Јас сама се најдов повикана, не е дека во секој пост го имаше мојот ник. Во ред нема врска. Ти очигледно после толку пишување пак не сакаш да ме сфатиш што сакам да ти кажам. Прво и основно не ме познаваш и не ни знаеш каква сум, ни колку имам вишок ни како излгедам а не те ни познавам за да ти речам против мојата тежина си. И зошто си се запнала да се правиш добра како ни даваш совети да ослабеме и да бидеме совршени кога темава не е за тоа. Дискусијата беше за дали ако си дебел си среќен, и дали сите дебели се несреќни. Јас не те прашав на кој начин да олсбам, јас не ти побарав да ме тапшаш по рамо, ниту нешто слично на тоа. Затоа ти ги извртуваш работите Сеси. Немам ништо против тебе, ама упорно си го тераш своето, а јас упорно ќќе си го терам моето што ти очигледно не се ни обиде да го сфатиш, па не можеш да ми кажеш дека јас читам селективно кога всушност ти си таа што така прави, и не сака да навлезе подлабоко, да увиди што уствари е она што се врти цело време, туку упорно ја вртиш работата дека ти си толку добра и ни даваш исцрпни совети а ние не ги прифаќаме. Кочи малку сеси. Ако некој е дебел зарем по дифолт треба да е гледан со предрасуди, и да не е прифатен од опшеството??? Ако е дебел значи е идиот и слично?? ... тоа е тоа што јас сакам да ти го докажам. Не реков дека не се обидувам да ослабам, а не ни реков дека сакам некој да ме теши за мојата тежина. Доволно сум возрасна да си бидам сама свесна за се. А и другите дебели исто така. И целата работа е што, ако си дебел и сегде читаш како тие се злобни, идиоти, несреќни, тоа боли. И вие никогаш нема да дознаете колку многу. Заради тоа се пронајдов и искоментирав на темата. Што не ме прави несреќна, само изреволтирана од тоа какви луѓе постојат. А дека олку ќе се заплеткаат работите не очекував. Од мравка се направи сон, кога јас само една обична реченица цело време се обидува да ја докажам. Ако си сакала да ни дадеш поттик да ослабеме, без никакви задни намери, има тема морална поддршка, таму поттикот ќе ти беше добредојден. Тука, на оваа тема не гледам зошто ти беше потребен. Јас пишувам едно а ти друго цело време. И понатака колку и да шириме ќе биде џабе. Во недоглед ќе оди се. ЈАс си кажав што имав, мое мислење, и во ред кој не го поддржува не мора. Различни сме сите. Знам дека првата реченица ти беше наменета за мене, не сум слепа, и ти пишав дека на крај од постот истиот заклучок како мене си го донесла. Нема потреба од извини, јас се тоа го кажав, дека слабите ги гледаат со други очи подебелите, но оние слаби кои спаѓаат во веќе кажав кој тип. Значи оние што мислат дека секој со две килограми вишок е не знам што, движечко буре, и оние што мислам дека дебелината е еднаква на несреќност. За тие девојки се работи се. И не е навреда ако кажам дека сметам дека имаат одредено мислење за нешто. Ако не запримети цело време се обидувам да докажам дека килограмите не се мерило за ништо.
Eве јас пак би напишала нешто кое е поврзано со темава. Моја блиска другарка имаше проблем со тежината. Се дружиме четри девојки. Ни една од нас не проговорила ништо за тежината позади нејзиниот грб. Едноставно заеднички се договаравме за извршување на физички активности, бидејќи реално на сите ни се потребни. Никогаш никоја од нас не си префрли за изедениот сендвич од лесковачка во два по полноќ. Самите чувствувавме вина поради полниот стомак и самите кажувавме дека треба да си внимаваме сите. Што се случи по некое време....... Почнавме да одиме на фитнес. Сите четри. Девојчето беше упорно. Одеше редовно, почна да конзумира помалку леб, внимаваше на исхраната, но не беше на диета. Ослабе 10/12 килограми за неколку месеци. Секогаш кога ќе забележев позитивен резултат кај неа и го нагласував. Навистина и мене ми беше драго за тоа што го постигнала. Сега девојката блеска. И дојдоа до израз сите прекрасни црти на лицето. Луѓето од страна забележуваат и и кажуваат дека супер изгледа. Сега и таа е позадоволна самата од себе. И искрено, не им се потсмевам на полните девојки на плажа, туку кажувам браво за храброста.
