Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Убаво ми е што сум дебела...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 16 октомври 2010.

  1. sanja-lazanja

    sanja-lazanja Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    49
    Трендафилка да не те цитирам да зафака само простор без везе ке ти кажам некои работи вака со нов пост
    Бараш да те подржуваат и храбрат, па јас мислам дека од тие причини ги имаш сеуште вишокот килограми, бидејки дома те тешат и храбрат дека супер ти стојат килограмите баш си симпатична со нив итн но на секоја мајка нејзиното дете е најдобро, најубаво итн. Велиш сум успеала на секое поле што сум сакал, а како тоа те победиле килограмите кои зависат само од тебе, ако паднес на испит ке казес професорот ме мрази, ама ова не зависи од никого туку од тебе и ја губиш битката. Дали е се така како што велиш или само се тешиш со тоа дека си успеала во животот. Што се однесува до љубовниот живот неможеш да кажеш дека дечко кога ке те запознае првото нешто што му привлекува внимание не е физичкиот изглед, бидејки секогаш ке се најде некој кој што ке сака да биде и со најдебелата, девојка и има луге кои се палат и на сало тоа не е спорно, но сакале вие да признаете или не секогаш надворешниот изглед не само за тугото око, туку и за сопственото има пресуден изглед значи пред да ја забознае човек твојата душа и интелигенција, го перципира твојот надворешен изглед.
    А тоа дали те сака дечкоти или е со тебе од други причини незнам ниту јас ниту ти, бидејки што му е планот во неговата глава знае само тој, а може и него му е толку капацитетот, ако може и има прилика да биде со некоја поатрактивна сигурно не би бил со тебе. Секое тенџерче си има свое капаче.
     
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Баш затоа ти си сингл, исфрустрирана слаба девојка, која едвај знае да сврзе асолно една реченица без да има во неа 38293 грешки.
    Ако кажуваш нешто кажувај, и не туку навредувај.
    И никогаш во мојот живот не сум рекла професорот ме мрази. Господе мили, 3 пати паѓам математика ... и сама си кажувам дека е до мене...
    Сме немале кој да окривиме за дебелината. Оф жалосно.
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.220
    Допаѓања:
    56.900
    Пол:
    Женски
    Мислам дека во темата не се поставуваше прашањето дали луѓето со вишок воопшто се среќни во животот, туку дали се среќни со својот изглед. Се избега многу. Воопшто не станува збор за ова:
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Сања, со должно почитување те замолувам мене лично да не ми реплицираш.
    Ги прочитав сите твои постови и не сакам значи да навлегувам во дебати и дискусии со некоја која не е на мое ниво.

    Што се однесува до тешењето, моите родители не се од оној тип на луѓе кои замижуваат и викаат - срце мамино, најубава си ми, лапни уште едно чоколадо.
    Имам секогаш целосна поддршка од дома, кога и да сум на диета, се готви се' што треба да се зготви според списокот. Ако огледалото лаже - мојата мајка никогаш не лаже.
    Благодарна сум, и на тој начин и сум успеала да балансирам досега.
    Со мои заштедени пари од најмизерно ниската плата си имам купено и орбитрек и топка за пилатес кои не ми фаќаат прав во некое ќоше.
    Така што, те молам, ама онака пристојно и културно замолувам да не ме вмешуваш во твоите бесмислени изјави и теории на хаосот.
    Ниту ме знаеш, ниту ме познаваш, што значи не можеш да судиш, да расправаш и да навлегуваш во нечија психологија.
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Да, се забега, затоа што некои не прават разлика од луѓе со вишок 10-15 килограми, и луѓето за кои е поставена темата, односно предебелите кои имаат 80-100 килограми вишок што и не е здраво воопшто.

    и извини Ливинг, ама не сакам на мене некој да ме нарекува несреќна. Јас сум среќна, и си наброив и зошто. Ако некој нема попаметна работа, туку упорно ми тврди дебела си и не си среќна, а тој истиот никогаш не качил повеќе од 4 килограми, во ред, тотално сеедно, нека си мисли секој како што сака.

    Лесно е да осудите, лесно е да кажете вака или така, а тешко е да сфатите. Затоа џабе се докажувам, и те замолувам повеќе да не ме цитираш, затоа што темата забега да, ама цитирај некој кој направи да забега темата. А не мене, што се обидувам да докажам дека имам причини за среќа во животот и покрај вишокот килограми. ;)
     
  6. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Не сфаќам само како некој е способен да се дрзне и да постави толку комплексно прашање заради нечиј надворешен изглед. Има среќни и несреќни дебели девојки, како што има среќни и несреќни девојки со својот изглед од многу причини. Тоа зависи САМО и САМО од листата на приоритетите на конкретната особа. Ако мене ми е најбитно кога ќе влезам у просторија сите да паднат на гс, и спотлајтот да ме држи пет минути пошто имам добри нозе..Или евентуално да сака да ме плесне секој втор у собата..Ок. Ако на тоа се сведува нечија среќа.
    Има и девојки кои својата среќа и задоволството во врска со изгледот ги базираат на многу подлабоки работи. На шарм, на личност, на интелегенција...На вкус.
    На оној дел кој што не го црта црвениот кармин и бланшот.

