Работата пак се врти се околу истото. Лилит секоја чест за тебе и за твојата упорност. Работата е што не се сите со толку цврст карактер. И значи испаѓа дека не ги осудувате што се дебели, туку што се слабаци и не можат да соберат волја да ослабат. И никој тука не може да докаже како некој се чувствува во своја кожа, дали или не му е убаво. Некој и да рече дека му е убаво, пак нема да му се верува. Така да, дискусијава ќе се врти во круг само
Значи имам коментирано на темата и не сакам ни да бранам некого ниту да напаѓам Сања го истакна нејзиното мислење и незначи за тоа дека таа е огорчена едноставно тоа е нејзино мислење значи несваќам зошто ако некој истакне спротивно мислење од очекуваното секој го напаѓа и дури доаѓа до навреди ајде ви се молам ако не нека се заклучи еднаш темата разговорот само во круг се врти и еднаш за крај морам да кажам значи ако има неко ј повеќе 10 до 15 кила на него нема шанса теоретска ни тука на форумот ни никаде да ме убеди дека не му смета бидете реални малку а ако покачил некој 4 5 кила ве молам се симнуваат одма тие кила и самите си кажуваат покачив кила време е да симнам значи тие се самосвесни не треба никој да ги брани ниту да ги разубедва јас кога се гледам во огледало самата си знам како сакам да изгледам и што сакам да видам,друго за работните места не е пресудно се разбира но денес секој се труди каде и да работи да е нај нај можеби има луѓе кој не има смета нивната килажа,но јас во мојата средина не познавам таков
А дали тоа зборуваш за мојот проблем со тежината? Затоа што ако се сеќавам добро не побарав твој совет.Знам добро како да се справам со вишокот на килограми и полека но сигурно ќе успевам во тоа. И ајде девојко престани да се однесуваш како да си ја испила целата памет на овој свет.И уште еднаш ќе те замолам да престанеш со навредите во врска со дебелината како оној кој си го употребила горе.Со таквите навреди само покажуваш колку си искомлексирана и незадоволна од самата себеси.Во друг случај зошто би имала потреба да доваѓаш овде и толку дрско и огорчено да ги понижуваш оние кои имаат проблем со килажата.Во наредните постови поштеди ме од твоето солење на памет.
Не зборував за тебе туку ти рече дека дека има луге со поспор метаболизам и јас само констатирав што треба да се направи ако се сака, да се има некаков резултат. А какво е тоа прашање што барам јас тука? колку што знам ова е форум а не здрузение на луге со вишок телесна тежина каде што ке се држоте за рака и ке се тешите со зборовите ние сме дебели ама срекни. А тоа дали ти имаш начин да го решиш твојот проблем со вишокот килограми е твој проблем, ако ти е убаво да бидеш заробена во сопственото тело слободно остани си така, мене не ми пречи, дај боже да си срекна во таа состојба но твојата реакција ми зборува сосема нешто друго.
Јас апсолутно не верувам дека некој навистина сака да биде дебел. Ама дебел е релативна работа. Доколку според БМИ индексот спаѓаш во нормална тежина а изгледаш побуцкасто, во ред, можеби навистина ти е убаво да со со облини, мада не верувам да некој сака да изгледа буцкасто, но тука сепак се работи за сопствена волја а не за здравје. А оние вистински дебели со прекумерна телесна тежина, е не може никој да ми каже дека не му смета. Прво физички е непривлечно, а второ, колку само последици има прекумерната тежина. Ниту енергија имаш, потешко се движиш, па тоа салото околу стомакот не може поштетно да биде за срцето. Не ми се верува некој да сака да биде тоа!
Ти изгледа ама баш ништо не разбираш.Да имаш 15 кила вишок не значи да си дебел туку пополн.Дебел е оној кој има повеќе од 75 кила.Го расчистивме тоа? Е сега кој ти кажа на тебе дека не сум среќна со 15 килограми вишок,среќата не зависи од килограмите драга моја површна девојко.А задоволството е нешто сосема друго.Не сум задоволна што имам некое кило вишок но додека пробувам да ослабам се смеам,се забавувам и ми е супер.Не значи тоа дека додека не достигнам идеална килажа треба да седам по дома и да плачам.Или па ако ја достигнам таа тежина која што ја сакам и ако после тоа пак се здебелам 5 кила треба да се самоубијам.Мислам дека најпаметно ти е да престанеш да пишуваш во оваа тема затоа што тоа што го пишуваш не е мислење туку еден куп навреди и небулози.Ако завртиш некоја страница поназад ќе видеш дека и јас самата имав напишено мислење во врска со дебелите луѓе кои лажат дека им е убаво што се дебели и дека не верувам во тоа затоа што секој сака да биде слаб но за разлика од тебе не навредив никого и не реков дека секој кој има неколку кила вишок треба да се срами од себе. А знаеш колку ми е убаво во мое тело,знаеш какво лице имам можеш само да сонуваш за него .
