1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Убаво ми е што сум дебела...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 16 октомври 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.840
    Допаѓања:
    65.712
    Пол:
    Женски
    Јас имав една прилично дебела колешка на која дебелината воопшто не и сметаше. Сите ја викаа буцка, дебела и нешто слично и она демек не реагира и не се замара со тоа, убава си е каква што е. Арно ама по некое време се стави на диета, па симна некое колце, па после се направи шланк. И сега што мислите- И сметало или не и сметало?
    Јас не верувам, колку некој и да збори дека му е убаво во својата кожа и да е дебел, дека е тоа така.
     
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    ги личи на дечинава вака? :xза овие моторчиња кажував |(
     
  3. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    21.030
    Пол:
    Женски
    Кај нас во Македонијава нема мнооогу ДЕБЕЛИ луѓе (за разлика од САД, Австралија...) и мислам дека не можи да ти е убаво ако си дебела (не зборувам за 5-6 кила плус) туку за повеќе. Јас и 1 кило да ставам плус неможам да се поднесам а не па 10-20, :( тие луѓе кога ке почнат да се дебалат нема крај знам такви примери и стварно не е "вкусно" за гледање. Тоа ти е до карактерот на човекот, ти не треба да ослабиш за другите со ќе мислат, туку за тебе, да ти е убаво, да не се срамиш да излезиш надвор. Кога си послаб (нормален) се чувствуваш самоуверено тоа е моето мислење :)
     
  4. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    хмммм... не знам што да речам, размислувањето ми е поделено.
    Оние екстремно дебели луѓе се болни, затоа мислам дека нема потреба да се ставаат слики од нив, бидејќи ни тие не го сакаат тоа, тоа е болест!
    А за оние што имаат 10-15 кг вишок, тие се веќе оние дебели кои се такви затоа што сакаат!
    И нормално дека секоја девојка сака да е послаба и витка. Затоа држат безвезни диети и се што ќе слушнат што го носи зборот ДИЕТА! Јас имав другарка во средно што имаше некое кило вишок и почна со диети и се доведе до некој ред, веќе во 4та год беше витка. Не беше некоја слаба како мене, но според мене си го доведе телото до нормални облини. Јас на пример сакам да се поправам бидејќи сум многу слаба, од мене послаба е само Викторија Бекам :lol: Ама ете не можам, под голем стрес сум и не можам да се средам. Но да не бегам од темата, пак ќе нагласам дека онаа дебелина што ја постирате во вид на слики е болест и не треба да се критикува, туку да се стави во посебна тема како болест.
    А за оние девојки што одат наоколу со салото извадено и мирисаат на испотени мишки :puke: се такви само затоа што ги мрзи да поводат лична хигиена и здрава исхрана!!!
     
  5. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    offi,па јас дискутирав токму за психата на дебелите луге мегутоа почнаа другите коментари да бидат во правец на тоа како лошо изгледаат дебелите и дека не се привлечни и не им стојат убаво алиштата,и јас сама напоменав во еден пост да се задржиме на психолошката страна на тие луге,бидејки тоа е темата а не нивниот изглед.
    а во темата не беше напомнато дека се однесува за екстремно дебелите луге,туку за дебелите,а има некои и со 50-60 кила што се сметаат себеси за дебели :)
    како што напоменав претходно,се е прозивод на психата,а психата на човек зависи од тоа колку е изграден како личност а не од тоа колку има кила.
    а дека сите сакаме да изгледаме перфектно,згодни,витки убави тоа сите жени го посакуваме нели. :)
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Се случува некогаш едноставно да не се чувствувам удобно во своето тело, ако качам некое кило (тоа особено ми се случува за зимските празници) или ако ми се појави целулит. Инаку немам проблеми со тежината, ама ете некогаш се чувствувам дебела и веднаш работам на случајот. Држам диета, избегнувам калории, пржена храна, благо, повеќе се движам и слично. Е веќе кога ќе се вратам на старо - убаво се чувствувам. Изглегувам од под туш и кога гола ќе се почувствувам секси и женствено, знам дека сум го постигнала резултатот.