    Мислам...Не сфаќам како може да има толку плитки луѓе по светов. Тргнете ги Бритни Спирс постерите и сакајте се себеси зошто сте многу повеќе од куп килограми со коса и кармин.
    Kill your idols... онака сериозно.
    И крајно е безобразно некои од вас пто се осудуваат со тврдокорни ставови да убедуваат некој дека треба да е несреќен пошто тежи повеќе од нив.
    Јас на местото од некои од вас би била крајно несреќна што сум израснала во така плитка и безобразна личност.
     
    На Breezy, sweetheart10, Bibko и 8 други им се допаѓа ова.
  7. SanjaBucka

    SanjaBucka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    460
    Сањче, сакам да ослабам само затоа што знам порано или подоцна здравјето може да ми биде загрозено, да не е тоа во прашање, нема да мрднам со прст ... :) ... ете лично јас да Ви одговорам на тебе и Сесилија .. и сакам да го сторам тоа сега, додека крвната слика и здравјето ми е пиц пец, да чукнам во дрво .. свесна сум, и сите се свесни, но поддршка би била добредојдена ... за себе можам да кажам дека имам силен карактер, но не и за другите, не ги ни познавам, а уште помалку да зборувам ... :)
     
  8. sanja-lazanja

    sanja-lazanja Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    49
    Трендафилка сите менуваат облека имиџ итн а ти за утеха ти здосадило па ај нешто да променам ке слабејам хехехе.
    Значи тие што имаат нормална тежина чисто ради промена треба да се здебелат едно 10-15 кг чисто за да сменат нешто, што ке трошат пари да менуваат нешто друго ем ке си ги трошат парите за јадење ем ке променат нешто нели?
    Споредбата со тоа дека некој пред 10 години носел кремче фризура а сега поинаквасо споредбата со твоите килограми ама баш нема врска.
    Вишокот килограми ниту пред 10год не се во мода па ајде сега да променам нешто едноставно споредбата ти е несоодветна подобро кажи си ја вистинската причина зошто сакаш да ослабиш а не срекна сум со вишокот килограми туку ке ослабам за да сменам нешто.
    А дали по 5 години пак ке се здебелиш само за да смениш нешто или затоа што незнаеш колку ти е доста јадење?
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.565
    Допаѓања:
    201.727
    Пол:
    Женски
    Луѓе мои, денес општеството ни пропишува норми и стандарди како некакви правила според кои треба да го живееме животот, што во суштина за нешто е добро, а за нешто не. Така имаме некои, ај така да кажам, норми и правила и за физичкиот изглед, кои се менуваат секој час. Сите ние сме различни, нормално. Ако бевме сите исти како по калап правени, ќе не штанцаа во некоја фабрика на лента, немаше мама и тато толку да се трудат да ве направат баш ВАС! Никој не е совршен, секогаш пред да осудите некого, тргнете од себеси.

    Кога ќе прочитам некој коментар од типот „леле види ја каква е, дебела, леле, па миничот го опнала“ меѓу редови читам колку е искомплексирана некоја персона која си има проблем со себеприфаќањето и самодовербата, не може да се справи со сопствените комплекси, па им набива комплекс на другите за да се чувствува поубаво. Најверојатно генерализирам, не се сите такви, ама си признавам дека, еден период од мојов живот и јас бев таква (не за дебелината), ама како што растев и созревав, тоа се промени. Научив да ги прифаќам луѓето онакви какви што се. Никогаш не се суди книгата според корицата, а оние што ме судат според надворешниот изглед не ми требаат во животот.

    Ме вади од такт предрасудата од типот дека дебелите луѓе се дебели само затоа што јадат и не сакале да ослабат затоа што не можеле да не јадат. Организмот се менува... не е ист метаболизмот на 20 и на 30 години. Ако некој сака да ослаби, не значи дека не е среќен со килажата што ја има, туку си го решава проблемот со тежината, како што рече Трендафилка претходно. Ама ако дебелината му одредува дали ќе биде среќен или не, тогаш тешко него/неа.

