Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Убаво ми е што сум дебела...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 16 октомври 2010.

  1. sanja-lazanja

    sanja-lazanja Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    49
    После овој последен пост на трендафилка најискрено го читав со солзи во очите бидејки беше една нејзина за жал болна исповед, која почнуваше со зборовите не јас не се чувствувам и потоа објаснува како всушност, се чувствува. И најжално ми бешена крајот кога рече, дека и е ќеиф кога некој ќе ми рече - уживам да дискутирам со тебе за книги, за општествени норми, за животот и сите други фини мали нешта.
    Навистина тоа страшно боли но мило ми е што си створила таков идбрамбен механизам и вели некам да бидам манекенка(згодна) за да не го маваат на мене и обавезно тука додава како сите и викаат дека е многу весела и насмеана, а што да и кажат дека прекрасно изгледа? не се до толку болни лугето во очи да ја лажат.
     
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Ма јас не знам зошто се објаснувам со вас, посебно со Трендафилка- јас немам проблем со девојките со вишок килограми, ти очигледно имаш проблем со оние што немаат вишок.

    И по не знам кој пат, да, сум искусила како е да имаш вишок килограми и не беа тоа 3-4 туку повеќе и затоа не можам да ве сфатам ако толку сакате да ги симнете зошто не го направите тоа, почнувам да мислам дека само велите дека сте на диета а не сте, ама ајде нека биде и ова протолкувано како моја нетрпеливост спрема вас, а не е така само ми е несфатливо ако нешто толку сакате не дејствувате со полна пареа?

    И дај те молам Трендафилке, сигурно дека ќе се чувствуваш посекси кога ќе бидеш послаба и нема да бидеш иста, а и од технички аспект е подобро за сексот, ќе можеш да менуваш повеќе пози, ама немој да кажеш дека за тоа не сакаш да дискутираш туку најдобро ти е да зборуваш за книги?

    Немам намера да продолжам со коментарите, сфаќам дека моите постови ги сфаќате како омраза против вас, па продолжете да живеете во таква заблуда, очигледно јас не можам тука ништо да сменам.
     
  3. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    Убаво ми е што сум дебела !

    Имам вишок на килограми, има денови и кога ги мразам но поголем дел од времето се гледам и се сакам таква, среќна сум. Тие килограми не ме прават помалку привлечна од другарките, напротив, го знаете вие слабите чуството кога одите со послаби од вас и ве гледаат токму вас наместо нив? 8) Секако дека не.
    Го знате чуството кога го пребарувате половина град по фармерки, некаде и нема бројчиња за вас но на крајот наоѓате еден проклето добар пар кој совршено прилега на вашите мрсни, исцелулитосани, салести и дебели бутови и задик ? Не. Вие само шетате и барате модел, кој досега сте го немале во плакар, кој ви е интересен и кој интересно ќе го искомбинирате, го разгледувате од горе надолу гледате бројчето и го купувате. Тој пар фармерки ви кажува дека не се сите исти, има и некој како вас, со поголеми гради, задник и салце на стомакот. Сите слаби знаат дека ќе бидат гледани и посакувани на плажа, тоа за вас е секојдневие, но чуството кога си дебел и те гледаат тебе е уште подобро. Тогаш знам дека мојата среќа со сите мои масти и килограми не е само илузија создадена во мојата свинска глава, мојата среќа е основана и пропратена со добар изглед.
    Дебела сум, јадам што сакам, не сум само фигура со чинија јаболки и шишиња вода околу мене, и среќна сум таква.
     