    Искрено, ако се здебелам толку многу (не дај Боже) не би се чувствувала убаво, бидејќи и 2 килограми да качам на мене, ми пречат. Не знам дали дебелите луѓе се среќни со својот изглед, но најверојатно им е утеха, а и начин да избегнат диети, вежби и слично. Работава: Среќна сум што сум дебела и не сакам да ослабам. Ама кој не сака да има секси и затегнато тело, рамен стомак, заводливи колкови без целулит?
     
  7. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Мене не ми е јасно тоа што некои, ем се навредуваат ако им речат ,,треба да ослабеш‘‘ или ,,си се поправила‘‘, ем ништо не превземаат за да ослабнат. Мислам, ако веќе се навредувам, нема да посегнам по хамбургерот, туку ќе посегнам по јаболкото, вежбите и така натаму. Ќе направам се, за да се чувствувам пријатно во своето тело. Нема да се нервирам, затоа што другите мислат дека сум ваква таква, и да јадам хамбургери, чоколади и слично, од нервоза, уште толку ќе си го отварам аптетитот. Туку ќе превземам иницијатива, ќе вежбам, ќе направам се да ми е убаво, да сум јас.
    Познавам една личност, која што како што реков, ем се навредува, ем уште толку повеќе јаде, како утеха. Знам еднаш рече ,,на кого му се слабее, нека слабее‘‘, фактички глумеше дека и е пријатно во своето тело, а од килооооометааааар се гледа дека не е така.

    Ама, не се сите луѓе исти.
    Факт е.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ангелче тоа е така зашто таа не е свесна... зашто психата си ја тера да мисли убаво ми е не сакам да слабеам а всушност и е страв дека нема да успее па се прави толку тврда и ладна ... Верувај ми дека е тешко Сам да си свесен дека треба да се промениш себеси па го бираат полесниот пат да се лажат и себеси и другите околу нив ... секој сака понекогаш да касне во мц или некое парче пица ... меѓутоа лошо е тоа во нервоза да се јаде од утеха ... таа девојка треба да има поддршка од нејзините или од некоја ептен блиска другарка и нема потреба да се навредува зашто тоа што си и го кажала е вистина .. ама секој втор дебел човек живее така тврдејќи дека е дебел/а затоа што така сака и ако сака може да ослабе ... Додека не ги оттргнат тие мисли од главата и додека не сватат дека не се слабее за еден ден ... нема да постигнат ништо ... само ке си ја лажат психата цело време додека еден ден не си ја чукнат главата . :) Јас цел живот бев слаба ... па се подздебелив па ослабев па од апчиња пак се здебелив ... ама имам поддршка од моите и се трудам...Не е лесно кога некоја другарка што не ме видела ќе рече Ама си се поправила ... допира до болна точка стварно ... имав и една другарка која беше онака многу дебела и еден човек по улица и рекол под хитно на диета да се ставиш бре ...непознат човек ама допрел до неа како што допираат до мене некои стари слики од одмор кога ги гледам за разлика од одморот оваа година ... Па затоа мислам дека ке успеам . Треба да те поддржат од дома и така што ти кога слабееш нема они секој ден пица да прават или месо пржено ,па друг ден бурек , треба да сменат по малце и они за да можеш да видиш дека за твое добро се трудат и да им враќаш со тоа што и т се трудиш ... јас за тоа сум им многу благодарна што ако решам дома да нема ништо мрсно нема да има а брат ми ке излезе надвор ке си јаде негде ... Ако си на диета пример една недела и после дома да се најадеш цела пица зашто ке ги гледаш твоите психата те тера да мислиш леле ркај на светот е прекинав со диетата цела пица ја изедов пак по старо ... и ке си рече ма ајде не се замарам убава сум и вака кој ме сака секаква ќе ме сака ... а исто е важно и другарките да се постават како што треба ... да знаеш дека те ценат ради тоа што си и дека не те отфрлаат зашто си подебел....но воедно и да ти помогнат да се смениш и надворешно зашто тоа ти е потребно ... поготово кога тие се сите слаби .... Но најважни сме сепак самите ние ... треба да се сакаме и дебели да се профатиме да зашто во спротивно ке биде полошо ... а кога ке се сакаш себеси подебел ке сватиш на добар разумен начин дека не е здраво и дека треба да се ослабе е друга приказна и полесно оди се... се е во нас и во нашата свест .. како што ние ја тераме работата така ке оди ...
    А за овие случаи со сликите тоа се веќе болести и деца ептен испуштени од рацете на родителите .
    Извинете за предолгиов пост но оваа работа е стварно многу психички и не само психички туку во многу работи широка за дискутирање . :)
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.597
    Од лично искуство, секогаш со 5-8 кг плус, ќе кажам дека дебелината е проблем и пречи и никому, ама никому на планетава не му е убаво и пријатно ниту со +5 , ниту со +50 kg вишок.

