со нив. Зад грб, односно кога сте сами, видете некој дебел и не помислувате човеков кој знае каква мака има што се здебелил. Или има мачен живот. Вие тогаш имате слика на некоја свиња што само јаде и јаде и јаде и јаде.

    Што е ужасно погрешно ....

    И да, и татко ми имал 80 кила, кичма го фати, нога го фати, сега има 150 и е болен до немајкаде. Што да прави??? болест е тоа.

    Од човек кој има вишок, и ВИШОК има разлика.

    Затоа беше мојот пост таков. Плус е сосем вистинит.
    Девојките со коментарите што не ни сакам да ги цитирам, секогаш ќе останат такви.
    А јас, овој оној, ојле дојде. Секогаш, кога и да посакаат можат да ослабат.

    И 90 проценти од луѓето имаат порок 6 пати полош од дебелината, па никому ништо.

    Ајде сега, имаме некој килограм вишок, и на плоштад со камења нека не маваат. Срамота еј, од дома сме излегле ... па и во кафич сме се осмелиле да седнеме ... :o
    Па и дечко имаме ... и пријатели што не сакаат .... ау. Злоба фрчи од нас.

    Друго, идете на одмор, и не можете да ми кажете дека кога ќе видите полничка девојка не ви е самодовербата до небо. Демек, оваа не води грижа за себе, а јас водам слаба сум ова она и тако даље.

    Не би да си ги истакнувам сама карактеристиките, секој си има свое мислење, ама некои работи си биле и ќе си останат апсурдни. Сега ако ви чини мислете си дека дебелите се и несреќни и лоши луѓе.

    Мене ако ми чини, ќе си мислам дека сите што пушат се идиоти. Или сите што трошат безвезе по премногу пари, пак се идиоти. Секој со своето нели. Ама ова е само пример. Ниту ми е гајле за некој ниту ќе мислам што и како.

    На сите подеднакво ни бил даден животот, сите сме родени од нашите мајки, не може мене некој да ме карактеризира како несреќна и злобна за едни мо*ани 15 килограми плус а не ме ни познава.

    Пример во автобус, се возам, позади мене една уште подебела девојка. И додека јас размислувам колку убава блуза има, совршено и ги крие килограмите, сељаци од позади и викаат свињоо свињооо. Ало, до каде така.

    Тоа беше се што јас сакав да кажам.

    И не се карам, и не сакам да бидам погрешно сфатена. Но не е фер да бидам омразена, или да ми е залепена некоја етикета за нешто што не сум.
     
    На Victorian, SanjaBucka, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    ^^ Теди, јас никаде не сум спомнала дека сум дебела. Знаеш, кога човек некогаш се навикнал на нешто подобро, упорно го сака назад. Јас го имам тој проблем.
    Јас имав совршена линија и сега не можам да се поминам со килограмите плус кои отидоа во стомакот и со лузната која се наоѓа на него.....така да, можам слободно да кажам дека онаа слика која си ја створила од страна за мене е сосема погрешна.
    Мене не ми треба потврда дека јас сум згодна, ваква или онаква. Јас сум самокритична личност. За себе кажувам дека сум со ок тежина но ми пречи стомакот.
    Секој си има свое гледиште. Ова е моето. Дека сакам да го вратам она кое сум го имала некогаш., бидејќи сметам дека така изгледам подобро.
    Ти генерализираше дека вредиш повеќе од девојките кои имаат 50 кг сосе алишта. Јас никаде не спомнав дека слабите се подобри од полните. Кажав дека се е резултат на домашното воспитување и градењето како личност. И го наведов фактот дека секој би се чувствувал поубаво со “нормална“ тежина.
    А ако мислиш дека јас патам по комплименти и внимание- грешиш. Можеби некогаш ќе имаме прилика да се запознаеме лично, па ќе видиш дека не сум таква личност :)
    Всушност, ме иритираат такви девојки......кои знаат дека се убави и викаат дека се грди.
     