Се се врти во круг. Ова цело време сакам да го кажам. Не ги ставај сите слаби ист кош, ако си имала лошо искуство со некои од нив. Не сите размислуваат исто и тоа сакав да го потенцирам во мојот пост. Ајт не пишувам веќе овде и ако мислењето ми е офф-топик делејт.
Не ми беше убаво од естетски и помалку здравствени причини. Добив голем мотив да слабеам гледајќи ги ковчестите убавици преку улица и ловејќи ги погледите на момците кои беа наменети за нив. Таков е животов..Едно задоволство мора да скратиш,ако сакаш да имаш некое друго.Изборот го правите само вие,а поразличните од вас секако ќе имаат и поразлично мислење за вашиот начин на живот,од многу едноставна причина - Не сте на иста бранова должина. Сега самодоверба ми фрчи од уши,да не кажам и ептен се занесувам по улица ,ама од друга страна не знам што е да седнам да се најадам ко човек. Имам ДЕБЕЛА другарка,ама онака ептен...И ме гледа ослабната,ми вели браво секоја чест НО јас не би поднела толкава жртва...А таа прави шеги на нејзина сметка за нејзината тежина кога сме друштво..И другиве се смеат но ја ценат МНОГУ бидејќи е реална,не се срами ваква каква што е и да ви кажам омилен лик ни е,без неа неможеме да си ја замислиме вечерта.Сакам да кажам-џабе витко тело ако немаш топлина,широкоградост и шарм.
Килограмите не се мерило за ништо тедибер додека се наоѓаш во пријатното опкружување на твоите најблиски, кои те знаат, те сакаат, и не ги гледаат твоите килограми...Но излезеш ли надвор-welcome to the real world...Сурови се луѓето, точно е, оговараат, се потсмеваат, дали си со вишок килограми или имаш голем нос, големи уши, или си кажала една глупост (макар на шала) па те ставиле во редот на празноглави...Ќе ти најдат и ситница за да те понижат, навредат, да се покажат повредни од тебе (ова највеќе од работно искуство де)...И точно (поголемиот дел) си ја јачат самодовербата кога ќе видат дебела девојка а тие онака послаби...Тоа е, нема што да глумиме лудило, а ниту пак да бараме некој да не дискриминира, да не се потсмева, да не осудува или пак да не биде со предрасуди, не е правилно но ете така е...На кој му смета многу нека повели нека ослаби...Али секој со своето, секој сам со своите битки...
Пример-кога бев во средно, во класот имаше само 2 подебели девојки. Првиот случај-зборувавме за облека, и таа рече-не знам вие како носите тесна облека, па носете нешто покомотно, мене лично така повеќе ми се допаѓа. Сега да и кажам-па и да сакаш, не можеш да носиш тесна облека, не сакав да ја навредам, и ќутев. Другиот случај-навистина беше дебела, и не ја исмејуваа толку, ама и беше непријатно со нас, и еднаш ми рече-знаеш што? Ти ги одбираш другарките, се дружиш само со поубавите и послабите. Јас останав вака- . И реков-па не гледаш ли дека и јас не припаѓам со нив, тие се даалеку поубави од мене. (No, really). И оттогаш ми кажуваше на каква диета е, што јаде преку ден, пребарував диети за неа, не помагав кој знае колку, ама моралната поддршка е навистина важна, ми кажуваше слики од 1вата година, и сега-навистина има разлика. Сега си купува облека каква сака, и е воодушевена од тоа како изгледа. Значи подебелите можам да ги делам на 2 групи-тие што не сакаат да се борат со тежината, и live in denial, како што рече Trendafilka, и тие што се свесни дека треба да ослабат, и се трудат.
