..ту бреј..за троа килце плус минус се распосла толкава дебата,па фрчат анализи на карактери,па сакаш ли мерачење на кој до кај му иде/неиде ИКУ-то,па ова ли она...па лп ти на мене ја на тебе... и на крај се мери чија среќа уствари е непријавена/скриена несреќа....ту бре..ја зг.. ..здрави,прави,убавки,умнички за плус минус косичиња искорнавте..шо локници исправивте.. е па ок...доста е...стоп д клок... па детенциња бе.. шо лошо има да си визуелно онаков ко што си...шо лошо има а..нема ич,ич,ич..нема.. па секако сте си лепи и немате право да се буните пошто мајчица природа не греши..то је то.. Ви дала се шо ви треба..mor or les..ваше си е и сакај те си го јер на тврдо ве држи.. па нели единствено нешто шо не може да се сокрие е...телото...се друго е унутра и чека дискавери... ...башка тој прв визуелен контакт земен како факт секогаш му прави збунка на оној шо анализира карактери и ако,,при томе,,не е баш пажљив,може преку таа површна обсервација да заклучи... ...да је обем тела x маса,,једнако,,карактер,и тоа увек по правило е скроз наскроз грешен резултат т.е тој сам себе се наведуе на погрешен,,траг,,и у,,наставку приче,,опсерваторот се изглупируе ,,због погрешно постављене дијагнозе,,. фор ди енд лејдис... Тања Кочовска го има/поседуе ,,скоро,, најлепшиот фраер...,,у нашем граду,,...и шире.. а и кај па не би...ши ис дискавер..енд ши ис бјутифул...во секој поглед.. ..и башка не се замара со глупости.. ..со вери браос ту ју Тањче..то мајсторице то...ух што им покажа како треба...
Ја читам веќе некое време темава и морам да признаам дека се сложувам со сите, зошто гледано од страна сите истото го кажувате само едни од гледна точка на полнички, а друга од гледна точка на слаби. Сфаќам зошто некој ќе каже - зошто не смените нешто ако не сте задоволни со тежината? , но исто така јасно е и дека треба мнооогу труд, помош од најблиските, трпение и што уште не. Јас темата не ја поврзувам со среќата општо во животот, зошто не е возможно тежината да влијае на тоа колку сме среќни или не во глобала. Дебелината има врска само со тоа дали сме или не задоволни со изгледот. Со ништо друго! Не може некој тежината да го направи среќен во љубовта, во работата, во семејниот живот, итн. Еве да дадам пример со мене. Јас пред 4 години тежев 13 кг помалку од сега. (47 кила на 160 см), сега тежам 60 што значи од прилика 8-10 кг плус од идеалната тежина. Дали тоа значи дека тогаш бев посреќна? Апсолутно не. Сега сум поисполнета во љубовта, во сексот, во животот воопшто, знам да се радувам, знам да тагувам, имам изграден став кон работите и дефинитивно тие килограми плус не ме прават помалку важна од послабите од мене. А дали сакам да ослабам? Нормално дека сакам и се трудам, еве некое време практикувам здрава исхрана, пијам повеќе течности, пешачам и се надевам на резултати. А во меѓувреме не замарам наоколу со проблемот со тежината, туку живеам нормално и среќно!