Чекај нена значи лажеш погоре рече дека, чистачките кај вас во фирма биле убавици, и жените што работеле во погон биле убавици, а ако има погон значи има и производство а ако незнаеш што е погон тогаш фрли ги дипломите, и како тоа си на раководна функција, но од друга страна кога лилит ти рече ок ако си вистина на раководна функција тогаш направи нешто за тие луге, а ти велиш не одлучувам јас, мислам дај барем и когаке се преставуваш лажно дека си ова или она биди доследна до крај.
Прво здраво на сите. Поодамна пишував на темава, (ако се навратите поназад, ќе видите неколку мои постови во кои сум 100% искрена) , а сега само читам и гледам доста препирања. Уште еднаш ќе кажам, да дебела сум, и не со 15кг. вишок, туку со многу повеќе. И никој не може да ме убеди дека не сум среќна или пак дека некој друг дебел или слаб човек не е среќен. Е сега да го објаснам ова. Среќата е релативна работа. Значи не ги сакам моите килограми, ниту пак уживам во нив, и точно е кога ќе се погледнам во огледало си викам Буцооо, до каде стигна ...не се оправдувам себеси, но тоа не значи дека не се сакам и дека ми е лошо во мојата кожа, или пак дека нема место за мене во општеството. Чекорам гордо и исправено, и прилично лесно се движам за тие мои килограми. Не може да ме навреди вистината, но погрдни зборови како буре и слично не се во ред. Не може секој да ги прифати тие зборови доколку самиот не си ги каже на себе и да си биде самокритичен. Јас за себе велам многу погрдни зборови од овие, но кога јас ги кажувам, притоа секако свесна дека тоа е така навистина, ми изгледаат послатко, затоа што влевам доза хумор во нив. Јас си се викам превртена саксија, па што, така некако си изгледам кога ќе си погледнам во телото. Но кога ќе се погледнам во лицето, во душата и срцето ... еее тогаш останувам да уживам во она што сум, а оставам другите да (секако што ме познаваат или запознале) кажат што точно гледаат. Верувајте, малку нескромно, но и Вам би Ви се допаднало...А и да не е така, тоа веќе не е мој проблем, на моите пријатели , со кои патем 21 година дружиме , а јас имам 27, им се допаѓа и тоа ми е најбитно.. И прифаќам критики, нормално е оној што ми мисли добро, и да ме критикува понекогаш, но не со тон како овој овде, или како што изгледа дека е покажан. Понекогаш сакајќи да им помогнете на луѓето, кажувате дрски работи и зборови кои повредуваат. Немаат сите ист силен карактер и самодоверба за да прифатат се' и сешто од секого. Дури и слабите луѓе, истото важи и за нив. И што ако сум дебела, што ако изгледам како превртена саксија во телото, кога кај и да отидам или кого и да запознаам, после не може да се оддели од мене??!?!? Кога ме прифаќа таква каква што сум и ужива во мојата препозитивна енергија и насмевки?! Имам самодоверба на плафон и не ми смета кога некој ќе ме изгледа од глава до пети и притоа ми се потсмева под мустаќ, ми смета што е кукавица и нема муда да ми каже во очи што мисли додека така гледајќи ме се смее и вперува прст, а јас кога ќе му речам, "Има некаков проблем" , се заќутува и се вцрвенува како домат, наведнува глава притоа изговарајќи "не, никаков, извини"... Дури и извини има ... Е тоа она за кое јас велам дека секој гледа во вреќата што ја носи пред себе, а никој не се завртува да види што има обесено и носи на грбот зад себе ....Така што феминки и феминци, не велам јас дека Вие не ни мислите добро и дека не сте во право, свесни сме сите за тоа, но не можам да поддржам навреди. Има и друг начин да се каже зборот буре, на пример крофнички или топчиња, сепак поблаго е ...не мора да се потенцира лошиот збор, со тоа единствено што може да се направи, е да се предизвика спротивен ефект и доза на агресија и болка. Отворете ги малку срцата, не бидете ограничени, не знаете утре пред кого ќе застанете и на кого можеби ќе му побарате рака, не потценувајте ги луѓето, стапот има два краја, никогаш не знаете кој крај ќе Ви припадне на Вас.... И да, доколу Ве интересира .. не стојам на тие мои килограми, полека, но сигурно ги симнувам, но како што кажа девојката погоре, не значи дека треба да седам дома и да се мавам од зид додека симнувам, ќе уживам и ќе го зграпчувам она што ми го нуди животот, без разлика дали дебел или слаб, секој си го наоѓа патот до својата среќа. Краток е животот за да се замарате со туѓи животи, така неприметиајќи си го трошите својот, затоа оставете секој да си живее онака како што му е најубаво. Јас повторно ќе си останам ЈАС, пред себе, пред Вас, пред сите што ги знам и не ги познавам ... Животот не е бајка, и не е лесен, не мислете дека секогаш ќе бидете принцези, и жабата еднаш се претвори во принц, ама сите ја плукаа додека беше жаба ..... Убав ден девојки и момци, и ... СМЕЈТЕ СЕ, НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ НИШТО ДА ВИ ГО РАСИПЕ ДЕНОТ, затоа што секој ден поминат без насмевки, е залудно поминат ден!!!
