Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Убаво ми е што сум дебела...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 16 октомври 2010.

  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    А Сесилија што е со луѓето како татко ми, кои не јадат како робијаши на слобода, а се дебели???
    Што е со луѓето што се болни???
    Или со оние што се здебелиле од хормонални пореметувања и триста други причини? И што е ужасно споро и тешко да ги симнат килограмите ... Што со нив???

    Јас не реков дека сте злобни, ниту дека ни мислите лошо. Само реков дека некои верувања ви се погрешни, и некои од вас, не ве посочив, се однесуваат нефер кон некој со вишок. Има вишок човекот, не е битно заради што.

    Мене ич не ми смета да ми речат Теди полничка си, поубаво за зсравјето би ти било да подослабеш.
    мене ми смета кога ќе ми речат, МЕЧКО една дебела и злобна, ослаби и така ќе станеш подобар човек.
    Тоа е се.

    Ниту реков дека не сум свесна за вишокот, ниту нешто слично. Ама дека ќе дозволам да ме окарактеризираат мене, или некоја друга од девојкиве кои се полнички а внатрешно рамни на перфекција, со етикети кои воопшто не ни одговараат е нема.

    И сфаќам дека фби ви е другарка, јас и на ливинг и кажав, не ја навредив дека е слаба.
    Тоа баш би требало да е како комлимент. Зошто да се смета за слаба, кога постира слики и можеме да видиме дека е совршена. не ја навредив и не ја направив полна со комплекси. И плус и по лп се разбравме со неа. А во ни еден случај не ја нареков злобна, затоа што смета дека има вишок.

    Или јас не знам да се изразам, или лошо ме сфаќате, или ич не се сфаќаме.
    И така може треба да е, никогаш нема ни да сфатиме нешто низ кое самите не сме поминале.
     
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Е Сеси овде го делам твоето мислење, дека храната е само храна и дека таа не е тоа што не контролира, ние самите се контролираме. Имам обичај да се шегувам дека храната ,,ме гледа,,. Како не, ме гледа, она мене ќе ме гледа. :D

    Види, ќе тргнам лично од себе, со проблемите кои јас ги имам со здравјето. Знаете дека како хормоните што можат да те зафркнат, никој не може. На 9 години изгледам нормално, малку буцкесто, но ништо трагично.... на 10 како да сум скроз друга личност, ме мавна преран пубертет, проблеми еден куп. И јас стварно се трудам и да ослабам, еве досега 15 килограми намалив, ама пустото, нејќит. Јас надоле, тоа нагоре. Се вртам во круг од тогаш, еве веќе 8 години. Да беше здрав човек досега ќе се стопеше. Примам и терапија и се, но посилно е од мене. Знаеш дека ми чукаат раце докторите во државна кога ќе стопам некое кило, затоа што моите 15 се 30 за здрав и прав човек.

    Се револтирам кога некој ме убедува дека слабеењето е така лесно. Лесно е да, ако буташ се во уста и јадеш ненормално многупати на ден, но воопшто не е лесно кога хормони се во прашање. Баш заради тоа, секогаш ќе реагирам на темава, затоа што не знаете колкупати сум се нервирала оти не слабеам. Не сакам да си ја оправдувам тежината, имам пишано дека сакам уште малку да подослабам, еве некна се мерев 3 помалку... значи со тие 15, сум намалила вкупно 18кг од пред речиси две години. Но, сметам дека не е фер само да се зборува колку е лесно да се ослабе и колку е убаво да си слаб...

    Јас на некој начин се помирив дека цел живот ќе имам борба со салото, тоа е што е. Сега засега му водам 18 : 0. :lol:

    И после мене ќе дојде некој да ми кажува дека е срамота да испаднам од дома со 3кг вишок ?! Е на тоа секогаш ќе реагирам.