Навраќајќи се на темава видов дека не сум сватена. Па решив да ја објаснам ситуацијата, не поради што другите ме осудуваат, туку бидејќи јас така осеќам... Знаете ли како е цел живот тоа чуство да го делиш со некого? Чуството кога сите го понижуваат, омаловажуваат и скоро сите го одбегнуваат твојот роден брат... Тоа чуство го делев со години. Кој би рекол, детето кое до 8години во уста не ставило ништо друго освен млеко за година до две имаше повеќе од 60кг... До тогаш сите кои му велеа: Јади, јади, јади. не беа свесни дека со тек на време ја премина нормалната тежина за неговата возраст и тоа беше премногу за неговото здравје... Така слабокрвното најслабо дете во цело школо стана најдебело. Калориите се качуваа, мајонезот не се изоставуваше во секој оброк, па пржено едно друго, неговата тежина претставуваше опасност за неговото здравје. Го болеше грбот, зглобовите едвај го држеа, имаше денови кога едвај одеше од толкава тежина... На кого и да му речеа дека е дебел, секој имаше одговор: „Тој е подебел од мене!“ „Ме омаловажуваш споредувајќи ме со него“ „Јас никогаш нема да сум како него“. Се дружеше само со 2/3 другари, и глумеше дека е среќен и дека сите го прифатиле како таков. Но ние знаевме дека не е така, знаевме дека пати и тоа многу. Патеше тој, патевме ние, беше премногу тешко. Колку и да го убедувавме дека пред се не е здраво, тој неможеше да се откаже. Годините минуваа, тој продолжи се додека во прва година не ги достигна 120кг, да точно така 120. Бевме повеќе од загрижени но неможевме да направиме ништо против негова волја. Во средно беше поинаку сватен, сите го прифатија таков каков што беше и немаше осудувања, можеби поради тоа што имаше и полоши од него...Детето кое цело основно го помина затворен во себе се ослободи, почна да се дружи повеќе и повеќе, за излегува со новите школски другари...Времето минуваше и килажата веќе опаѓаше, конечно свати дека е штетно. Така со тек на време се врати во нормала. Извиши, се пролепша, го оформи телото... Потоа сите го поткасаа јазикот, но, тој веќе не го прифати никој. Тешко му беше да го направи тоа после сите години поминати жалејќи што децата од основно не го прифаќаа... Тоа накратко беше она што сакав да ви го кажам, затоа мојот став беше таков каков што беше. Воопшто не ми е важно тоа што многу од вас ме осудија, воопшто, но едноставно сакав да го кажам ова. Знам как ое долги години да се поминат во таква состојба, го чуствував тоа како на своја кожа... Се надевам дека ме свативте, и благодарам на најупорните што ќе го дочитаат до крај !
Во една прилика, пред неколку години се најдов во ситуација додека лежев во болница да разговарам со психолог бидејки бев премногу уплашена од интервенцијата што ми следуваше. Во разговорот, како гром од ведро небо човеков ме прашува- Дали си задоволна од сопственото тело со однос на тоа што имаш очигледен вишок на килограми? Потоа следуваа прашања во смила на дали ти смета тоа, дали се страмиш од себе, дали го избегнуваш огледалото.......И да , реков би сакала да сум послаба, но сега за сега не сакам да слабеам, да има денови кога дури и кога сум си најдотерана не си се чувствувам убаво( сигурно ви се случило и на вам девојки понекогаш). Косата на глава ми се крена кога сватив која е поентата на тие прашања. Од моите одговори психологот изгради став дека сум депресивна и анксиозна (затоа што не сум се обидувала да ослабам и сум си живеела со мојата дебелина) повлечена, социјално елиминирана, несигурна во себе и без самодоверба (затоа што не сум се чувствувала убаво со себе понекогаш) ..ваква онаква....ццццццццц....... Според него болест е да не се обидуваш да ослабнеш...цццццццццц......... Значи според него.. дебелината влијае врз нашата личност во смисла на зголемена или намалена самодоверба, со тоа индиректно и на начинот на кој што се претставуваме себе си во околината што не опкружува. КОга јас му велев- не е точно тоа..јас во основа си се сакам ваква каква што сум дебелка- тој отсечно одговара- престани да се самозалажуваш и излези од таа апатија со која што живееш и превземи нешто. Хммм... имаше ли право или не ?? Јас отворањето на темава го доживувам во тој аспект.. И , ден денес немам одговор...
Читам и се чудам од кога дебелината е основ на нечија среќа. И јас сум од оние кои се борат со вишокот килограми и редoвно варираат горе долу. Денес сум во фазата горе ама можам да слободно да кажам дека е овој ми е најсреќен период во мојот живот. Ако гледаме реално тогаш сите имаме по некоја мана, уши, нос, криви нозе, криви заби, широко чело или ретка коса, ама баш секој си има некоја мана. Не дај Боже сите да сме несреќни ради тоа.Нормално дека ќе се трудам да ослабам или да го поправам тоа што го сметам за мана, ама аманте нема да дозволам едно салце да ми е основ на мојата среќа. Амбалажата нека ми е најникаква, се додека јас внатре чинам и сум опколена со луге кои ме сакаат и ги сакам ј*бе ми се за + 5 или + 10 кг.