    На ancetupance му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Каква врска може да има со темата? Хмммм, и јас упорно се прашувам цел ден за неа, исто како и за Сесилија. Освен што двете се со топ тело (ова не го знаеме за сигурно, бидејќи не сме виделе слика од ниту една од нас, ниту нив, ама им веруваме), и се со цврста волја и карактер, за разлика од сите нас тука со вишоци на кг кои очигледно сме некарактерни, лабилни и неиздржливи, јас нивната улога ја сфатив само на овој начин:
    - да ни покажат колку се супериорни
    - дека се' се може ако се сака (само никаде во друга тема не сум видела ваква tough love како тука, што бре не се запнаа на некој пушач или наркоман со истиот ентузијазам?)
    - дека ние што повеќе од половина живот се бориме со проблемот наречен дебелина немаме уствари поим, они ја знаат целосната клиничка слика и нашата психо-физичка состојба
    - да не убедат дека се самозалажуваме во нашите мали мизерни животи и глумиме среќа...
    - повторно да не убедат дека и покрај тоа што никогаш не биле во кожата на ниту една од нас, сепак знаат се' и најдобро решение и аргументи за нашиот проблем...
    ...

    Па да, тоа горе-долу би била функцијата.

    Сања Лазања ти немој да плачеш душо, те замислувам во улога на психотерапевт удобно сместена во канцеларија со НУЛА клиенти како решаваш туѓи проблеми. И немој да се дрзнуваш и да кажуваш глупости и бесмислени работи од типот - мојот одбранбен механизам или како никој во очи не ми кажал дека сум убава. :D Да плачам или да се смеам - прашање е сега? IQ слабо... мамицата му, не се купува со пари. ЈБГ.

    Сесилија, и сега се чувствувам секси и уживам во сексот. Имам многу кондиција, фала на интересот и грижата и верувала или не, најнеомилена поза ми е мисионерската. И темата секс мене ми е и појадок и десерт и главно јадење. Тотално си ми ја утнала поентата со книгите и дискусиите. AGAIN.
    И немам воопшто проблем со слабички.
    Ама ти денеска докажа дека имаш проблем со покрупните девојки.
    И не знам кои се тие имагинарни твои другарки со вишок на кг, зашто те замислувам како се плашиш да седнеш до некоја покрупна девојка, од страв да не префатиш некое килце.
     
    На crazylady, JoxyTheFreak, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Прво постов благе везе ти нема |( Поентата тешко да може некој да ти ја долови!
    Па боже мили, ние полните не се стремиме да бидеме манекенки, туку да си ја доведеме килажата во нормала!
    А тоа не значи дека не треба јас да бидам среќна, да немам дечко, а секс па уште помалце, или недај боже да јадам нешто со поголема количина на калории!

    Јас не знам зашто ти, и таквите како тебе мислите дека ние пополните сме несреќни луѓе?
    Не бре срце, кога бев танка да ти кажам и не бев нешто среќна, ама сега овој период ми е најсреќен во животот
    Килажата нема врска со среќата
    а убавината е друга работа!
    Јас мислам дека има голема разлика од УБАВО МИ Е, И СРЕЌНА СУМ!
    Темата е дали им е убаво на девојките да се пополнички,(во фазон за самодоверба, здравствени проблеми,итн) а не дали тие се среќни што се пополнички!
    Па зашто да не бидат среќни? :^) Криминално дело да не сториле што се пополни од така кажано- дозволеното!
    Боже господе, ајде во затвор изнаставајте не!
    Едит- муабетов ми е за +15 кила полни, не за оние апла дебели, тука има 101 причина зашто се толку дебели
    НЕ МИ Е УБАВО, АМА СРЕЌНА СУМ!
    Тоа е ОД МОЈА ГЛЕДНА ТОЧКА :)
    уште еден едит- Пак ќе кажам, и не ми е убаво кога ќе бидам некоја навистина ептен полна се облекла во нешто што не ја личи... значи тие работи не ми се допаѓаат!
    баш памтам еден пост на Трендафилка кај што имаше кажано
    во темата ШТО ТИ СЕ ДОПАЃА КАЈ СЕБЕ (така нешто се викаше)
    и таа кажа зашто успева да си направи комбинации што ќе и ги сокријат маните, а ќе и ги истакнат убавите особини!( нешто во тој фазон)
    ;)
    Тоа е мојата поента цело време! :)
     
