Значи дружењето со другарки со вишок килограми е добро поради тоа?! Поради супериорното "јас сум подобра од вас"?! Каде се тука внатрешните карактеристики? Смислата за хумор,позитивноста,верноста,чесноста? Само изгледот ли ти е важен бре,свести се?! Срамота! После ова немам што да коментирам. Мојот став погоре се потврди уште еднаш.
Секако дека сум, учителке. Дури и сум заљубена во одразот што го гледам, да бев машко ќе ја женев таа лепотица што ми се смешка во одразот на огледалото Морам да ти признаам дека сум среќна и поради една причина плус...додека ти ги испробуваш твоите вештини на елоквентност ( со должна почит ама засега узалуд), јас правам корисни нешта кои ги диктира темпото на мојот исполнет живот. Не се грижи мила, по извесно време испробај се во тема политика...ху ноус, нада последна умире
Во времето на пубертетот се срамев со мојата килажа но сега веќе не, иако никогаш не сум била ептен дебела. ЛУѓе јас кога ке ослабнам ептен не се срамам ама не сум срекна. Кај мене прво градите виснуваат. А имам стварно убав гради, кога ослабувам ми се прават ко на стра баба. Второ таква ми е конструкцијата. имам баш женска конструкција со широки колкови и кога ке ослабнам ептен не личам на ништо, заедно со килограмите се стопува целата моја женственост. Јас за да изгледам таман треба килажа да ми е 5о (без стомак, нозе убави) кг ама секогаш најубаво изгледам на 55 килограми и гз и ци*ка ко што треба а не штица да се правам. И кога слабеам цело време вежби за градите правам и пак џабе. Подоро да имам малку стомак и гради убави отколку рамен стомак и рамни гради даска стајл. За некои искомлексирано даски девојки можеби сум свиња ама јас сум си убава за мене (а богами и за спротивниот пол). Дека дебелината е генетски тоа е точно, ама комплетно здрава личност може да се справи со тоа. И друго што сум забележала- моите се прилично дебели луѓе и кај нас дома се јаде на големо. Јас кога ги гледам нив како јадат и јас јадам покрај нив. Така било и кога сум била мала и ми се створила навика.
Драга моја, мислам дека имаш доволно години за да сфатиш дека кога човек ќе успее на полето на кариерата,полето на љубовта и се надевам семејното поле,веќе е исполнет! Надворешниот изглед и станува помал приоритет. Освен ако,не работи во Викториас Сикрет.
Од вакви луѓе со предрасуди не не бива...И сања може си најзгодна од другарките или сите машки се вртат по тебе,ама ако тоа е она што те прави среќна во ред А што ако они се попаметни,побогати,прошетани низ цел свет пример,хм?Тоа може нив ги прави среќни...Мислам кое размислување не ми се верува.Не може сите да се слаби ниту сите да се дебели.Тоа се знае,значи мора да се има рамнотежа.Испаѓа исто како некој што има многу пари да не му е јасно зошто другите немаат пари?И тие што немаат, може да крадат и да се збогатат пример.Ама неможе сите да се сиромашни или сите богати.Црно бело,секаде мора. Како може да осудувате некој што има вишок кг.Едноставно поделбата не ми е јасна.Секој има причина штое таков,онаков,може е болен,може му е наследно итн...зошто да не му е убаво што е дебел?Зарем среќата е само во дебелината или не.Секој се прифаќа со своите маани,и секој с е труди кон подобро.
Јас сум Буци па што бре, се смеам и ќе си се смеам ... и колку за информација повторно ... околу мене нема ружен човек, ама најискрено Ви го велам ова, сите мои другари и другарки се убави, не само внатре, туку и однадвор, ама ете сепак, јас сум дебелата, ама нек си е*е матер, ме сакаат во нивниот живот како што ја сакаат водата ... И сега .... ? Сега ќе со продолжам да се смеам и да си уживам во она што си го имам ..