Yawn, да не ме опиша мене во овие реченици, некако многу се пронајдов .. .. -Патем, девојки, многу сте отишле од темава, јас сум дебела и имам 150кг и не ги оправдувам по никоја цена, секако не ни застанувам на нив, продолжувам да симнувам (воопшто не е лесно), но тоа не ме прави помалку среќна од другите, помалку вредна од другите или помалку активна во општеството. Каква и да сум, за мене сум си, и покрај сите тие килограми, јас имам самодоверба на плафон, се ценам себеси и знам колку вредам. Надворешниот изглед е релативна работа, денес си ваков, утре не знаеш каков, она што е примамливото после два разговора со една личност е внатрешната убавина, никој не сака покрај себе да шета кукли(и машки и женски). Биди секогаш човек и секогаш ќе бидеш сакан и ценет. Не сум имала јас проблем од типот на довикување погрдни зборови, но често ме загледуваат, некои од нив потајно оговараат(кое тајно, во очи им се гледа дека мене ме озборуваат), други само ќе се насмеат, трети нема ни да ме приметат(реткост е тоа), ама има и такви кои со воодушевување ја гледаат мојата храброст, и движењето во ова толку испревртено општество! Ништо од тоа не ме интересира, се замарам само со својот живот, замарајќи се со друг, би можела да си го потрошам мојот, а тоа не ми е во прилог. Кој дошол во него-добро дошол, кој заминал-добро заминал, јас пак ќе спијам вечерва! И секоја наредна .... А ако на некој му сметаат моите килограми, тоа дефнитивно не е мој проблем, малку нескромно, но јас секогаш ќе знам дека, јас никогаш не сум изгубила ако некој заминал од мојот живот, изгубил тој затоа што изгубил искрен пријател во овој лажен свет! Добра ноќ на сите Вас пријателчиња , и да, не ми е убаво што сум дебела, ама убаво се чувствувам во својата кожа, едноставно во своето ЈАС! Бакнежи ...
Има мн.кои пробале да ослабат но едноставно неможат да ги поднесат диетите и неможат да издржат па се откажват и сакале несакале ќе прифатат такви какви што се па и искрено се гледа дека не се замараат со надворешната околина на крај краева неможеме сите слаби да сме
Секој може да ослаби ако сака (под услов да е сеуште релативно здрав и да смее физички да се замара) но тие што не слабеат немаат доволно јака мотивација и испирација за слабеењето. Ако им најдеш доволно јака мотивација ќе ослабат но има и други додатни фактори кои треба да се земат во предвид за кои сега не би навлегувал во детали.
Донекаде се сложувам со тебе ,но тие велат така само зарази тоа што не можат да престанат да јадат и верувај и на нив име тешко што не можат да си најдат соодветна облека
Не знам дали мене ми се обрати но тука доаѓаме до тоа што преска не го напишав, причината зашто не можат да престанат да јадат и ако го знаеш одговорот на тоа прашање е јасно зашто не се мотивирани да ослабат и да ја издржат диетата до крај . Верувам и тебе ти е јасен одговорот така да останува на тие што слабеат да си најдат замена за храната затоа што тука лежи клучот .
