Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Убаво ми е што сум дебела...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 16 октомври 2010.

  1. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Гледам дека погрешно одеше темата, затоа и решив да пишам.

    И нагласив дека бев среќна во животот нормално, ама со килограмите не бев. Како може да си среќен со килограмите ако имаш 15 кила вишок? Никој не спомна тука дека си несреќен во ЖИВОТОТ ако си дебел, напротив може да си имаш и фамилија, среќни да сте, убава работа...

    Ама! - Ќе бидеш незадоволна од физичкиот изглед, тоа е факт.

    Али ако некој планира да си инаети на темава, наместо да си признае дека сака за себе да ослабе а не за другите, нека си продолжи, шо да речам.
    За кого да слабеам бе?
    Па лично за мене е тоа.
    Го заболе мадето на некој ако се напрам стока од 150 кила, јас ќе си бидам ко бочва за вино! И триста проблеми со здравјето.
    Ајде што и физички не изгледа убаво, пред се и нездраво е.
    Јас од нагло здебелување 23 кила значи во година и пол, кренав притисок у пизду материну. 170 ми беше, цела недела тогаш како да лебдев, очиве потечени ко жаба, маснотии на граница... ужас. Па докторот само што ме виде ми рече на 19 години толкава тежина, сместа да ослабиш. Арно ама јас си бев веке една недела започната пред да ми го рече тоа. :lol: И за неколку месеци си ослабев. Секој ама секој може да го постигне тоа што сака ако навистина се потруди.
     
    На La.Reina.Del.Sur, Monchence, Miss-dior и 6 други им се допаѓа ова.
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Батерфлај, и Лакримоса- фала ви, тоа ми беше поентата.
    Дали си среќен со сопствениот изглед, а не дали си воопшто среќен во животот.

    А според мене ако си се сакаш побуцкаст и ти е убаво во сопствената кожа, тогаш нема да држиш диети и да пишуваш како успешно слабееш и си среќен поради тоа.

    Да се разбереме, мене ми е мило кога некој држи диета и ослабел- со тоа покажува дека има карактер, ама не може да викаш дека така си се сакаш 100%, не ти сметаат килограмите, а од др страна по секоја цена сакаш да ги симнеш- и после немало парадокс :) .

    А тоа дали си среќен во животот е сосема друга тема, меѓутоа според мене оној кој што е задоволен од сликата кога ќе се погледне во огледало е човек со поголема самодоверба која понатаму се рефлектира и во другите животни полиња.
     
    На kristina.k, Sparks, lolyta777 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Можеш да биде среќен, без да бидеш задоволен од изгледот, тоа се две различни работи според мене.
    Жално е што некои луѓе живеат со ограничени мислења, мислам, нели е бедно да кажеш дека дечко ти би те откачил за некоја поатрактивна од тебе? Површност до плафон.

    Ај да не разглабаме кавги, мислам дека темава ќе биде заклучена. :D
     
  4. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Зборувате за веќе тешка психологија. Бев дебела заради хормонски пореметувања ама не го знаев тоа ниту јас ниту било кој. Мајками е совршена жена, сестрами одсекогаш била слаба, само јас бев како топка. Од сите страни фрчеа навреди за мојата дебелина. Дури и мајка ми и татко ми ми велеа дека сум како свиња. Две години држев диети и вежбав ама резултати немаше. Тогаш имав 16 год и се чувствував за нигде. Тврдев дека ми е убаво така и дека сите што се или сакаат да бидат слаби се површни. Дури кога разбрав за хормоналните пореметувања примав лекови и држев диета. Ослабев 25 кг. и сега можам да кажам дека колку и да лажев дека ми е убаво така јас се чувсттвував многу ниско и секогаш се криев под широката облека. Е сега ми е навистина убаво!
     
    На SanjaBucka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    убаво ми е што сум дебела :o малееееееееееееее виц на денот...не гледам во што е убавината тука но нејси тешете се и понатаму
     
