Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Убаво ми е што сум дебела...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 16 октомври 2010.

  1. Lunichka92

    Lunichka92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Вака значи успеав да ги прочитам скоро сите коментари. Некој ми се допаднаа некој беа премноду вулгарни што е срамота да ги пишува жена која незнае што ке и се случи и како ке изгледа за 10 или 15 години. Ке тргнам од себе јас сум дебела и можам да кажам многу дебела и немам причина да се срамам, не вика дека сум дошла до ситуации да пропадна во земја ама тоа биле потикнати од луге кои се необразовани и луге кои немаат свој живот и се среќни кога некој ке навредат. А тој што ја измисли темава сум 100% сигурна дека си лечи некои комплекси. И за крај немојте да мислите дека слабите се посреќни затоа да би биле среќни не би се занимавале со дебелите лјуѓе и не би се исмејавале. Јас само можам да кажам срамота :/
     
    На SanjaBucka и Bibko им се допаѓа ова.
  2. sanja-lazanja

    sanja-lazanja Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    49
    Ке се обидам да ви одговорам што можам појасно, јас не осудувам никого и има право да прави со себе што сака, само спорев на темава дека наводно дебелите луге биле срекни што е нон сенс.
    Прво прашавте дали сум јас совршена па што си земам за право да зборувам за дебелите луге?
    Не не сум совршена но како и секоја девојка се трудам да изгледам пристојно и не е битно дали имаш 3-5 килограми повеке тоа не е дебел човек, јас зборувам за оние кои имаат над 10-15 па и повеке килограми вишок. Во никој случај не пропагирам булимија туку само здрав и нормален изглед а со над 10 килограми повеке неможе да се каже дека е човек здрав бидејки дебелината е еден од факторите кој може да го загрози сериозно вашето здравје, пред се срцето и крвните садови, а знаеме кои се последиците од тоа инфаркти на релативно млади години висок крвен притисок и со самото тоа ризик за мозочен удар итн.
    Bleck Swan5 рече некој има поспор метаболизам да има но со зголемена активност совет од стручно лице а не со диети од интернет или од другарки ке се обидеш да го решиш тој проблем уште на самиот зачеток кога ке почувствуваш дека дебелината ти излегува од контрола, а не кога ке се направиш буре. Адела во еден дел од нејзиниот пост вели цитирам оваа тема мене не ме интересира а и негледам зошто тебе би те интересирала така да остави ги девојките да се дружат затворен цитат. Како прво форумот не е за дружење туку за искажување на личен став по одредена тема, а дружење од приватен карактер се прават на други социјални медиуми од типот фб твитер итн а не на форум без огледд на темата да се пишува лични пораки кои обично се пишуваат на скајп месигер итн од типот, Леле мила колку ми недостигаше јас нешто нокеска лошо спиев па сега ме боли, вратот како си ми ти, е тоа се пишува ама во смс порака фб итн а на форумов се дискутираат различни гледишта на одредена тема.
    Е сега Lunichka92 во нејзиниот пост спомна дека оној што ја измислил темава лечи комплекси јас не би сакала да се ставам во функција на адвокат на offspring но знам дека немала зла намера кога ја поставила оваа тема и најмалку е оначовек кој би се потсмевал на другитеколку што видов дека донекаде имаме ист став, дека всушност со таа фраза дека дебелите се срекни е само изговор со кој си се тешат самите бидејки како што би рекле грдите луге, т.е оние кои се не толку симпатични, не сум убав/а ама добра сум во душа. Се надевам бев јасна и очекувам ако веке ме напагате да го правите тоа аргументирано а не со лични навреди и дискфалификации.
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.376
    Допаѓања:
    114.371
    Пол:
    Женски
    Ај те молам објасни ми во кое cv освен за манекенка наведуваш килограми? И те молам престани да навредуваш. И да те прашам јас вака дирекно и јавно зашто си толку огорчена кон луѓето со вишок килограми?? Имаш некоја фобија или неубаво искуство со некоја дебела личност?? Или па тебе слабата, ти раскина дечкото кој сега шета некоја со 20 кила плус од тебе и е среќен одавбде до вечноста, а ти кутра убава слаба која тооооолку внимаваш да не јадеш све, толкуу вложуваш во својот изглед го сакаш а не можеш да го вратиш?? И зашто псевдонимот ти е овде сања лазања?? Јадеш лазањи??? :o :o :o Тие калорични бомби што ние дебелите со сласт ги јадеме и ти ги јадеш и не ти е страв дека ќе се здебелиш?? Не не не, да не си пипнала лазања повеќе, после во тебе ќе зјапаа во град, онака како ти што зјапаш и ќе те оговараат и омаловажуваат како ти што омаловажуваш. :fubar: :fubar: Свести се шти пишуваш и воопшто како размилуваш. Тркалото се врти. И запамти, никој на ништо не е имун па ни ти на дебелина.
     