јас имам 10-13 вишок кг. и можам да кажам, Им завидувам на славите девојки. ДУри, и завидувам на сестра ми (близначка) што има екстра тело. Беше и таја пополничка, ама успеа да ослабне. Сега има ехтра Линија. И јас сакам да ослабнам, Пробав на многу Начини ама неуспеав, многу луѓе може ме осудуваат, но јас верувајте се осудувам највеке. Може ке биде чудно. Ама, за појадок јадам едно рибанче леб, на ручек 1 пак и манѓа и салата. (вечера прескакам, пробав да го исфрлам лебот, До пред 3 дена ја држев Ун диетата последно, ми испука глава, ми се покачи притисокот, бев на лекар, ми рече да ја прекинам одма диетата, и да јадам она што тој ми вика) се движам, постојано сум во движење, ама неможам ни грам да ослабнам. Месечно јадам по 1 чоколадо, некогаш и толку не, пошто не сум љубител на благо ни малку. Газирано Не пијам никако, а ни алкохол поради притисокот. Пробувам да вежбам, ме болит одма глава, и тука се разочарувам премногу. може на некој му звучи дека сакам да се правдам, АЛИ НЕ, јас сум само реална и што сакам некаде со некој да споделам, бидејки ми е тешко да зборам со некој лице в лице. каде е мојата грешка?? ............
На никого не може да му биде убаво да е предебел или да е преслаб, но тоа не мора да значи дека поради тоа мора да биде повлечен во себе, да не облака убава облека туку само вреќи некои. Да секој може да ослабне но тоа не е толку лесно колку што изгледа. Поминуваш низ 500 маки да ослабнеш, се надеваш дека на вагата има којзнае колку добри резултати и на крај приметуваш дека е само едно кг или неколку грама. Тогаш постепено ја снемува и желбата и мотивацијата и се.
Епа за да не ја снема ќе продолжиш како што си почнал и кога ќе се сетиш само што си постигнал тоа уште повеќе мотивира. Треба тогаш да си се рече: Колку издржав, успеав колку-толку, па сега ли пред крај да се одкажам? Стиснуваме заби и идемо даље . Ако треба ќе поминам уште низ 500 маки (не само за ослабнување) Спојлер зборувам општо ама ќе ја остварам мојата цел што сум ја зацртала ако мене тоа ме прави посреќна, позадоволна . Мора некогаш да се саможртвуваме, во случајов тие на кои не им е убаво што се дебели (небитно дали се со плус 5, +10 или +15 , +50 или со плус 3 и пак не се чувствуваат убаво) вреди да се направат жртви зошто никому нема тоа да му штети, освен што ќе ти треба да промениш некои навики и да го смениш начинот на купување на прехрамбени производи можда и месечната потрошувачка ќе се зголеми ама тоа не е ништо во замена за здравјето и среќата. Ги спомнав тие со плус 3, не да предизвикувам пак недоразбирања нити прозивам некого, од мое лично искуство кажувам, некој и со плус 3 не може да се поднесе, едноставно не е навикнат и не му е убаво му сметаат тие 3 кг колку и да не се познава дека ги има вишок. Сте размислиле можеби дека тие што се викаат (а не жалат, таквите не ги оправдувам) дека се дебели, а изгледаат нормално имале претходно проблеми со дебелината, па едвај со триста маки се вратиле на нормална тежина и им е страв да не се здебелени? Затоа што ОДГОВОРНО тврдам, дека било и да ослабеш или се здебелиш повеќе од 5 кила ти не си истиот, прво чуден си на самиот себе, после тоа ко ќе се вратиш пак на старото , не си сигурен дали вистина така изгледаш заради сите тие трансформации, излгедаш нормално, па можеби ти треба уште едно мислење да ти потврди дека не си повеќе таков каков што беше. Ја имам направено две трансформации од мојата 13 кога бев анорексична до сега, значи во тој период од 15 години до 16 и нешто верувале или не, од 43 дојдов на нешто плус 20 Стресови, нервози си се збирало и ете сето тоа во кила ми се преобразило, а јадев само благо, многу благо друго в уста ништо не ставав, секако пореметување во исхраната имав, зошто претходно скоро по ништо нејадев, колку да сум жива, значи се хранев тотално нездраво. Е, ама од ко се освестив, паднав во една таква депресија, што сакав дури да умрам, не бев тоа јас, не се препознавав, во период од нецела година дена да качиш 10 кила е удар, а не па 20 Плачење, плачење, грижа на совест, се