  6. SanjaBucka

    SanjaBucka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    460
    Deepblue, нема таков човек што се теши дека му е убаво што е дебел. Колку погрешно е разбрана темава ... Дебела сум, и ги имам сите доблести на животов, и среќна сум, но не сум среќна што сум дебела и што сум дозволила да ја достигнам оваа тежина, дури понекогаш не знам во кој тип на луѓе да се ставам, дали во крајно неразбрани или крајно неодговорни, а просто зачудувачки е колку сум спротивно од тие типови, значи крајно разбрана и крајно одговорна. Но ете, дебела сум. И слабеев/слабеам, ради никој друг, туку ради мене и моето здравје (фала му на Бога до сега не ме изневерило, ама не сакам да дочекам или да дојде до таков момент). Но најискрено, додека да се случи моментот идеална тежина, јас уживам и се сакам ваква, можеби е тоа така зашто јас не знам како би изгледала кога би била слаба, од 3 години сум буце, постепено качував откако ги извадив крајниците. Не сум била на идеална тежина, па да речам качив и ми сметаат и се срамам, и одам со наведната глава, и ми се потсмеваат и морам да ослабам или косите ќе си ги искубам, тоа го нема кај мене. Без разлика како изгледам, секогаш сум насмеана и со крената глава. Не се срамам од тоа што сум, битно ми е дека секогаш сум јас, дома, надвор, пред сите, на луѓето им е пријатно во мое присуство , како и на мене во нивно ... И да, ќе кажам дека не е лесно да се изгубат килограмите, особено кога си таков гурман и голем мајстор во кујната, но колку и да ми е тешко тоа во моментов, ќе истраам овој пат, но овој пат и не само ради мене, туку ради 7 луѓе, моите родители и моите најдобри другари, искрено не можам да ја поднесам болката во нивниот поглед кој ми го упатуваат на моменти, болката која им е создадена затоа што се грижат многу, бидејќи дебелината е болест .... Нема утеха за тоа, за жал тоа е факт непобитен. Го пишувам ова само ради тоа што познавам многу дебели луѓе кои од вакви коментари не излегуваат од дома, затоа што се исмејувани, јас не сум таков случај, ама сочувствувам со нив, доста такви ми поминале низ раце и се прекрасни личности, ама ја изгубиле самодовербата, а тешко е да му повратиш самодоверба на еден човек откако ќе ја изгуби видно... Дебели ама среќни, ДА .. Убаво чувство дека си дебел, НЕ! Но не можеш да се јадосуваш и да тонеш додека да се среди тоа, потребен е период, а за време на тој период јас одлучив да бидам среќна и да го зграпчам секој момент, без разлика што не ми е убаво што сум дебела, битно среќна сум!
    Убава вечер DeepBlue, убава вечер драги феминци, Ве гушкам и бакнувам!
     
    На Annath, BlackSwan5, anuskaNESTLE и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Океј,мислење од машка страна.
    Поголемиот процент од машките мразат рамен стомак,ребра и карлични коски. Која е сатисфакцијата да легнеш со момичката,ја фаќаш за половина и и викаш: Oу маче,која коска ја имаш,готово,се напалив.
    Цвету мој,може да ти засвирам хармоника на ребрата,те молам?
    Не. Машкото сака месо,машкото сака кога ќе фати да фати нешто меко,дури и за изглед облина изгледа многу подобро од слабо. Дури и во екстремности,попрво би отишол со најдебелата жена на свет отколку со скелет. Машките сакаат девојка со самодоверба,девојка која ќе ужива во она што го има,и по можност да не се жали секои 5 минути за тоа дали има спојлер,браник,ретровизор или што и да е. Тоа што ви се набиваат комплекси постојано гледајќи модели по телевизија и како тоа они се слаби и витки и се тоа ви дава погрешна претстава. Диета никогаш не е решение,многу од феминките се сеуште во фаза на раст и си играат дрндупки со желудникот,и постојано бараат изговор да не вежбаат,и држат диета,смалуваат одредена килажа која потоа ќе ја вратат јадејќи од досада или од нервоза. Муабетот со:Извини,јас не слабеам за други,слабеам за себе,не ви држи вода. Тогаш немало ни да се дозволите да се здебелите. Иако најчесто тоа што вие го сметате за дебело јас го сметам за привлечно. Најбитно е вие да се чувствувате убаво,тоа што понекогаш другите мислат дека вие сте дебели или било што не е никаков знак,зошто понекогаш и тоа е прашање на вкус.
     
    На zarah, La.Reina.Del.Sur, Strumfeta93 и 19 други им се допаѓа ова.
  8. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    м
    ДА,АМА ОВОЈ МОЈОВ СТАЛНО МИ ВИКА ДА ОСЛАБАМ А НЕ СУМ ДЕБЕЛА ОКОЛУ 55КГ.ИЛИ СЕ РАБОТИ ЗА РАЗЛИЧЕН ВКУС НА МАШКОТО?
     
  9. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    А ти може со цел ум го слушаш или па му ќутиш на тоа, а не дај Боже па стварно да мислиш да слабеиш?!
    Мене така да ми рече, дечко фино лепо, ако не ти се свиѓам, а сум си сигурна во мојата тежина дека ми е таманска, ете ти ја вратата.
     