    п.с. Мислам дека темава отиде во скроз погрешен правец, ама ајде. :?:
     
    На Victorian, Аматиел14, Hipica и 8 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    67.000
    Пол:
    Женски
    Храната е зависност. Јас го разбирам тоа. Еден период имав околу 10 кг вишок, ама не можев да престанам да јадам. Цело време мислев дека сум помизерна ако сум гладна. Ама после па не бев задоволна со изгледот и пак бев мизерна. Ама не можев да одолеам бре, само да помислам на јадење и толку е. Потоа се случи една работа. На една журка на отворено јас си бев толку разиграна и разрипана, додека не поминаа едни и ми дофрлија- Дебела подобро седни.
    Мислам дека тогаш пукна нешто во мене. Потоа јадењето едноставно престана да ми биде толку важно. Да, уште ми се јадеше, ама се справував некако со тоа.
    И се согласувам со Теди, постои тоа, дебела е, па уште земала да гнете, земи стави се на диета подобро и превртување на очи. Многу пати сум била сведок на тоа. Па и јас кога бев поголема им се испушташе на другарките, па после ќе ми се свртеа леле извини. Мислам...
    Јас лично никој не осудувам. Ниту некогаш сум помислила леле колкава па уште и јаде. И не е секој цврст карактер, на некој му оди потешко, ама осудувањето во секој случај е најлошо.
     
    На Trendafilka, JuLleE, Hopeful и 3 други им се допаѓа ова.
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Теди, да не се самоцитирам, во сите мои постови посочив дека не зборувам за дебелина како последица на болест и хормонално пореметување и сл. и гледаш веднаш како скокаш и повикуваш феминки кои никој не ги спомна- јас пишувам во мое име, и ова се мои ставови.
    Додека пишував ни на крај памет не ми текна на постот од Ливинг или од ФБИ, ама нејсе, не се разбираме- ти упорно сакаш да се браниш и да си уживаш во твојот вишок правдајќи се дека ради х причини не се симнува.

    Тоа е твое мислење и јас го почитувам, затоа нема повеќе да коментирам штотуку се налакирав и излегувам, оти овде само ќе се истрошам психички убедувајќи ве во нешто што не сакате да го сфатите.

    Дузи, за твојот случај нема коментар, само сакам да ти кажам напред девојко, знаеш дека те поддржувам ;)
     
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Македонија е држава која нуди еден куп на лица кои премногу генерализираат, имаат предрасуди и забележуваат минорни работи кај останатите луѓе.

    Факт.

    Дебелината е една од тие работи кои се забележуваат. Или криви нозе. Или тоа што два пати по ред некоја облекла ист фустан. Едноставно глупости со кои може да се замара само оној кој навистина нема ништо попаметно да прави.

    Секој еден од нас има по некој недостаток, но девојки, онака како што ние се гледаме себеси во огледало - така ќе не гледаат и другите. Без исклучок.
    Ако јас излезам надвор со кратка сукња а мислам дека имам целулит и дека не можам истата да си ја дозволам, и сум едноставно окупирана со тоа што ќе кажат другите - цело време само на тоа ќе мислам и многу нормално и природно ќе забележувам туѓи погледи.
    Митра која инаку не ја познавам штотуку го пие својот Швепс битер лемон и ме загледала а можеби само погледот случајно и паднал на мене и јас веднаш ќе почнам да се прашувам - леле, Митра гарант го забележала мојот целулит.
    А вистината е често пати далеку од она што ние си мислиме.
    Ако мене ми е едноставно гајле дали некој ме гледа, ќе излезам надвор со дигната глава и ќе гледам да си поминам убаво без да се замарам со тоа кој што си мисли.

    Едноставно се е до нашата психа. Ако јас имам 90 килограми и искрено свесна сум за тоа ама ете, ми е гајле, ќе се смеам и нема да ги обвинувам луѓето дека ме гледаат вака или онака.
    Еве јас претходно наведов два примера - едниот од нив е братучетка ми. Искрено добива коментари од фамилијата како можела толку екстремно да се здебели, но никогаш не се налутила ниту им пререкла да прекинат да ја коментираат.
    Јас посреќно суштество на планетава не познавам и затоа ја сакам, што секогаш го вади позитивното од животот.
    А знам и дека ако еден ден почнат да и пречат тие килограми - ќе почне и те како да слабее. Но никако нема да ги обвинува останатите за тоа што таа од супер секси цура каква во животот никогаш не сум видела ниту сретнала, стана една девојка со 90 и кусур килограми. Навистина има голем вишок на килограми, ама насмеана е и тоа се цени :)