    На Sparks, MissSpark и teddybear им се допаѓа ова.
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Теди секој сака да го постигне својот максимум. Зошто ако јас на пример имам два килограми вишок не смеам да се пожалам и да сакам да ги нема? Ако зборуваме за рамноправност, ако тие со поголем вишок килограми бараат нормален однос, како што би се однесувала јас кон сите луѓе, не би требало да им пречи ако се пожалам. Баш со тоа што ќе превртуваат очи ме потценуваат мене, сметајќи ме за површна личност која сака да слуша дека е совршена |(
    Кој е тој со предрасуди во случајов?
    :x Не е точно. Предрасуди.
    Никогаш во животов не сум помислила нешто такво, рака сечам дека ниту ФБИ не помислила, ниту кој и да било друг нормален човек.

    Не е точно побогу. Зошто поради еден или два глупави коментари ја претворате темава во слаби vs девојки со вишок килограми?
    Зарем навистина ти мислиш дека твоите другарки вака ти зборуваат зад грб? Нити јас, нити моите другарки никогаш за никого не сме го направиле тоа.
    Прв пат слушам за вакво правило - не важи, верувај.


    Оф леле... Еве ти кажувам, можам - не ми се крева самодоверба кога ќе видам полничка девојка.
    Одговорно тврдам.
    И не мислам дека дебелите се несреќни и лоши.

    ФБИ не кажа ништо навредливо во нејзиниот пост, немало потреба да ја означуваш како искомплексирана, зашто верувај не е.
     
    На MissSpark, Phyramide, MonnaSi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Прво нигде не ја нареков Фби комлексирана. Ако тоа што и реков дека е слаба, а се смета за дебела е навреда, се извинувам. Јас не ја познавам и не и судам.
    Во премногу наврати и низ темите Ливинг, се потврдуваат тврдењата од мојот пост.
    Не мора да шириме ... нема потреба ни да настануваат кавги.
    И темава е баш тоа, слабите против дебелите, полничките. барем тоа стана во последно време.
    Слаби личности од овој тип
    пишуваат ваков коментар, и човек кој знае какви маки трпел во животот, враќаат човечки и поштено на тој коментар, па добиваат друг коментар од слаба девојка од овој тип
    .

    И ако ти не ги правиш работите што ги наброив, океј. Секоја ти чест. Јас знам, со дечко ми кога сме иделе да јадеме какви реакции сме добивале и погледи и коментари.

    И за другарките, да, моите другарки тоа го прават. Не дека ме мразат, тоа е несвесно.
    Кога ќе видат некоја подебела и погрда од нив, обавезно следи некој коментар од типот леле каква е никаква, кај излегла вака. Дебела една ...

    За во автобус, да има две празни седишта, едното до дебела жена а едното до слаба жена, на кое би седнале??

    Си стојам зад моето, се претрпев заради вишокот килограми и си стојам и тврдам дека е се како што кажав. Дебел, па повеќе се поти, па во лето значи повеќе смрди, полн со нервоза, со комлекси, несреќен човек, и се слично на тоа.

    Едноставно не сфаќате ... и нема врска.

    Еден ден бев на градиште лани, и гледам како се однесуваат слабите со оние кои не се толку слаби. ;)
    Понижувачки !!!!

    Ако си исклучок, секоја ти чест.
     
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Ај јас пак вака да се вмешам со ризик дека ќе бидам погрешно сфатена и нападната :angel:

    А зошто не ослабите ако тоа однесување на околината толку ви смета?
    Зошто?

    И многу сте ми контрадикторни- ги напаѓате сите оние кои се слаби дека ве мразат вас или ве исмеваат, а цело време сте на штрек кој што ќе напише и потоа се браните дека вие сте паметни, а они не и слично.

    Јас ако имам вишок килограми, или нешто друго што ме нервира настојувам да го решам.
    Еве имав бемка- ме нервираше ја извадив и готово.