додека не се освестив повторно и си реков СТОП, стој Лукс сега, будало една. Спојлер Ти ни се здебели за една ноќ, ни ќе ги вратиш за една ноќ, направив муабет со моите, ми купија орбитрек, таа старата Тотал џимот ич не ја користев, всушност не ми е некако за слабеење. Е тогаш да видите како се запнав, секој ден по еден саат вртев, ама секако со страв да не ми се претвори се во мускли, па така месец, па после почнав постепено да намалувам по 40 па на крај само по 30 минути. Никогаш ни ми дозволиле да пијам, ни ми купиле препарати за слабеење, од било каков тип, апчиња, капсули, чаеви и триста чуда. Држев и една диета неуспешно, не знаев да држам диети, никогаш не сум држела и тешко ми беше, не ми се совпаѓаа со тоа дома што се куваше производите и ја најдов Јагленохидратната, ја држев неа само месец и од неа ослабев 7 кг, друга диета немав држено, после тоа си продолжив исклучиво здраво да се хранам, лебот и благото ги исфрлив иако благо ко ќе се сетам пак си подкаснував ама со усул, по многу малку. (А во тој период само тоа читав, фитнес, диети, уствари и сега тоа ме интересира и читам, ќе докторирам уште малку на тема фитнес, па од толку читање факултет ќе завршев цц) И после тоа во успешни стории треба дел да напишам, ослабев цели 20 да, да . И сега после 3 години имам 9кг повеќе од тие што ги имав ко бев анорексик ( и замислете, викав дека сум дебела, да, да вистина тоа го мислев, не за да ми кажуваат дека сум слаба, туку ете, сум имала којзнае какви стандарди за слабо тело, и им се чудев кога и без да ги прашам, а не прашував дали "сум слаба", кој и да ме видеше леле Лукс колку си слаба, јас упорно си верував по мое, мислејќи намерно ми викаат така, детиште просто.) Затоа целта на постов со мојава "исповед" ми беше да кажам дека подполно ги разбирам оние кои викаат дека не им е убаво што се дебели, што признаваат, ама и оние кои се наоѓаат навредени кога ќе прочитаат некој пост. Немој само да се браните и оправдувате на темава, не е за таа цел, иоанака никој никого не напаѓа. @Силвергрл, браво за искреноста , те сфаќам подполно, ти барем имаш причина плус за да бидеш мотивирана, ама и причина плус за да не ти убаво со тие вишок кг. Ќе се обидам да се ставам во твоја улога и сигурно сега не ти е сеедно што сестра ти (ако претходно си била навикната да бидете исти) што е послаба од тебе, немало да ти биде ни ако е подебела. Причина плус за да бидеш мотивирана е што секогаш имаш придружник до тебе, некој кој те разбира на твои години, сега кога пишувам си викам АХ, камо да си имав сестра близначка. Се си мислам се ќе ми беше полесно, можеби и се лажам, ама ако некои работи заедно ги правевме со таквата сестра, ќе ми беше разговори до бесвест и заедно вежбање дур мускулите не не заболат, зошто се си мислам е полесно кога имаш некој секогаш до тебе, што ќе те мотивира дополнително, па не сестра. Прашај ја сестра ти за грешката, можда таа ќе знае, ако сте јаделе исто и сте правеле иста физичка активност, тогаш не е до тебе, до организмот е, а можеби и така твојот организам делува, тебе ти треба малку поинаков начин на исхрана од нејзиниот, и немој да се осудуваш. Исфрли од тебе и грижа на совест, и мака, и осудување, покрај нив, нема место за успех, поготово кога се работи за ова. Ја имаш сестра ти верувам како најголема поддршка, и покрај неа, со цел и упорност, мора да успееш, само верувај во себе и немој да се споредуваш со неа иако ти е близначка, заедно најдете начин пак да бидете исти
се обидов да разговарам со сестрами на оваа тема премногу пати. Но секој пат ми дава одговор “Ај Мац морам да излагам а и не ти фали ништо, немаат врска кг-ите, важно е она што го имаш во главата„ ... друго не сум слушнала од нејзе. Тоа е плус причина што се разочарувам, Кога на нејзе и требаше подршка, ја мотивирав секогаш, за све и давам совети, ја слушам кога и е потребно, а јас кога имам потреба од нешто, макар тронка, го добивам одговорот што го наведов погоре... Но, длабоко во себе знам и сигурна сум дека една ден ке успејам да ги намалам вишокот на кг.
