Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Убаво ми е што сум дебела...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 16 октомври 2010.

  1. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски

    НЕ кажав дека луѓето се раѓаат или грди или убави, туку поставив пример дека никој не сака да СЕ ЧУВСТВУВА непривлечен, а со тоа нели паѓа и самодовербата. И никого никогаш не нарекувам грд, зашто свесна сум дека секој има различен вкус и идеал за изгледот. Ниту пак сакам да ги класифицирам луѓето во такви групи: убави и грди, зашто човекот е човек - секој си е убав за себе, и според нечии стандарди тој е привлечен според други не е.
    Туку темата беше дали оние што викаат дека сакаат да бидат дебели го мислат тоа или под тоа се крие некој изговор, тајна желба, а јас реченицата ја искористив само КАКО ПРИМЕР за компарација, да го укажам моето мислење дека дел од луѓето што го велат тоа не го мислат, туку им е еден вид изговор за да можат повеќе да јадат. Лично јас се имам најдено во таква ситуација, ама се имам променето, а и моја блиска личност и се случи истото така да тоа мислење не ми е забајано, или Пуф! одеднаш така да мислам туку имало одредени фактори за да ме наложат за тоа.
    Мислев дека од суштината на целото погорно мислење што го напишав ќе се сфати дека немам лоши или навредливи намери, ама гледам сум погрешила. Зашто ако ситничариме и се фатиме за една реченица во цело мислење, таа може на милион начини да се протумачи.
    :*
     
  2. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.468
    Допаѓања:
    17.163
    Знаеме дека совршенство не постои. Секој си има своја маана, а со некои од нив треба да се помиреме. Јас сум дебела, го знам тоа. И тоа се здебелив одкако ми дојде, а така и се случило и на мајка ми кога и дошло. Мајка ми ми кажуваше дека се водела по строг режим на исхрана уште на 14 години, нон-стоп вежбала, ама не ослабнала. Е сега и јас сум поправена баагимити одкако ми е дојдено. Не ми е убаво, ама ете вежбам колку што можам и гледам да не јадам многу, ама јадам, ете :| .
    Баш прееска пробував ги пробав поланските купачи, и се гледам во огледало и си викам: Како ќе одам јас вака на одмор, како ќе се соблечам у купачи, како? Ама после се тешам дека нема само јас да бидам таму дебела.
    Кога ќе се сетам лани дека не се облекував во купачи, туку мене плажа ми беше шанкот се нервирам. А божем немаше некој подебел од мене, ма имаше многу, ама самоуверени се, годинава решив да се прифатам таква какво што сум си. Секако јас ќе си продолжам да возам ролери, да вежбам колку-толку.
     
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.220
    Допаѓања:
    56.900
    Пол:
    Женски
    Памелче - треба да се помириме со недостаток само ако не можеме да направиме ништо во врска со тоа.
    Ако може да се стори нешто - треба да се трудиш да го поправиш, а не да се помириш.
    Не треба да вежбаш колку-толку и да се тешиш дека има подебели од тебе, туку треба да се споредуваш сама со себе и да знаеш како повеќе си се допаѓаш, а како не. Никој не може да ме убеди дека ако си ветиш себеси и се придржуваш до режим на исхрана и вежбање нема да стигнеш до добри резултати.

    Ти фали волја, и тоа многу.
    Во осетливи години си, телото ти се развива и ти бара повеќе храна од обично - ако сега не научиш да го контролираш верувај ми ќе се каеш подоцна затоа што ќе наталожиш многу маснотии.
    Пиј зелен чај, започни да јадеш помалку калорична храна, пиј многу вода, вежбај и немој да бараш изговори.
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  4. garibaldi

    garibaldi Нов член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    И јас сум дебел, па самоуверен сум
    и убаво ми е
     
  5. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Jaс сум дебела и не се чувствувам убаво самодовербата ми е на нула а уште имам и депресија поради тоа. Мене не ми е убаво
     
  6. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    И ја бев мн дебела и немав самодоверба,ама се трудев и ослабев,со голема мака.Е сега пак нешто понав да јадам од нервози,ама нема веке,затоа што пак ке паднам во депресија.Сега за сега тамам сум,ама ако продолжам... :x
     
  7. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.468
    Допаѓања:
    17.163

    Да, ама некој ете ни со вежбање ни со строг режим на исхрана неможе да ослабе, и сега, нека се обесе, нели? Епа ете некој неможе, едноставно. Јас пијам ете чај од магдонов по 2-3 пати дневно читав дека од него може да има резултати.
     
