Јас сум дебела и не сум среќна поради тоа ! Се мразам а и можам да кажам дека веќе имам набиено комплекс поради ова Мислам дека секој коментар кој го слушам за тежина и килограми се однесува на мене, што е ептен фрустрирачки. Сите велат „ееј има време, ќе ослабнеш“, ама не е така. Очајна сум да ослабнам, буквално се изгладнувам (што веќе почна да се манифестира-негативно). Мразам шопинг (затоа што кога ќе влезам во некој бутик се плашам од одговорот „немаме ништо за тебе“), мразам да излегувам (зошто мислам дека сите ќе ме озборуваат и ќе коментираат работи од типот „види ја свињава“ или „се погледнала ли во огледало пред да излезе?“) . И не ги мразам слабите, само го мразам фактот што и јас не сум како нив
Е слаба сум... Никако не можам да се здебелеам...ама и несакам! (не дека сум многу слаба ама така на изглед не изгледа добро тоа)
Значи вака мојата сторија..... Од кога памтам засебе бев буцкасто девојче. Мајка ми ме носела по сите болници зошто сум единствена во фамилијата со овој проблем. Во 7мо одд бев кај Тања Турунџиева со чија помош ослабев од 84 на 74. Потоа се откажав и вратив ненормална тежина односно се качив на 98 кг во 2ра година Ноември 2010та. Ми беше тешко сите другарки слаби само јас буцка.Сакав да ослабнам сакав да живеам нормално сакав да сум како сите останати НОРМАЛНИ ДЕВОЈКИ. Неможев да издржам зошто имам сестри и од нив алишта да носам се што носев беше огромни бројки специјално купени замене. Најтешкиот дел во мојот живот беше кога почнав да држам диета. Тоа беше Ноември со 98кг почнав и почнав да слабеам буквално СЕ СТОПИВ. Сега по здравиот начин на исхрана по речиси 1ипол година ослабев на 76кг и да сега сум на половина пат решена сум да ослабнам зошто да, ДЕБЕЛИНАТА Е БОЛЕСТ на психата. Тешко им е на девојките што се дебели да решат да слабеат. Но кога ќе решат тоа е решено пример сум Јас. Планирам до 2013та односно за мојата матурска да бидам нормална девојка со нормална тежина.
Добро е што си решила сама да ослабиш, но на здрав начин,никако да се изгладнуваш себе си и да си го доведеш во ризик своето здравје.Повеќе јади овошје,зеченчук,протеини и повеќе физичка активност.Секако,јас не сум стручњак за да те советувам што да правиш и како,си има компетентни лица за тоа,но те советувам како што правам јас.Имај самодоверба в осамата себеси и че ја доведеш во ред твојата килажа. Не дозволувај мислењето на другите да те повреди,да те одврати од мислата да ја доведиш во ред твојата килажа и не губи самодоверба,ти можеш да го постигнеш посакуваниот резултат. Да не бидам офф топик и јас имам проблеми со килажата ми варира,не сум имала толку голема колку што е твојата и на некои други девојки, но со истиот третман секогаш ја доведувам во нормала.Значи не губи самодоверба и се ќе биде ок ќе се гордееш со самата себеси и твоето тело по некое време. Се најдобро.
Охо, да си кажам и ја мое скромно мислење во оваа тема. Не сум среќна со мојата тежина (значи конкретно зборам за мојата тежина а не за животот), не , не ... не сум! Сакам да ослабнам некое Кг, ради себе. Бидејки дебелината е - болест. Не е убаво за нас самите, а за околината што ке збори не ми е гајле, ама ич! Многу велат со ова што ке го пишам подоле - се правдаш само , ама не, ова не е оправдување од девојка со некој кг вишок! Имено јас лично не јадам прекумерено , но истото е одраз на тоа што храната ја внесувам во погрешно време а и тука се небалансираните оброци, бидејки за истите за потребни пари! а кога нема се- тогаш ке јадеш што ти дојде при рака, што се вели. Иако сум доста физички активна.. ет. Имам проблем со тежината и не се срамам, не! не се затварам во себе, нит сум глупа нит луда. Не се преценувам само сум реална. Овие два дена гледам да внесувам колку - толку балансирани оброци и ке продолжам и понатаму. Сакам да ослабнам и ке успеам, тоа е долг процес и потребно е доста воља, упорност, ама на крај - упорноста се секогаш исплатува. Не доваѓа ми на памет да земам некои таблети за слабеење, ај што сум финансиски слаба, тоа на страна, ами тоа што се штетни. 2 Кг нека симнам месечно ама нека биди здраво. Точно дека и вишокот на кг не е здраво, ама пак за таблети за слабеење на долази у обзир. Имав во план да почнам да „работам„ на случајот тек за 3-4 месеци (од финансиски причини) но не секогаш излага онака као што сме планирале и/или замислиле, па затоа, денес од здраствени причини морам да оделувам од гуша-душа за балансирани оброци и да намалувам лека - полека. Јбг, примитивни сваќања. шта чеш.