    Од естетски аспект, излегуваш да си купиш нешто и секогаш го бараш најголемото xxl бројче, и на крајот едвај се собираш и во него. Тоа е огромна фрустрација. Не знам како некои луѓе не го признаваат тоа, но е 100% точно.
    Од здравствен аспект, не можеш брзо да одиш, не можеш да трчаш, качувањето по 20 скали те заморува, те запотува, дишењето ти е отежнато...
    Од психолошки аспект, посегнувањето по огромни количини на храна е болест, исто како зависност од алкохол и наркотици. Јас реално не гледам разлика, затоа што проблемот е во мозокот. Мозокот е зависен од храна, не телото. Да појаснам, сум го почувствувала на сопствена кожа. Кога сум среќна сакам да јадам, кога сум тажна и депресивна - јадам дупло. Ми се случувало да си легнам со помислата - Леле едвај чекам да станам утре и да јадам нешто убаво. И 3 минутки потоа да не можам да издржам, да станам од кревет сред полноќ и да се изнајадам како стока. :( А не сум била гладна. Барем не за таа количина на храна која сум ја внела, иста работа можело да ми заврши и едно јаболко и чаша вода.

    Храната надоместува за среќа, за тага, едноставно е утеха, другарче кое нема да те изневери.
    Кога еднаш на мозокот ќе му наредиш дека НЕ ТИ Е ПОТРЕБНО ТОЛКУ ХРАНА, НО ВИСТИНСКИ ДА ГО МИСЛИШ ТОА, ќе успееш да го ре-програмираш и да се храниш и помалку и поздраво.
    И мене ми течат лиги по сендвичиња со многу кулен, врат, печурки и мајонез, ама секое утро појадувам овошје, мусли и 3 шолји зелен чај.
    Дебелината е ПРОБЛЕМ, борбата со храната е борба, исто како и борбата со некоја друга нездрава зависност. Се' што е премногу , е штетно.
    Никој со вишок на килограми не се чувствува целосно убав. Тој што вели дека нема комплекс поради тоа - едноставно лаже.
    Јас лично се имам прифатено самата себе со неколку килограми плус, но ќе излажам ако кажам дека не сакам да сум на местото на послаба девојка. Коментарите од типот - Имам гз голем колку стариот весник Нова Македонија итн, итн... ми се делумно мој одбранбен механизам и да им покажам на луѓето дека сум свесна дека имам некој мал вишок на кг, не се замислувам 90-60-90, зашто има и подебели кои живеат во такви заблуди и некој свој свет.
    Ама длабоко во себе си ја знаат вистината и си плачат поради тоа.
    Наместо да направат некаква промена со себе и своето тело, целата енергија ја внесуваат да му покажат и докажат на светот дека ним - НЕ ИМ Е ГАЈЛЕ, ЗАШТО СЕ СРЕЌНИ. ДЕБЕЛИ, АМА СРЕЌНИ.

    За крај - храната е за да преживееш, а не за да живееш за неа. ;)
     
    На Victorian, Dream-Girl, okcenzi и 9 други им се допаѓа ова.
  10. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Cе пронајдов во ова и гледам да заспијам побрзо :sweat: само колку е вистинито,или само чаша сок да се напиеш колку да те наполни за да не ти се јаде повеке :$
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Сметам дека дебелината му смета на секого без разлика за колку килограми вишок станува збор.Тоа е комплекс на сите кои имаат вишок килограми без разлика колку и да велат дека не им смета.Сакам да кажам дека има луѓе кои иако се дебели,се симпатични.Некои можеби се помириле со фактот дека се такви и такви ќе останат,но сепак посакуваат витко тело.Јас за дебелите луѓе го користам терминот полнички,од причина што сметам дека звучи помалку навредливо.
     