Кои тези бре? Се навраќам и повторно читам и еве извадок од фамозните тези: На кој начин е друго? Тој што има клемпави уши, си ги крие со стегачи, со пуштена коса и на смеа во друштвото се вика себеси Дамбо. Во меѓувреме, прелистува теми, бара мислења, доктори и собира пари за да ја направи таа естетска промена. Тие со криви заби не ја ставаат раката на уста кога се смеат, затоа што се срамат поради овој недостаток? Јас лично сум видела многумина такви. И се обидуваат да го решат? Да. Такви се и луѓето со вишок кг. Пробуваат диети, бараат совети, ѕиркаат во темите, пијат чаеви за слабеење, се потат на паркетот и САКААТ ДА ОСЛАБНАТ. Се соочуваат со прекари како Буцко, Крава, Стока, Мрсна... Но во меѓувреме НЕ КРЕНАЛЕ РАЦЕ ОД ЖИВОТОТ. Можеби проплакале по дома заради грст навреди од околината која "пука од совршенство", заради зборови како Дамбо, Клемпав, Зајко, Глувче, но си побарале решение за проблемот. Така и ние одиме низ темите, листаме, бараме совети, испробуваме диети и се трудиме да постигнеме баланс и фина фигура. Кај е парадоксот? Зошто важи за едното, но не и за другото? Никаде, врати се и поназад на темата, никаде не сум го бранела екстремниот вишок на кг. Создава болки во коленото и 'рбетот, тешкотија при качување по скали и дишење, висок крвен притисок, дијабетис и ред други здравствени промени. Никаде не сум рекла - дека ми е убаво со повеќе кг на себе. Реков дека и покрај тој факт, си го живеам животот, задоволна сум, среќна и сакана, не се грозам од своето тело, напротив уживам во мојата кожа. Мојата упорност и борба со кг се мој тест во овој живот, тест на издржливост и сила против таквите полни предрасуди како вас. За жал, остатокот од луѓето не успеваат да ги положат сопствените тестови, на емпатија, човечност и пристојно однесување. Останува само да се воодушевуваат на својата фигура во огледало, небаре животов се состои само од тоа.
И јас сум дебела(набиена),и висока..не сум баш среќна знам дека можам да ослабам..ама ко ке ослабам и извишувам ее тогаш еден метар ке сум над дечко ми (ионака сум повисока) Сакам да ослабам ама нејкам да извишам..нејкам.. Спојлер ке се потрудиме во најкраток рок некое килце со Господ напред ..имам и слаби ептен сушни другарки..и пополни..и сите сме исти во друштвото..немат делба..мене не ми смета да имам и слаби другарки..нема многу врска надворешниот изглед..најбитен е внатрешниот..а како што кажа JoxyTheFreak ако работи за Викторија сикрет е тогаш требит многу да се секират,за надворешниот изглед
Тоа не е мој единствен пост на темата, ама јас џабе објаснувам нешто што погрешно се сфаќа. Еве пак ќе кажам- тој што има клемпави уши и му сметаат, истражува, бара совети и на крај токму поради тоа што му сметаат ги оперира. А вие имате вишок килограми, барате совети, демек слабеете а после пак велите дека ви е убаво во сопствената кожа и такви си се сакате. Пак не го гледаш парадоксот? Тој со проблемот со ушите ги оперира- вие со вишокот килограми само зборите дека ради здравје сакате да слабеете, а потоа се правдате со х причини дека не ви успева тоа е ве читам што се не јадете и пак се чудите дека нема ефект. Јас не дискриминирам, нити се дружам само со слаби- сакам да ви кажам ако не ви смета сликајте се бре со цела фигура на плажа, а не до половина, и не велете дека некоја слаба ве дискриминира или оговара само затоа што ве гледа затоа што на тој начин вие ги дискриминирате слабите Прво прифатете се самите, а после судете ги другите што мислите дека не ве прифаќаат .
А што според тебе треба да направиме во меѓувреме додека слабееме? Да се обесиме? Да плачеме? Да се казнуваме себеси со камшик, едно парче леб и вода? Да не излегуваме надвор, да не се смееме, да не уживаме, да не водиме љубов со дечковците? Што треба да сториме, еве просветли не, за да не бидеме парадоксални според твоето мерило? Јас не го гледам парадоксот. По дифолт - ако сме со вишок на кг, не може и да сме искрено насмеани, среќни и да се дружиме? Ако веруваш во ова, немам повеќе што да кажам. Нормално дека дискриминираш. А не можеш да увидиш, ниту да сфатиш затоа што не си била во кожата на другиот. Нормално дека гледаш со поглед полн гнасење и гадење кон подебела девојка и длабоко во себе си викаш - уф фала ти Боже што не сум јас таква...
Санја кај нас има хигиеничарки, а ако кај мене нема производство не значи дека не сум видела погони и не сум запознала ќени кои работат во погон. Мојот пост се однесуваше на твоето дискриминирање и навредување на жени од одредени професии. А која сум јас и што сум постигнала си знам само јас, а дали ти веруваш или не тоа воопшто не ми е проблем. Алал да ти е Санња успеа да ме изнасмееш со постов Секоја чест. Па ти бре дете испонавреди све живо на форумов. Според тебе а гледам и некои други овде, сите кои имаат вишок килограми треба да не излегуваат од дома додека не изгледаат вака?? . Дебелината дали пречи?? Да. Дали секој сака да има тело 90-60-90?? Да!! Арно ама нема секој. И сега јас треба да паднам во депресија дека сум дебела и да не го живеам секој ден во животот најдобро како знам?? Да се срамамод себе?? па не убив човек!!!!! Сум пробала да ослабам и сум ослабела и сум имала идеална тежина, но се вратика килата, и сега што?? да скокнам од 5 ти спрат?? Ајде бе ве молам доста со омаловажувања кон се и сешто. Ова е мојот последен пост на темава, затоа што ми е под секое ниво да се расправам со ограничени особи кои не виделе подалеку од Солун, не прочитале нешто повеќе од Vogue и не погледнале нешто попаметно од Gossip Girls и останати глупи серии.