    На Bibko и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Сања лазања, јас само една работа имам да ти кажам. :D

    Да не даде Господ, ама замисли, кога ти ќе родиш дете, и кога твоето дете ќе порасне, да има проблем со дебелината. Што, ќе се откажеш од него ?! Многу гледаш само од едната страна. Значи по не знам кој пат во темава, им викам на тие што со прст покажуваат кон дебелите, што ќе правите ако вашето дете има хормонско пореметување и е дебело ? Е, ај сега да те видам. Хормоните се ужасно тешки и мачни за контролирање, изволте повели, кажи ми како да ги контролирам.

    Или да го убрзам одењето, да не одам нога за нога ? :?: Еве Офи прашај ја како одам, ќе ти потврди дека многу брзам кога каснам. :D

    Совети од личности кои во животот немале повеќе од 5кг вишок на мене, па уште и се подбиваат додека ги кажуваат, не прифаќам. Знаеш зошто ?? Затоа што го кажуваат тоа со таква леснотија, што човек ќе си помисли слабеењето е исто што и правењето ручек. Прифаќам совет, добронамерен од било кој, кој го цени мојот труд и знае колку е мачно и напорно симнувањето.

    А и уште ова. Имам една комшивка, цел живот кукаше по дебелите и сега ќерка и е дебела. И не и дава да јаде. Замисли на 6 годишно девојче да не му даваш да јаде оти е дебело. :o Па ќерки и оди по туѓи куќи и бара јадење. Многу смешно и интересно, просто човек да се запраша дали стварно Господ гледа. :D
     
    На De-lovely и Bibko им се допаѓа ова.
  5. sanja-lazanja

    sanja-lazanja Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    49
    па вака ке се обидам да ви одговорам без навреди туку со аргументи, а не како што вие тоа го правите.
    Прво нена вели во кое сиви се бара да наведеш килограми? Точно е дека во никое, но кажи ми ти мене кој денес прима само со поднесување на сиви? Сигурно си чула дека обавезно има и таканаречен разговор, каде што те викаат за да ја оценат не само твојата интелигенција и стручност, туку и надворешниот изглед, бидејки сакала ти да признаеш или не покрај квалификациите се гледа и физичкиот изглед и секогаш ако имате исти квалификации па дури да си и поинтелигентна од некоја што е згодна, и има пристојна линија секогаш таа ке има предност за добивање на тоа место, да ке речеш тоа е дискриминација но за жал така е
    секој би сакал за соработник, да има силуета што убаво изгледа отколку буренце, зборувам кога се работи за некоја повисока функција, се разбираза работа во произвотствен погон или чистачка не е битно дали си дебела или слаба, ружна или убавица. и уште ова да и го одговорам на нена за генетското пореметување.
    Секако дека ако има генетско пореметување тоа е друга работа тоа е веке болест, како и сите други болести и мора човек да се носи со нив, но јас ке повторам дека јас зборувам исклучиво за оние кои не заради генетско пореметување туку заради својата алчност и немање усул колку јадат и што јадат се такви какви што се.
    Уште да одговорам за децата што по грешка на родителите се со вишок на килограми уште од мали и со тоа уште од мали им го преметуваат, балансот во организмот.
    Тоа се прави од незнаење на родитечите со прекумерна калоричма исхрана плашејки се да не бидат анемични т.е слабокрвни им гнетат се и сешто, наместо да се консултираат со лекар за да им препорача начин какода детето биде доволно ухрането со сите витамини и се што треба за неговиот раст и развој а да не добие прекумерна тежина. И бидете сигурни дека чоколадата воопшто не помага за развојот надетето туку напротив. А не секој ден чоколади и разни други слатки работи па после гаволот им е крив.
    И уште еднаш повторувам не барајте совети како да ослабете овде или на разни интернет страници или од другари другарки итн или недај бозе со препарати кои се рекламираат за 15 дена 10 кг итн туку со консултација со лекар со балансирана исхрана, и верба дека ке успеете и секако не откажувајте се ако за кратко време не постигнете очекувани резултати, за се е потребно време.
    И за крај ниту сум огорчена на дебелите луге ниту па некоја ми зела дечко,ниту пак себе се сметам за манекенка па сега им солам памет на другите, туку само се обидувам да ве мотивирам да успеете да се доведете во ред и да не с плашите да се погледнете во огледало, туку да ви причинува задоволство кога тоа ке го направите. Верувајте ми дека знам како изгледа дебела девојка без облека тоа е катастрофа наталожен селулит наместо еден 3 стомаци виснати тоа е ужас. И знам дека имаат ужасна фобија да застанат на вага кога некој ги гледа а и ретко која особа со над 10-15 килограми се осмелува да се погледне во огледало поточно во зидно огледало на кое се гледа цела фигура особено без облека.
    И едно те исто повторувате нон стоп ако сме дебели ама сме срекни што апсолутно не е точно, туку мислам дека е обратно но ајде да не ја разводнуваме темава, за тоа друг пат.
     