ilipili Па мораше да има кажам на останатите девојки (што ги делиме истиот проблем дека има успешни приказни). Сакам да ги мотивирам луѓето околу мене да почнат да живеат за себе и да го направат својот сон-вистина. Се разбира дека нема да се откажам. Спојлер Ти благодарам многу се разбирањето и подршката
Како најосновна работа, постов го пишувам од свое лично искуство и најискрено сметам дека НИКОЈ друг не може да знае како е, освен оној кој имал прекумерна тежина. Естетски, на речиси никој човек со вишок килограми не би можело да му биде убаво. Проблем е при физичка активност, не можеш нормално да ги извршуваш секојдневните обврски (зборувам од врзување патики, па натака), тешко е да пронајдеш соодветна облека, се создаваат комплекси и сл. Плус, дебелината е причина за создавање на многу болести, здравјето е пред се`. Меѓутоа, доколку на некој не му претставува сето ова проблем, тогаш се` паѓа во вода. Како што веќе имам спомнато во предходните теми, за 3 месеци успеав да ослабам 24 килограми. Уште не сум како што треба, ама далеку е од тоа што беше. Мислев дека дебелината е единствениот мој проблем и дека ако ослабам сите повеќе ќе ме ценат, нема да имам проблеми и ќе живеам полесно. Меѓутоа сега сфаќам колку многу згрешив. Јас сум истата таа Вајлд, исто прифатена од останатите, само што бројот на фармерките ми е помал. Доколку некој сакаш, ќе го цениш и покрај тоа колку килограми вишок има. Доколку некој е добар, ќе бидеш добар со него без разлика на тоа колкав обем има околу стомакот. Можно е да има и дебели, и среќни луѓе, но во оваа држава со конзервативни сфаќања е многу тешко. Не велам дека треба сите да стануваме огромни, напротив, меѓутоа доколку некој така одлучил и не му претставува проблем, тогаш не е моја работа да се замарам.
Прво да и кажам браво на Вајлд за упорноста и успехот што го постигнала, и ги намалила килограмите. Не верувам дека на некој му е убаво што е дебел. Не е здраво, прво не е здраво. Не изгледа убаво. Не гледам радост во тоа да не си најдеш соодветен број фармерки, да треба да бараш низ цел град додека да ги најдеш, да не можеш да си облечеш нешто оти едноставно не те собира во тоа или ти е кнап. Не е радост да се заморуваш од еден истрчан круг.
Вајлд алал да ти е на упорноста..туку дај кажувај како успеа па и ние да пробаме да видиме..... Искрено имам и јас некое килце повеќе и во некои моменти не ми е баш пријатно и не се чуствувам добро па во такви моменти ми иде никогаш повеќе да не земам да јадам до 8 одд имав големи комплекси секогаш носев по теми бои со цел да се прикријам но некако го надминав тоа сега имам повеќе самодоверба но не е тоа тоа сепак страв ми е за здравјето
Значи дебелината се смета како болест.Јас немам проблеми со дебелина или вишок а килограми меѓутоа познавам многу млади девојки кои имаат прекумерна телесна тежина.Не сакам никого да дискриминирам или пак да навредам,но според мене оваа болест или состојба како да ја наречам е сама по себе дојдена,односно предизвикана со свест,односно нема девојка или момче што сака а не може да ослаби или пак да внимава на својата исхрана.Значи никој не се родил дебел/а ,подоцна преку исхраната се пореметува метаболизмот на масти и се создава вишок на сало.Грешката кај повеќето луѓе е што прво не се задоволни од својата личност,од својата психа и имаат многу набиени комплекси,па се препуштаат на задоволството наречено храна.Недоволната физичка активност,небалансирана и еднолична исхрана,цигари,алхокол,нередовно спиење,масна храна се причинители на оваа состојба.А да не набројувам какви се последици има од дијабетес па се до анорексија,булимија,психички проблеми.И да кога би била дебела сигурно не би ми било убаво.Затоа што денот не би требало да се состои од стани,јади,седи,јади,легни туку треба да има почести помали обраци богати со минерали,витамини,кои ќе ги задоволуваат дневните потреби но нема да доведат до пренајаденост или подуеност.И за на крај само со мотивација за нормален здрав живот со убаво,цврсто тело треба да се промени прво психичкиот став,а потоа и животниот стил ќе се отклони оваа состојба.ЈАДЕМЕ ЗА ДА ЖИВЕЕМЕ ИЛИ ЖИВЕЕМЕ ЗА ДА ЈАДЕМЕ?