    На Bibko и Trendafilka им се допаѓа ова.
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Со ова само покажа дека ти имаш проблем, а не јас ;) упорно ги извртуваш моите постови а тоа доволно зборува :)

    Лека ноќ и продолжи да уживаш, само не знам како од толку секс не се стопи некој грам- зошто нели од него најмногу се слабее :)
    Јас одам да спијам, ми се слоши од толку прикриени фрустрации- колку и да се кријат во орман, мирисот ги издава :)

    Јас се дружам со луѓе со вишок, ама со оние што навистина се прифатиле такви и не се ни обидуваат да се менуваат а јас тоа можам само да го почитувам- а вие не знам што сте, ем не ви смета ништо, ем сакате да ослабите и после јас сум лошката. Ахам, да :)

    И да, сега гледам Лудото е во право темата е дали ви е убаво, а не дали сте среќни, ама очигледно темата одамна забега во крив правец.
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Ништо не сум ти испревртeла од твоите зборови. Ти упорно не сакаш да ја согледаш (или не можеш) мојата аргументираност на твоите квази-тези.

    Јас имам прикриени фрустрации? Немој да ме смееш, те мислев за попаметна. А и за покултурна. Не си ниту едното, ниту другото, посебно кога упатуваш коментари за нечиј сексуален живот.

    А се дружиш со пополни и такви кои се прифатиле и не менуваат ништо, затоа што веројатно ги трпат твоите бесмислени зајадливи коментари и глупости, и воедно дишеш полни гради самодоверба и ентузијазам како нема да си никогаш како нив и како апсолутно никој не ти е конкуренција во категоријата hot body. Жално.
     
    На JoxyTheFreak и innablood им се допаѓа ова.
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    [mod-navredi:33skleko][/mod-navredi:33skleko]
    Во спротивно темата ќе биде заклучена .
     
  9. sanja-lazanja

    sanja-lazanja Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    49
    Апсолутно сте во право, дека последните неколку поста се баш онака полни со агресија со оглед на состојбата во која се наогаат за мене е разбирливо, но сепак треба малку да се спушти топката и апелирам на оние кои што го немаат проблемот со вишокот на килограми да се воздржат од коментари барем вечерва да слегнат малку емоциите, што би се рекло да ни се оладат главите, бидејки сепак мораме да покажеме и малку разбирање за останатите со оглед на проблемите и состојбата во која што се наоѓаат да не ги испровоцираме дополнително, бидејки секој коментар што не им оди во прилог го сметаат за провокација, се надевам ке наидам на разбирање.
     
  10. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Луѓе спуштите топка ! :!:

    Јас по некое чудо ја сваќам Сесилија што сакаше да каже ...
    Ја сваќам и Трендафилка како гледа на работите малце погрешно се протолкува некој за некого ...
    Кажав мое мислење на темава ...
    Само за крај .

    Една работа е да успееш да се сакаш себеси таква каква што си ... ( тоа е за :clap: )
    Сосем друга работа е да постигнеш тело за кое од секогаш си сонувала и да кажеш Јес ЈАС УСПЕАВ :up: .Малку е чувствителна темава да не прерасне во бојно поле ...
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Ова не е здраво и убаво според мене!
    А не +10 кила што повеќето од нас ги имаат(тоа и не е дебело ако реално ги гледаме работите)
    Ух, човек маката на де си ја кажел овде............ веднаш своите фрустрации ќе ти ги префрлат на тебе
    па до некаде и затоа престанав да пишувам во темата ДИЕТИ,
     

    Прикачени фајлови:

    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  12. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Добрата душа Сања, да не оди оффтопик продолжи со навредите преку лични пораки.