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.220
    Допаѓања:
    56.900
    Пол:
    Женски
    ^ Не треба да се обеси ако тешко му оди слабеењето, но не треба ни да се помири и да продолжи да јаде прекумерно без да вежба затоа што мисли дека не може да ослабе.

    Мислам дека мајка ти со нејзината приказна те пресекла уште на почеток, па ти си предодредила дека ако таа не успеала да ослабе со диета нема да можеш ни ти. А не е точно.
    Ти сама си кажа дека само гледаш да не јадеш многу - ама јадеш.
    Си држела ли некогаш испланирана диета со вежбање па да тврдиш дека не успева?
     
  9. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.836
    Допаѓања:
    81.042



    Мој совет-Јади за да живееш,а не обратно живеј за да јадеш ;)
     
  10. someone2

    someone2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    58
    SexyLady - грешка сум те разбрала :D :*

    Иначе за оние кои сакаат да ослабат мајка ми користи апчиња од јаболков оцет кои навистина и многу помагаат. А користи и зелен чај (кој го пие само со 2 мали лажици шеќер). :)
     
  11. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.468
    Допаѓања:
    17.163

    Не сум се држела ја по некој режим на исхрана, мислам дека не е време, ради тоа што мене телото ми е во развој и матичната ми кажа дека тоа ќе ми штетело при развитокот.
     
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    А да не држиш никаква диета и да имаш прекумерна телесна тежина за време на развитокот и по развитокот е подобро? Дебелината е никулец за разно разни заболувања.
    [​IMG]
    Фати си го возот дур ти е време, од лично искуство ти кажувам. И можеш, нема не можам. Доколку имаш волја и мотивација - се` е возможно. Дури и не дај Боже доколку имаш прекумерна телесна тежина проади здравствени причини има и за тоа лек (иако слабеењето оди поспоро, се решава).
    Не наоѓај изговори, секој може да крене раце и да се откаже. Најлесно се слабее во овој период до 18-20 години, а потоа оди ненормално многу тешко, имај го тоа во глава.


    [​IMG]
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.220
    Допаѓања:
    56.900
    Пол:
    Женски
    Памелче не треба да гладуваш со диета, туку да ги заминиш нездравите мрсни оброци со поздрави... постепено, не мора одеднаш ако ти е тешко. Наместо полномасна павлака земај кисело млеко, наместо Милка - Виталиа, наместо бел леб - црн и така. Знам дека напнав, ама не си во право, навистина.

    Повеќе ќе ти користи при развитокот, а нема да ти наштети воопшто.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.468
    Допаѓања:
    17.163
    Абе ја леб не ни јадам многу, на ден 2 парчиња највеќе и тоа не секој ден. Највеќе сум на овошје и зеленчук. Ама и грицки и благо многу јадам. Ај да речеш ќе апнам малку, ама ја количински јадам, без осет.
     
  15. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.836
    Допаѓања:
    81.042
    Епа гледаш дека не се работи за тоа дека неможеш да ослабнеш,ти само неможеш да се контолираш.
    Вака размислувај-касни си малку благо или некоја грицка,но,кога ке посегнеш по ново парче чоколадо или некоја грицка имај на ум дека тој вкус веќе си го пробала пред малку,значи ништо ново нема да доживееш,освен што ќе внесеш каалории повеќе ;)
     
  16. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Уф како се нервирам кога ќе видам некоја дебела мислам на онаа абнормална тежина и во рацете држи сендвич ...Алооо бе јас имам 60 кг на 170 височина па си дозволувам сендвич само еднаш месечно..
    знам и да гладувам знам и да гледам и да ми течат лиги..
    Некој ќе речат како да не јадат кога им носи душичката во овие времина страмота е да се биде дебел
    на секој чош има фитнеси аеробици стази за трчање и што уште не..
    еве да речеме за диетите можеби некој нема доволно финансии да си дозволи но барем имај си некој режим на исхрана...
     