не дека сум дебела нешо многу или раширена у газот него ми виси стомачето малце инче не сум висока и слаба него сум си ниска и буцкаста ама не се бендисуем нешо
Сум пишала и претходно ама тврдам на никој не му е убаво кога има вишок килограми или кога е дебел. И да, претходно се збореше за среќа ама не е во тоа работата. Среќата зависи од други фактори ама дефинитивно самодовербата не може да ја имаш ако имаш прекумерена тежина и се што ќе облечеш не ти стои. Имав некои 15 килограми вишок и воопшто не ми беше убаво. Некој ќе рече дека тоа сепак не е многу ама сметаат. Едно е кога си слаба, си имаш убаво тело и се ти стои. Сега имам некои 5-6 вишок и мислам дека ќе се преродам кога и тие ќе ги симнам. Не знам ни што толку чекав за да почнам со диети, си велев има време де, не сум толку поправена ама ако не стопирав којзнае уште колку ќе качев. Особено што имам ептен спор метаболизам. Дефинитивно се чувствувам подобро во аспект на тоа. Затоа не може некој да ме убедува дека му е убаво што има вишок, дека тоа не му претставува проблем. Значи претставува и тоа голем. И искрено не можам да разберам личности што не се ни трудат да го променат тоа и удараат на јадење мрсна храна и сендвичи. Единствено оправдувам кога се има некои здравствени проблеми и тоа е сосема оправдано. Но да си здрав и прав а сам себе да се уништуваш со маснотии и јадењето да го ставаш пред доброто тело и пред се здравјето. Е тоа не можам да го разберам. Така да конечен заклучок е дека НЕМА личност на која и е убаво што е дебела или што има вишок на килограми. Немам намера никого да навредам туку само да дадам совет. Значи ако сакате да бидете задоволни од одразот во огледало и место набиени нозе и сало да гледате убаво и секси тело ПРЕВЗЕМЕТЕ НЕШТО. Барем на форумот што ги читам упорните девојки им симнувам капа, значи кога се сака се се може. А овие оправдувања од типот, па јас и ваква се сакам нема потреба да слабеам не ги признавам.
Па не е баш убаво да си дебела.. Мое мислење .. Факт е дека живееме во глупаво општество , каде што не можеме да бидеме прифатени сите подеднакво покрај нашите маани. Вистина е дека и јас имам проблеми со килограмите , па уште од мала возраст почнав да се дебелеам. Пред тоа бев среќно девојченце кое се задоволуваше и со 1/4 чоколада , не сакав да чујам за леб .. кој е главната причина за килограмите кај мене. Се заинтересирав да дознаам што е причината за наглото здебелување. Навистина јас не бев повеќе толку раздвижена , најчесто училиштето и учењето ми одземаа повеќе време и речиси воопшто не се движев , по цели денови останував в соба , па потоа и овоа компјутериве , исто така добро познато е дека when you're bored , you eat . Според крвната група дознав што треба а што не треба да јадам .. Нон-стоп се убедував дека треба да држам диета , но единственото нешто што ми го кочеше овој процес е училиштето . Немав многу време за јадење но кога јадев , јадев огромни порции , исто така имав нередовна исхрана што е подеднакво лошо , јадев се и сешто и кога ќе стигнев. И после крајот на учебнава година решив да почнам со диета и вежбање За овој период од 10 дена имам изгубено 6 килограми , не е воодушевувачки но откажувањето не е никако една од моите особини. Најбитно од се , мислам дека ова не треба да се прави поради другите , т.е да бидете прифатени од општеството , туку .. направете го поради вас , ќе бидете посреќни и позадоволни од себеси !