  6. bestrasnost123

    bestrasnost123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    28
    не мора да е маска некој навистина ужива во своите килограми (па има и некои кои се натпреваруваат за најдебела жена) :^) како и да е мислам малку пополнета ДА екстра :x не дека мразам дебели луѓе имам во семејството дебели ама не е здраво и плус секогаш се нервираат кога неможат да си најдат број од омилените фармерки :) ПС.Поздрав до сите елегантно пополнети луѓе :*
     
  7. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    јас ни слаба ни дебела средничка сум си и се обожавам :rofl: :D :)
     
  8. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Кој црни аргумент ти е ова молим ти се!?
    Не,сериозно значи те читам, те читам и те препрочитувам пробувајќи да најдам логика во тоа, но логика нема.
    Прво и основно : ДА, ПОСТОЈАТ ЛУЃЕ СО ВИШОК КИЛОГРАМИ ШТО СЕ СРЕЌНИ, првично затоа што не живеат во твоја околина или во околина со такви ограничени сфаќања како твоите.
    Таков човек дебел како што го нарекуваш, не е среќен поради тебе, не поради себе.
    Ти му ствараш комплекси,затоа што го гледаш како посебен.
    Да, лошо е да имаш 15 кг вишок,ама се додека човек не забележи дека тоа САМО И САМО него му смета, тоа не е твоја работа да се грижиш за тоа,бидејќи во една реченица спориш дебел човек неможе да биде среќен, во другата кажуваш сосема трето.
    И да, дебелината може да биде опасна по живот, исто онолку кога поминуваш по улица да си на ризик да бидеш прегазена од некој пијан лудак.

    А, тоа со cv-то?
    Види вака девојче.
    Ти ако работиш на тој принцип тебе вратар да те пушта у 69 со длабоко деклоте и кратка маичка што ја носиш како фустанче, епа светот не функционира така.
    Во секоја здрава фирма, првично се гледа квалитетот на вработениот и приходот кој ќе го носи во фирмата, а не дали бил дебел или слаб(нормално сега ако правиме муабет за промотер или манекен тогаш е друга прича).
    Значи и јас да имам фирма мене кур ќе ме боли ако вработам покрупен или послаб човек, мене ми е важно да е квалитетен и да носи пари,ако не ваља имај ти какви сакаш цицки и каков сакаш газ, ми правиш штета во фирма и ќе леташ од работа.

    За тоа со родителите потполно се согласувам, но има случаеви каде веќе сам си одлучуваш за себе и во кој правец ќе се движиш,ама моментално во ова општество каде што живееме комплекс е да си дебел,затоа што тоа ти е веќе болно пореметување.
    Што е битно дали човекот е добар, дали без проблем би ти подал рака во добро и во лошо нели?
     