  17. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Памелче може касно кажувам ама се согласувам со Ливинг и Вајлд. Во заблуда си, ти можеш да ослабеш и тоа без гладување, без да ти ослабне крвта, само треба да имаш волја. Треба правилно да ги комбинираш оброците, малку да вежбаш и ете ти добитни резултати.

    На пример си викаш дека јадеш благо и грицки. Грицките исклучи ги, благото ако мораш јади насабајле, ама да се разбереме во нормални количини. Знам дека навечер сите не фаќа криза за благо и грицки, нешто калорично, ама научи да ја контролираш таа желба, ти ќе бидеш таа која што ќе победи.

    Можеш да ја пробаш и диетата на Иренна што всушност не е диета туку здраво комбинирање на оброците. Не гледај таму што пишуваат дека пијат една чаша јогурт за вечера, јас со здрав оброк ослабев иако немав баш многу за слабеење. Не се откажувај, ти го можеш тоа. Не се теши дека има и подебели од тебе, вели си дека можеш да бидеш послаба од сега.

    Инаку во врска со темава, мислам дека нема човек кој е задоволен ако има прекумерна тежина.
    Имам другарки што се дебелки, па се затвораат во себе, се срамат од тоа што се, ама никоја од нив не превзема ништо во врска со тоа.
    Јадат по три пати на ден во МекДоналдс, па после сакаат слаби да се за на плажа.
    Прво треба да сакаат да бидат слаби за себе, за нивното здравје, а плажата.. Плажата видела секакви.
    Ама тоа е.. Живееме во општество со многу психички слаби луѓе, на кои иако им се потсмеваат и набиваат комплекси, не прават ништо во врска со тоа.
    Тоа е жално, ништо друго..
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Памелче, ако имаш цврст карактер можеш слободно да ги исклучиш грицките.
    Тоа јас го направив, иако бев детенце, :nod: неколку месеци во уста немав каснато чипс/смоки/пуканки/рибици... Не ги исфрлај, ама не ги јади секој ден, заборави малку на нив, и замени ги со овошје, ама не претерувај. И некој ден можеш да си дозволиш, ама умерено!
    Единствено што сега треба да направииш е да размислиш и да си речеш: „Зошто слабеам?“, „Што ќе добијам“, да се спремиш психички и да почнеш да се храниш здраво!
    Тоа прави го за свое здравје, па потоа за плажата и за луѓето, тие ќе те сакаат и сега.
    Со гладување = не се слабее! Ти ќе гладуваш, ќе издржиш така неколку дена, ама после ќе се опуштиш и што ќе не изедеш. Тоа е најлошото.
    Јади 3 пати на ден, количински умерено. Мотивот и волјата се најбитни во оваа работа. Ќе успееш, само сакаш = волјата, зошто сакаш? - за своето здравје, а и поубаво ќе се чувствуваш = мотив. Тоа е тоа.
    Исто така, вежбај, на интернет има многу вежби што ќе ти помогнат, врти со хулахоп, пешачи со друштво неколку киломтери, скокај со јаже. :*
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Felicia

    Felicia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    56
    Ако не некој му е убаво така нека си тера, негов живот - негов избор како ќе го живее.

    Јас сум сега дебела и не се чуствувам убаво, тешко ми е посебно сега со пеколново време, неможам да се облечам како што сакам + кај нас и тешко да си најдеш убава поголема облека а да не е бабинска, не дозволувам некој тип да ме фати за половина на пример-незгодно ми е, не сакам ни да искачам заради горенаведените причини...а дома кога седиш и не го живееш животот пука и депресија.
    Вака не ми се живее :D За помалку од година се здебелив премногу! :envy:
    Сакам да си се вратам на килажата што ја имав пред неполна година, и можеби во - уште некое кило да отидам. Не сакам да сум слаба, него доволно за да се чуствувам убаво :)
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Најбитно е што си свесна за вишокот килограмии и не се чувствуваш убаво со нив.
    Па што чекаш?!?! Стави се во ред и на диета- пази што јадеш.