Nothing tastes as good as skinny feels. - Поздрав од скелетот Кејт Мос. Да си задоволен со својата преку умерена тежина? Во голема рака тогаш не се соочуваме со реалноста, затоа што е.. Тешка Друго логично образложение е дека од толку мрзеливост си кратиме од здравјето и среќата што доаѓа со добро обликуваното тело. Јас до пред 1 година голтав се што ќе ми дојдеше под рака без грижа на совест бидејќи- едно, имам добар метаболизам и второ- редовно се занимавав со спорт. Си имав константна рутина, и убаво тело. Работите се влошија кога спортските активности ги запоставив поради облигациите кои што носеа стрес од страна, а стресот го редуцирав со топол оброк. Парадоксот е срцка. Статиите на Гугл за "СОВРШЕНО ОБЛИКУВАНО ТЕЛО ЗА САМО 10 ДЕНА- ПРОЧИТАЈТЕ КАКО" не носат резултати. Потењето и плачењето на стадион, да. Но кој да го стори тоа? Затоа си се тешиме дека имаме задоволувачка става, се додека не се појават првите знаци на кардио болести или страшниот момент кога треба да ги облечеме купаќите.
Јас ќе бидам кратка на оваа тема. Ќе кажам само дека никому, ама баш никому не му е убаво што е дебел. Насловот на темата е користен како изговор, затоа што го мрзи или не сака да почне со вежбање. Имам искуствво. Како помала почнав да слабеам, и често го користев ова. Ама верувајте кога си дебел и кога си слаб не е исто. А, кога ќе си ги симнеш вишокот кила, кажете дека задоволството е на ниво а?
Па не е убаво да бидеш дебела Тоа е и болест а и не изгледа убаво кога ќе видиш дебел човек.. Без навреда за оние кои се трудат да слабеат, дури им давам подршка се се може ако се сака! Но за оние кои си седат дома и не вежбаат и не држат диета,оние кои чекаат некој со магично стапче да ги направат слаби стварно ми се гади од такви луѓе.
Мислам дека секој сака да биде убав, посакуван и некој да му се восхитува. На секој му е убаво кога ќе чуе пофалби или некој „ех посакувам да изгледав како неа.“, „блазеси и, нема маки и не се грижи како ќе изгледа на плажа,“ итн. Има луѓе кои паѓаат во депресија, се затвора во себе, паѓа психички и губат самодоверба ради прекумерната тежина. Имав јас една другарка која еден период не сакаше од дома да излезе. Се срамеше од себе. Но, има и личности што тоа го затскриваат. Велат „убаво ми е што сум дебела, не ми смета, се сакам каква што сум и ако некој ме сака ќе ме сака ваква.“. А зад тие зборови свесно или несвесно тежнеат и сонуваат некој ден да бидат послаби и посекси. А кој сака да биде дебел? Одговорот е никој. Исто како кога би прашала кој сака да биде грд? За јадењето добро, секој сака да ужива во оброците. А нели би било совршено да се јаде, да се јаде а да не се дебелее? Тогаш ќе сакаат ли да бидат дебели? Тие што викаат „убаво ми е што сум дебела“ всушност сакаат да кажат „убаво ми е да јадам, сакам многу да јадам и иако сакам да бидам слаба и згодна, сепак желбата за храна ми е поголема!“
Нема човек кој несака да биде послаб од тоа што е но сепак има и причина поради која има вишок на килограми ...Секој треба да знае што му стои на телото а не да прави кловн од себе .. На човек со облини му стои поинаков тип на облека , на слаб друг , итн... Мерката во врска за облека подеднакво важи за сите ..
Никој не е роден грд/а Секој си има посебна убавина за него. Ако тебе не ти се допаѓа како изгледа тоа не значи дека е грд/а! Сите имаме различни вкусови а тоа значи дека на некој ќе им се допадне како изгледа тој/таа што ти го нарекуваш грд!