    На SanjaBucka, kate21 и Bibko им се допаѓа ова.
  9. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Во врска со болдираните: Зошто се побиваш самата себе?? Колку е само постов без навреди, па тоа е чудо. :o Или навредите се сметаат за аргументи? :?:
    И сериозно, ако е дебела и неука значи ке ја примат за чистачка, нема врска изгледот, а ако е дебела и образована, ке изберат некоја слаба наместо неа само затоа што оваа е...слаба?! Колку лошо размислување.
    Знам дека ти е веќе смачено да те цитираат, ама тоа би требало да те натера да сфатиш дека размислувањата не ти се на место.
    А каква е таа мотивација? „Сакам да ве мотивирам да ослабнете пошто сега изгледате како фоки со наталожен целулит и 3 стомаци“?? Way to go girl! Готово, сега сите подебели се мотивирани благодарение на тебе и ене ги нозе кршат по улица за да ти ги задоволат критериумите. :clap:
    Јас самата имам некои 6-7кг вишок, поточно имам 62кг кои за мојата висина од 175 се онака нормални, но, поради тоа што коскената конструкција ми е полесна, јас мака мачам да ги симнам тие 6-7 од наталожените места. Мајка ми како помлада имала околу 50тина килограми, ако сакала воопшто немала проблеми и 10кг да симне за една недела порано, а сега откако и се поремети тироидната жлезда, жената отиде накај 90кг и неможе ни грам да намали, макар и по цели денови ако гладува, напротив, организмот го активира одбрамбениот систем при невнесување на храна и при првото внесување најмала количина храна, истата се таложи и претвара во масни наслаги.
    Друг пат малку размисли пред да даваш ваква „мотивација“ на некого, бидејќи не секој само седи, плаче што е дебел, гледа манекенки на ТВ и притоа „гмечи“, без да преземе ништо. Иако се` си мислам дека спаѓаш во девојките кои толку остро ги критикуваш и дека ова ти е еден вид на самокритична мотивација и утеха, што е многу лошо.
     
    На SanjaBucka, Doozy и Bibko им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.376
    Допаѓања:
    114.371
    Пол:
    Женски
    Сања душичке , па јас сум на раководна фукнција. И замисли дебела сум. :!: И да знам за интервјуа и разговори затоа што пред 10 години така се вработив и замисли од многу слаби и згодни мене ме вработија. Хммм, дали кон тоа придонесоа дипломите ?? Дали кон моето унапредување влијаеше мојата килажа или резултатите?? И да во фирмата каде што работам хигиеничарките се убавици!!! И жените кои работат во погон се убавици!! Дали си ти свесна колку дискриминираш и колкава огорченост имаш во себе. Во еден пост наредуваш, дебели луѓе, жени кои работат како хигиеничарки ( не чистачки) и оние кои работат и трета смена во некој погон додека ти мирно си спиеш за да им обезбедат пишливи 6000 денари за да имаат да им однесат чоколадо на своето дете. Јас не знам во каква средина си растена ни во какви кругови се дружиш, ама гледам дека лошо те научиле.

    едит
    замисли Адел е дебела а има две престижни греми награди !!! Како само можеле да и ги дадат па таа е толку дебела :fubar: :fubar: :fubar:

    [​IMG]
     
    На Аматиел14, sweetheart10, FBI и 6 други им се допаѓа ова.
  11. sanja-lazanja

    sanja-lazanja Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    49
    Да ти поверував дека си ти на раководна функција секако се гледа тоа, и за тоа не треба да се дискутира бидејки е очигледно, и секако дека има примери и на успешни жени со вишок килограми, само кути да не те чујат Анџелина Џоли или Џенифер Анистон и они ке се здебелат за да стане популарна мислам читаш ли што пишуваш ме убедуваш во нешто што ни самата не веруваш.
    П.С Значи кај вас се е обратно чистачките(хигиеничарките) убавици, манекенки а раководителките буренца.
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.224
    Допаѓања:
    157.111
    Дигресија,независно од муабетот на Сања претходно,сепак да прашам.Нена,ако си на раководна функција,зошто не допринесеш тие пишливи 6000 денари да станат барем 12 000 денари?! Деградирачко е тоа,а не муабетот дека дебелите не можат да се вработат. Полошо е што можеби некој дебел директор расте во мевот пропорционално со растење на неговите бонуси.Тоа е за дискусија.