Дебелината како глобална појава не е здрава, тоа е факт. Но, кога убедувате некој упорно да ослабне со држење диети сетете се дека повеќето диети не се здрави и се поистоветуваат со нејадење односно гладување, или пиење апчиња пивски квасец каде шансите се 50-50 дали нагло ќе се здебелиш или нагло ќе ослабнеш, или пак диета со јаболков оцет. Ај добро, ќе ослабне, и потоа? Потоа ќе станува се послаба и послаба, близу анорексија, затоа што кога човекот ќе види нешто добро, секогаш сака подобро и не се задоволува со постигнатото, туку сака повеќе и повеќе. Желудникот нема да е навикнат на внесување храна како што бил и потоа тешко ќе се навикне, па ќе има посетување болници итн. Ваков случај познавам, и не е единствениот. Знам дека постојат многу многу диети од типот на: за појадок тоа и тоа, за ручек тоа и тоа, за вечера (не после 18ч) тоа и тоа. Но, тоа не е диета за некој кој сака драстично да изгуби килажа, туку за некој кој накачил некое килце па сака да го симне и не се брза. Девојче што го знам не можеше да ослабе. Со мене учи, прво ја прифатија но потоа штом се скараше со некој, срчкаше, или закачнеше првото што ќе и го речеа беше токму тоа, телесната маса. Колку пати си одеше од часови плачејќи до дома. Ама таа пробуваше многу работи за да ослабе. На голем одмор само вода пиеше откако ја знам. Дали еднаш дневно како што кажуваше јадела и тоа домашно готвено од типот на манџи, пире, супи со уште нешто, виршли итн. Не и успеваше, премногу имаше кила за симнување и со секој обид се повеќе се демотивираше. АМА таа не сакаше да спортува. Ќе и се смееле на кеј, не можела да вика другари/другарки со неа на кеј да не и се смееле, во теретана џабе ќе се запишувала ќе требала со години да спортува а и + викаше ќе ги скршела справите итн. Е тоа беше нејзината грешка. И затоа јас викам он-топик може е некому убаво што е дебел/а ете таков изразот нека е зошто така и гласи темата, навикнат е и се тоа го разбирам, самата помисла на слабеење се изедначува со доста долг период (мислам на оние кои имаат стварно доста за симнување) па самото тоа те депримира итн., ама сигурно поубаво ќе му биде во пофит фигура, кога ќе и се изразат цртите на лицето или облините на телото, кога човек има вишок (зборувам за вистински вишок, а не такви како погоре што прочитав +3кила и одма паѓање во несвест, срамота е тоа да се пишува во оваа тема!) вишокот е првото нешто што се забележува кај него, а тек потоа цртите. А кога човек нема толку вишок, прво што се забележува кај него се фигурата и цртите на лицето, а тек потоа ќе приметиш дека имала стомаче малце или обравчиња дебелки или пак бутки. Еве јас имам 50кг, а не се сметам за висока туку онака средно, и кога сум била 52,53 не сум се потресувала ич. Не се мерам на вага секој ден како некои, и јадам и после 12 хамбургери од 7ца, плескавици, пици, пијам кока кола премногу, и да јадам многу и да не јадам ич јас сум +-50кг и се што јадам во градите ми оди. И не сум анорексична, туку имам облини што да правам кога таму ми оди, особено во градите, зборам за тие 1-2-3 кила зошто толку се здебелувам максимум. Не спортувам иако спортував ракомет, престанав со тоа, не трчам на кеј преку лето (летово ниеднаш не бев да трчам) едноставно немам потреба од тоа. И не ги разбирам тие кои се мерат на вага секој ден. Разбирам дека има некои што си ги мерат калориите што ги внеле на секој оброк т.