Во фабриките во кои се одгледуваат домашните животни,со што ги хранат истите? Со хормони. Со хормони за растење и дебелеење. После ние ги внесуваме истите хормони,преку конзумирање на месото. Кој е виновен за тоа што има хормони во месото? Сигурно не сме ние. Ние мислиме дека конзумираме чисто месо, а всушност уште којзнае колку вештачки додатоци има во истото.И после ќе има дебели луѓе, е ќе има.
Eве јас ослабнав 12 кг и кажувам дека пак не сум срекна со себе и изгледот,изгледа ние лугето никогаш не сме задоволни со тоа што го имаме,туку бараме повеке Cакав да кажам дека посрекна бев кога бев подебелка,а кога бев трудна се чуствував повеке секси,значи не е битна дебелината,важно е да се чуствувате убаво во своја кожа
Значи премногу се забегува од темата. Воопшто не е битно каква функција има нена. Ова е предебело. Ова е болест и оваа жена можеби е среќна но и сметаат килограмите. Тоа е факт. Не е битно дали јаде, дали е болна, дали не води грижа. Дебела е, и можеби има причини за среќа во животот но дебелината сигурно и е голема пречка и ја тера во депресија.И сигурно дека не би сакала да е таква туку би сакала да е слаба. Ова е девојка со вишок 15 килограми. Де, толку ли е страшна ???? Не, баш е слатка. И зошто бе дечки да не е возможно да е среќна??? јас изгледам вака, само со послаби нозе и поголемо меше. Зошто да бидам исфрустрирана или полна со комлекси. Среќна сум и си се сакам, а сигурно и девојките кои пишуваат погоре се среќни. Да, можеби понекогаш ни смета, и да, никој не рекол дека не сакаме да бидеме и ние совршени, ама од една или друга причина сме станале такви. А треба ли сега дома да се затворам?? Треба ли да не љубам, и да не се дружам ... ?? треба ли да се убијам??? И мене ми е тешко кога ќе видам каква бев и каква сум, но тоа не значи дека јас во мојата кожа не сум среќна. Значи дека сакам да се потрудам да се вратам на старото. И немате право да осудувате ако не сте биле во нечија кожа. Некој болен, некој со послаб карактер, некој од ова некој од она и слично. Сеедно е. Вишок си е вишок. Од вишокот не зависи дали јас ќе добијам работа, или дали ќе положам испит. Од дебелината зависи само како ќе ме прифатат луѓето кои се полни со предрасуди и ништо друго. Јас сум среќна девојка, среќна, заљубена, сакана. И успешна во секое поле што до сега сум го зацртала. И не ми пречело што сум дебела. И не, Сања, не ми смета да се соблечам пред дечко ми. И не Сања, родителите не се срамат од мене туку се гордеат со мене. Со тоа што сум јас, јас како личност, која зрачи со позитивно расположение и кое знае како со луѓето. единствен недостаток ми се вишокот килограми, и да ќе ги симнам и го посакувам тоа. Но додека не ги симнам, нема да дозволам ни една личност која не поминала низ нешто вакво да осудува, да зборува работи кои се неповрзани, или да ми каже што јас заслужувам или не заслужувам.