  12. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Јас мислам дека има луѓе што се дебели и што им е убаво,само незнам дали се свесни дека е лошо за здравјето да се биде премногу дебел... :worried: ретки се,но сепак мислам дека има...е сега ОК ако им е убаво,ама многу невкусно ми изгледа кога ке видам дека облекле нешто што воопшто не им доликува и уште повеќе ги истакнува дебелите делови(стомак,нозе и сл.).За секого си има соодветна облека во која може да се изгледа средено и секси.Не е само да се разголиш...Незнам која форумџика кажа погоре дека има дебели луѓе кои се сипматични,но се сложувам со неа ;) неможеме сите да бидеме убави и слаби,но можеме сите да бидеме средени. :)
     
  13. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Не ги оправдувам дебелите луѓе во никој случај. Постои и култура на тело. Мислам дека треба да сме доволно свесни, ако си се сакаме самите себе да го одржуваме телото здраво, витко, убаво и негувано.
    Е сега еептен во случај каде дебелината е последица на некое нарушување или болест, тогаш да.
    Но, треба да се води сметка за телото. Мене лично, многу ми е важно да сум во добра физичка кондиција и да имам убаво оформено тело. И заради изгледот и заради здравјето.
    А изговорите, убаво ми е, среќна сум и вака, ми одговара килажата, мислам дека се сепак само изговори. Се помириле со изгледот и така има полесно, за да не си осеќаат притисок дека треба да работат на себе. Да им кажеш, еве бирај утре да се разбудиш со убаво атлетско тело или онака како што си, што мислите, што ќе одберат?
    Зборуваме за надпросечно дебели луѓе, не за буцкасти. Буцкастото понекогаш е слатко, шармантно и некому едноставно поубаво му прилега.
     
  14. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Нина24 ми се допаѓа како размислуваш....и јас лично никогаш не би си дозволила да бидам дебела.Мислам дека треба да се одржуваме,посебно ние женските.Жената секогаш треба да има време за себе,да се среди и сл.А во право си и за тоа дека има и такви со некое килце повеќе но слатки :lol: Еве јас имам другарка која има некое килце вишок и многу ми е слатка,дури неможам да ја замислам послаба,нема да ми биде тоа што е! :)
     
  15. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Не знам од каде е изреката дека дебелите луѓе се среќни..
    Не познавам дебел човек којшто е среќен и задоволен од својата тежина.
    Јас откако знам за себе имам проблеми со тежината и никогаш не сум била ни задоволна ни среќна хаха
    Тежината ми е вроден комплекс, цел живот со диети сум растела, последно ослабев 20 килограми кои откако почнав на факс почнав да ги враќам , ама ете си ветив дека од утре сум повторно на диета.
    И лично никогаш не сум се облекувала ни во премногу тесно, ниту премногу разголено. НИКОГАШ
    Ама читајки од претходниве коментаери гледам дека има девојки кои не се срамат од нивната прекумерна тежина , се среќни и си го покажуваат она што го имаат.
    Како е правилно, не знам :)
    Знам само дека јас така не би можела :)
     
  16. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Да се здебелам верувајте ми најубаво ќе ми биде..... :) :)
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.046
    Допаѓања:
    199.202
    Пол:
    Женски
    Јас сум од оние буцките, константно со некои 5-8, може и 10кг вишок. Нормално дека никој не сака да биде дебел, кога секојдневно не бомбардираат од сите страни дека е пожелно да имаш пропорции 90-60-90 и да бидеш висока најмалку 175 цм (ова зборувам генерално, пред се за жените, мажите не се толку оптоварени со тоа). Ама ако ни кажуваа да се фрламе во Вардар и тоа ли ќе го направевме - што се не правиме за да не прифатат другите? Општеството секогаш пропишува некои правила кои ние ги прифаќаме без приговор, и мене тоа ми пречи. Ако некому му е удобно во сопствената кожа, супер, јас немам проблем со тоа, го прифаќам каков што е.