    Жал ми е Теди ако во твојата околина имаш луѓе кои потценуваат некого заради килограмите или пак понижуваат, таквите не заслужуваат коментар.
    Јас таква не сум, а верувам ниту девојките кои ги посочи конкретно ФБИ, малку се замешав извини :tmi: Нели мислиш дека понекогаш самите си ги ишкаме мувите непотребно? Јас, ти, билокој.

    Кога си на плажа - едноставно не ги забележувај луѓето околу тебе. А ако ти пречи тоа како изгледаш, тогаш верувам дека можеш и самата ќе сакаш да направиш нешто со тоа.
    Како ти така и јас. Со билошто што конкретно не не прави среќни а знаеме дека можеме да го смениме само доколку имаме малку повеќе волја. Без да напаѓаме непотребно други кои тој проблем ете го немаат.

    И да, темава чуствителна. Еден погрешно сфатен збор и огномет може да предизвика.
     
    На FBI и LivingGlam им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    67.000
    Пол:
    Женски
    Абе знаете како викаат, секој тргнува од себе. Ако некој овде кога му требало помош повикувал други, не значи дека сите го прават истото ;)
    Да беше лесно слабеењето немаше да има дебели луѓе, да беше лесно да се откажеш од било каква зависност немаше да има пороци. Ама ете, секој со своето мислење :)
     
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Боже мили, кај кажав уживам во мојот вишок? Кажав дека знам како да го носам без да ми го запре животот. И без разлика од што е дебел некој човек вие сите исто ги гледате. И не повикав јас ни една феминка. како божем собирам тајфа од луѓе кои делат мое мислење.

    Што е Сесилија тоа што не сакаме да го сфатиме??? да се тргнеме од храната ???? Зошто некој што пуши не се откаже толку лесно од цигарите?? Затоа што е тешко и е еден вид зависност.

    Убаво што ја подддржуваш, и уште поубаво би било кога за луѓето не би судела ако не ги знаеш. Не би ти посакала да поминеш се што поминав. Доволно е да знаеш само дека ни јас ни било кој друг не ги качил килограмите од мерак, со јадење цели торти во три саат ноќеска. Секако има и исклучоци, но тоа пак е болест.
    Додека мислиш дека некој се здебелил од прејадување, од неоткажување од храна, имаш едно мислење за човек. А ако дознаеш дека и кај мене се работи за болест, за хормони, за ненормални стресови и проблеми во ред ли е Сесилија, ќе ме поддржиш ли ???
    Од што и да е, вишок си е и мој си е. Ако сакам ќе јадам ако сакам ќе гладувам.
    Се што пишав беше така испревртено и изфилувано ама нема врска веќе.
    Суштината пак не ми беше сфатена.

    И завршувам со коментирање на темава. Си кажав се што имав. А тоа беше само ако си дебел не значи и дека си лош и несреќен. Олкави проширувања не беа потребни.
     
    На SanjaBucka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Јас чувствувам потреба да се изјаснам јавно дека со ниедна феминка не разменив никакво мислење поврзано по темава по ЛП, освен со Теди. Како што гледам веќе неколку пати сте ме прозвале во мислења
    Ве молам немојте да размислувате дека јас нешто сум искоментирала по ЛП за темава со Ливинг, Пирамида, Сесилија....(како што гледам на нив се мисли)- сама пишувам и сама си ги бранам ставовите, таква сум и во приватен живот. Функционирам како единка и способна сум сама да ги одбранам аргументите кои сум ги изнела ;)
    Тоа што форумџикиве имаат исто или слично мислење како моето е друга работа.
     
    На Mistery му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Ajде полека.

    Храната и дебелината можат да бидат најголемите преокупации за жената, затоа постојат анорексијата, булимијата и уште многу други болести.