Луѓето едноставно имаат потреба да се чувствуваат подобри од другите . Кај некои е повеќе изразена, кај некои помалку. Е сега, основата да се чувствува подобар секој си ја наоѓа на свој начин-некој дава на питачи (па се чувствува горд што направил добро дело и што е подобар од оние кои не даваат), некој учи, чита, се го интересира и во секој разговор има „свој“ момент, па си вика „Леле ама сум паметен, еј!“ , а некој можеби си вика „а бе оваа е попаметна од мене, посреќна ми личи, ама јас сум послаба од неа, тра-ла-ла ла!“ ОК, малку иронизирам, ама целава тема е „Ајде да ги напаѓаме дебелите, затоа што ние сме подобри од нив! Послаби сме.“ . Толку е површно сево ова, ужас. Предлагам следната тема да гласи „Убаво ми е што не носам високи потпетици“ па да удриме сите по еретиците кои не сакаат колк да скршат во име на модата. Ма срам да им е... цццц... И после таа ќе ми каже среќна била,а НИ ЕДЕН, ти се верува, да, НИ ЕДЕН пар штикли нема, ма! Кај оди светов не знам... И за сите загрижени души за мојава заталкана душичка, цел живот сум слаба, се здебелив двапати во двете бремености и после тоа пак ослабував... Имам другарки кои се борат со килограмите како со мечка цел живот, и верувајте, НИКОГАШ не би рекла дека не е можно да се среќни затоа што имаат вишок килограми... А може да се несреќни тогаш кога некој просветлен упорно и упорно ќе им повторува дека немаат карактер, дека им се гади кога ќе видат дебел човек како јаде итн итн... Заклучок... А треба ли? Ko je razumeo, sfatiće...
Гледам повторно се отворила темава .. .. Но и со неа, и без неа, оние што си среќни, ќе си останат така, а оние што зборуваат негативно во недоглед, ќе продолжат да зборуваат ... така што .. сите со своите мислења по своите патишта, животот е еден, и не треба да си го потрошиме замарајќи се со непотребни нешта.. едноставно постојат различни луѓе и карактери, а дебели или слаби, битно е да сме живи и здрави .. Убав ден феминци, секое добро ..
Не ги читав постовите погоре, увидов само пожестоки коментари.... Јас ќе кажам нешто по мое: Човекот треба да се прифати себе си таков каков што е! На неговата среќа не може да влијае ништо однадвор! А, поконкретно за дебелината - сите подебели да се трудат да ослабат исклучиво поради здравјето! Многу болести произлегуваат од дебелината. Затоа.
Дали си дебел или слаб тоа си е наше! Некој има проблем со тежината додека некој очајно сака уште некое килце!
Вака женски, докажано е дека со внесување на храната во организмот, во желудникот се активира хормонот на “среќата“. Јас барем кога јадам се чувстувам многу исполнето xaxax. За моите 175 цм, овие 60 кг што ги имам би кажала дека ми се таман, ама па коа ќе се видам у огледало имам чувство дека имам 3-4 кг вишок. Значи се е до градбата на телото и до метаболизмот Лично сум имала периоди кога ми било срам да се наведнам затоа што стомакот ми испливува од панталоните, ма да кога јадам заборавам на тоа...
Јас мислам дека не постои дебел човек односно дебела девојка што не гледа списание и си вика леле да имам магично стапчеее... Искрено јас да кажам еве сум дебела. Отсекогаш сум била, едноставно таков ми е организмот. Не јадам којзнае колку искрено мислам дека јадам нормално. Сум била на диети цееел мој живот и едно време се откажав и се обидов да се сакам себеси дебела. Ама неуспешно! Се фатив здраво за диета едно 6 месеци и скинав 20кг. Бев супер. Одма самодоверба се крева, идеш на шопинг со мерак, им се допаѓаш на момците... Сега за жал немам услови и за никаков режим и си ги вратив тие 20кг ама едвај чекам да се вратам(моментално живеам во странство) и да се стаам пак на диета. Искрено би сакала да запознаам девојка која е дебела и на која никогаш не и влијаело кој што ке каже за неа туку баш си била срекна со својата дебелина. А, што се однесува на облекувањето секогаш сум се обекувала прикладно колку и да мислам дека тоа парче е "ТЕТКИНСКО" Многу се грозам коа ке видам некоја 90 кила облекла мини и свилена хулахопка...