    Ако ви смета ослабете

    Ако не ви смета живејте со тоа, и не обрнувајте внимание на сите коментари ;)

    Не гледам зошто сите со вишок веднаш скокате да се браните како ви е се ок- а ве читам во другата тема како се бодрите да ослабите :wasntme:

    Или јас нешто не контам, или некој има проблем со неговите ставови :?:
     
    На butterfly.93, WiseGuy и Phyramide им се допаѓа ова.
  12. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сесилија, едно е јас да сум дебела и да сакам да ослабам и да се трудам заради мене.
    А друго е да читаш низ еден куп теми дека ако имаш вишок си злобен, идиот, несреќен. Тоа е целата работа. Ниту реков дека слабите се идиоти ниту ништо. Има луѓе кои се дебели и лоши, а има луѓе што се преслаби, преубави и исто толку лоши.
    Затоа и се луѓе. Секој со своето.

    Дебелината со среќата не се мери. И не може мене некој да ми рече срамота дека е да излезам од дома.

    Никој дебел нигде не истакна дека е не знам колку паметен и најпаметен и попаметен од сите слаби. Кажано е дека дебел човек може да вреди 5 пати повеќе од некој слаб и душевно никаков. Се што е пишано е да се докаже дека не мора да значи дека ако некој има вишок животот му е еднаков на сра*е.

    Јас не реков дека сум пресреќна што сум дебела, ама среќна сум како суштество и како човек, си се гледам и си го сакам тоа што го гледам, тоа сум јас во целост. Сакам да ослабам од причина што не сум била ваква, и што си знам зошто се доведов да сум ваква. А тоа е тотално небитно. Дебелината кај мене е единствена негативност што ја имам, и сигурно дека не ми го кочи животот во кој има премногу работи за кои сум среќна и на кои треба да им се радувам.

    И 150 пати повторив, дека се што сакав да кажам е дека дебел=несреќен и лошѓ човек не е точно.

    Не мора со секој втор пост да бидам напаѓана.
     
    На Victorian, JuLleE, Valerin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Познавам многу девојки со нормална тежина и супер изглед,а сепак велат ’ леле колку сум дебела,како свиња сум’. Зошто? За тие околу нив да има дават комплименти од типот ’лелее, како дебела,не си дебела ма, баш си тмн, баш си згодна’. Мене ужасно ме иритираат ваквите личности желни за внимание и комплименти. За разлика од нив има навистина дебели луѓе.
    Мојата братучетка има вишок на килограми и тоа многу, има 17 год, а околу 70 кг. Секако дека не изгледа добро на нејзини години со таа тежина, но неа тоа не и’ смета. И нон-стоп има слушано дека ако биде дебела нема да си фате дечко.Тоа не е точно,таа е имала многу дечковци и мувачи,без разлика на нејзината тежина.
    Јас имам 17ипол години, а околу 42-3 кг. Што се не би дала да имам барем 10тина килограми +. Но,јас веќе се помирив со тоа дека колку и да јадам, нема да ја покачам тежината така лесно. И не се навредувани само дебелите луѓе за својата тежина,туку и слабите. Колку пати само сум слушала навреди на моја сметка за тоа дека сум ’коски и кожа’ и дека сум немала ци*ки. Порано ми беше криво,да, ама сега ич газот не ме боле за навредите од некои глупачки и глупаци кои од носот подалеку не гледаат.
     
    На Peppermint и teddybear им се допаѓа ова.
  14. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Јас тотално се сложувам со мислењето на Старбакс. Убаво си кажа и за слабите и за дебелите.
     
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    се имам изјаснето на темата и пак ќе кажам можеби мене некој ќе ме смета за исфрустрирана но имам буквално гладвано(опседната бев со линијата иако никогаш немав потреба од тоа но ете сакав да бидам тип и топ)за да изгледам како што сакам тоа ми беше буквално болест одев во теретана 2 пати на ден пиев ел-канитин за топење на маснотиите и за давање енергија се додека почнав да се сушам линијата ми беше совршена но мојата опседнатост не престануваше се додека надворешната околина не забележа дека буквално се сушам морав да престанам со тоа темпо и да живеам нормален живот сватив дека почнав на ништо да не личам и самата почнав да се враќам во нормала оти незнам кај ќе ми беше крајот све беше до мојата психа све така и тие што сакаат да ослабат све е до психата и до вољата и неможе некој да ми каже дека не му смета не е точно
    Можеби не се замараат толку но на кој не би му сметало несакам никој да навредам ни повредам но факт е дека секој се стреми да изгледа што по убаво
    Денес јас се хранам здраво од мајка природа имам убава линија фаламу на бога и вежбам во нормалата колку што е потребно научив со тек на време здраво да живеам...
     