    Теди прво тебе да ти кажам, таквите злобни усти верувај никогаш не можеш да ги заќутиш. Имам такви 2ца другари и верувај сум се расправала со нив многу пати за да не бидат такви погани, но едноставно тие се такви, нули од луѓе.

    Ќе помине полничка девојка - ќе испуштат коментар каков што наведе.
    Ќе помине слаба девојка - Оваа гарант се дрогира, и затоа убиен и е апетитот и не јаде.
    Ќе помине девојка со криви нозе - Види ја оваа како икс ипсилон форма на тело има
    Ќе помине девојка со искривени бутови - Оваа од е***е не е станата затоа е онаква.

    Едноставно тие се имбецили од луѓе кои не се погледнале самите себеси, а коментар знаат да дадат за секој дебел, слаб, богат, сиромашен, грбав, штрбав и така натаму. Таквите луѓе истото тоа што го рекле за тебе ќе го речат за секој човек, без разлика колку и да е убав. Таквите луѓе мислам дека не ни заслужуваат да ги коментираме, тие во животот немаат никаква вредност и не заслужуваат за нив да се расправаме.

    Јас на пример понекогаш знам да дадам коментар - подобро би ти било наместо сончогледово да си купиш маслиново масло, не затоа што сакам да и се потсмевам на другарката, туку затоа што знам дека е поздраво, да не навлегувам сега во холестероли и такви работи, иако за нив би дискутирала до утре. Знам да речам место бел леб зошто не си купиш црн? Не дека со тоа мислам ејјјј ти дебела една ослаби, туку сакам да укажам дека тоа е подобро за здравјето а со самото тоа и за расположението. Напротив, се убив од пишување за здрава храна, дури и сум била исмеана дека претерувам, ама не, не гледам ништо лошо во тоа да сигнализирам нешто што сметам дека би помогнало место да би одмогнало.

    И јас имав вишок плус, и во еден момент реков и пресеков - мора да се смени сето ова. Почнав да барам, истражувам и најдам најдобра солуција, па така ем ослабев, ем добро се чувствувам, ем здрава сум. Верувај доколку слушнам таков коментар ејјјјј види ја онаа ваква или таква веднаш укажувам дека тоа не е во ред, но доколку некој сака да укаже без грам иронија сарказам и потсмевање совет за подобро, не треба да се става во ист кош со тие кои немаат попаметна работа од оговарање.

    Од друга страна девојка пак што се изгладнува и што е на добар праг да се разболи - јас сум таа што прва ќе и удри шамар за да се освести. Стопати сум кажала тука баталете диети, баталете изгладнување, некој ме послуша некој не - негова/нејзина работа.

    И факт е дека секој човек најмногу го разгледува својот недостаток (сите луѓе имаме по некој, нема никој совршен) - Луѓето со вишок килограми - како да ги смалат, луѓето со намален број како да ги добијаат, ќоравите (како мене) разгледуваат најдобра солуција дали леќи или очила, ако да какви итн, подгрбавените како да се исправат и слично. Се дури се работи тој недостаток да се искорени, не е битно ни колкав временски интервал ќе зафати, ниту со колкава прогресија, битно е дека ќе даде резултати.

    Сите сме убави - само треба да бидиме свесни за нашата убавина.
    Сите имаме недостатоци - само треба да се трудиме да ги покриеме и да не ни станат преокупација.
    Сите сме здрави родени - да си останеме здрави.
    Сите сме паметни - Да не се расправаме, смирено да си дебатираме ;)
     
    На Аматиел14, SanjaBucka, sweetheart10 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    176
    Искрено, НЕ! Да јас сум исполнета и навидум среќна личност, ама да ми е убаво што сум дебела :shake:

    Еве прост пример, одам да си купам облека и нормално нема броеви.Напињање, нервирање, повуци потегни работава ама ништо не ме збира. Па уште мора да останам смирена на коментарите на продавачката која со полу пуна уста(бурек) и мрсни раце ме гледа под око и коментира -Извини ама овде е се стандардна величина или пак најголем број ни е Л |( И така по пола град прошетен одам дома максимално нервозна и лута на самата себе, со два-три пара чевли, зошто само од тоа имало број :doh:

    Воппшто не сум се замарала за тоа што мислат или што ќе кажат другите. Злобна, дебела, егоистична, нафурана ... Ма секој има право што сака да збори. Па дали ме гледела под око јас дур јадам хамбургер од 7ца или пак сладолед 10 топки. Секој треба да се почитува себе си.
    Тие што имаат вишок на кг, кога веќе пробале се и било безуспешно - помирете се, такви сте и точка. Сакајте се такви и главата горе. Ма ич нека не ви чуе за другите ;)

    Е сега ако не ви се допаѓа тоа што го гледате во огледало(како јас на пример) потрудете се да ги симнете тие кг кои ви пречат. Јас на мои 29 години со хормонално пореметување и остали здравствени проблеми решив да го мрднам малку
    газов
    да ги преземам работите во мои раце и да ослабам. Ослабев ама сеуште не сум старата јас имам уште некои 15 кг и тогаш ќе здивнам.

    Нема таква нешто дебела, а среќна- ова бар од мое искуство.
     
    На FBI, sesilija и Phyramide им се допаѓа ова.
  11. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Тедибиар извини ама од твоите мислења сватив како само слабите ги презираат дебелите дека се злобни, неизбањати, смрдливи и т.н.. :^)
    Јас би рекла дека не е така.

    Имам 3 добри другарки со вишок килограми. Едната има некој килограм вишок и мноогу и пречи и не мислам дека е од оние искомплексирани девојки кои ќе накачат две-три килца вишок и одма си набиваат комплекси до немај каде. Само сака телото да и биде во форма каква таа сака, што за мене е во ред. Со храната ептен се измачува но не иде. Никогаш и немам нешто речено за тоа, ниту пак ми пречи, ја сакам каква и да е, а не дај боже да мислам дека е злобна и неизбањата. Ептен добра личност е.

    Другата другарка исто така е многу добра личност, другарка во права смисла на зборот но има голем вишок. Ни вели дека е на диета, пред нас јаде овошје, а кога не нема оди и јаде тостови. Не ми пречи што јаде, ако на неа не и пречи вишокот не ми пречи ни на мене, но зошто се крие? Ќе и помогне тоа да ослаби? За трчање само измислува по некој изговор. Денес е многу жешко, утре ќе биде облачно и времето не е никогаш совршено за трчање. Јас со толку вишок би се замарала.
    Искомплексирана е многу, само гледа слики по интернет на згодни девојки и ни кажува колку сака да е слаба, зошто не превземе нешто? Среќна личност е, но не е среќна што е дебела. Многу од другарите на неа и другите пополни знаат да им кажаат по нешто, но секогаш ќе постојат луѓе кои ќе зборуваат.
    И едно неможам да сватам, за друго девојче кое исто така има повеќе вишок, изеде две јаболки и вика лелеееее две јаболки изеде :o многу биле. За друго девојче дебело исто колку неа - имала голем г'з.
    Зборот ми е понекогаш и оние со вишок ги зборуваат другите со вишок.

    Имам и другар со вишок на килограми и зборува за другите кои биле дебели, имале комплекси, а он не бил многу дебел (инаку е многу дебел) и бара начини како да ослабе, а секоја вечер по два сладоледи јаде, вели дека јаде 7 пати на ден, ама нели оди на теретана и од тоа ќе ослабе.
    Не велам дека тие не се луѓе и треба да се откажат од секаков вид на јадење, освен овошје и зеленчук, но ако сакаш да ослабеш кај си се залетал секоја вечер по два сладоледи.


    Познавам други две девојчиња со вишок килограми, и попозитивни се од било кое друго девојче кое го знам. Килограмите не се мерило за ништо.
    Јас сум слаба и ми се случило кога некој ќе подебел ќе помине да помислам леле колку е дебел, незнам можеби го помислувам тоа бидејќи сум слаба и незнам како им е нив. Но никогаш не ми се случило да им кажам на некој дебел си, земи ослаби, тоа е чувствителна тема, како што не сакам и мене некој да ми каже слаба си, земи јади. Ниту пак ми пречи некој ако е дебел, го сакам заради личноста не надворешниот изглед.
     