    Јас имам комлекс длабоко во себе според тебе. А ти си целосно полна со комлекси. И јас немам фобија од она што е во огледало, сега ти од искуство ако збориш друго е. Јас сум знаеш онака, барајќи совршенство, случајно наидувам на огледало. :D Јас во животот треба да се изборам само со килограмите, додека се друго ми е перфекција. Буквално. А ти, па ти да речеме дека имаш малку повеќе работа.

    И да си знаете ете Сања апелираше и ве предупреди, доволно е, зашто ќе почнам да збеснувам и ќе ме стегне срце. Кај ќе ме носите на душа ... црна ви судбина. Ах.
     
    На MarchelineAmaru, Hiii, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    И мене ми стигна сосем истото, фала Сање што се понуди да не прочистиш и просветлиш со твојот добар незамастен дух.

    Значи сите девојки, вие што барате решение за целулит, акни на лицето, здравствени проблеми, или ние кои пишуваме во диети сме исфрустрирани длабоко во себе. Сите до една.
    Денес го дознавме тоа.
    Мојот совет е да престанеме да се жалиме и да бараме решенија, туку да пишуваме дека сме најубави, најфини, најпаметни, најзгодни, зашто само така ќе постигнеме совршенство и нирвана. Како Сања.
    Ете така.
     
    На MarchelineAmaru, Beauchamp, Hiii и 4 други им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.453
    Допаѓања:
    250.835
    Јас мислам дека на Сања некоја полничка девојка, со вишок килограми и го има зедено дечкото па затоа она е толку исфрустрирана и ги напаѓа девојките со вишок килограми. Тоа е, сигурно!
    А го разбирам и дечково, и јас би оставил празноглава манекенка и би ја заменила со полничка која има памет во глава, и која не размислува дали денес качила 100 грама плус и како и се налакирани ноктите :lol: .
     
    На Buttterfly, MarchelineAmaru, Gea и 12 други им се допаѓа ова.
  15. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Ја убив од читање темава и мене ми се чини дека е бесцелно кога се дебатира за такви банални работи и површни работи. Ова мене ми доаѓа исто како таа со трачевите што беше.

    Енивеј се постави некаде прашањето дека еве полните девојки имаат фрустрации и си лечат комплекси и со тоа си земаат за право да ги напаѓаат слабите. Е па запрашајте се кој е тоа што ја отвори темава на форумов со цел да навредува или фаќа сеир на некого со повеќе килограми?

    Или бар да не просветли како сите треба 20 килограми со се кревет да тежиме. Е па фала многу на известување ама јас сето тоа веќе го знаев. Општеството ми го кажа одамна. Така да верувам дека темава е беспотребна и само ствара раздор и расправии меѓу феминките.

    А за мене да се изјаснам лично имам 10 килограми отфазла кои се обидувам да ги симнам. И не се правдам никому кога,како,каде.. Посебно не на некој кој не ме знае...

    Толку од мене и лет пис бе вит ју.... :) :*
     
  16. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Ај прочитајте поубаво. Темава не е отворена со цел да се навредат дебелите луѓе, туку за да дискутираме. ;)

    И прочитајте го болдираното, да ја видите смислата на темава.
    Некои се запнаа дека дебелите се среќни, а другите мораа да им реплицираат и да ги убедуваат дека не е така. Секако, настана кавга.
    Мислам дека и не е добро дефиниран поимот „среќа“. Кое е прашањето? Дали се среќни дебелите, општо, со животот со пријателите и сл. или дали дебелите луѓе се среќни бидејќи се дебели, т.е. поради нивната дебелина?!