    А што се однесува до темава.Врти го,сучи го,на крајот се сведува на утеха.Дебелината не е здрава,а со тоа не е ни убава,ниту носи среќа.Искрено ми се смучи кога ги видов оние дебели модели пред некој ден, затоа што да,промовираат нездрав живот,исто ко оние ковчестите и е еднакво неубаво. Не може да ми биде убаво ако имам повеќе килограми,повеќе пати сум си докажала,затоа што го користам својот максимум во секој поглед кога сум на моите совршени килограми и стојам зад тоа дека дебелината е и психолошки,физички и здравствен проблем. И не можам да разберам, има многу килограми,ја прави несигурна,ја прави раздразлива,а ништо не презема и се теши со дополнително јадење. Ама ја разбирам таа постојана дефанзивност,вие ги мразите дебелите или штоооо,мислиш дека сум дебела коа ме гледаш така?! Знам јас,ме гледаш у сало,а тоа всушност е нивната совест,самосвесност и лутина кон себе која не можат продуктивно да ја канализираат.Свесни се за вишокот кг,ама свесни се и дека не можат до крај да истраат. Да не бидам погрешно сфатена,не мразам дебели луѓе,ама инсистирам на здрав живот.Точно не можеме да бидеме сите модели,кај некои и генетика е во прашање,ама некои едноставно не се трудат,а се лути на светот.
    Не сакам,навистина не сакам никого да навредам,впрочем сум била многу килограми во плус.Од стапче во топче преминав и тоа не по своја вина.Вие немате поим колку е тешко да не јадеш премногу,а да се дебелееш,да пробуваш да ослабеш,да не мрдаш,толку демотивирачки и фрустрирано се чувствував не можам да ви опишам.Ама никогаш не се откажав и си ја постигнав целта која ми е долгорочна,да не речам за цел живот.Ако беше целта да симнам толку и толку килограми,сега е целта да ги задржам.И не може никој да ме убеди,ама знаеш има луѓе со хормонски пореметувања,со здравствени проблеми само ко изговор,зошто не е така.Затоа што тој човек не се сака доволно за да го смени тоа.Ако имаш проблем,зошто сеуште го имаш истиот начин на живот.Па смени го човече! Хормонски пореметувања?! Имаш терапија,потоа диета,па здрав начин на живот и решен е проблемот,готово. А не,помирени со фактот,паралелно среќни дека имаат параван зад кој да се кријат,а се несреќни и само вртат во круг или па и го зголемуваат.Па почнуваат кардиоваскуларни болести,па дијабет,па комплекси...страшно.
     
    На FBI и sesilija им се допаѓа ова.
  13. Bibko

    Bibko Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    41
    Да е само Адел, а каде се Павароти, Квин Латифа, Опра, Џек Блек,Миси Елиот, Марија Шерифовиќ,Есма ПА ДУРИ и Калиопи...и уште еден куп други полни луѓе кои се вртоглаво успешни. Една можеби глупава споредба-Секој 2 директор има пуштено меше.Но ние дебелите не викаме дека за да си директор мора да си дебел, како што не е точно дека за да си успешен мора да си слаб-освен ако си манекен.
    И она што највеќе ми пречи е како толку осудувате и после велите Но ова неважи за оние што се болни и имаат проблеми со хормоните-Епа извините каде сакате да го видите тоа, да им пишува на чело.Од каде знаете кога и се потсмевате на некоја -што мака си има таа
     
    На Doozy и nena2010 им се допаѓа ова.
  14. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Леле Сања во кој век живееш ти жено?
    Еве и јас сум слаба,па не ги дискриминирам дебелите. Знаеш зошто? Затоа што и мене ме навредувале поради тоа што сум слаба. Знам добро како е кога некој те навредува поради тежината,па затоа и јас не навредувам.
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.224
    Допаѓања:
    157.111
    Бибко,ќе се повторам,скроз недискриминирачки,сите имаат шанси да успеат во животот,дебелината не е репер,туку личната среќа и општото здравје.Хормони не се изговор,точка,стојам зад тоа ко жив пример и тоа со комплицирана состојба и терапија!
    Ах и ги знам реакциите веке на ова од реалниот живот.Превртување очи и едно празно епа сега...или не сме сите исти.Точно,не сме,ама кога се работи за лична среќа и здравје по секоја цена ќе се потрудам.
     