  16. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Мене единственото нешто што ме нервира кај дебелите луѓе е фактот што мислат дека се` се врти околу нивната дебелина. Точно, постојат злобни усти, но истите тие за ден - два ќе оговараат некоја девојка која е слаба, но има многу целулит, да речеме. Кога некој веќе коментира за изгледот на другите, верувајте, не е само дебелината на репертоар. Критикуваат се` живо и диво за да си ги маскираат сопствените комплекси и тоа е нивна работа.

    Ама. Во неколку наврати досега сум била остро критикувана од страна на една полничка другарка, зошто сум ја гледала „подолго“. Според неа, сум и го „мерела салото“, а мене само ми се допаѓаше нејзината маичка (во тоа и гледав). Значи, еве ќе тргнам од себеси, а верувам дека и други ќе се пронајдат во моето мислење. Мене најискрено ме заболе за тоа колку е некој друг дебел. Научена сум да ги гледам само позитивните страни во луѓето, и тоа нема никаква врска со дебелината, ниту треба да има. И кога ќе дадам комплимент на дебела личност, значи дека навистина го мислам, а не и се потсмевам за да си го полнам егото и суштината на слабиов ми газ.

    Верувајте, вие сте тие што најмногу се замарате со дебелината и создавате некој смешен ѕид од параноја и самозаштитување, и можеби токму тоа е причината зошто некој друг ве перцепира како злобни. Не се сите со лоши намери, сите си имаме фалинки на телото што ни се најважни нас, и никој нема време да се замара со туѓите физички недостатоци.

    Пак ќе речам, ако некој не е среќен заради своите килограми, проблемот треба да го бара во себе, не во околината. На неа најчесто и не и е грижа за никој.
     
    На Victorian, Аматиел14, Rose96 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Дебела а среќна... често слушана реченица.
    Два атрибути кои немаат врска со себе. Никаква поврзаност.
    Едно е да се чувствуваш убаво во своето тело, здраво и енергично, а друго е да си среќен со тоа што го имаш, задоволувајќи се со истото затоа што другите полиња во твојот живот се успешни.
    Се изначитав свашта.
    Дебелината не е болест. Тоа е стил. Да да, нешто што се негува и се живее со тоа. Некои девојки цел живот се така, полнички. Но тоа не значи дека тие треба да се прифатат како такви и да љубоморат на сите што се послаби од нив. Дебелината се ‘лечи‘, се одстранува. Се менува стилот, кој што се негува на поинаков и поригорозен начин.
    Дебелината не е комплекс. Тоа е одразот во огледалото. Дури и повеќе одразот во огледалото може да претставува комплекс, ако вие имате очи - лупи. Се е до психата драги мои, се е до тоа како вие си се гледате, и се е до вашите мислења за себеси. Дебелите луѓе се параноични околу тоа дека се декларирани како дебели и дека тоа им одзема многу предности во животот, кои ги уживаат послабичките. Заблуда.
    Јас лично, гледајќи се во огледало го забележувам вишокот - кој не е 20 туку 5-6 килограми. Но јас сум премногу мрзелива да го симнам, уживајќи го полесниот начин. Но тоа не значи дека не ми пречи, но истотака не значи дека и ми прави проблеми во социјалниот живот.
     
  18. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Ама Теди, пак не се разбираме- вие сакате да ве сфатат и никој да не ви кажува дека не треба да бидете со таа тежина и слично, а самите ги напаѓате оние со нормална тежина или што се жалат дека се здебелиле некој килограм. Каде е овде вашето право да ролате очи кога некој се жали дека се здебелил, или да го етикетирате како површен ако за него тоа не е максимум, и не му е убаво што е таков.