  12. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Темава веќе некое време ме иритира, а по оваа дискусија сакам да го кажам и моето мислење.
    Прво не ја разбирам смислата на темата и за тоа зошто некого кој нема проблем со вишокот килограми би го интересирало како се чувствува тој што има вишок или што е дебел како што стои во насловот. За да му помогнете? За да му дадете поддршка? За тоа има соодветна тема и гледам добро функционира. Вие не можете да знате како му е на другиот со таков проблем, можете само да претпоставувате, да спекулирате. И што ако ви каже дека е несреќен, вие ќе бидете посреќни?, А ако ви каже дека е среќен, вие веднаш тоа така умешно психолошки го анализирате и велите дека не ја кажува вистината. Мислам дека суштината е на некој начин да се мотивира оној другиот кој има таков проблем (ако го смета за проблем), или на било каков начин да му се даде поддршка.

    Друго, модераторката која ја поставила темата вели дека се однесува на тие што имале вишок над 15 килограми. И тоа за вас е за психолошка анализа или за совет да се консултира лекар.

    Едни постирале слики на деца со екстремна тежина на кои веројатно и животот им е загрозен.
    Друга девојка вели имала пријателка која била тешка 150 киограми, и тоа било од ,, ждерење,, а не од болест. Колку што знам центарот за ,,ждерење,, е во големиот мозок, па валда не си и правела КТМ, па да знаеш дека нема никаков здравствен проблем.
    Едно девојче вели, уште килограм ми фали да симнам па да бидам идеална. Ах, деца, деца.

    Претпоставувам дека повекето од вас сеуште се сингл. И претпоставувам дека со иста таква сигурност и прецизност како што коментиравте досега, знаете дека никогаш нема да се поправите, а и да се случи тоа вие како Хајди Клум брзо ке се вратите и ќе бидете ,,идеални,, и среќни. Мислите дека е така лесно секогаш да се оди против природата, само со силата на волјата?

    Бидејќи ми се ,,ждере,, само уште да кажам дека мислев дека термините дебел дебела, ги употребуваат само уште децата до 7 години.
     
    На anabel-a, SanjaBucka и Doozy им се допаѓа ова.
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Не се почувствував повикана да одговорам затоа што ФБИ ми е другарка, ниту пак некој мене ме повикал поради тоа што му требала помош. :^)
    Мислењето го напишав и пред да видам што одговорила ФБИ.

    Се почувствував повикана затоа што Теди мисли дека сите слаби девојки ги оговараат дебелите и пратат што тие купуваат во продавница и што јадат во ресторан. Верувај нема врска и воопшто не им е гајле дали ти ќе купиш краставица или сладолед.
    Не мора да се поткрепувам со цитати, во претходното мислење ги наведов тие делови од твојот коментар.
    ФБИ ја спомнав во моето мислење затоа што сметам дека нема никаква врска со дискусијава тоа што таа сака да стигне до својата идеална фигура, а ти Теди и’ префрли за тоа.
    Мене ме иритира она - сите слаби им правите лице на дебелите другарки, сите се ситите кога сте послаби на плажа од друг, сите ова, сите она. Тоа генерализирање ми смета.
    Можеби ФБИ не го сфати тоа како навреда и сте се разбрале по ЛП, мене ми пречи вакво размислување и сакам да ти објаснам дека си во заблуда.

    Токму затоа реагирав. Затоа што ти сама етикетираше. Зборот сите беше многу пати спомнат во твојот пост.
     
    На Hipica, FBI и butterfly.93 им се допаѓа ова.
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    мислам дека темата отиде или тргна кон погрешен правец нека се смират страстите малку све е во ред
     
  15. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Јао од кај да почнам ... Добро што ми се нафрливте како не знам што да реков Господе мили.

    Само реков дека не секој дебел човек е несреќен и лош !!!!!!!!!! И тоа цело време сакам да го кажам.