    Јас сега, после 5 месеци од породувањето имам 70тина кг, на мои 157 цм. Не ми пречат кога се гледам во огледало, ми пречат кога треба да го земам малиот во раце, затоа што ме боли грбот. И единствено поради тоа ќе ослабам уште некое кило, што е и реална причина. Секако нема да слабеам затоа што некој ми рекол дека сум дебела, или за да задоволам нечии стандарди за естетика кога сум на плажа. Идеална тежина за мене би била некаде околу 50-55 кг. Ама никогаш сум немала толку, стално сум на 60-65кг, затоа што така се чувствувам најубаво. На 50кг не сум јас, на 60 кг изгледам подобро. И килажата никогаш не ми е репер за дебелина, повеќе се водам на конфекцискиот број (кој е исто така релативен).

    Немојте да судите за разликите... порано оние што биле поразлични ги спалувале на клада, или ги линчувале... денес тоа не е дозволено, ама добивам впечаток дека, ако беше дозволено, многу дебели луѓе ќе ги снемаше од лицето на земјата.
    Камо дебелината да беше најголем проблем... лесно за тоа :)
     
    На Bibko, Bozica1980, SanjaBucka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. sanja-lazanja

    sanja-lazanja Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    49
    Буци ти ке ослабиш затоа што си карактер тоа го знам, а и јас те сакам таква каква што си :* :) :) :)
     
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Жалосно е што не трпите критика, и што контра-аргументите немаат никаква врска со моите тези.

    Мојата линија не ми е од Бога дадена, од мене е- затоа што имам мера колку јадам, не пијам литар боза и не јадам по 2 чоколади па после да се правдам за тоа, и после ако некој ме погледне да мислам дека гледа во моето сало и поради тоа да мислам дека ме мрази а тој само гледа како сум облечена.

    И не ослабев 3 килограми, ослабев повеќе, ама вие не сакате да ги гледате успешните резултати, полесно ви е да викате дека сте среќни а под површината се гледа нешто кое е сосема спротивно и полека почнува да смрди.

    Место да гледате светли примери најлесно ви е да се криете зад параванот на генетиката, болестите и слично.
    Што можам јас тука да сменам?
    Ништо :)

    Јас не се смеам над никој што има вишок- нити го осудувам, само сакам одговор на прашањето ако им е убаво и се сакаат во таквата кожа, зошто одат во темите за слабеење и се трудат да ослабат? :wasntme:
     
    На FBI и Lacrimosa им се допаѓа ова.
  12. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Не знам дали не знаеш да читаш или имаш проблем со сфаќање..Па еве да ти објаснам да не луташ и да не лупаш постови без везе. Поентата беше дека среќата е флексибилна категорија. Човек може да е задоволен со својот изглед а сепак да сака да промени нешто. Или сите што имаат некоја маaна се крајно несреќни? Како на пример..луѓе што имаат говорна маана? Или луѓе што имаат голем нос... Или еве луѓе што имаат ретка коса...? СИТЕ ТИЕ се несреќни???
    Не.. Свесни се дека не се совршени. И свесни се дека ако можат би го промениле...Но ако не може...јебига. Ќе си се сакаат и такви.
    Мислам..Многу веројатно да некои од вас се онака..крајно неписмени...Или имаат некој нос огромен..Или клемпави уши.. . Или се глупи со даски.
    Ама битно не сте дебели пошто тогаш што ќе правевте?

    Секој работи на себеси ако може и ако сака...Ако има елан... Ако ете... сака да се промени кон подобро.
    Тоа е решителност и желба да се усовршиш...Не подразбира дека се фалични и несреќни поради тоа.

    Ако и овојпат не сфати...јас на твое место би била крајно несреќна.
     
    На Hiii, FBI, zhap4e и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.565
    Допаѓања:
    201.727
    Пол:
    Женски
    Sesilija, тоа е така затоа што се свесни дека тој вишок што го имаат може да им донесе здравствен проблем во иднина и се обидуваат да го спречат тоа. Ете затоа.
    И да не јадеш ништо, не се слабее лесно. Ние жените имаме подруга конституција од мажите и затоа им е потешко. Кај нас нема ништо стандардно, од циклус до циклус организмот ни варира поради хормонските промени. Е сега, ако некој навистина бута се' и сешто во уста негово право е, ама можеби со посетувањето на тие теми се теши дека, ете, на некој начин прави нешто за да ослабне :)

    Иначе и јас ги посетувам тие теми... не дека држам диета или слично, ниту пак се тешам со тоа што ги посетувам тие теми. Едноставно, сакам да ги читам.
     