    Точно, има и такви луѓе кои се жалат само за да добијат комплимент, и нив не ги оправдувам, ама да ве нервираат коментари на некој кој се здебелил малку и се жали, не се сака таков- тоа не ми е јасно искрено.

    И велиш кога сакате можете да ослабите, па зошто не го направите тоа? :^)
    Јас имав 8 кг плус еден период, од што јадев како луда- “летаа“ тави мусака, турли тава, абе се што е калорично, ама немаше потреба околината да ми каже колкава сум- едноставно тешко ми беше да одам, не се сакав таква со сало од сите страни и еден ден си реков- Сесилија, краво една доста е јадење.

    Да, да- баш со тие зборови, и за краток период ослабев 10 кг и линијата си ја доведов до она што за мене е задоволително ниво и сега немам проблем, си се сакам таква а и среќна сум кога луѓето со восхит ме гледаат.

    Затоа не ми е јасно зошто да сте робови на храната, зошто мора толку да јадете?
    И не ми велете дека не е така- пак ќе кажам, не зборувам за болести, туку дебелина од вишок јадење.
    Имам живеено со цимерка која имаше бааги вишок и еден период ја убедив дека не е добро толку да јаде (оти навистина јадеше како затвореник пуштен од робија), ослабе малку и веднаш и се намалија фрустрациите, беше пресреќна- но за жал пак се здебели, љубовта кон храната беше посилна :(

    Јас искрено седам, си ја држам главата со раце и зјапам вака во вашите постови и се мислам :wasntme: како доволувате да сте робови на храната? Па уште не убедувате дека сме злобни, дека не ве сакаме и дека вие сте во право.

    Па Теди и другите на темата, јас сум сигурна дека да ги тргнете тие килограми, ќе се чувствувате ептен секси и ќе сакате сите да го видат вашето тело.
    А што ве дели од таа слика?

    Ве дели силната воља да ја намалите исхраната.

    Вие тоа го можете и јас затоа настојувам да ви објаснам дека никој овде не ве мрази, туку сакаме да ве ослободиме од таа зависност, да ослабите и заедно да сончаме газиња на плажа бре- а не да се сликате со марами и до пола :)

    Зарем и вие не го сакате тоа ^_^ ?

    Ако и сега мислите дека ве мразам и дека ви мислам лошо :x
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  19. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Како да не се бранат себеси,кога постојано се напаѓани за нивната тежина. Теди го напиша тоа, бидејќи се смета нападната од оние кои велат дека ако се дебели нема да излезат од дома, според мене. Што, вас ако некој ве нападне нема да се одбраните?

    И мене не ме нервираат луѓе со малку вишок на килограми кои велат дека се дебели,туку луѓе со нормална тежина.Мислам дека не бев добро сфатена,ако тоа се однесуваше за мене,ако не се однесува за мене јас се извинувам.
     
    На Peppermint и teddybear им се допаѓа ова.
  20. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Нема девојка кој не сака да биде згодна , да се осеќа убаво во сопствена кожа . Кога ќе облече фустанче или минич да биде како манекенка (не анокресична ) Значи тип -топ форма без целулити и остали пропратни појави ... |(
    Реалноста е таква каква што е најголем дел имаат проблем со вишокот килограми , што од јадење некои се правдаат со гените итн ....
    Како и да е , коментари имало има и ќе има и да си дебела и слаба . Само што дебелите како повеќе да се трн во око ...

    Доста со тоа убаво ми е да сум дебела или слаба ... Да да како да кажам сега јас убаво ми е што имам криви нозе , што ќе ми се такви ко на Лима ? ! мислам има ова логика ? :^) кого лажеш мене или себе ? :^)

    Да не продаваме муда за бубрези ... Сите знаат како треба но не сите можат или барем така мислат и се откажуваат без борба зошто нерекле попусто ... Полесно од НЕ ЗНАМ и НЕ МОЖАМ нема !!! :!:
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.