    На SanjaBucka и ludoto19 им се допаѓа ова.
  10. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43


    Не дека го слушам ама ме боли и ме криво што не сум идеална во неговите очи.Кога ме запозна бев слаба ,а за жал само слабите он ги смета за сексапилни...И да ,му реков да си најде друга ако не му чинам,и престанува и по некое време :@ пак истата приказна....
     
  11. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Леле,па дечко ти те сака тебе или твоето тело????
    И 55кг се многу :o :^) Јас имам 48 и едвај чекам да ги направам тие 55кг,сега зависи и од висината,ама кога ти веќе си се сакаш,ич да не ти е гајле.Тој идеален ли е? Како може така да ти вели :@
    Фино лепо кажи му да си најде манекенка,ај да видиме дали
    ќе ја најде :P
     
  12. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    1.66сум висока .Не е идеален,ама он бил машко...Е баш ќе му речам да си најде менекенка за да му го видам изразот на лицето :lol: .Многу ти благодарам на советот :hai:
     
  13. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Дали момакот стварно 55 кила ги смета за дебелина? Оф леле,јасно ми беше дека повеќето машки се свињи,али бар у овој поглед сметав дека се понормални. Немој да слабееш за него,ако ти си се сакаш таква каква што си,уживај си у тоа што го имаш и тоа е тоа. Затоа што ако на еден не му се сфиѓа како изгледаш,друг го обожава твојот изглед,а 55 кила се сосем нормална тежина. И уште еден совет,ако тој пробува постојано да смени нешто кај тебе,тоа значи дека не може да те прифати таква каква што си всушност. Тоа не е добра работа. Или нека те прифати таква каква што си,или нека не си игра со тебе,па не си ти пластелин.
     
  14. SanjaBucka

    SanjaBucka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    460
    Aх бе мацо бе, ти изгледа дозволуваш многу .. ако не му чиниш на дечко ти со 55 кг. тогаш или тој претерува или е мис Еспања ебате, некој латино момак што мисли дека се' се врти околу него. Не дозволувај такво однесување и непочит, ќе се каеш утре за тоа, има и други момци на овој свет.. Секако ти последна одлучуваш, тоа е само мое мислење, а твоја одлука .. Се надевам дека со кој и да си, ќе бидеш идеална за него и со 10кг плус да си .. ;) .. Цени се себе си, ако не се цениш ти, не чекувај дека другите ќе го прават тоа ;)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    фала ви на сите,ќе се обидам да му укажам дека тоа навистина ме повредува.Па не дека е латино момче,но многу е избирлив,и вашите мислења само ми покажаа дека и да ослабнам тој никогаш нема да ме прифати целосно,а тоа е знак дека не ме сака доволно.Ми се смачи да се корегирам во се и сешто а тој сепак не знае да го цени тоа.А барем да бев дебела ,самата ќе проценев и немаше да чекам он да ми каже.И после пак ми прави љубоморни сцени од типот:ќе си најдеш друг,а и многу често ми префрлува што за еден мој бивши држев диета а за него не сум го правела истото
    :^)
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. zanana

    zanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски

    Некако ме снема од темава =) а се пишувало, се дискутирало...ехеее... Те цитирам тебе, Сесилија, бидејќи некако те сфатив што сакаш да кажеш =) е сега уште јас да кажам и да бидам сфатена, па мирна Босна =)

    Моментот кога одлучив дека сакам да ослабнам, и верувајте највеќе од инает, да покажам дека СУМ карактер =) ослабнав 30% од телесната тежина...1/3 од мене замина некаде =) Е! После трансформацијата МЕНЕ ми беше потешко, од психички аспект: грижа на совест после изедено јадење, потресување на секој покачен 1кг...и одеднаш се фатив себе како 80% од енергијата ја трошам само и само на замарање околу килограмите. Да напоменам, не бев дебелка од хормонски пореметувања, бев дебелка бидејќи си уживав во јадењето. И денес СУМ послаба, ама не помнам кога последен пат сум јадела раат...Без броење на залаци, без грижа на совест и сл. И размислував дали вредеше да си го трампам уживањето за комплименти и полесно наоѓање гардероба =) Од гурман се претворив во лижач преку џам =) А, и ова да напоменам- моето гурманство не се состоеше од јадење по цело прасе за ручек, ами си сакав(м) мешкани работи, млешни производи, бел леб (не векна)...Е па за сите тие нешта денес знам дека ми шкодат, ама не сум заборавила колку се вкусни...