  14. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    Абе некој очигледно си лечи комлекси овде на форум, нема друга работа па ке зборува за дебелите како демек тие имаат некаква болест и треба да се избегнуваат и да се исмеваат на улица. Мене лично не ми сметаат дебелите и си имам и другарка која е дебела па што...дека јас слаба дури и пресушена шо бев пред некое време не треба да се дружам со дебели. Дај на тупете со такви коментари. Не мие ни срам ни понижење да се дружам со подебели ниту пак ми сметаат.
     
    На Spell му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sanja-lazanja

    sanja-lazanja Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    49
    Дафне кога немаш аргументи удри по навреди браво се гледа твојата интелигенција.
     
  16. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Мислам дека ги прочитав сите мислења во оваа тема до 30 страна,и сакам да кажам нешто...

    Не треба некој да не се сака себеси ако сака да ослабне.
    Јас се сакам себеси поради сите мои доблести кои ги поседувам,и горд сум поради тоа.
    Но исто така сакам да поседувам и малку надворешна убавина,па сум почнал да слабеам.
    Да,за мојата возраст сум предебел но кој си дал за право да ме осудува и да ме куди?!
    Да направиш промена на твојот изглед не значи дека не се сакаш себеси.
    Не ме интересира ни најмалку што за мене мислат луѓе кои едвај ми го знаат и името. Имам поддршка од моето семејство,пријетелите и роднините. :)
    Свесен бев дека си го загрозувам и здравјето и дека луѓето за мене имаа ложа слика на дете-прасе кое мисли на храна 24/7. Тоа е секако,пред да започнале било каква комуникација со мене.
    Со ова доаѓа и мојот став дека 90% од луѓето го гледаат само надворешниот изглед,а без тоа си ништо.
    И цврсто стојам зад тоа!

    И да,ниеден професор не би мразел ученик.Поготово не поради вишокот килограми.
    Освен мојот наставник по Физичко кој во лице ми кажа дека немам добра оценка поради дебелината.
    Тоа е само глупо сфаќање на плитка личност со колибри мозок. |(
     
  17. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Сања - поранешен сексолог а сегашен стручњак за посакувано женско тело... Убаво е кога човек има длабоки, суштински познавања од толку битни области. Само уште да го проучи поимот ГРАМАТИКА и тоа е тоа!...нејсе...

    Од кога станавме толку продуховени и моќни за да навлегуваме во нечија психа, да лепиме етикета на пропадната инвестиција некому поради фактот дека не носи фармерки со број 28???

    Среќата, доблеста и успешноста не е прашање на салото околу бутовите, не е!

    Јас сум сопственик на вишок килограми, дали ме прави тоа несреќна?.. НЕ!

    Сум се изборила за моето место под небото, среќна сум со љубовта и хармонијата што ја примам од луѓето околу мене, горда сум на мојата плата секој 1-ви во месецот, задоволна сум секое утро будејќи се покрај човекот на мојот живот....и не се срамам да си го изедам цело парче сочна и вкусна пица поради фактот дека некој ќе преврти очи и ќе се прашува зашто не сум го заменила со јаболко...зашто нејќу бре!

    Екстремната дебелина е болест и нема потреба да се залажуваме со прикаски попрскани со утешителна арома дека не е така, зашто станува збор за здравје!
    Ама затоа немам потреба да присуствувам на собири на луѓе со комплекси на пониска вредност што немаат ниеден друг став во животот освен оној дека мора да влезат во фустанот за кој симпатијата им рекол дека е секси...јеа рајт!!!

    И која дрскост е побогу да одредуваш дали нечиј живот е исполнет или не, дали некој е вреден или не само затоа што ти имаш недостаток од вистински нешта во сопствениот живот. Бре, бре :x
     
    На Bibko, JuLleE, kate21 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. sanja-lazanja

    sanja-lazanja Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    49
    Па кој рече дека нетреба да се дружиме и дека не се дружиме со луге со вишок килограми?
    Уште поубаво би било сите другарки да ти се дебели нели? така ке си го храниш своето его ке бидеш најзгодна во друштвото, и ке го привлекуваш вниманието на машките, со други зборови ке немаш конкуренција.
    Георгина а дали си срекна кога ке се видиш во огледало?
     
  19. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    Сања дај не треси глупости очигледно е дека ти имаш проблем самата со себе или тие премногу досадно па си се запнала за дебелината. Па веќе 5 страници само реплицираш. Добро во ред го кажа твоето мислење за тоа и е форумот ама не може да го менуваш на другите мислењето кој како сака така и ке живее.
    Не си хранам јас его со тоа што еве да речам ке се дружам со "грди" . Ти изгледа и не се читаш што пишуваш целта тие ти последна да реплицираш. Гледам имаш 23 год. исто колку мене ама начинов на кој пишуваш тие далеку од годините.
     
  20. SanjaBucka

    SanjaBucka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    460
    Ете Сеси, уште еден одговор како мојот :)