Јас уште не добив одговор на моето прашање- ако тежината не ви смета, ако сте среќни и си се сакате такви какви што сте, тогаш зошто сакате да ослабете, си давате морална поддржка и ги посетувате темите во диети? Или само мене ми е ова парадоксално?
Вака велиш дека 75 кг не се многу, но не кажуваш на која висина бидејки 75кг на 175 не се многу ама 75 кг на жена која што е 1,60цм е многу така да не ги темпирај бројките како тебе ти одговара. Точно е дека среката не зависи од тоа дали си дебела или слаба, денес има многу луге несрекни и од едните и од другите, но покрај сите други работи кои не прават несрекни, кога ке се погледнеш во огледало и ке видиш виснале стомаци на секаде сало колку сакаш, за целулит да не зборуваме и после таа слика можеш пак да бидеш срекна? Но наместо да бараш изговори и да го истураш револтот врз мене подобро ке биде да земеш да кренеш нешто потешко од глувчето на компјутерот, наместо да седиш пред компјутер подобро излези раздвижи се малку и немој постојано да се правдата ДА МЕНЕ МИ Е ГЕНЕТСКИ ПРОБЛЕМ И ШТО И ДА НАПРАВАМ НЕМА ШАНСИ ДА ОСЛАБАМ. туку наместо тоа ке се ангажирате пред се со вежбање фитнес, аеробик, теретана ке укинете чипсови, смоки, и разни грицки, ке заборавите на сендвичи, буреци, туку ке се ориентирате кон кујната на мама разни домашни супички, манџички кои што се дел од нашата традиција, турлитава и ред други јадења кои се ориентирани пред се на зеленчук и ке видите како ке има успех а не само кафето, компјутерот и нога преку нога и удри по Сања она е крива за се. Значи ако се потрудите доволно секако ке има резултати можеби не за месец два но за подолг период секако дека ке има резултати. И кога ке кажете неможам да ослабам, бодобро употребете го вистинскиот збор несакам, нема нешто што човек сака а неможе да го оствари а посебно не кога се однесува на килажата. Бидејки ако внесуваш помалку калории отколку што трошиш, тогаш е нормално да почне организмот да троши од своите резерви, а ако спротивно правиш да внесуваш повеке отколку што трошиш тогаш е нормално организмот да ствара залихи. И на крај уште еднаш да ве потсетам дека прекумерната тежина не е лоша само од естетски причини туку и од здравствени, а што е најлошо последиците се чувствуваат многу покасно, такада еден ден ке се чудиме од што ни е разни срцеви болести, проблеми со циркулација, карцином на дебело црево итн. А сето тоа само заради нашиот егоизам кој ни вели, само ти лежи и јади и ич гајке да немаш.
А што има парадоксално тука? Секој си има некаква маана и се обидува да ја корегира на начин што најдобро умее и може. Клемпави уши - си имаш операција. Криви заби - постојат протези. Вишок килограми - постојат диети, аеробик и зумба, и милион други начини за слабеење. Поентата е да не се осудуваат девојките додека се трудат да го решат проблемот. Да не налетуваат на вакви трепкави фацички , туку да наидат на поддршка и охрабрување, ако е тоа можно. За жал кај не е. Не е идеално да имаш 15 кг вишок на себе, ама не можеш додека се трудиш да ги симнеш, да си го ставиш животот на пауза, и да лееш кофа солзи затворена во едно ќоше од собата. Тоа е поентата. Сум била и со 58, сум била и со 78 кг на себе, и од едниот и од другиот период паметам и убави и грди моменти. Значи и кога сум била послаба, не било се' како подмачкано. Но, насмевката , ентузијазмот и паметот кои си ги имаш и си ги носиш не се поистоветуваат со конфекцискиот број. А ако имам такви во близина кои ме гледаат низ призмата на надворешната убавина, не ми се ни потребни во животов. Мене никој досега не ми рекол - сакам да се дружам со тебе, затоа што си слабичка и убава.
Во право си сесилија јас тоа се обидувам да им го кажам цело време, велат срекни се а постојано пофторуваат, што мислиш јас несакам да ослабам, па ако се срекни зошто тогаш би сакале да ослабнат?
Знаеш зошто сакаат да ослабнат? Поради тебе и таквите како тебе што нон стоп ги навредуваат за нивната тежина.