Јас само накратко за предрасудите... Предрасуда е претпоставка, став кон некого или нешто без да се има адекватно знаење за објектот за кој се претпоставува . Најчесто се употребува за да се створат лажни претстави кон други луѓе врз база: на физички изглед, пол, социјален статус, раса, националност, сексуална ориентација итн. Со други зборови: Да им се суди на луѓето. Потеклото на лаичкиот пристап: Каков сум јас, такви би требало да бидат и другите...не се заснова на факти, туку на нереални претстави за себе и светот околу себе на личностите кои им судат на други. Па би рекла: Ако си слаб не можеш да ги разбереш “дебелите” или обратно, затоа што им судиш по свои критериуми. Мене лично битна ми е кариерата. :geek:
Леле Сања фала што постоиш да не беше ти немаше да знам како да ослабнам . Метар и шеесет сум висока и да тие килограми ме прават пополна но не и дебела.Не дека се тешам ама имаш пример погоре за дебела девојка и девојка со некои вишок килограми.А и не ги темпирам бројките,ни на крај памет не ми паѓа да и се правдам на некоја си таму Сања која изгледа нема попаметна работа отколку да му соли памет на некој како да ослабне како ние од Марс да сме паднале.А не дека ти должам објаснувања но веќе еден месец сум на диета и веруваш или не ниедно килце немам симнато.Вчера потклекнав и пробав кифли,ете не можев да издржам.така да немој да зборуваш за диетите и јадењето на некалорична храна како да е лесно нешто.Треба да бидеш во туѓа кожа за да го осетиш тоа и како вели онаа поговорката лесно е 100 стапа по туѓ грб. И јас разбирам дека мора да слабеам и во никој случај не помислувам да се помирам со сегашната тежина но исто така е и многу тешко и треба да вложиш многу напор.Особено со мојот спор метаболизам,мислам дека и од воздух ќе качам кила.Но ми смета тоа што некои луѓе пример како тебе секогаш ќе критикуваат без разлика дали си дебел или слаб.Ако е некоја слаба види ја анорексична,ако косата не и е како што треба види ја оваа каква е.Абе луѓе никој не е совршен а и Сањалазања добив голема желба да те видам во живо да видам каква риба си што толку ги критикуваш другите.
Ќе морам да ја попречам дискусијата на кратко и да замолам да се држите до темата и да не упатувате никакви лични навреди. Немојте да бидете дрски со некое мислење со кое не се согласувате и што е најважно држете се до темата и основната дискусија. Фала на разбирањето.
Шта је с вама људи мои, уште еден ринг со кал па да дојде машка багра да гледа тепачка. Ма, знаете како викаат Индијанците. Пред да кажеш било што за еден човек, облечи ги неговите чевли и оди со нив три месечеви мени. Потоа, дигни го прстот, посочи и кажи што мислиш. Така и овде треба да биде работата. Повелете, изволте, искусете ми го животот; подеми, падови. Среќни и тажни моменти. Слабеење и дебелееење. ЕЕЕ, дури тогаш, кажете ми дека е лесно, дека сум слабак и дека немам карактер. Секој ги има, моментите де, за жал. Ако среќата им припаѓаше само на слабите, половина свет ќе беше несреќен. Добро, на крај краева не мислам да се убедуваме и докажуваме. Се трудиме, никој не е совршен. Мааните си ги знаеме, се мачиме да бидеме блиску до совршенството. И не ги обвинувајте тие што мислат дека дебелите се вакви или онакви... Обвинувајте го општеството за сите нереални слики и стандарди кои ни ги поставува. Ај, сега, сите лавовски да се гушнеме. Изволте една песна. http://www.youtube.com/watch?v=K7XLnxKlYEo
О да, имам 10 кг вишок. Тоа ме прави помалку човек? Некако интелигенцијата ми се смалува обратно пропорционално со килажата? Јас досега сум успеала во скоро се што сум зацртала. Значи не се, не сум машина. Немам нешто многу успеси со диети, иако се можно имам пробано. Ама ... Имам љубов, некој што со самиот начин на кој си игра со мојата коса ми покажува колку ми е близок. Семејството ми е најголемата потпора. Пријатели немам 100, имам 2-3ца блиски, да кажам квалитетни. Имам позгодни другарки од мене, ама тоа не прави јас да се чувствувам лошо. Кога ќе седнам во друштво не се секирам дали сум ставила едно или пола шеќерче во кафето, само затоа што ќе си приумрам ако внесам +30 калории. А најмногу ме издигна кога еден не толку близок пријател ми рече: Аман бе девојче, како успеваш секогаш да си насмеана и расположена. Ме расположуваш. Епа драги мои јас тогаш бев многу посреќна, отколку што би била кога 10 машки би ми изгледале од глава до пети. Се сакам себеси, не живеам за другите. Прифаќам критики од луѓе што ми значат, а не од шмуглиња што не ме гледаат со години и не познаваат ни еден промил од мене
Не thinkerbell, во заблуда си, многу добро глумиш и целиот овој пост го смислуваше половина ден (признај! ) како би не убедила дека и со 10 кг вишок си среќна, насмеана и задоволна од животот. Ако не си упатена, еве знај дека тоа не е можно. Ти се самозалажуваш. Еурека! Ако го прелисташ подфорумот диети, автоматски стануваш длабоко несреќна, завидлива и зајадлива особа. Ако пробаш некоја нова диета - исто. Зарем не научи од темава - ако имаш 10 кг вишок си длабоко несреќна и глумиш среќа пред народот? Ако се интересираш како да симнеш некој кг - тоа е дополнителна потврда дека стварно си убер мизерно несреќна. Јас тоа го научив денеска тука. Тоа се правилата на денешниот свет, да си ги повториме, ќе има утре испрашување.