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.376
    Допаѓања:
    114.371
    Пол:
    Женски
    Погрешно си сватила не работам јас во фирма која се занимава со производство, и да е до мене не 12 туку 120 000 би им направила плата да можам.
     
  17. sanja-lazanja

    sanja-lazanja Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    49
    Значи секоја чест после ова нема што да се каже ако и после ова не сватат тогаш не вреди ни да ни се објаснува за прв пат да ме воодушеви толку многу нечија дискусија браво.
     
  18. Bibko

    Bibko Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    41
    Во ред, не викам дека треба да се откажуваме ние под тој изговор.Но додека ја постигнам целта сакам поддршка а не осудување,И јас сум на тој пат,и маки мачам но знам дека ќе намалам многу од оваа тежина која сега ми пречи но дефинитивно несакам плитки луѓе да ми пречат понатака во животот.Не ми требаат другарки кои се срамат од ,мене сега кога ми е тешко.
    Инаку секој е со својот пример.Иако има проблеми со хормони кај секого не е исто.Некој 10 кг добил со хормоните а некој можеби многу повеќе.Така да секој со својата приказна и својот проблем.
    И уште нешто-многу се претерува со идеална тежина,Еве јас невикам дека сакам да сум дебела-апсолутно не но не би сакала ни претерано слаба едноставно некому 52кг се идеални а некому 65 и 70.Се зависи и од градбата и од височината
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.376
    Допаѓања:
    114.371
    Пол:
    Женски
    Воопшто не се замарам во што веруваш ти а во што не. Само кажи ми те молам која награда ја имаат дониебо Анџелина и Џенифер Анистон ( која ја обожавам како глумица ). Да речеш Барбара Стејсенд, да речеш Селин Дион, ДЏулија Роберст и тн, ама енџи анорексик да ми ја ставаш во ста реченица со Џенифер анистон, која рака на срце има прекрасно, здраво женско тело не ми иде баш.
     
  20. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    74
    Сања - за најогорчена жена на планетава!

    Никогаш не сум ги осудувала дебелите луѓе. Тежината не е мерило на среќа или успешност. Таа е само бројка ;) Еве јас верувам дека Нена2010 е на висока работна функција. Во денешно време повеќе се цени знаењето отколку изгледот, ок има и некои такви кои мислат обратно но тоа веке е друг случај. И на сите ни е многу јасно како ја нарекуваме, какво мислење имаме за жена кое едвај завршила осмо одделение но има висока работна функција благодарение на тоа што изгледа како да е извадена од порнич. Одамна заврши времето на дискриминација. И да! Дебелите луѓе се среќни и нормални. па дури и да не се, можеби имаат некои свои пробелеми во животот но најголема глупост би била ако помислиме дека не се среќни поради својата тежина. Дури ми е и глупаво да го користам зборот “Дебели“ .

    И уште нешто..
    Надворешниот изглед се менува, но внатрешниот останува ист. затоа гледајте да бидете убави внатрешно, повеке ви вреди. а и никој не може да знае како ке изгледа утре или за неколку години.

    Еве мој пример.
    Кога бев мала имав околу 10 килограми повеке. Често бев изложена на навреди од страна на другарчината кога почнав на училиште. Но помина некое време, се запознавме и тие ме прифатија таква, зошто го видаја мојот карактер и ми се извинија за сите навреди. Од тогаш поминија повеќе од 10/15 години, јас не држев никакви диети но со тек на времето се губеја и моите килограми. Се запознав лично со неколку членови од тука и тие знаат и еве јавно кажувам дека на 13 години бев девојче со над 70 килограми а сега работам како фото модел. Изгледот го променив, но тоа што бев јас во суштина, мојот карактер, моите доблести и мани останаја.

    Затоа таквите како Сања би било подобро да се грижат за тоа какви луѓе, какви пријатели и соговорници се, каков карактер имаат и што знаат отколку за изгледот.
    А и што му вреди на еден маж ако девојка му е мис на светот а има понашање 0 ?

    Сепак, ова е мое мислење на оваа тема
     
    На MoreNa-22, SanjaBucka, JoxyTheFreak и 1 друга личност им се допаѓа ова.