    Ајде пак од почеток.
    Еве да се цитирам прво сама себе.
    Во ни еден дел не ја навредив, ниту мислев нешто лошо, ако е лошо некој да ти рече совршен си во ред. И се извинив. И не мора во 10 поста за тоа да ми префрлите.


    Батерфлај, а јас од целиот твој пост сфатив дека ти од моите постови ништо не сис фатила, ама најбитно е дека истиот заклучок си го донесла ... ;) Навлези малку во моите постови и ќе видиш.

    Пак ќе ти кажам, никако не ја посочив ниту и реков да не си ја постигне идеалната тежина, само и реков дека според мене, и многу други тука е идеална и доволно слаба. Друго, за болдираното, не знам како сфати дека реков другарките прават лице ... а зад грб си ситат. Само реков дека секоја слаба девојка, кога ќе види девојка подебела и погрда од неа, си ја подкрева самодовербата. Со другарките дадов пример. Тие не сакаат, ддругарки се. Ниту си била дебела ниту можеш да знаеш, ќе седите заедно и ќе им летне таков коментар. После ќе пробаат да се извадат затоа што се освестиле дека иста таква другарка ја имаат и тие.


    Јас не сум крива ако си се пронашла во моето сите. Еве ти на кои сите мислев, и самата напишав и не знам зошто читате како што ви одговара. Пак да се цитирам значи
    ...

    Аманте, ни ве навредив, ни нешто лошо ви реков, ниту не знам што сторив. Си пишав МОЕ мислење. Дека не може да се рече дебел е еднаков на несреќен.

    Се што пишав е од мое искуство, ако не сте поминале низ нешто такво не ни можете да сфатите. А веќе не ни пробувам да објаснам. Се фаќате за некој кажан пример како да е не знам што, а суштината и она што всушност сакам да го објаснам цело време никој не го сфаќа ...

    И нема врска.
     
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Добро уште еднаш ќе ти реплицирам, затоа што ме убедуваш дека не кажа нешто што кажа. Ајде, пак од почеток.
    Теди, исклучоци се тие лошите коментари за кои упорно се фаќаш, мислам дека не сум јас исклучокот.

    Суштината ти ја сфаќам - дебелината воопшто не е мерило за злобата и среќата. Се слагам милијарда %.
    Јас ти реплицирав токму со истата суштина, зашто ти во обид да се одбраниш со тој коментар направи дека сите што немаат вишок килограми се злобни. Нити имав намера да те навредам, нити да бранам некого, сакам да ти кажам дека не си во право во тој дел, и жалосно е да го мислиш тоа.
    Затоа и ти го цитирам само тој коментар, тоа беше тоа што ме наведе да пишам на темава.
    За суштината што сакаш да ја постигнеш се слагам, зашто истото ти го зборувам цело време.
     
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ливинг, јас кога сум со другарки кои пушат не им викам ништо. Свесни се дека ми смета...
    Така и за дебелината. Свесна сум си, свесни се, но не ми викаат ништо.
    Што не значи дека немаат нешто против препрекумерна дебелина.
    Значи и пред мене им се одвалило нешто. ЈАс не викам ми прават лице, туку зашто ме сакаат, за да не ме боли, одбегнуваат пред мене да изнесуваат такви работи, иако јас сум сосем помирена со се ... тоа е во природата на човекот. Си мислат можеби така ќе ме поштедат од болка. Некој што го нарекувам другарка не го нареувам ради реда така ... А има и моменти и денови за такви муабети, сериозни, озбилни, за дебелина, за болести, слабости, мани и се по ред.

    А се што јас наброив се вистинити примери, јас ништо не излажав. Од бањањето па се понатака. Мое искуство и се е во ред. ЗНачи жив пример е мој познаник, влегуваме во автобус а позади стои подебел човек, и му викам ај позади ќе идеме, и реакцијата беше не бее види му се познава дека е испотен на маицата, дебел е кој знае колку смрди. Тоа боли, затоа што ДО НЕГо, значи јас сум исто полничка, дебела сеедно. Како божем на слабите не им се познава пот на грб, или под пазуви сеедно ... И не е единствен пример кој го имам само не сакав да ширам мислев поентата ми беше сфатена.
    Даље, одам во продавница, да купам две чоколади за на гости кај роднини со мали деца, и продавачот фаца ... две чоколадиии, и таков ме гледа и се чуди. И јас му реков, уствари не две малку ќе ми бидат дај ми 4 ... и тако даље ... примери имам колку сакаш ...