е. не разбирам ама ај, ко ќе прочитам колку калории содржи тоа и тоа ја се чудам бе, ако ми се јаде го земам го смачкувам и готово. Ќе бројам неам друга работа, па ќе ми се одјаде дур избројам. Ама тоа е, на некој се му се фаќа што јаде, на некој многу малку скоро ич не му се фаќа, некој си има стандардна маса, некој има лабилна и лесно-менлива. Среќна сум што имам стандардна маса и колку и да јадам, толку сум си, таква сум. И не би била среќна лесно да ми се менува, зошто стварно претставува мака како што гледам по другарки.
Дали дебелите навистина се среќни?! - Ке кажам ДА! Ова го кажувм поради тоа што имам еден комшија, тој е толку дебел што неможе да се помрдне. Кога бев мала мислев дека никогаш нема женска да си фати, али ете, он се ценеше самиот себе, си фати убава слабичка мома, и таа му роди прекрасно детенце. Му се дивам. Имаат прекрасен брак! Така да, ценете се такви какви што ве создала природата, килограмите не се важни, тие може да се намалат, зголемат додека трепнете ! Животот и убавините не се сведуваат на килограмите, тој што ве сака ке ве сака со 5,10 или 15 кила повеќе Ете ви доказ со примерот !
е не ми е баш убаво кога си ги гледам одзади нозете ама ете несакаат да ми удоволат да заслабнат малце хаахаха со да им правам мои си се какви такви пак си ги сакам
Силвергрл, сестра ти и не ти вели така лошо, вистината е таа, дека најважно е што имаш во главата. Лошо е тоа што на таков начин ти кажува и заминува како Ти и твоите чувства да не сте битни. И јас знам длабоко во себе дека еден ден ќе успееш да симнеш од вишокот, затоа што и за себе знам дека ќе симнам од вишокот и во иднина и таква и се гледам. Факт е дека дебелината е болест и дека воопшто не чини и не спречува во одредени работи. Јас имам 150кг и не се срамам од нив, ниту пак ги сакам(од понатамошни несакани здравствени причини), но секогаш сум била среќно дете. Се' ми пружил животот, но најмногу се радувам на пријателите и на ова внатре што го поседувам. Не се осудувај, не може секој да го има она што го поседуваш ти, убаво кажа Ириплејсбл, денес си дебел, утре не, внатрешната убавина е таа која најпосле останува. Чим ти имаш храброст да го признаеш сето ова, ќе имаш сила и да успееш во намерата. Секогаш биди своја и единствена, тоа е единственото решение до успехот. Не се срамам од тоа која сум, не се срамам што сум дебела, не се срамам од изгледот мој, се срамам од тоа дека дозволив да ги "начукам" овие кг.(ама јас си се носам со тоа сега), но и покрај се' никогаш не престанав да бидам ЈАС, и ако некому му смета тоа, тоа е негов проблем! Некој ќе не разбере некој нема, не можеш да се замараш со тоа, милион различни карактери, често ќе има такви на кои ќе им смета нашиот излед, но и никој не ги тера со сила да бидат покрај нас. Убав ден слаби и дебели луѓе, и се додека некој е човек, може да изгледа како сака, јас пак ќе го сакам во мојот живот! Поздравинела