Девојки, вие си имате проблем со самите себеси, а не ние со вас- џабе јас се трудам да објаснам нешто и која ми е намерата кога тоа се сфаќа како моја омраза спрема лицата со вишок килограми. Мене само ме интересираше дека ако ви е убава таа тежина и си се сакате такви зошто тогаш се обидувате да ја намалите тежината, или само се лажете дека сакате? Никој не вели дека сте несреќни, или дека не треба да излегувате од дома- само прво расчистете си сами со себе, а не некој нешто ќе спомне и право скокате ко попарени, а човек само сака да пренесе искуство и да ви даде совет. И не гледам ништо чудно во моето прашање, мене тоа ми беше парадокс, ама само Анатх најкоректно и културно ми одговори, останатите- дефинитивно си имате проблем со коментарите овде, а тоа доволно ми кажува
1.Не, не ми е убава мојата тежина. Имам вишок од 10 кг. 2.Да, се сакам ваква. Се сакам и со 10 помалку и ќе се сакам и со 10 повеќе. Се сакам и се ценам и самодовербата ми е иста, изгледала ваква или онаква. Нема магично да ми скокне до небо кога ќе ослабам. Ниту ќе сменам една црта од мојот карактер. Само нема да се соочувам со вакви очиња на продавачки во бутици. 3.Зошто се обидувам да ја намалам тежината? Затоа што ми се сака. Зашто ми се може. За да таквите како тебе полни предрасуди конечно престанат да ги имаат и да замолчат да солат памет за нешто кое апсолутно не го искусиле. Затоа што секој жив човек си има маана и порок, ова е мојот, и јас се борам со него. 4. Не, не се лажам самата себе никогаш. Не барам коментари од другите, не викам попусто - леле дебела сум, за да некој ми го наполни егото велејќи ми - не бе не си, да видиш какви има. И по 100-ти пат денеска, додека го правам, пишувам и мислам сето ова ЈАС СУМ ЕДНА СРЕЌНА ДЕВОЈКА. Ама многу проклето среќна. Не лажам, не преувеличувам, не глумам. А ти што во сите твои постови упорно си запнала да најдеш човек со вишок на кг, и кој плачејќи ќе ти признае дека е длабоко несреќен, исфрустриран и сака да се скрие од светот, се' уште не си успеала во целта. За жал. И некаде спомена дека не се дружиш само со слабички девојки. Чисто ме интересира, доколку е така навистина, како се однесуваш со нив? Ах... и да не заборавам. И да бидам ултра најслабата девојка на светот, немам намера да се сликам целосно во бикини и да ги покажувам фотките со цел да ми се наполни егото, зашто некој ќе рече - види ти рибетина, или ќе си го мафта вечерта на мене. Си има девојки за таа намена, се викаат модели. Мене ми е ќејф кога некој ќе ми рече - уживам да дискутирам со тебе за книги, за општествени норми, за животот и сите други фини мали нешта. Ама тоа сум јас.
Зошто викаш дека само Анат ти дала културен одговор кога многу пати ти беше даден одговорот, ама очигледно е ти си се запнала за твојот парадокс и не сакаш да сфатиш што човек сака да ти каже. Упорно и упорно го повторуваш едно те исто. Еве и јас сама сум свесна дека најкултурно ти одговорив и ошто и за себе ... еве и ќе се цитирам. Покултурен одговор од овој, кој беше наменет за тебе, јас не ни знам да дадам. И искрено не знам што е тука некултурно ...