    Не е ова дека јас се тешам што го имам тој вишок килограми. Не е дека не можам да ослабам, можам. И не ни јадам толку колку што вие мислите дека јадат дебелите луѓе. Ама можеби не сакам да ослабам?! Имав јас и повеќе килограми вишок отколку што имам сега, и ослабев - ама само поради здравјето, затоа што имав проблеми со крвниот притисок поради тежината, а не затоа што некој ми рече дека сум дебела. Си дојдов на некои нормални 60 кг со висина од околу 160цм, и супер се чувствував во моја кожа, немав потреба да слабеам понатаму. Не е дека сега, со неколку кг плус не се чувствувам убаво, напротив, супер ми е, никогаш не сум била посреќна во животот.

    И да не се лажеме - повеќето диети и средства, апчиња за слабеење помагаат само привремено - што кога ќе се врати човек на старото? Лесно е да се зборува кога е човек млад, кога метаболизмот му фучи 200 на саат и може да јаде се што сака... ама со годините се губи таа предност во младоста. Да, има згодни мајки, тетки, баби - ама сте се прашале ли што се прават тие за да бидат такви? Сигурно не сте ни замислиле од што се се откажуваат за да си ја одржат линијата. И гените имаат улога, секако, ама таа е минимална.

    Се сложувам дека човек треба да си одржува колку толку нормална тежина, ама пред се, од здравствени причини, а никако поради тоа што некој му се потсмева заради тоа, и му набива комплекси. А за жал, многу луѓе кај нас се такви, општо, цивилизацијата ни е таква - ги отфрла различните, оние кои не ги почитуваат непишаните правила наметнати од медиумите и нечии сфаќања.

    Но да расчистиме - не ги оправдувам луѓето со прекумерна тежина, ама тие станале такви поради тоа што денешниот начин на живот е она што не ни дозволува повеќе да се посветиме на сопственото здравје и правилната исхрана. Ние во Македонија колку толку сме се уште нормални, ама ме плаши тоа што полека одиме натаму.

    Исто така, не го оправдувам несоодветното облекување ако е некој/а дебел/а, ниту пак несоодветно облекување какво што не доликува на годините. Ама можеби некому му се допаѓа таа слика што ја гледа во огледалото?

    Понекогаш си мислам - поарно да бидам среќна буцка, отколку исфрустрирана и вечно гладна мршавка. И ако во цел ден имам време од само еден саат да го потрошам на што сакам, а што ќе ми помогне да се чувствувам и да изгледам поубаво - тогаш порадо одбирам да се галам со саканиот отколку да се потам во фитнес центар. Ама тоа сум јас, а вие, како сакате.
     
    На Peanut Butter, Victorian, myst и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Апчиња,прашкови и незнам уште што јас не би ни пробала :puke: другар ми има проблем со тежината сакаше да порача апчиња,но неговата братучетка ги употрбуваше и искрено не му ги препорачува.Вистина е дека таа доста ослабе,понекогаш и лекарите ги препорачуваат,но никој не кажува дека се станува зависен од нив.Не буквално зависен,ама кој сака да остане слаб да!Бидејќи кога ке ослабе ако не продолжи да ги пие повторно нагло се здебелува.И ајде пак се јово на ново...Така да Annath уживај си :wink: веројатно не си луда цел живот на апчиња да бидеш.Од тоа повеќе има штета него корист! :!:
     
  19. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    Среќна може да е било која, но среќна баш затоа што е дебела НЕ :D јас на пример сум слаба и не сум среќна што сум слабичка сакам барем уште малку да се здебелам :)
     
  20. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.242
    Допаѓања:
    5.691
    Пол:
    Женски
    Еве и ја сум побуцкаста со некое кило +.
    Дали ми е убаво? Па некогаш да, некогаш не.
    Ме нервираат само перничињата од страна,и големите бутови. За задникот , не ми пречи да ми е голем, и горе во рамена не ми пречи да сум голема , но јас и во бутови сум широка. Гени.
    Колку и да слабеам, нема да ги симнам бутовите, си знам, и не се тешам без потреба дека може да се ослабат. :)
    А нејќам и кога ќе видам некои, со одвај 20 кила на нив. Сакале да се здебелат, а не јадат ништо, па после како ќе се здебелиш молам?
    Иначе ја сум буцкаста, но некогаш може цел ден ништо да не јадам.
    Едноставно, таква градба имам, и одамна се соочив со тоа.