Ја мразам дебелината.Сфаќам дека има луѓе кај кои тоа е генетски и нормално кога е генетски е потешко да се ослаби...но ме нервираат луѓе посебно родители кои им пикаат на децата се што треба и не треба.А посебно се ежам кога ќе видам некое мало детенце цело надуено како буре...многу неодговорно
Незнам што толку се опседнувате со тежината навистина. И што ако некој сака али ете неможе, не од болест туку од некои други причини!? Што сега, зар треба со него да се однесуваме како со животно и да не го сметаме за индивидуа во општеството. Доста со предрасудите, затоа таквите најмалку просперирате и после се чудите како таа/тој има повеќе од тоа што имам јас. Дај имајте самодоверба А за тоа што го кажавте се грозите ако видите некоја од 90 кила во суќња минич, и ред друго.. гадно е. Али правете разлика во облеката и личноста.
некое кило плус и не можам да го наречам дебелина но сепак како е навикнато телото, како самите се гледате и како сакате другите да ве гледаат. Најбитно е вие да си се сакате себеси какви и да сте, дебелината е променлива категорија но личноста на човекот т.е карактерот останува.
Мислам дека не е тоа дека се среќни што се дебели, туку дека се прифатиле такви какви што се. Не верувам дека постои девојка која не сака да изгледа убаво и привлечно, со затегнато тело. Но како и да е, подобро да се прифатиш себеси и своите физички мани, отколку да патиш од комплекси. Бидејќи што и да правиш и да менуваш понатаму на своето тело, никогаш нема да ти биде доволно и никогаш нема да се задоволиш со изгледот.
Ете јас сум слаба, а една од моите најдобри другарки е дебела. Ја знам веќе 5 години, па ниту еднаш не ми има речено "ех камо да бев слаба како тебе". Ми има велено не знам колку пати дека ќе ја почне оваа или онаа диета, две лета со ред одеше на фитнес, но јас не забележувам некои резултати. Никогаш ама баш никогаш не и имам речено треба да ослабеш. Знам дека и е непријатно и дека и е незгодна тема. Но, тоа што е дебела не ја прави помалку среќна од мене. Можеби и ја намалува самодовербата, али за среќата баш и не верувам. Има другарки, има семејство кое ја сака премногу. А, дебелината е минлива работа. Можеби денес е дебела, но за еден месец можам да ја видам со -10 кила.
Мене искрено ми е смешно кога некоја ќе рече:"Убаво ми е што сум дебела, а сакам да ослабам заради другите да не ме гледат како чудак" - Жити се? Епа нека се тешат и лажат самите себе. Ќе тргнам од себе. Бев девојка со нормална тежина, имав 60 кила. Арно ама, во рок од година и пол се направив 83 кила!! И не, никој не може да ми каже дека сум била убава. Среќна бев, да, излегував, се дружев, ама имав приметено дека помалку ме загледуваат од порано, ги немаше шмекањата кои јас многу си ги љубам. Дојди време да си купиш нова облека, ми се допаѓаа многу работи, арно ама не можев да си ги купам зошто не ми стоеа убаво а не ме ни собираа! И на крај купуваш нешто онака шо ти се свиѓа, колку да не се вратиш со празни раце. Нормално сакаш да се подновиш. Фала му на бога тоа не траеше долго и се свестив и се решив дека ќе ослабам и крај. Па сега си имам 64 кила, во план сум уште 5 да скинам и толку. Не сакам на крај краева да бидам преслаба, 52-53 кила се премалку и не ми изгледa убаво. И да, поубаво ми е вака! Мерак ми е и можам да си облечам што сакам, се чувствувам преубаво кога ќе се видам на огледало (дури понекогаш ми доаѓа да си го бацнам огледалото ), и се чувствувам секси и повторно се тука шмекањата. А признавам сум рекла кога бев 83 кила онака, :"баш си сум уба" . Али тоа кога ќе ми збореа од дома да ослабам и до каде сум стигнала и до кај планирам да одам, и онака од шо ми скурчиле веќе секој ден истото го слушаш. На крај краева, јас си се сакав стварно, се дотерував, ама не е тоа тоа, гледаш дека си дебелка и јасно ти е тоа али тешко ти е да се одвикнеш помалку да јадеш. И на крај, се тешиш да речам и си викаш па баш ми е убаво што сум дебела. Најлошата мисла! Ова никако не треба да се помисли, туку треба да се свестиш да застанеш пред огледало и да речеш:"Да, дебела сум и ова не оди веќе" И нема тоа врска со самодовербата , единствена работа е тука што не се бендисуваш физички, тоа не значи дека си глуп или дека не треба да излезеш и да се мразиш себеси. Глупости. Само не ми продавајте пуфки дека ви е убаво кога не ве собира облеката или не ви стои ич убаво. Го поминав тоа и никој не може да ме убеди дека му е убаво што е дебел, туку мора малку жртва мрдање газенцето од дома и помалку јадење. Никакви гладувања. И секој го може тоа, секој!