Добро зошто среќата ја поврзувате само со изгледот??? Да, не е здраво да си дебел, да, не е здраво само да јадеш, да, ако си предебел и естетски не изгледа убаво, да, треба да се потрудиме да намалиме и да имаме здрав живот ... Но зошто дебелината е мерило за целосната среќа ??? Среќа е да станам и да видам на телефонот порака од личност која ме цени. Среќа е да спијам и другарките да скокнат врз мене. Среќа е кога ќе ти речат не знам што би правел без тебе. Среќа е да го положам испитот математика. Среќа е кога ќе си дојдам дома и моите ме чекаат со раширени раце да ме гушнат. среќа е што кога ми е најтешко имам на кого да се јавам. Среќа е што имам во чива прегратка да се мушнам и да седа таму цела ноќ. Среќа е кога некој ќе ти рече фала. Среќа е кога ќе ти речат толку си мила и добра. Среќа е кога излегуваш од дома и 5 дечиња трчаат кое попрво да те гушне. Среќа е да се смееш, да го сакаш животот и да се радуваш. Да бидеш позитивна и весела. И многу други работи ... Сигурно дека јас нема да престанам да бидам среќна за се друго што имам во животот заради тоа што имам вишок килограми. Зошто се обидуваме да ослабеме? Затоа што така сакаме. Или затоа што ни е смачено луѓе да не гледаат како да сме од друга планета. Ете затоа. И затоа што реално сме свесни дека не е убаво човек да има преголем вишок, и свесни сме и за болести и се, но животот не запира. Се трудиме. Работата е што, среќата се поврзува само со дебелината. А јас тврдам дека сум среќна со животот па и со килограмите. Лично за мене, еве ти кажувам, сакам да ослабам затоа што бев слаба, се здебелив од цела година проблеми и хормонско пореметување. Животот ми се среди, јас сум среќна, останал само вишокот килограми. Единствена причина поради која сакам да ослабам е затоа што не сум била ваква. И затоа што не сакам веќе да слушам коментари од типот си се поправила од разни ојлевци дојлевци кои со години ги немам видено. И пак ќе кажам, среќата не се мери со тоа. Тоа е според мене. И не се тешиме и тапшаме по рамо, туку согледуваме реално. Не правите несреќни затоа што имаме вишок ... е тоа е она што не е фер.
Трендафилка, ако си среќен и ти е убаво значи не сакаш ништо да смениш Тоа што го спомна ти со операциите е друго- не ти е убаво што имаш клемпави уши, несреќен си со нив и ги оперираш затоа што тоа ти смета во животот, а вака ем се бранат дека им е убаво со вишок килограми и не им сметаат во животот, ем сакаат да ослабат. Тоа е парадоксот
Зошто да не сакам ништо да сменам? Зарем човекот не се стреми кон промени и совршенство? Ти ја носиш истата фризура од пред 10 години? Беше среќна пред 10 години со кремче-фризура? Беше. Зошто не го носиш истото? Мислам толку е глупаво да се дискутира на ваков начин, посебно од луѓе чија генетика им е наклонета цел живот, и не виделе ни мало в од вишок на кг, ама се дрзнуваат да коментираат како ТИ во случајов. Многу е лесно да се зборува кога не си почувствувала на своја кожа. И те молам, ама онака баш од срце, не не присетувај на твојата фамозна диета, за да ги симнеш твоите 3-4 кг вишок. Зборуваме за нешто сосем друго. Јас во мојот живот немам паднато ниту еден испит на факултет. Ниту еден. Поради среќен сплет на околности, моето знаење и умешност. Дали јас сега треба да се свртам кон оние кои паѓаат и по 5 пати еден ист испит и да им речам дека се глупави, неспособни, неинтелигентни, легачи, мрзливи, само затоа што мене такви ми биле околностите и така ми се подредиле коцките? НЕ. Треба да си ја гледам својата работа и ич да не ми е гајле што се случува во дворот на комшијата. Само ќе кажам бидете си среќни со своето тело, вашите навики за јадење, и молете Бога да не се здебелите некој ден поради лош сплет на околности, затоа што веројатно ќе се самоубиете со ваков памет.
...Ништо, потруди се да ставиш барем 4 кг. и со сигурност да знам дека еден морон ќе има помалку по улиците. Абе ајде, сестро просветлувачка....аман! Ако 3 кг плус се болест, мора да напоменам дека недостаток на 3 гр. мозок е колатерална штета. И?...за ова што следи?..дека можеби ќе заминеш во манастир?? или сепак ништо, зашто едноставно не си свесна дека се соочуваш со тоа