    Јас веќе се имам изјаснето во темава и се‘ уште мислам така. :hai:
     
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.349
    Допаѓања:
    286.134
    никогас не сум имала проблем со прекумерна тезина, напротив, порано го имав спротивниот проблем и знам колку е теско кога не си во рамките на онаа замислена линија за нормално.
    на некој да му му е убаво бас оти е крупен не верувам.
    Многуиmна веке написаа дека килата не се ниту мерило ниту фактор за неЧија срека,се слозувам со таа изјава бас поради тоа сто на '' вага'' ставаме многу повеке освен насата килаза. срекни сме кога господ ни дал здравје, памет, љубов, фамилија и пријатели..и многу други мали и големи работи кои секојдневно изнудуваат мали насмевки на насите лица.
    не секој го постигнува тоj стадиум на внатресна хармонија, да се прифати и да се сака каков сто е. Е сега тоа е сеЧило со две острици, ако некој има плус xx и сеусте се дрзи до ставот дека си се сака и прифака бас каков сто е, и не Чуствува потреба за усоврсување и подобрување...тогас не се слозувам.
    ако некој е 5 кг плус не сметам дека е дебел, напротив ЧовеЧки е да варирас со тезина.
    со плус 10 една девојка мозеби е пополнета мегутоа НЕ и дебела.
    вистинска формула за да преметаме кога некој е дебел нема, не ни сакам да му водам на некој раЧун на килата.
    нема потреби од лиЧни навреди или да убедувам некој дека е депресивен или непривлеЧен оти има некое килце плус, секој си знае за себе.
    факт е дека не е привлеЧно за око(сто е помалку вазно) и не е добро за здравје ако некој има многу кг висок. стварно постои таа категорија на луге сто имаат 100 кг висок, свесни се дека нивното здравје е во зивотна опaсноsт а они сеусте се на кока кола и бургер за секој оброк. е за нив теско кој мозе да ме убеди дека се срекни засто колку и да имаат семејство, пријатели, партнер..таа секојдневна борба со килата одзема многу енергија, нерви и здравје.
    девојка мозе да биде здрава, привлеЧна и сакана и со висок кг.
    доколку девојката Чуствува хендикепт сто има кила плус а не презема нисто, мозе не е борец, мозе е мрзлива а мозе има миллион други ствари на памет, стрес....секој за себе. нема потреба од етикетирање на мнозинство поради индивидуа.
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  18. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932


    Ако речеш некому „без навреда“ а потоа го навредиш, не ја намалува тежината на навредата... А гледам тоа отповеќе и се користи на форумов... Колку е тоа лицемерно? :)
     
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Еве и јас да го искажам моето мислење на темава.
    Значи пред неколку години јас го имав спротивниот проблем-премала тежина. На моменти повторно многу слабеам, но сега сум вратена во нормала. Самата јас си знам колку ми беше тешко... правев се за да имам некој килограм плус, затоа што едноставно не си се допаѓав така. Но тоа не значи дека бев несреќна, или дека не се сакав себеси. Таква сум, и многу да јадам тешко се фаќа на мене. Едноставно се борев за да стигнам до посакуваниот резултат и да ја зголемам тежината.

    И не се согласувам дека сите дебели луѓе се несреќни, па среќата во животот не ја прави само убавиот изглед и виткото тело. Според тоа, ни за оние со совршено тело не можеме да кажеме дека се сите среќни. Ова зависи од многу други причини. Не смееме да бидеме толку површни, и не смееме да осудуваме.

    Секако, дебелината не е добра за здравјето, не зборам за 5-10 килограми плус туку претераната дебелина. Заради тоа дебелите луѓе треба да се трудат да ослабат, покрај изгледот дебелината го загрозува и здравјето и сите знаеме кои се последиците. Значи, се што е претерано не е добро. Ако дебелината е предизвикана од болест, е тоа е веќе друга работа. Тука нема што да се зборува, а уште помалку да се осудува.
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  20. andy96

    andy96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    13
    Зависи од човек до човек.. Некои стварно се чувстуваат убаво во сопствената кожа, но има и такви кои пред другите велат Убаво ми е што сум дебела, а дома држат диета. И со двата типа на луѓе има во мојата околина. Мене што ме нервира е кога некое ептен слабо девојче ила па од оние кои се ни дебели ни слаби држат диети и цело време зборуваат дека се дебели.. е тоа никако не можам да го сватам.. |(