И мене ми се случи истото што и тебе. Како дете си бев цврсто и набиено ,ни дебело ни слабо,благодарение на тоа што се бавам со спорт од мали години. Кога почнаа хормоните да работат ,нормално ,почнав веќе да се оформувам како девојка ,си пораснав ,си стигнав до 55 килограми кои ми беа таман за висината и баш онака спортски си изгледав. Кон крајот на седмо одделение ,почнав да се поправам ,но не омекнав ,туку ми се формира еден слој на цврсто салло ,дури и чудно ми беше.Во тој период достигнав тежина од 63 кг и си велев нормално е ,бидејќи сеуште растам.Искрено ,не се загрижував премногу баш поради фактот дека секојдневно сум физички ангажирана ,што бараше многу енергија. До крајот на осмо одделение стигнав до мојот максимум од 75 килограми(на тогашни 155 цм висина) ,исто колку што имаше мајка ми на своите 165. Понекогаш ми паѓаше атер кога ќе видев некоја девојка со помали облини од моите ,но најискрено не сакав да ослабам од страв дека ќе ми се смали задникот ,кој го обожавав таков голем и топчест. Еден период ми се случија нагли промени во крвниот притисок - од 90/60 ,колку што ми е нормален ,ми се креваше на 150/100 ,што веднаш си го поврзав со зголемениот број на килограми. Ме подзаплаши ,но пак не сакав да ослабам ,ми се чини дека тогаш 70% од самодовербата ми беше во задникот. Се сметав себеси за доста попривлечна од останатите девојки токму поради тоа ,ми даваше некоја посебна женствена нота без која не би знаела како да функционирам. Момчињата ме обожаваа ,девојките ме сакаа во нивно друштво ,јас ,што е најважно се гледав како најубава. Но здравјето ми страдаше. Не помина долго време ,мајка ми ме седна здраво на маса и ми кажа директно дека смета дека би било многу подобро за мене кога би ги симнала тие вишок килограми,не можеше повеќе да ме гледа како се мачам. Ме навреди со нејзинот коментар ,но прифатив ,за инает ама не знам за чиј. Ја почнав диетата од Жан Митрев ,одев стриктно по неа без никакви прекршувања и до полуматурата имав симнато 9 килограми. Се чувствував толку подобро ,поздраво ,посекси ... Потоа ,продолжив да следам еден режим на исхрана и за месец дена стигнав до 55,мојата идеална тежина. Оттогаш гледам да не качам повеќе од шеесет килограми ( што ми се нема случено од зимоска) ,држам една константа од 52-53 кг и супер ми е.
Неколку страни нанзад, кога Сесилија им го зборуваше оваа, сите цврсто си стоеја на својот став дека им е убаво што се дебели, ама сакаат да ослабат заради тоа што другите ги гледале чудно и им довикувале на улица. Или дека некои како Сесилија се дрзнувале да им зборуваат зошто пишуваат во темите за диета, кога си се сакаат со своите килограми. Заради таквите како неа се обидувале да ослабат Според мене ваквите личности само си се тешат самите себе или уште полошо сами себе се лажат. Ако ти е убаво што си дебела, нема да ти биде гајле кој што зборува. Ти се сакаш таква. Верувам и другите ќе те прифатат како таква. И мислам дека темата оди или одеше во многу погрешен правец. Прашањето е дали си среќна со твоите килограми, а не дали си среќна воопшто во животот. На кое сите одговараа дека се среќни многу, дека се опкружени со луѓе што ги сакаат. А ако си среќна со твоите килограми (верувам дека овие девојки се ретки) тогаш нема да се трудиш да ослабиш. Си се прифатил и се сакаш таков како што си.