    А за СИТЕ слаби девојки, јас не мислев на баш сите, значи прочитај го наредниот коментар, ти цитирав на девојки од кој тип сум мислела. На тие што го делат мислењето со ла реина дел сур само не сакав да именувам ... а такви постојат многу. И машки и женски. И гревно е како се однесуваат со подебела личност.

    И доволно беше ...
     
    На crazylady, SanjaBucka, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Дали темава отиде предалеку или мене само ми се чини? :^)

    Oд каде на вас информација дека девојка со + 20 килограми изгледа лошо до тој степен?
    Малку понепривлечно за разлика од претходнава да, но и толку грдо и да боде очи ако знае да искомбинира и да се среди..? Мислам аман! :|

    Малку позитив реплика:

    Вчера кога излегов во град и покрај моите килограми, баш вчера наслушнав од еден навистина згоден дечко во Ања коментар од типот : "Види ги оние трите на масата зад нас колку се згодни'' (се однесуваше на мене и моите две слабички другарки) искрено да ви кажам процветав како зимска руЖа :$
    Поготово бидејки коментарот беше од еден многу симпатичен среден и видно згоден дечко!
    И тоа немаше да го чујам да не запре на 5 секунди музиката одненадеж :D Во себе си помислив...ех, божја работа, бе :D господ сакал да чујам :P
    Пресреќна сум, плус симпатично девојче сум. Не сум убава, но сепак сум симпатична и тоа ме теши и ми дава волја да ослабам и повеќе.
    И овие + 15 вишок што ги имам до мојата замислена идеална тежина т.е. 60 килограми рамно, ќе ги скинам без пардон а и веќе се навикнав.

    Ве молам не се комплекситајте бидејки ние полничките несекогаш сме главна тема на разговор, но факт е дека токму нас најмногу не погодува бидејки кога и да го прашаме огледалото го кажува истото и тоа малку не обесхрабрува па тие коментари и не здоболуваат иако најчесто се добиени од прости личности или ,,недобронамерни'' секако, дадов само пример не посочив никој да не ме сфатите погрешно и чест на исклучоците! :)
     
    На Hipica, LivingGlam и ludoto19 им се допаѓа ова.
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Teди, очигледно е тека читаш селективно и ги извртуваш постовите- јас едно кажав а испадна дека сум којзнае колку против твојата тежина и слично, а гледам тоа го правиш и со другите постови.

    Никој овде не те нападна, туку ти сама се најде повикана да ги цитираш постовите и да реплицираш на секое и јас немам повеќе намера да се објаснувам да цитирам и слично.

    Јас после мојот исцрпен пост само реков ако сега не сум сфатена тогаш :x и стварно останав ваква :x така да, што сакате правете, гледам добронамерни совети не ви требаат- тапшајте си се по рамо во темата за поддршка и мислете дека сите ве гледаат што не е така.

    Јас пробав да кажам мое искуство, да ви дадам поттик да ослабите, кога гледам дека тоа го сакате, ама очигледно не сум сфатена како и обично, ама се помирив со тоа- таква ми е изгледа ѕвездата.

    Лека ноќ и се најубаво
     
    На WiseGuy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Tеди само да кажам дека првата реченица ми беше наведена за тебе.

    Иначе да не бркам сеа назад, имаше пост како слабите девојки не ги сакаат девојките со вишок килограми, ги оговараат, им сметаат.. Нешто слично на ова
    Ако не сум разбрала нешто од твоите постови и зборувам поинаку Извини.

    И да ти кажам само дека во претходните постови ги изнавреѓа слабите девојки. Килограмите не се мерило за ништо. ;)