    Се на се, денес сум пациент со напола испран мозок =) И можеби потенцијалниот висок холестерол се претвори во потенцијално психичко пореметување =)

    И сега конечниот став: Не се дебелите луѓе хендикепирани, па да ги жалиме, ниту пак се оперирани од чувства, па да ги вреѓаме... И до сите девојки чиј метаболизам толерира до 2 буреци во неделата да бидат изедени и да останат неприметени, бидете среќни...бескрајно среќни...и само среќни! Немојте да држите предавања за здрава исхрана и како е таа лесна за практикување...имајте на ум дека постојат доста блантави работи =)

    Ај доста е...денес ми е овошен ден, па решив вака да се занимавам =)
    п.с. Зошто не е сирењњето овошје?! О зошто? =)
     
  17. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Кратко и јасно! Не ми е убаво!
    И ако кажам дека сакам да ослабам само поради мене ќе излажам!
    Сакам да ослабам за да едноставно бидам поубава.
    Секако дека пред се е за мене, ама големо влијание има мислењето на другите.
    И кога знаеш дека сите се стремат кон тоа да бидат како манакенки, а ти се гледаш со 6543543 плус килограми и си викаш ОК! На диета :)
    А и подруго е малце да поднамалиш одма поубаво се чувствуваш, посамоуверено , идеш одма на шопинг.
    Си ги ставаш старите алишта кои ти се широки и ти паѓаат и едноставно си СРЕЌЕН! :D :D
    Можеби има такви коишто се задоволни иако имаат на нив повеќе килограми од нормалата, ама јас не сум една од нив. :)
     
    На MorticiaAddams му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Сте направиле каша и попара од темава :D
    Ајде и јас да го дадам своето мислење. Значи, темава не е дали дебелите луѓе се општо среќни во животот, туку дали се среќни со својата тежина, т.е. дали си го сакаат своето тело такво какво што им е?
    И кој што сака нека рече, ама јас сум сигурна дека секој кој што има вишок килограми барем еднаш посакал да биде послаб, да има поубаво, посекси тело. И не е тоа заради што ќе речат другите, туку заради себе, ти едноставно се чувствуваш поубаво кога си послаб. Исто така, точно е дека и дебел човек може да блика од самодоверба, но ако тој дебел човек ослабне, самодовербата гарант ќе му се покрене на уште повисоко ниво. Зашто и од самодоверба до самодоверба има разлика. Дебела девојка може има самодоверба од аспект на својата интелигенција, смисол за хумор, успешна кариера...Но истата таа девојка сигурно нема да чувствува самодоверба облечена во кратко, припиено фустанче, каде што секој грам сало доаѓа до израз.
    И смешно ми е тврдењето дека сакате да ослабните заради злобните усти на другите, заради тоа што слабите девојки го мислат за вас? Ма дај, малку ли постови сум прочитала по другите теми како не ви е гајле за мислењето на другите, како вие живеете само за себе и за никој друг? Ете ви уште еден парадокс.

    За крај, да кажам дека сега и јас имам вишок. И тоа не малку, туку 10 килограми. Да, ги немав до пред два месеци, но сега ги имам. И не се чувствувам убаво во моето тело. И сакам да ослабнам заради себе.
    Затоа што јас
    се чувствувам поубаво во сопственото тело и се восхитувам на тоа што го гледам во огледалото
    шопингот повторно станува забавен
    се чувствувам убаво во тесни фармерки, маички, кратки фустанчиња
    самодовербата ми е на повисоко ниво

    И ќе ослабнам. И да повторам, ќе го направам тоа за себе, а не заради другите.
     
    На nela.oh, butterfly.93, guguence и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    На ниедна девојка, дечко било што, не им е сеедно ако се дебели. Во себе секогаш ги копкаат навредите, потсмевите и погледите у стил втф. На никој не му е сеедно ако му виси сало под маицата, не може да си ги облече омилените фармерки.. Тоа е само маска за луѓето да престанат, на некој начин да ги замолчи, ама стара маска. Откриена. Сега на сите им е јасно дека кога ќе кажеш океј ми е што сум саласта, не ти е ни о од океј. Во нивниот поглед се гледа зависта кога ќе погледнат некоја јака женска по град или кога ќе видат манекенка. Сакаат такво тело, ама малку се тие ретките примероци како Валерин што се трудат да имаат такво тело. Валерин - инспирираш! :bow: :)
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  20. patika19

    patika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    А ми дебели и среќни :D :D
    Се зезам. И јас мислам дека нема таков човек кој сака да е дебел или е задоволен со тоа. Не зборувам за оние со 4-5 килца вишок туку за оние кои се екстра дебели. Кога ке ги видам некои како слонови се направите и ќе речат си го сакале телото. Ма иди бегај бре.. кого лажат? Другите или самите се лажат? Глупости бе..